1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Е-читач

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 22 март 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Само да ве известам дека другарка ми денеска го купи последниот Киднл тач и тоа од она анхоч на водњанска дирекција.
    За лек нема Киндл веќе и нас ни кажаа дека не знааѕ што е ова никогаш ништо толку брзо не им се потрошило.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Споделете нешто повеќе околу футролите за Киндл, какви футроли нарачавте, од каде, како сте задоволни од квалитетот и функцијата. :)

    Нарачав футрола пред неколку месеци, но не стигна, ми ги вратија парите и не најдов некоја примамлива за да нарачам пак од Алиекспрес.
    Сега ми се увртеа во глава некои весели во итересни бои, а и не се воопшто скапи, но се двоумам најмногу заради принципот на затварање со магнети.
    Имам чувство дека не се добри, а не сум се потрудила да пробуричкам низ некои искуства по нет.

    Од една страна, не сакам да нарачам некоја која на некој начин би ми го уништила другаров, но не можам вечно да го држам така без заштита. Вака сум ограничена и не го носам со себе, а баш би ми се нашол. :)
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе може да споделите некои страни од каде симнувате книги? Книгите од амазон се наплаќаат, а веќе има страни на кои се наоѓаат торенти од истите книги за да се свалат бесплатно. И јас се извинувам што овде пишам, ама не знаев каде е најсоодветно да го поставам прашањето.
    И ако може @crimson да пише збор два за програмата/апликацијата со која ги префрлува книгите од компјутер на Киндлот, мислам дека Calibre се викаше. Јас ги префлам книгите со USB-кабел. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star Јас најчесто книги симнувам од овие страници
    http://kickass.to/
    https://thepiratebay.se/

    Ова зборам ако бараш на англиски, за српски книги не би знаела да ти посочам некоја страница :?:

    Инаку Calibre програма можеш да си симнеш бесплатно од интернет, јас таа ја користам веќе неколку години. Исто ги префрлам книгите преку usb кабел, ама некако попрактично ми е преку програмата, зашто посредено ми е со нејзе. Во неа си правиш библиотека, можеш директно да конвертираш книги, има повеќе достапни формати. Така што не мораш да се бафташ со сајтови за конвертирање, да прикачуваш книги, па после да ги симнуваш и слично.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот @AnaKarenina . :)
    И да, прашував за страни кај кои книгите се на англиски,. Досега јас само од kickass свалав, па сакав да погледнам и некои нови страни. Таман сега ќе видам кои книги ги има и на thepiratebay.
    Што се однесува на програмата, искрено досега не знаев за неа. Ќе пробам да ја свалам, оти смачено ми е веќе од usb кабелот. А штом директно се конвреитраат книги со неа... супер ќе биде.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star јас некогаш ако не можам да најдам книга на тие две страни, го пишувам насловот на гугл и допишувам epub, pdf, free download, нешто такво. И некогаш успевам на други сајтови да ја најдам книгата, некогаш не ни разбирам што пишува (ако се руски, полски сајтовите) битно има download копче :D
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    ^ Па јас сум прилично нова во читањето на е-книги. Киндлот го имам месец дена и прочитав само 2 книги на него до сега, додека книги предходно свалав на компјутер кога како. Повеќе читав книги во печатена форма. И не сум до толку уходана во целата таа "процедура".
    Ама сега полека почнувам да се навикнувам на киндлот, целото тоа на барање торенти и страни. Затоа и овде прашав за некои страни. А кога нема да најдам некоја книга, сигурно и јас ќе барам на други сајтови со наразбирливи за мене јазици, макар и кинески. Ќе се свали документот, ќе видиме што сме направиле. :lol:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Каде наоѓате убави футроли за Киндл, а да не се од Алиекспрес?

    Ќе ги тагнам @AnaKarenina и @crimson за секој случај; не знам кои други имаат Киндл, но добредојдени се секакви предлози. :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Mishela јас само од Алиекспрес :?: Првиот киндл кога го купив, овде воопшто немаа ни е-читачи, ни футроли. После некое време донесоа, ама беа многу обични, црни или кафени... После за вториот киндл пак барав, пошто тој друг модел е, ама пак не најдов ништо што ми се свиѓаше и се откажав.
    Ама добри се овие од Алиекспрес, имаат огромен избор, а и квалитетни се покажаа. Не си задоволна или не ти се чека за да стигне? Јас баш пред некое време разгледував, ми дојде едно десет футроли да купам, ама сепак се одлучив за една :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    И мојата е од алиекспрес, и е меѓу најквалктетните работи што сум ги нарачала од Али. Беше 12 долари, и има сијаличка. Веќе неколку години како го користам киндлот ја имам истата футрола и супер се држи.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Значи само јас сум немала среќа со футролите од Али. :doh:
    Старата ептен стана излитена и пластиката е доста попуштена.
    Новата ич не ме послужи, веднаш пукна, а не беше од оние најевтините, исто околу 12-13$ ја купив.

    Кај и да е осеќам дека ќе се скрши, па од една страна не ми се чека, од друга навистина ми треба футрола и не ми се даваат пари онака ако пак имам ваква "среќа".

    Не знам што избор имаат кај нас во Анхоч. Мислев да не случајно некоја од вас купила од таму ама ништо, очигледно јас ќе ве известам. :lol:
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам тие што користите киндл (@Mishela @Bender Rodriguez @AnaKarenina @RainBow за секој случај и со тагови), дали забележавте промена во траењето на батеријата со тек на време? Мојов има веќе 4 или 5 години, и почнува да се троши побрзо, или барем така ми личи, а не го користев последниов период многу.

    Исто така, каков киндл имате, и каков би препорачале?
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Стариот го имав 4 години, најобичната верзија со копчиња, мислам го нема веќе, не му се трошеше батеријата побрзо, одличен беше. Само едното копче се расипа, другото океј беше.
    Сега имам paperwhite, го имам една година и супер е уште, само не ми е толку искористен. Ама е подобар каде каде од претходниот, ми се допаѓа што само кликаш на збор и одма дава дефиниција, светлото е предобра карактеристика. Нема наскоро да го менувам.
     
    На cresa-jagoda, Mishela, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Епа и јас моментално го имам обичниот, со копчиња.
    Сега се мислам меѓу новиот стандарден модел и paperwhite, главно заради светлото.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Нема да се покаеш со paperwhite сигурно. :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја имам некој неолитски Киндл, со qwerty тастатура, го имам најмалце 5 години, ама не сум приметил којзнае какви проблеми со батеријата.

    Да сум на твое место (пошто пиратирам, не купувам книги :D), не би земал Киндл, туку некој читач кој поддржува и .mobi и .epub формат, затоа што има огромен број на книги во epub, а Киндлот нормално си ги форсира само своите формати. Плус што те замара да купуваш книги од Амазон и те спамира со реклами. :)
     
    На DAngel, Gosh, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас epub користам на Киндлот, сега ме збуни Бендер :?: Книгите ги ставам преку Calibre програмчето, па ако не е соодветен форматот сам го конвертира. И mobi понекогаш ставам, ама главно во epub формат ги наоѓам книгите.
    Ако веќе збориме за други е-читачи, @crimson мене ми се допаѓа и Kobo, дечко ми има таков и он е прилично задоволен. Башка редовно добива листи со бесплатни книги што може директно да си ги симне на читачот :)
    Инаку јас ни со стариот, ни со новиот Киндл не сум видела мака со батеријата, само сум приметила дека на моменти знае да се закочи, ама брзо му поминува :lol:
     
    На cresa-jagoda, crimson и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас имам Kindle Touch, купен во 2014. Досега немам забележано промени, батеријата ми трае по месец до два, во зависност од тоа колку време поминувам на него. Ептен сум задоволна, само криво ми е што не дадов малку повеќе пари за да земам Paperwhite беше мислам оној со вградено светло.
    Многу ми смета тоа што кога читам (а најчесто читам навечер) морам да држам уклучена столна ламба.

    Периодов не го користев често, последен пат го полнев во октомври и баш откако го видов тагот ми текна да го ставам на полнач. :lol: Батеријата беше полна скроз малку.
    Не следам какви cè нови верзии испаднале од тогаш, не знам колку би била компетентна да посочам некој подобар модел од мојов.

    П.С. И кај мојов модел е достапна опцијата речник. Со кликање на збор се појавува меурче со објаснувања, употреба на зборот или фразата и сл.
    Можеш да си вадиш notes или quotes од некоја книга, има многу фини опции, штета што нема вградено светло. :)
     
    Последна измена: 8 декември 2017
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас проблемот со светлото го решив така што си купив футрола со сијаличка. Ја троши батеријата побрзо, ама ништо посебно страшно.
    Инаку опцијата со quotes ми е најомилена, некогаш си ги читам сите најомилени извадени цитати кога не ми се чита ништо ново. И речник имам, иако киндлот ми е престара верзија, всушност имам се, освен екран на допир.

    Сега ептен ме замисливте дали да инвестирам во paperwhite :?:
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Баш од таа причина не купив таква футрола, ме фаќа параноја дека ќе ја унаказам батеријата. :tmi:

    Купи си Paperwhite, цената мислам дека му опадна од тогаш, а разликата помеѓу Touch и Paperwhite мислам дека беше некои 3000 денари, што по мене и не е многу.
    Ама кој да мислел тогаш, не знам зошто се поскржавив. :|
     
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.