Фала ти за ова, ме просветли, си ги средив и јас книгите во фолдери, цакум-пакум, вака организирано е топ.
Има апликација Kindle за телефони и таму можете да си создадете колекции и автоматски сите книги и колекции од телефонот да се синхронизираат со е-читачот. Секако само ако сте најавени со иста сметка и на двата уреди.
Не го чита пдф форматот како книга поделена по поглавја со опции за зум ин - зум аут, менувањр фонтови, туку секоја страница му доаѓа како слика и затоа има проблем. Ако сакаш да си префрлаш преку апликацијата, книгите симнувај ги како epub и така прикачувај си ги.
Пред да ги префрлам од лаптоп ги конвертирам во mobi формат, навика што ми остана уште од првиот киндл што го имав. Така се баш како книги, не како слики. Ама може и во epub формат да ги симнеш, така е уште полесно.
Со calibre library, бесплатна верзија. Многу е брзо и едноставно, можеш и во epub со неа да ги конвертираш - односно во било која варијанта што ја поддржува читачот. Лесна е за користење дури и за некој што првпат ја користи. Ако ти треба помош, слободно пиши ми.
Нема подобра работа од Киндл-от. Само некогаш навистина ми се чита нешто на македонски. Дури направив обид не ми текнува од која страна ја купив на македонски Вознемирени луѓе од - Фредерик Бакман (мислам некоја соработка со Антолог имаа). Нит можеше да се симне ниту да се отвори на киндлот и така остана.