Да знам и ја се залетав по Војажот уште одма кога го видов, ама њама пари за тоа, многу скупо за обичен народ Во анхоч ги купиле кога беше 48 доларот по се изгледа. Нека рипа само, мене ми одговара иам долари Купуј док не се полакомиле и покачиле цена. @Annath мислам на секој андроид полнач фаќа, нели го има кабелот, а кабелот е ист како усб кабелот што е до самиот полњач што влага до она за во штекер. Полошо објаснување амин Мислам дека ќе ти фати со Лг-то. Јас само таков иам затоа пишав за самсунг, со ајфонот не ми фаќа пример. Земи го полначот и види на лице место, најдобро
Ана, немаш пристап до компјутер да го наполниш за неколку саати? Се полни за три-четири саати, а батеријата трае и до месец дена, зависи колку читаш. Јас не сум го полнела од друг полнач, не знам како иде со напонот, ми беше страв да не цркне. Туку, да си го земам стварно обичниот, многу можно е да ја сменат цената ако нарачуваат пак.
Викендов ми се расипа лаптопот, не знам уште колку ќе издржи. Мм има лаптоп, ама службен, не го носи дома секогаш, а десктоп компјутер не ни треба, па затоа и не сме купиле. Таблет сакаме да купиме, па ако врши тој работа, преку него да полнам... или кај свеки да одам, си има таа десктоп компјутер, па да го полнам таму... ај ќе видам. Овој обичниов киндл има ок цена, ама ни пејпервајт не е лош... ај ќе видам, уште малку ќе се помислам. Само да не рипне ептен цената...
Како што прочитав за полнењето полначот треба да биде околу 5 волти, ако биде повеќе може да наштети на батеријата. Тука негде се полначите за телефон. On most chargers you'll find the voltage listed somewhere on the power brick. Voltage is what pulls energy into the device. If the voltage is too high, you might end up shorting out your devices because you'll overload the circuits. For mobile phones and other mobile devices like the Kindle that charge with USB, the voltage is typically 5V. A laptop charger might be as high as 20V or 25V. You can usually find the voltage your device needs on the device itself, on the battery, or if all else fails, on the manufacturer's web site. You'll almost always find the voltage supplied by your charger on the charger itself. You want the the voltage on your device to match the voltage provided by the charger. Likewise, amperage is just as important. Amps are the current that's supplied to your device. Think of it like a river, and the amperage is how fast that river is. Amps are usually listed on your power supply as something like, 2.7A or 1A. This regulates how much power flows through from the power supply to your device. The amperage listed on your power supply needs to match or exceed the amperage required by your device.
@Annath купи таблет прво па тестирај го и за читање. Јас скоро пола година како го имам, и воопшто не ми е потребен компјутер. Одлично си ја брка работата и незаменлив ми е апсолутно за се (фб, вајбер, фемина), но најмногу за читање. Си спуштив епуб ридер и во таа апликација си направив една скромна библиотека од 100тина електронски книги. Не знам како изгледа читањето на киндл, но мене воопшто не ме уморува читањето на таблет, немам никакви проблеми со очите дури и кога читам по повеќе часови. Кога читам пред спиење или во темница, ја намалувам светлината, местам night-mode reading и тоа е тоа.
И јас вака мислев, затоа што пред киндлот неколку месеци читав на таблет, ама има ОГРОМНА разлика. Е сега, ако ти треба и за други работи таблетот, веројатно е подобра инвестиција. Јас како и да е го користев само за читање.
@crimson мене најдобра инвестиција досега ми е таблетот, ќе терам со читање на него дури не видам како е со киндл или не дај боже ако осетам некои проблеми со очите. Анат ја советував така, од причина што верувам дека ѝ е ограничено времето за читање па и таблетот би ѝ бркал работа, и тоа не само за читање туку и за други потреби (фб, вајбер, фемина), а сигурно и како занимација на малиот. А и да заштеди, парите наменети за киндл да си ги потроши на некое друго задоволство.
Реално 4880 не е многу пари за киндл. Најнов модел, на тач, собира 100тици книги. Посебно ако читате на англиски книги ова е измислено. Таблет ко таблет е океј замена за компјутер, можеби, ама јас лаптопот не го давам за ништо и ништо не може да ми го замени за работа, гледање филмови и играње игрици. Таблетот е најкоросен за патувања кратки да не влечеш лаптоп а не ти треба за бизнис, туку за скајп, меил и вибер. Стаи поише игри и апликации, кочи и се загрева. Киндлов мене не ми се загреал до сега, и нема потреба да се полни секој ден. Не зрачи до толку многу.
И јас се согласувам со Реинбоу, таблетот ми е тотално безврска направа. Не знам искрено како не ви се замараат на него очите, и општо како не ве заболуваат рацете, некако толку е непрактичен, гломазен- чудо. Еве додека постирам и Хипстер пишала- тотално се согласувам со се, таблет само како помошно средство, на кратки стази, за меил, за проверување нешто важно, за скајп, и ништо повеќе. Ама за тоа и телефон е доволен, вака кога ќе подразмисам.
Ако некогаш во животов купам таблет, тоа дефинитивно би бил некој од оние за графичко цртање. Само за таков имам мерак, на другиве не им ја сфаќам поентата - си имам смарт телефон со истите функции, таблетот ми е баш тоа, смарт гаџет со зголемен размер. Брат ми е фрик по вакви работи, дома имаме и таблет, сум пробала да читам ама премногу ми ги замара очите и не ми помага дури ни night-mode reading, имам премногу осетливи очи. И онака ми се доволно оптеретени со секојдневна работа пред компјутер и цртање, кога читам сакам да уживам, а не да се „борам“ со екранот. Киндлот е најдоброто нешто што ми се случило, го имам можеби месец дена Kindle Touch. Посебно ми е мерак што си го купив од мои заработени пари и со ќеиф си го користам. Мене не ми смета тоа што нема вградено светло, навечер си читам покрај столна ламба која има доста силна светилка и супер ми е, ниту ми се влошил диоптерот, ниту пак сум почувствувала дека ми го оптеретува окото. Уште си ја чекам футролата од Алиекспрес, се надевам дека ќе стигне за брзо, ако ви се верува, уште си го чувам во кутивчето. Премногу е нежен за да го ставам во ташна или било каде без соодветна заштита. Татко ми ме зафркава дека го пазам како бебе, а кога ќе размислам, тотално е во право. И јас би одбрала Киндл наместо таблет. Денес другарка ми си купи Kindle Touch и еден многу симпатичен дечко од Anhoch рече дека им оделе како алва. Го купи последниот, па ако ве носи патот накај Anhoch во Веро - заборавете, го немаат на лагер. Освен нели, ако не набават во меѓувреме. Другиот воопшто го немаа.
Супер, додека отидам да го купам сигурно ќе нема, па после ќе донесат по поскапа цена. Жал ми е само за нашиве издавачки куќи, киндлот почнува да станува лесно достапен и ќе има импакт врз продажбата на книги. Кога бев пред некое време во библиотека ме прашаа зашто ме нема и им реков дека имам киндл, па најчесто на тоа читам, ме испокараа. Ама уште купувам книги за подарок.
Таблетот би го купила најмногу поради занимации за малиот на подолг пат - во смисла да ставам цртани и игри, за да не му е досадно кога се возиме подолго време (имаме во план такво патување наскоро, па затоа и ќе купиме).Не можам да читам на компјутер, не би сакала да читам на таблет, јас преферирам книги, ама верувајте, немам веќе место дома кај да ги ставам, а постојано купувам. Верувам дека Киндл ќе ми биде прилично исплатлива инвестиција
А, вие сите што имате Киндл, сите ги нарачавте од интернет? Јас стварно сакам да купам, гледам сестра ми почна да чита книги на мобилниот на англиски, ама секако, не е тоа - тоа. Anhoch не ми е достапно, не сум од Скопје, а колку што знам, во Струмица нема. А не знам како да нарачам од Амазон, парите ги имам, ама сметки, префрлања, подигнувања, чуда, нема шанси да можам тоа сама да го направам, мислам, далеку сум од полнолетна, а да им кажам да на мајка ми и татко ми, шо знам, тие може и да не се согласат, којзнае. Панот ми беше изненадување да направам, ама веројатно ништо од тоа.
@Lella мојот го купив од Скопје. Сигурно познавате некој студент, замолете да ви заврши работа, ретко кој би одбил.
Vidi ovde http://www.futureshop.ca/ http://www.bestbuy.ca/ Ima ubavi i edno vreme koga sporeduvavme bea bagi poeftini od kupeni vo evra
јас си купив киндл и сум навистина задоволна. Се што сакам да читам го наоѓам интернет, спуштам, ако треба и конвертирам и слободно можам да читам. Е сега сепак не е исто како нормална книга, ама врши добра работа
Едно прашање до сите што имате футроли со магнет. За стариот киндл имав футрола што не беше на таков принцип, а оваа новава што ми стигна е со магнети. Приметив дека со затварање на футролата киндлот се исклучува, а со отварање се уклучува. Читав на интернет дека самата футрола има магнети и на задниот дел, па кога ќе се спојат со оние од предниот дел, киндлот се исклучува. И обратно. Прашањето ми беше - да не се штетни ваквите футроли Гледам дека многу други истото го прашувале, колку што разбрав оригиналните футроли на Амазон се без магнети, па си реков ќе прашам во темава. Има некој футрола со магнети? Сте имале проблем до сега?
Киндлот така фукнционира всушност, со магнети, на сличен принцип како оние таблите за цртање што ги имавме како мали, со пенкалца. Има логика дека ако констатнтно држиш магнет до него би го оштетил. Гледам често блогерки и девојки на youtube со магнетни футроли, не сум слушнала некој да каже дека му се оштетил киндлот.