Веќе некое време ги гледам читачиве на Амазон, сакам да си порачам, башка сега имаат и некое намаление. Само не ми е јасно, со киндл-от стандард оди ли полнач или посебно се порачува?
Со него има УСБ кабел но без адаптер. Со него можеш да го полниш преку ПЦ или да си најдеш соодветен адаптер од полнач на телефон со иста волтажа.
Добиваш УСБ кабел. Јас го полнам на полначот што ми е од телефон. Релативно ретко му треба полнење, зависи колку го користиш, ама мојов го користам секојдневно, 90% со исклучено светло, 1-2 пати во месец ипол-два дали го полнам.
@Annath ако може да ми кажеш од кај ти е земена футролата за Киндлот? Преубав модел, сакам да се подновам и јас оти во моментов мојот нема никаква футрола а не сакам да го носам така низ ташни.
Не е за мене прашањево, ама да си кажам Ако ептен немаш начин преку Амазон, АлиЕкспрес е на располагање
Се понадевав дека ќе ми каже откај нас. Ич не ми се чека месец дена од нет, ама ако не најдам ќе биде опција. Фала ти.
Од Амазон ми е, од овој селер конкретно, не му е баш кнап на мојов киндл, има мала луфта, ама не ми смета, таман си е. За десет дена ми стигна. https://www.amazon.com/Xtra-Funky-Compatible-Generation-Function-Protector/dp/B00PSDHK3O/ref=sr_1_2?keywords=kindle+touch+case&qid=1561030323&s=gateway&sr=8-2&th=1
Фала многу. Мојот Киндл е тој модел, значи би требало да биде ок. Немав поим дека толку брзо стигаат од Амазон. Подобра опција од Али и ибеј како за во моментов.
Се изненадив и јас искрено, оти очекував да го чекам месец дена најмалце. Ама не, за десет дена беше тука. Кинески е секако, ама одлична е футролата. Цврста и не се оштетува лесно. Есента ја нарачав.
Исто, затоа не ми ни беше опција и ептен се изненадив. Нарачав футрола, па ќе се фалам кога ќе стаса.
@Mishela Ти стигна ? Јас мојов привремено го ставав во обична футрола за таблет барем екранот да го заштитев ама џабе кога се лизга, пустото големо му е со закачалки од страната. Барам варијанта побрзо да најдам дали од кај нас или од нет.
Нарачав од истиот линк што го сподели Анат. За тие пари, не можеше да испадне нешто подобро, ептен ми се допаѓа и плус не чекав два месеци како што знаат да забават некогаш тие од Али.