Извини што те цитирам ти го прочитав коментарот и видов дека не е само другарками со сличен проблем и уште има иако не се гледаме.Секој ден веќе незнам колку години уназат она замислува дека дечко ќе и стане дарко глишич или оној од филмон со вампирот или незнам кој глумец некој и само замислува.И зборев разбуди се најди си дечко овие никогаш нема да ги имаш и ми се налути зашто така сум и рекла и ми вика од кај знаеш може еден ден мој ќе биде.И само реков океј. Сето ова е уште од мала немаше пружено љубов и внимание туку све беше викање од страна на родителите и карање и да учи и само да учи ништо друго во животот.Кога дојде време за искачање незнаеше надворешниот свет каков е и си замислуваше пак некој дека ке биде нејзин ,а нејзините и велат во 12 сат дома.Додека она само учеше учеше и пропаѓаше братот нејзин се издигаше и успеваше ако е помал од нејзе и нормално си беше свое глав не слушаше никој колку можеше учеше затоа сега него кола му купија све му дадоа ,а нејзе пошто леташе и кјутеше ништо не доби само и уплатија возачка а кола не и дават не била она за кола.Затоа на братот нејзин му купија кола! Муабетот ми е ваквите работи се случуват почесто и за ова се виновни родителите не им посветуват внимание на децата или ги прават дека се неуспешни,невнимателни глупави и за да им докажат децава на родителиве дека можат замислуват да станат популарни.За да се докаже на родител дека може има и други начини не мора да е само ова. На девојчево што ја отвори темава ќе и кажам само нека проба да успе не е лошо тоа али само нека не лета многу високо да не падне после многу боли. Ти посакувам среќа
Не се извинувај, океј е, за тоа е форумов. Вистина е дека има голема вина во родителите, ама не секогаш. Ќе се земам сама за пример. На моите бракот им беше катастрофа. Можеби не ме научиле како треба, ама затоа знам како не треба. Мислам дека нема личност која не влечи по некоја траума од детството, ама тоа не значи дека цел живот треба да си го упропастиш заради глупости. Нормално е да се има celebrity crush, на секого му се случило, посебно во тинејџ денови. Кај нормална личност останува само во фантазија. Знам дека некои овде спомнаа одење на психолог. Не се сложувам, не е ова Западна Европа, па имаат сесии три пати неделно, па исповеди и глупости. Во мк гледаат да ги откачат што побрзо. Јас би советувала да работи на себе како личност. Само тоа може да ја одвлече од опсесијата за славен живот, кон враќање назад во реалност.
Се согласувам со тебе иста судбина имав и јас со родителите поминав и бурно и убаво детство али од тоа научив многу и станав силна девојка.И покрај сите маки јас се борев нормално сакав и јас да бидам фото модел али кога знаеш дека во оваа држава неможеш никако да успеш реков не!Како мала сакав да станам шминкер и сега ќе учам за тоа и покрај тоа што работам и родителите во се ме подржуват. Тинејџ деновите лудуваш сите сме лудувале хахах али понекогаш треба да се размисли со ладна глава што правиш со својот живот. Никој не сакам да осудувам ни девојчево за тоа што сака да стане нека проба нека се бори може ќе успе. За психолозите во право си се согласувам со тебе гледат да те откачат да ти ги земат парите и толку
Не ми е јaснo жoштo јa небулизирaте темaвa и девoјкaвa јa дoведoвте дo емoциoнaлен нестaбилен стaдиум. Јa ке тргнaм oд себе ,знaчи и јaс ,a И мoиве кoлеги нa фaкултет сaкaме дa сме слaвни и секaкo зaтoa сме се зaпишеле нa тaкoв смер кoј штo е пoвржaн сo медиуми , a вoеднo бидејќи јaс нaјмнoгу штo сaкaм е дa се сликaм и снимaм вoеднo еден периoд си блoгирaв и стекнaв слaвa нa инстaгрaм и нa фб. Тaкa дa ништнo не е невoзмoжнo!!! А инaку мoј сoвет ти е дa се зaпишеш нa некoј курс зa фoтoгрaфирaње зoштo тaму честo се прaвaт фoтoсесии и oстaнaтите членoви мoжaт дa те земaт зa мoдел нa нивните излoжби. Пoтoa мoжеш нa дрaмски курсеви дa идеш или нa курсеви зa вoдители и нoвинaри и ете ти слaвa.
Баш напротив. Некои од нас сакаат и да помогнат. Еве и линк на девојката, за курсот кој го спомна ти. http://www.tc-eva.com/trainings.shtml#2 Настрана од тоа. Мене не ме загрижи толку тоа што сака да стане јавна фаца, туку начинот на кој тоа и се одразувало и опсесијата со спортистот.
И Проески го ругаа кога беше жив. Откако умре сите магично го засакаа. За волја на вистината, сега некој да даде критика по неговиот лик и дело, најверојатно би бил етикетиран како психопат, па попаметно е да премолчи.
Обично такви желби се јавуваат кај помали деца. Да бидам искрена и јас како мала сум замислувала дека ќе станам славна, дека сите ќе ме знаат, дека ќе имам исто така некој познат убав дечко... Но не би го нарекла тоа опсесија, сепак станувало збор за наивна детска желба, на крајот на краиштата сум имала десетина години... Ајде да речеме дека може вакво нешто да се јави и на подоцнежни години. Секој треба да се труди да го добие тоа што го посакува. Можеби нема да станеш позната низ целиот свет но е сосема возможно да станеш позната во државава. Но за тоа треба да понудиш и некаков квалитет. Треба да имаш некој талент пример за пеење, цртање, глумење или пак убавина и пропорции за манекенка или топ модел. Не дека неможе да се стане познат и преку правење глупости но не секој е создаден за такво нешто. Почни поквалитетно да си го исполнуваш времето, најди си занимации кои те исполнуваат наместо само да размислуваш за слава и за дечковци кои не ги познаваш лично. Излегувај често, верувај дека ќе сретнеш и лично ќе запознаеш некој со кој реално можеш да започнеш нешто. Ако ништо од ова не ти помогне, тогаш не е лошо да поразговараш и со психјатар.
Секоја чест ти симнувам капа. Многу добро кажа сите сме сонувале такво нешто како деца, тинејџери... Посебно генерацитее од 1970-80 па наваму откако медиумите се појавија масовно и почнаа да се даваат секакви програми по телевизија...Сите овие што ја осудуваат девојката имале слични очекувања и соништи порано но ги потиснале тие чувства некаде длабоко, исто како мене, исто како тебе. И затоа ќе ве молам престанете со осудувањата!
За ова постои болест, HPD (histrionic personality disorder). Прочитај симптоми на интернет, истражувај, можеби ќе се пронајдеш во некои од нив. Ако сметаш дека оваа жед за популарност и внимание ти наштетува и стануваш депресивна, посети психијатар.
Поради желба за популарност и лајкови на фб да бидат познати еве што се случило негде. Може мислењево не ми е за тука али сакав да споделам пред да направоте нешто. Ова е премногу жално од др страна премногу е идиотски,цинички и безчуствителност. http://hitportal.com.mk/se-zakani-deka-ke-go-frli-bebeto-od-zgrada-ako-ne-sobere-1000-lajkovi/
Желба за популарност најмногу се јавува кај адолесцентите, во еден стадиум од животот и младоста, кога допрва личноста се формира и гради, полна е со амбиции и желби, а има недостаток на животно искуство и токму таа полетност и енергија ја разгорува и желбата за слава и популарност, но со тек на годините истата спласнува.
Не патам од тој комплекс да бидам позната и сите да ме знаат. Се знае сите у државава на кој начин се популарни
Јас отсекогаш сакав да бидам славна, ама не во Македонија. Мислам дека тоа е причината што не се сметам за среќна личност. Изгледа е нешто наследно во мојот случај, татко ми ми кажа дека и тој порано посакувал да биде познат, постојано купувал весници и списанија за неговите омилени селебритис, читал интервјуа за да научи која е тајната на таквиот успех и ги имитирал нивните навики (оние здравите), дури му било многу мака зошто не се родил како дете на познати родители од Холивуд, хаха повеќе се филмал од мене
Сите деца сме имале такви соништа. Од денешна перспектива изгледа смешно. Како мала запишував вести на лист хартија, и како презентерка ги читав, со оној контакт со очи како да имаш гледач пред тебе. Пеев на толчник за толчење пиперки. Во средно пеев неколку пати на фестивалот на француска шансона. Два пати одев на аудициите на М2, и не направив ништо, ама не жалам воопшто. Денес не сакам да сум славна, само не сакам да сум анонимна.
Не ми паѓа на памет да бидам славна, ќе ми ги извадите низ нос мислењава од форумов. Exposé ќе ми направите.
Имав желба како помлада, многу сакав да сум на некоја политичка функција или да бидам новинарка некоја, да бидам позната и често на ТВ. Сметам дека вака сега како непозната ми е поубаво, мирот е бесценет, популарноста не носи многу добро.
Да се родев во друга држава, дефинитивно ќе влезев во шоу-бизнис, премногу ме влече забавната индустрија. Македонија е на тие полиња тапа, крајно непривлечна.