Желба за популарност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од dzeliii, 1 јуни 2017.

  1. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Имам еден проблем веќе подолго време, не знаев каде да го поставам ова па еве отворив тема овде.

    Сакам да сум популарна, славна, будна сонувам како сум позната пеачка, манекенка, глумица. Но, ниту имам талент за пеење или нешто слично, ниту некогаш сум пробала да станам позната преку нешто, еве си викам сум можела како помала да се запишам на курс за глума, или да сум отишла во некоја модна агенција. Ме исполнува да следам што прават славните, како се облечени, како се однесуваат. Иако сум многу многу свесна за сите негативни страни на тој живот, но мислам дека мене не би ми сметале. Порано постојано го следев светскиот џетсет и сето тоа ми изгледаше далечно и нереално, но сега постојано ги гледам балканските, македонските јавни личности и како да сакам да бидам дел од тоа. Но сево ова многу негативно ми влијае на животот. Повеќе ништо не ме интересира, станувам депресивна, како да не вредам. Сакам познат дечко, не било кој, очекувам работи кои не се реални иако сум свесна дека во тоа не е среќата. Се опседнав со еден српски кошаркар, за мене он е совршен, љубовта на мојот живот, никој во реалниот живот не е како него и ова многу ме боли. Не ми се верува дека го допрев ова дно, но еве морам се да напишам. Он почна да срцка една позната пејачка и изгледа ќе бидат заедно можеби и не, не знам, што ако завршат заедно, си живеат во прекрасна куќа, имаат деца, имаат среќен мирен живот, тоа јас го сакам, тоа мене ми припаѓа. и мислам како не е фер, како ако бев популарна ќе имав шанса ова мене да ми се случеше, а вака сум никој и ништо. Толку многу овој настан ми влијае негативно што не можам да јадам, ми се гади, ми се лоши, ми се повраќа од самата помисла. Ова мислам потекнува од мојата потреба да бидам сакана, сите да ме сакаат, да бидам во центарот на вниманието, машките да ме гледаат како совршена за нив, да бидам посакувана..
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Добро ти е напишана последната реченица. Кога сакаме нешто, кога имаме потреба од нешто, силна потреба, а кога тоа не го добиваме, ни станува тешко и баш се како што опиша (сосема ти ја разбирам состојбата). И тука има само едно решение - прифаќање на реалноста. Кога гледаш дека тоа што го сакаш не се остварува и те прави незадоволна, тогаш или работи на случајот да се оствари тоа или почни да размислуваш поинаку, да си поставиш нови желби, нови соништа и стремежи кои можеш да ги достигнеш. Кога нешто во животот не ти оди, понекогаш упорноста не е она што треба да го правиш, туку да си отвориш некоја нова врата. Зошто славни момчиња, зошто центар на внимание? Можеш да бидеш среќна и само со стекната почит и љубов, без никаква слава. Вниманието избледува, почитта трае. :)
     
    На teteks, AURUA, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  3. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Девојче ни на славниве не им е лесно само да си знаеш :D:D
     
    На Love...music, elimkd и dzeliii им се допаѓа ова.
  4. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Ти од искуство ова? :D
     
    На InWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  5. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Нее, ама па кога ќе видиш неможат до продавница асално да си појдат :lol:
     
    На dzeliii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Епа тоа е проблемот шо ја го знам ова, свесна сум за овие негативни страни, и пак посакувам популарност. Шо знам, да ме сликаат додека идам до продавница не би ми сметало или некое дете да ми побара автограм :D Како и да е, тоа не е мојата реалност и пробувам да си го сменам мајнд-сетот :D
     
    На InWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    48.906
    Пол:
    Женски
    Kолку години имаш? Стварно тежок проблем имаш
     
    На senza.parole, kim.k, PaLaVa и 16 други им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    5.787
    Не мора да чекаш земи си со тебе пријателка со фотоапарат и прави се дека си славна а таа нека те слика и уживај,некои работи можеме сами да си ги направиме.
     
    На dzeliii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Благодарам многу што дојде да ме осудиш
     
  10. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    3.192
    Пол:
    Женски
    Ако си тинејџерка нормално чувство е покасно нема ни п од популарност да посакаш.
     
    На dzeliii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 66-mo-1r

    66-mo-1r Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    ako stvarno sakas da bides slavna, mozebi treba da pocnes da rabotis na toa. Opsesijata e povrzana so hard work, hard work brings success.
     
    На elimkd, Trxmx, Momichka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.062
    Пол:
    Женски
    Шетај гола по улица, прави слики ала Мелита со напучени усни, трескај глупости кај стигнеш и ќе стекнеш популарност. У денешно време барем тоа е лесно.

    Или евентуално место да љубомориш зошто некој би имал совршен дом или сопруг или семејство, придонеси интелектуално во општеството издвој се од толпата па ќе сфатиш колку популарноста на пејачите и манекените е пролазна и како и секое чудо трае 3 дена.

    На крајот од денот удобен и скромен дом со просечна и непопуларна личност која те цени и сака вреди многу повеќе од аздисот на тие самопрогласени популарни и јавни личности кои секоја ноќ заспиваат на различна страна од креветот јер од многу "работа" немаат време да се посветат на една личност додека ги задоволуваат потребите на 10 други.
     
    На senza.parole, Kimberly11, mssuniquee и 25 други им се допаѓа ова.
  13. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Не сум тинејџерка :tmi:
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Јас сум славољубива. Сакам да оставам трајни нешта (вредности) зад себе и да се знае за мене.
     
    Последна измена: 3 јуни 2017
    На Love...music, sj *O*, 66-mo-1r и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    5.787
    Работи на себе,посвети се за тоа што сакаш да го постигнеш,штом имаш цел и работиш на себе да ја оствариш таа цел,сигурна сум дека ке има успех,и сите негативни коментари не ги читај тука одиме до остварување на твојата цел.
    Какви ти се мислите таков ти е животот.
     
    На Love...music, sj *O*, 66-mo-1r и 2 други им се допаѓа ова.
  16. 66-mo-1r

    66-mo-1r Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    same here :D
     
    На dzeliii и sjdgo им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Ova bese dobar text za vo tinejdzerski chick lit knigice.
    Ako uspees ova da go objavis mozda i imas sansi da stanes popularna, da vristat site i kubat kosi.....:rofl::rofl::rofl:

    A da zemes malku kniga, pa da procitas nesto,..... :emo:
    Ako napravis nekoj izum mozes popularna da postanes i toa za vecnost.
    Ova sto go opisuvas nema mnogu da te drzi na Mk top scena.:?:
     
    На Love...music, Bozica1980, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. 66-mo-1r

    66-mo-1r Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    se soglasuvam deka intelektualniot pridones e isto vazen, ama ne mi se dopaga tvojot odnos do "samoproglasenite" javni licnosti. Spored mene dokolku toa e tvojata cel, i si uspeal vo toa, e sepak vredno za pocit. Poveke ke ja pocituvam Kim Kardashian sto na pameten nacin gi barati mediumite i pravi bilioni, otkolku nekoj sto kuka i zboruva loso za necij trud pa kakov i da bilo, a ne pravi nisto vo zivotot. Donald Trump ti e isto dokaz kako slavata moze da te napravi bogat, i veruvaj mi pola starleti go znaat toa i ne se tolku glupi kako sto izgledaat. Just my opinion.
     
    На Love...music и sj *O* им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    35.613
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да бидеш популарна, славна треба да се занимаваш со нешто како на пример да бидеш пеачка, глумица, ама пред се треба прво да имаш дарба или како сакаш кажи го талент :)
    Или како што пишала членка погоре некој изум да направиш по којшто ќе те спомнуваат илјадници, илјадници години..
    Друго што знам не ми текнува :^)
     
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.502
    Пол:
    Женски
    @dzeliii откако внимателно ја прочитав темата која си ја отворила, како и желбата која си ја изразила, се потсетив на еден интересен психолошки концепт кој го проучував пред неколку месеци.
    Не знам дали си слушнала порано, но се работи за Компензаторно Нарцисоидно растројство на личноста.
    Јас според моето проучување сум навела поголем број фактори кои доведуваат до вакво однесување. Доколку ги прочиташ и се пронајдеш во нив, најверојатно страдаш од ова растројство на личноста.
    Сепак, ова не мора и да е точно, туку само моја претпоставка за твојата состојба.
    Мојата цел овде е да ти помогнам на некаков начин :)
    Всушност имам една познаничка која е навистина болна за слава и популарност и покрај фактот што не поседува апсолутно никаков талент. Според твојот детален опис на чувствата, имам подобра претстава за тоа како и таа сигурно се чувствува со оглед на фактот дека е екстремно нарцисоидна личност |(:puke:

    Инаку, ова сериозно растројство има повеќе корени.
    Членката и останатите кои имаат ваква желба, односно стремеж можеби ќе се пронајдат во овие пресудни фактори кои доведуваат до ова растројство на личноста.
    Растројството на личноста е работа на лажни осудувања и вредности. Подолу се наведени лажните осудувања ментално присутни во личноста , кои се корените на ова нарцисоидно растројство на личноста, како и кон што доведуваат тие...

    Лажно добро

    има слика на супериорност и висока вредност

    Лажно лошо
    слика на инфериорност

    Растројство на личноста
    бара да создаде илузија на супериорност и да изгради слика на високо само-ценење

    *****

    Лажно добро
    социјална препознатливост, статус и престижност

    Лажно лошо
    анонимност, нискиот статус и недостатокот на престиж

    Растројство на личноста
    се залага за препознатливост и престиж, да се компензира за недостатокот од чувството на самопочит

    *****

    Лажно добро
    извонредни достигнувања

    Лажно лошо
    наоколу гледа дека другите имаат повеќе постигнувања во животот

    Растројство на личноста
    здобивање со умолителен став во кој остварувањата на другите се измевани и деградирани

    *****
    Лажно добро
    слава и чест

    Лажно лошо
    недостаток на слава и чест

    Растројство на личноста
    има перзистентни стремежи за слава и чест
    *****

    Лажно добро
    пофалби и одобрувања

    Лажно лошо
    туѓите критички осудувања и неодобрувања


    Растројство на личноста
    чувствителност на тоа како другите реагираат на личноста, гледа и внимателно слуша за критичко расудување, и се чувствува омаловажено поради неодобрување

    *****

    Лажно добро
    да се биде високо ценет/а

    Лажно лошо
    да се биде засрамена и понижена

    Растројство на личноста
    склоност кон чувства на засраменост и пониженост, како и склоност кон хипервознемиреност и ранливост кон туѓите осудувања

    *****

    Лажно добро
    големина , совршенство, гениј или статус на ѕвезда

    Лажно лошо
    недостаток на големина, совршенство, генијалност или статус на ѕвезда

    Растројство на личноста
    развивање на фантазии за големина, константно стремење кон совршенство, генијалност или имање статус на ѕвезда
    *****

    Лажно добро
    високо ценет брачен другар или партнер, да се потврдат овие љубовни врски

    Лажно лошо

    недостаток од високо ценет партнер

    Растројство на личноста
    има историја на потрага по идеалниот партнер и има интензивна потреба од афирмација
    *****

    Лажно добро
    да се биде идеалното себе

    Лажно лошо
    всушност покажува однесување на вистинското себе

    Растројство на личноста
    често има посакуван, преувеличен и нереалистичен концепт за себе до која не е возможно да го достигне
    *****

    Лажно добро
    успех и восхитување од останатите

    Лажно лошо
    недостаток од успех, не е восхитувана во реалниот живот

    Растројство на личноста
    произведува (премногу брзо) не работи до нивото на нејзините способности поради преплавеност од емоцијата за брза потреба од задоволување на успехот
    *****

    Лажно добро
    да се биде почитувана и восхитувана

    Лажно лошо
    да си омаловажувана и да не примаш константен восхит

    Растројство на личноста
    осетливост, брзо се навредува и на најмалата провокација, постојано антиципира напад и опасност, реагира со лутина и фантазии за одмазда кога се чувствува исфрустрирано во потребата за константо восхитување
    *****

    Лажно добро
    љубов и одобрување од другите

    Лажно лошо
    недостаток на љубов и одобрување

    Растројство на личноста
    е само-свесна, како резултат на зависност од одобрувањето на другите
    *****

    Лажно добро
    вниманието и восхитувањата од другите

    Лажно лошо
    недостаток на внимание и восхитување

    Растројство на личноста
    бара да се ослободи од чувствата на несоодветност со форсирање на туѓото внимание и восхит врз самата себе
    *****

    Лажно добро
    исполнување на грандиозни очекувања

    Лажно лошо
    недостаток од исполнување на грандиозните очекувања кои ги имаат за себе

    Растројство на личноста
    може да реагираат со себе-презир и депресија поради неисполнувањето на грандиозните очекувања
    *****

    Лажно добро
    да примаат пофалби

    Лажно лошо
    критикуваност

    Растројство на личноста
    имаат тенденција да ги преувеличуваат работите и да се фалат
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и dzeliii им се допаѓа ова.