1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Е-читач

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 22 март 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Има сајтови со бесплатни книги, само зависи што ќе најдеш. Поновите тешко се наоѓаат, ама кога тогаш ќе излезе торент и за нив :) Јас врти сучи само нешто симнувам, па си направив една библиотека со повеќе од 1300 електронски книги. Малку ми се :tmi:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    I ti dane si kako mene 100 simni 1 procitaj :P


    zs ne si zemes nekoj tablet od 7 inci za nova godina u karfur (city mall) imase za 2000 denari, sea mislam deka najevtinite se 2900 den ...razgledaj u set.amc,anhoch

    ja citam na kompjuter,
    da imav asolna rabota poprvo bi zemal tablet nego kindl (da bidam iskraen poprvo bi zemal laptop nego tablet ali tie se minimum 7000 den poveke od tablet so ne e taka malku, inace izborot so go navedov e spored toa sto so laptop mozes da prais poeke raboti nego so tablet a so tablet poeke raboti nego so kindl)

    ...ako ti se rizikuva mozes da najdes i star laptop pentium 2 za 3000 den so moze da crkne sekoj moment
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ако читаш по една, две книги може и на компјутер да се чита. Ама ако читаш повеќе тешко дека ќе можеш. Боли глава. Затоа киндлот е одлично решение со е-инк екран, ама за оние што читаат повеќе. Таблетот мене ми е најглупавото нешто измислено, поголемо од телефон, ама нема некоја посебна намена. А киндлот се знае за што е.
    @Lella книги се наоѓаат по торенти за симнување, бесплатно. И јас имам огромна електронска библиотека, жал ми е што е електронска само, ама нејсе. Види на амазон сајтот што и како е, има сега поевтини модели, само не знам со испораката како стојат.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @ccca Јас сум алчна кога се во прашање книги, нон стоп само нешто симнувам, ама нема шанси сите да ги прочитам.
    Инаку, не се согласувам дека таблет е подобра опција од киндл, имам пробано да читам и не можам. Лап топ па бетер. Многу ми смета на очите, јас како што знам со саати да се заборавам пред книга, видот ќе си го упропастам. Затоа златен киндл, за тоа е створен :)
     
  5. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    mene vidot mi e veke kasa popara od zadacite u sredno

    neznaev deka kindl ima poseben ekran
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Хмм.. не ми беше во план таблет, ама сега гледам дека повеќе ми одговара, бидејќи се поевтини и можам од тука да ги купам, а Киндл штом нема тука нема да биде баш едноставно да го нарачам, бидејќи требаат банкарски сметки, картички, такви работи, а јас немам.:D
    Ама мене ми беше работата за Киндл, бидејќи знам дека сестра ми сака да чита на англиски, или пак да и купам таблет. :?:
    Како и да е, ви благодарам на одговорите, ако решам нешто, ќе пишам. :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Во Анхоч има kindle.:sun: Јас баш мислев да се подновам, стариов почнува да откажува малку по малку.
    http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=37400
    Ама се мислам дека на тач се, не знам колку брзо се вртат страниците, вака на копче некако подобро ми е, ама новиве сега сите на тач се. @AnaKarenina да не го доби случајно киндлот да споделиш искуство за тачот?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.904
    Допаѓања:
    111.339
    Пол:
    Женски
    кажи ми како си задоволна од Киндл општо. Јас на таблет не можам да читам колку и да има опција за реадер ( Имам Samsung Galaxy Tab 3) сепак ме заморува. Па сега сум со сериозна намера да земам киндл.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Киндлот ми е најдоброто нешто што сум го купила во животот. И не, не претерувам. Очите не се заморуваат од екранот, како да читаш книга е, има e-ink екран. Да си го купиш ич да не се мислиш.
     
    На crimson, nena2010, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Супер е тачот на Киндлето @RainBow, јас го земав основниот модел од Амазон зимава, што не е со вградено светло, т.е овој
    http://www.amazon.com/Kindle-Glare-Free-Touchscreen-Display-Wi-Fi/dp/B00I15SB16
    Само јас го начекав за 59 долари, затоа и овој го купив.
    Немам замерки никави, лесен е, не загрева, само забораив да купам футрола, и малку ми се изгреба, ама тоа е.
    Искрено да би купувала сега би го земала пејперврајт тој со вградено светло, го имаше една познаничка во Америка, читаше и во црна темница тврдеше дека никогаш не ја болеле очите. А разликата беша за 40 долари, на попуст, инаку тој е 130 долари, ама на попуст веше 100ка.
    Ма да и овој не е лош, не знам јас сум задоволна не смеам да се жалам.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. :)
    Ако си некој што чита многу книги, киндл е најсовршеното нешто што можеш да го купиш. Само следен би сакала да купам некој со вградено светло.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Всушност тој што ти го имаш е овој во анхоч? Така ми изгледа според карактеристиките. Paperwhite исто го има, http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=37401, aма три илјади не се мала разлика.
    Овој пат немам опција да ми го донесат, па затоа сакам од тука да земам.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене баш пред некое време ми стигна, досега само една книга прочитав на него (другата ја почнав само) и засега сум презадоволна. Тачот е супер, брзо се листаат страниците, немам никаков проблем. Има некои додатни опции што многу ја олеснуваат работата, ама најмногу ми се допаѓа тоа што при секое исклучување има предлози со книги на позадината :) Некои се нови (издадени баш тој ден) ама има и постари книги што можат да се најдат на интернет.
    Само што уште немам футрола, па ептен ми е страв да не го оштетам. Многу е нежен. Ама треба кај и да е да ми стигне.
     
    На crimson и RainBow им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Сега го отварам линкот, и да тој е, основниот и најевтин. Само од амозон иде без полнач, без ништо, само кабел. Си ибале мајката. Овде како што можев да прочитам иде со полнач и гаранција. Како рипна цената на доларот не е многу драстично поскап, 1000ка.
    Јас би пејпервајт, да 3000 не е малку, ама толку е и оригинално горе доле преу барата. Светлото е топ додаток, јас мака намачив во авиони, автобуси, возови за читање навечер.
    Ама за дома реално на дневно светло ако читаш претежно е одличен. Овој собира поише книги, обичниот има 4гига, пејпер има 2 мислам, бледо ми текнува дека заради тоа и го земав, добро и заради парите:D со 40те долари остаток си купив патики:P

    Ме изненадуваат со цениве, јас очекував дупло да биде поскапо. Јас сакав сега да пратам пари да ми го земат овој paperwite, ама сосе провиции исто ќе ми се фати од анхоч да го земам.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас си го полнам на почнач од телефон, добро функционира.
    Инаку иако ме искара @AnaKarenina дека можам да си го расипам киндлот со футрола со сијаличка, сепак со страв продолжив да ја користам. Од септември навака ништо не му е, се надевам нема ни да му биде. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да, и јас се изненадив од цените. Не е илјадарка разликата, сега како што гледам на амазон 79 долари е обичниот, што би му дошло 4580, доларот е околу 58. Не иде со полнач, исто иде со усб кабел од кој можеш да го полниш преку компјутер, USB 2.0 charging cable.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^И јас де со полначот од таблетот. 15 долари за полнач не давам.
    Снаџи се па живи е мото на балканец секаде у свет:D
    Само требаше да дадам за фолија и за футрола уште некој денар.
    Јас ги гледав футролите со свело на амазон беа 40 долари. За тие пати ќе додадев за пејпер-от. Немаше математичка рачуница. И јас имма исто читано дека му шкоделе ама не знам колуку е точно. Гурај додека трае:)

    Инаку се согласувам со мислењето на Раин дека е една од подобрите инвестиции направени. Заедно со ајпод шафл за мене се најдобри технолошки чуда испод 100 долари, што заштедуваат многу пари.

    Пред 2 недели мењав пари 55 беше(facepalm) Кај е смајлото што се шокира.
    Немаш никаков ефект од нарачување по луѓе, иди купи си го од анхоч, се полни си било кој полнач на самсунг.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Мојата футрола беше 12 долари на алиекспрес и единственото нешто од алиекспрес што сум го нарачала и вреди. :D
    Искрено се надевам дека нема да ми го расипе киндлот, ако го расипе ќе инвестирам во paperwhite.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Може по таква цена ги земале овие од анхоч, затоа сега се толку, иако е 79 долари. А јас кога ги разгледував завчера цената беше 99 долари.:D Се мислам да почекам да дозаштедам пари за paperwhite, ама па додека соберам да не му се смени цената, не знам.
    А овој новиов. http://www.amazon.com/dp/B00IOY8XWQ/ref=fs_kv :x Перверзии е.

    А за полнач со усб кабелот, нема потреба од давање пари и затоа, подобро да се дадат за paperwhite.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.937
    Пол:
    Женски
    @Hipster само од самсунг полначи пасуваат? :D јас сум на мисла да си купам, ми одговара ценава во Анхоч, мислам дека и не е толку скап :?: во однос на парите што секој месец ги давам за книги :$ стварно ми се исплати да си земам kindle. Уште не знам кој да го земам, дали обичниот или paperwhite, и единствено што ме кочи во купувањето е тоа што има само кабел за полнење, а не и полнач. Оти тогаш џабе ќе го купувам, немам каде да го полнам.