А каде има Киндл кај нас да се набави? Сакав преку амазон да земам, ама го укинале шипингот до кај нас
Поврзан ли ви е со гудридс киндлот? Сакам да го поврзам и да си ги зачувувам белешките, ама ми е страв да не ми го заклучат ради пиратерија. Имам прочитано дека и такво нешто се случува.
Дечки, има футроли за Киндл во Македонија? Се збогував со стариот, и сега нарачувам нов, па се мислам дали да нарачам од Амазон или да купам тука, ама не знам дали воопшто има @AnaKarenina @Mishela @RainBow @Bender Rodriguez и сите што имате киндли. Исто така, се мислам и за некоја друга опција, мислам дека @EvAngelos пишуваше и за поинакви е-читачи. Имате предлог?
Ти препорачувам Nook (направен од Barnes and Nobel), подобра верзија од Kindle е. Тој подржува и PDF, DOC, TXT, ePub, додека Kindle си има само свој формат. Плус наједноставниот Kindle оди со стрелки и за да укуцаш текст треба буква по буква да ја пишуваш, за еден наслов да напишеш ќе ти земе цела минута. Додека Nook Simple Touch си оди со тач пад, си има виртуелна тастатура како на мобилните и како мини таблет може да се користи, особено ако го рутираш (подржува Андроид 3.6). Можеш да го нарачаш од Али Експрес или од eBay ако имаш некој што брзо се враќа од Америка, не би требало повеќе од 40-50 долари да биде. Можеш да си нарачаш и футрола со него. Јас имам и една вишак футрола на склопување, плава боја е, ако ти се свиѓа ќе ти ја дадам бесплатно.
Јас за таблет имам футрола, супер ми врши работа. Немам нарачувано. Гледав на алиекспрес интересни, ама си останав со таа. @EvAngelos и наједноставниот веќе е на тач, не сум го видела, ама мислам треба да е полесно. Таа првата верзија јас што ја имав беше таква. Стварно беше напорно за куцање.
Јас само од алиекспрес имам нарачувано, баш сега сакав нова да си купам и пак таму гледам Досега ми се покажале како квалитетни, башка има многу голем избор.
Јас не најдов, а ептен ми требаше и проверив секаде. Пак си нарачав од Али за околу 7-8$ пред 1 месец можеби. Не се скапи, ама многу ме нервира тоа што треба да чекам месец дена минимум за да ми стаса. Ете уште нема стасано, а старата футрола ми е скршена и не можам да го носам Киндлот никаде со мене.
Зошто за таблет не побараш? Тука се негде, ѕирни на нет побарај, за 300-400 има, ќе ти се најде додека ти стигне.
Каква футрола имаш Реин? На извлекување само или на преклоп? Ќе проверам, па ако си купам ќе ви пишам.
@crimson за овие футроли ти реков дека ми се вишак. Ако читачот ти е 6 инчи дијагонално или 15.2см, ќе ти одговараат. Ако ти фаќа некоја око, можам една да ти дадам.
Решив конечно да си купам е-читач. Пред се, поради постари книги кои веќе не можам да ги најдам во печатено издание, а сакам да ги имам. Ги има достапни на интернет, дел веќе си ги симнав во компјутер. Кај нас колку што видов, само Анхоч продава е-читачи, на друго место не сретнав. Имаат Киндл и ПокитБук, се мислам. На залиха имаат обичен Киндл Тач, и Киндл Пејпер вајт, а од ПокитБук моментално нема ништо. Што ми советувате, да земам Киндл (пејпер вајт), или да чекам да обноват залихи за ПокитБук? И други е-читачи идат предвид, ама скептична сум околу онлајн нарачките, бидејќи еднаш добро се имам изгорено и веќе не купувам така.
Да земеш Kindle Paperwhite и да не се мислиш. Немам искуство со PocketBook, ама не ми се допаѓа дизајнот, па лично за мене не би го купила. Презадоволна сум од Киндлот, го користам сигурно околу 4 години и немам ниту една замерка.
И мене ми врти натака умот. Ама мојов ми мрчи дека бил скап и не вределе толку пари за таков гаџет. Сепак тој не е по книгите како мене, не е љубител на читање, па не ме сфаќа зошто сакам да го имам. Затоа и прашував за ПокитБук, демек поевтино, ама во Анхоч ми кажаа дека нема да имаат нова пратка, барем не наскоро. Понатаму не знаат. Ќе се најде некој компромис во секој случај. Не би ме чинело многу поевтино да ми го донесе некој од надвор, цените се тука некаде.
Леле! Не вредело за парите. пресметај му да купуваш цело време колку што ќе прочиташ, да види колку пари ќе заштеди. Јас до сега имам околу 300 книги прочитано, сите поскапи од 5 евра, новите се и 10 евра да се купат. Најдобро потрошени пари ми се за киндлот.
Не гледа тој така на тоа, а да бидам искрена, нема поим колку книги купувам. Не му кажувам, ги кријам А во право си дека Киндл е одлична инвестиција. И пари, а богами и место се заштедува. Кога ќе видам колку книги имам симнато во компјутер, си велам како ќе беше да ги имав дома во печатено издание