1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жан Мишел Жар

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од AnaKarenina, 23 септември 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Жан Мишел Андре Жар (Jean-Michel André Jarre) е роден на 24 август 1948 во Лион, Франција и е француски композитор на електронска музика. Неговата светска слава се должи на неговиот албум насловен Oxygene, издаден во 1976 година. Иако бил снимен во импровизиранo студио во неговиот дом, oд овој албум биле продадени околу 12 милиони копии.
    Жан Мишел Жар се смета за еден од пионерите на електронската музика, како и за голем иноватор, главно заради спектакуларните концерти коишто ги прави на отворено и коишто вклучуваат ласерски проекции и огномет, спојување на музиката со архитектурата и околината.
    [​IMG]
    Концертот на Плас де ла Конкорд во Париз во 1979 имал еден милион посетители, со што Жан Мишел влегува во Гинисовата книга на рекорди како човек кој собрал најмногу луѓе на концерт на отворено. Потоа следуваат уште неколку концерти со коишто тој си ги руши сопствените рекорди: во Хјустон, Тексас (1,5 милиони луѓе), во Ла Дефанс, Париз (2,5 милиони луѓе) и најголемиот, за 850тата годишнина на Москва (3,5 милиони луѓе). Во октомври 1981 година, Жан Мишел Жар станува првиот музички изведувач од Запад кому му било дозволено да има концерт во Народна Република Кина.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Во 1983 година го снимил албумот наречен Musique pour Supermarchés чие прво и единствено издание имало само еден примерок. Притоа, Жан Мишел Жар и дозволил на една локална радио станица да ги емитува песните од овој албум, а подоцна албумот е продаден на аукција по цена од 10.000 фунти. Жан Мишел Жар го направил овој чекор со цел да го изрази своето неодобрување и презир на музичкиот бизнис.
    [​IMG]
    Во 2010 година, Жан Мишел кој е познат по своите екстравагантни настапи, изјавува дека има желба да направи настап на месечината. Идејата ја добил од авторот на „Одисеја во вселената“ - Артур Кларк, кој непосредно пред својата смрт му ја раскажал својата визија за големо вонпланетарно шоу.


    Татко ми е еден од најголемите фанови на Жан Мишел Жар! Неговата музика ја нарекува модерна класика. Има неколку касети што си ги пушта кога сака да се опушти, па скоро сите негови најпознати песни можам да ги препознаам и да кажам како се викаат, иако воопшто немаат никаков текст.
    Мене неговата музика ми се допаѓа, но не е нешто со кое јас би можела да се опуштам. А татко ми може буквално да заспие гушнат со звучникот :wasntme:
    Синоќа кај љубениот налетав на Oxygene цедето, па му го подари на тато за да си го слуша на цеде наместо на касети. Веднаш го пушти дома, а мама со вообичаена реакција: Дај те молам исклучи ги овие пингвинскиве песни :lol:

    Не знам дали некој од помладите генерации воопшто слушнал за Жан Жар Мишел, но ќе ми биде мило ако на форумов има љубители на неговата музика :)

    http://www.youtube.com/watch?v=x8dqzTl0vUI
    http://www.youtube.com/watch?v=WWQt4qjMsio

    Мојата омилена
    http://www.youtube.com/watch?v=P_I2ch8_TXc
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас знам само 1 негова песна, и ја обожавам. Една од најдобрите електронски парчиња музика кои ги имам чуено, ако не и најдобро.
    http://www.youtube.com/watch?v=fpWNimba344

    Ќе ги проучам неговите песни повеќе со сигурност, срамота е ваков талент кај мене да остане познат само по една песна. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    И јас пред извесно време дознав за музичаров и сум изненадена како многу малку луѓе имаат чуено за него, а на светско ниво е многу популарен. Има многу комплексна и длабока музика, инспирирачка и за опуштање. За него дознав лани пред неговиот концерт во Софија за што слушав дека било феноменално и имало посетители од најразлични возрасти.

    Она што ми е интересно е што свири на харфа од ласери (не знам точен израз) и изгледа ептен спектакуларно. Еве едно видео од 00.30 минута почнува:
    http://www.youtube.com/watch?v=_-EPKEnF ... re=related

    А од она што го имам слушано оваа песна ми е фаворит (L-enna од после видов дека и ти ја имаш постирано истата).
    http://www.youtube.com/watch?v=X4D1fhx4Vj0
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.