Ааа во тој случај - проблем. Јас читам 10 часа неделно и батеријата ми трае подолго. Ајде, тоа е, ќе купиш подобар
Па да ти кажам затоа и се загрижив, разликата од порано е ептен очигледна. Имам читано и по 5-6 саати на ден претходно, па не се трошеше толку брзо и го полнев отприлика на три недели. Ова ептен често ми се виде, секоја недела виси на полнач. Ми се смачи малку, ама нека тера уште некое време па ќе барам нов. Не сум спремна да се одделам од „старудијава“ сè уште.
Јас мојот прв киндл го загубив и сосема те разбирам кога викаш дека не можеш да се одделиш. Уште ми недостига, не можам да го преболам иако веднаш купив нов
Ај да си прашам, ама не се надевам на позитивен одговор - дали има некаде низ Мк футроли за Киндл? Знам дека нема, ама пак... ги пробував во Анхоч футролите за Pocket Book да не случајно се погодат на Киндлов, ама не, ниедна не се погоди. Онлајн нарачка не иде предвид, не зашто не ми се чека, туку ептен сум изгорена... ако нема во Мк, можно ли е да има некаде во соседствово?
Дали може на е-читачот да се читаат книги со српски превод? Можеби звучи прашањето глупаво, но не се разбирам многу во е-читачи ама би сакала да си купам. Како што прочитав повеќето читате на англиски јазик, а мојот англиски не е толку совршен.
Може да се чита на секаков јазик, само форматот на книгата е битен. Киндлот поддржува mobi фајлови и секако, има бесплатни онлајн конвертери и програм кој можеш да го симнеш (Calibre) за да ги конвертираш во соодветен формат електронските изданија на книгите кои ги имаш.
Јас пред некој ден си купив Kindle, спуштив книги на Англиски што планирам да ги читам и супер е се. Ама сакам да прашам каде можат да се најдат книги со Српски/Македонски превод и дали воопшто има такви за на е-читач. И на колку време го полните е-читачот, по колку саати?
Погоре членка има објаснето дека овде битен е форматот накнигите, не јазикот, а Киндлот ги чита скоро сите формати. Не можам да ти помогнам околу свалањето книги на српски и македоснки, дури мислам дека има многу мал број книги на македонски кои тешко се наоѓаат во е-верзија, а за полнењето- околу 2-3 саати треба да се наполни.
Како што пишаа погоре, не е битен јазикот, битен е форматот, да може Киндл да го поддржува. Ти треба да бараш книги во mobi или azw формат, евентуално ако ги најдеш во пдф да ги конвертираш. Имаше опција за конверзија со Киндл мејл или пак на компјутер да го сториш тоа, со програмче. Во упатството си пишува колку време се полни. Јас го полнам 4-5 часа.
Да напишам апдејт за мојот проблем со пребрзото трошење на батеријата. Можеби ќе му се најде на некој со сличен проблем во иднина. Го апдејтирав и се среди само од себе. Прогуглав и најдов исти коментари како мојот баш за таа верзија што ја имав инсталирано (имала некој баг кој така се одразувал на батеријата), симнав нов апдејт и сè си е во ред, како нов е. Го немам ставено на полнач околу месец дена, а баеги читав месецов, постојано бев обесена на него. Иначе тоа се случи (Киндлот почна да зафркава со батеријата) кога стиснав ОК на некој автоматски апдејт. Ќе си го апдејтирам мануално во иднина и така. Битно куртулив од купување нов Киндл.
E-читачот си има и некои предности и некои недостатоци.Предности му се тоа што ако си зафатен со друга работа можеш во исто време и да читаш и да работиш,исто така за луѓе кои ги мрзи да читаат или пак имаат расипан вид...Недостатоци му се тоа што неможеш да ги најдеш сите книги,или пак се на друг јазик...Сепак јас повеќе преферирам книги во печатена форма.
Сакав да си купам е-читач, но не ми се даваат толку пари за него. Некако скапо ми изгледа, па си читам книги на таблетот и воопшто не ми смета на очите.
Луѓе од каде најчесто си симнувате книги за Киндл, онише кои што имате? Јас добив на подарок и сакам да читам на него, ама некако многу малку книги успеав да најдам за спуштање бесплатно.
Со здравје да си читаш. Јас најчесто од тука симнувам, односно од тука ти дава линк каде можеш да ја симнеш книгата. Ако не можам да ја најдам тука пребарувам по торент сајтови, или пишувам на гугл името на книгата и epub, најчесто се наоѓаат во epub формат, ако не го поддржува киндлот се конвертираат во mobi или azw.
Јас би ти рекла од Али да нарачаш сепак Мојата е од Амазон во исто време со Киндлот купена, ама Али ти е опција Б. А за соседствово не верувам, ептен ако некаде имаат достава од Амазон... башка што сигурно ќе те изгорат со цена.
Симни си од пират беј со торент на телефон, или пак ако сакаш на српски/хрватски има доста, onlineknjige.com . Најлесно да си префрлаш книги ти е преку Андроид send to Kindle опцијата или јас најчесто на маилот на Kindle си праќам директно. Киндл awz3 формат прифаќа и pdf Книгите кои ги симнувам како пдф не ги конвертирам, но секој друг фајл (епуб пример) го конвертирам во awz
Нарачав од Амазон, одамна ја имам, уште од летото. Ми се погоди, си најдов продавач што врши достава до тука, и завршив работа.