1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Е-читач

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 22 март 2012.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    девојче тоа е обична апликација а не магично стапче,па ај се што сакаме да ни претвори во е-читач |( и да знам за што служи оваа апликација,а тоа со екранот што го кажа,има и други е-читачи со таков тип на екран па не се киндле :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па токму поентата на читач е екранот, ако некој сака да си купи стриктно за читање се знае со каков екран ќе бара. :) Инаку и онака можеш да си симнеш еден куп книги и да си читаш на комп, не е баш неопходна апликација.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    па да Фала Богу на интернет нема што нема,и нормално да има куп книги за симнување. :) инаку Инушка спомна за киндле,и баш сакав да и ја покажам апликацијава,и баш се израдува девојката.ако на некој не му одговара не мора ни да ја симне апликацијата на комп.ама пак можеби има и некој што ќе ја сака,јас никаде не реков дека е опходна,и дека мора да ја имате,само сакав едноставно да ја споделам,мислев одговара на темава :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дали може негде кај нас да се најде фуртола за киндлот? Има ли некој купено од тука и по која цена?
     
  5. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    За ваква работа сум рекла првото асално заработување и одма ќе си купам. Навистина ме привлекува, дури и видеов една жена во автобус како си читаше од за мене тогаш чудо и одма кога дојдов дома се заангажирав да видам како стојат работите и си ветив дека кога еден ден ќе заработувам ќе си купам...
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас си се подновив со еден Kindle :)
    [​IMG]
    Се мислев долго време дали да си купам, на крајот си реков доста беше трошење, ќе си купам друг пат. Арно ама, последниот ден додека бевме во Минхен, сестра ми не одвлечка сите во една продавница за патики, а до неа гледам - продавница за техника (во која меѓу другото има и Kindle).
    Божја промисла - си викам, ќе си го купам.

    Го купив 79 евра + 19 евра за футрола.
    Не знам колку наплаќаат за shipping преку Амазон, поим немам како стојат тие работи.
    Мојов има 2GB меморија, тоа е околу 1000 книги.
    Сега се што имав во компјутеров ставив во него, па за брзо време ќе се фатам за читање :)
    Кога прв пат го отворив, ќе фатев да го одлепувам екранот, затоа што мислев дека врз него има залепено сликичка. А тоа да ти била слика од самиот екран :tmi: Значи толку добро е изработен :!:
    Воопшто не ги замара очите, како да гледаш лист пред тебе.

    Има wi-fi, ама мислев дека интернетот може да служи само за симнување книги. А откако убаво го прочепкав, видов дека можеш да отвориш се што сакаш, вклучително и фејсбук (со тоа што нормално сликите се црно бели). Батеријата на киндлево може да му трае и до месец дена, зависно колку ќе го користиш и за што ќе го користиш. Многу е лесен, тежи колку кесичка кафе, а многу е практичен.

    Секако, ништо не може да ги замени старите книги, ама има толку многу книги што сум сакала да ги прочитам, а не сум можела да ги најдам во печатена верзија. Тука на помош ќе дојде киндлево :)
     
    На warrior, Annath, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање до сите корисници на Киндл :)

    Симнав е-книга во pdf формат, но не можам да ја конвентирам во mobi или epub. За конвентирање ја користам Calibre програмата, и досега никогаш не сум имала проблем. Меѓутоа кога ќе кликнав да ја конвентирам оваа книга, чекав и до 20 минути, а таа уште си работеше...
    Најчудно ми е тоа што пробав да ја ставам книгата на киндлето во pdf форматот, ама така ја дава само насловната страница, а сите останати страници понатаму се празни. Кога ќе ја отворам на компјутер ја дава нормално, а на киндлето не ја чита. Мислев да не ми се зезнал читачот, ама пробав да конвентирам други pdf книги, пробав дури и да ги ставам на него во pdf формат и ги читаше без проблем.

    Any advice? :?:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    На кој јазик е книгата? Мене обично со некои српски книги така ми се случува, а со англиски сум немала проблем.
    http://ebook.online-convert.com/convert-to-azw3
    Пробај тука, јас тука си го конвертирам во azw, тоа е киндл форматот.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кај нас за која цена можеш да го најдеш и каде ?
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да, на српски е, можеби затоа ми прави проблем :?:
    Сега ќе пробам да ја конвентирам преку линков што ми го испрати, па ако не ја бива - на англиски ќе ја читам. Фала многу Рејнбоу :)
     
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    А киндлот не ли препознава пдф формат ? :?:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^Препознава пдф, ама не е исто со mobi или azw. Не се исти страниците. Најубаво се чита ако книгата е во еден од другите формати. Плус лесно е конвртирањето, нема зашто некој да се мачи со пдф.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Прашање за Киндл корисиниците, како симувате книги, директно од него или прво на компјутер па ги префрлате? Може да се користат пиратски, не купени од амазон на тоа мислам?
    И кој Киндл го имате, се мислам ужасно меѓу Kindle touch и Kindle paperwite.
    Вториов има вградено светло за ноќно читање, ама не подржува аудио, што првиот го прави, ама па треба додатно парички за светло. 40 долари се у прашање разлика, не е многу ама сепак не ми се избрзува.
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас ги симнувам на компјутер, па ги префрлам преку програмата Calibre на киндлот. Може да се користат пиратски книги :D
    Јас го имам најобичниот, класичен киндл што го има AnaKarenina опишано, нема вградено светло, ама си купив футрола со сијаличка и си ја врши работата за читање во темно :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да си порачам футрола со сијаличка, и баш ѝ пишав на Реин случајно да не има таква. Ама она ми препорача да не купувам таква, бидејќи на нејзин другар му се има расипано киндлот од тоа :?: Веројатно му пречи таква директна блиска светлина, бидејќи сепак не е обичен екран. Не знам дали е паметно да ја користиш футролата, баш пиши ѝ на Реин, веројатно подобро ќе ти објасни.
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Не сум помислила на тоа, дефинитивно ќе се распрашам подобро, ме замисли. Некако не ми вреди за футрола од 10 долари да си го расипам киндлот.
    Инаку ја користам футролата два месеци отприлика, освен што ми ја троши батеријата побрзо, ништо немам забележано.

    Јас ја имам таа верзијата со ads, толку ме нервираат во последно време, се мислам да доплатам 20 долари за add free...
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Може да се читаат пиратски книги, и тоа не само mobi формат, туку и било кој друг. Ако се epub или нешто друго, обично ги конвертирам во mobi преку http://ebook.online-convert.com/convert-to-mobi. Префрлање на клиндлот порано правев со кабел преку компјутер, а сега ги праќам на mail адресата на уредот и ми се симнуваат автоматски како и легално купените книги од Amazon.
    И јас го имам обичниот, ако сега би бирала, би зела paperwhite.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да прашам дали може тука некаде да се најде Киндл и по која цена?
    Исто така, сакам да прашам дали ги симнувате бесплатно книгите, или се плаќа и за тоа.
    Сакам за подарок да купам Киндл некаде кој септември, се$ уште не знам дали ќе купам или од каде, па сакам да знам дали постои можност да нарачам еден онлајн, и дали ќе стигне навреме?
    Не сакам некој најнов модел, доволно е да врши работа. :)
    Фала однапред, секоја информација е добредојдена.
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Го нема кај нас, ама можеш да си го нарачаш од Амазон, до тогаш сигурно ќе стигне.
    Инаку, најосновниот модел е евтин, и најновиот. Провери на страната :)