Не бев спремна минатиот пат дека така ќе ми кажат Плус не беше баш лесна кесата со сите парички да се шетам наоколу. Завршена работа - веќе не ги собирам.
Таков човек сум што се што има троши до последно денарче НО од денес ке собирам во касичка и нема отворање додека не ја наполнам до врв
Јас никако да заштедам некој денар. Абе и 5 ден. да имам ситно, орбит на парче ќе си купам или еурокрем блок, и пак ќе ги потрошам. Кое штедење у каса,шише... Пред некое време демек ќе штедев за концерт и заштедив околу 150 ден. и фати рецесија а знаете како е кога немаш цигари, и ништо од штедњата. Инаку не ме нервираат у новчаник, ме нервираат кога ќе ми паднат у маркет, на улица, па собирај ко будала.
Не се радувам толку на 100 денарка хартиена колку на 50 денарка метална.Особено ако излезе од некаде заборавена.
Единствено нешто што ми пречи е потребата од посебна преграда за носење во паричник.Од тие причини при изборот на паричници секогаш барам модел со преграда на закопчување. Никогаш не сум ги собирала и чувала на посебно место затоа што не практикувам за мала сума од 1 ден. или 2 ден. да раситнувам 100 ден. или повеќе.За некои производи што ги купувам секојдневно, сметката ја знам пред да платам и ми се лесна околност за точен износ без кусур. Иако се уште чувам од старите детски касички за штедење, не сум се одлучила да ги вратам деновите од детството кога со нетрпение чекав да се наполни касичката.Моментот на отворање беше посебен ден. Таа е само еден меѓу останатите стари сувенири белег на минатите времиња.
Мм никогаш не носи железни парички, а и јас од време на време го празнам мојот новчаник и ги оставаме железни парички во една голема лимена кутија (од адаптирано млеко на син ми ) Последно што уновчив беа 700 денари. Мада и јас најмногу мразам тој дел кога треба да ги уновчим, сите ме гледаат ко на мостот да ги собирав, па си велам што ме гледате чудно, па и ово се пари Среќа во маалската продавница секогаш ми излегуваат во пресрет.
Јас ги собирам во касичка, а ги вадам откако ке наполнам најмалку 1000 мкд и секогаш ги трошам за да и купам нешто на мојата керкичка
И јас ги собирам. Повеќе преферирам книжни, ама и овие се пари де. Баш сега ќе проверам колку имам собрано. Јас најмногу го обожавам чувсвото кога ќе земам еден куп в раце, така ладнички и ми тежат на рацете Јас за заменување досега не сум била никаде, од дома ми ги заменувале за Коледе и Василица кога им требаат А и татко ми еднаш 50 денари ми замени 243 имам сега засега.
Многу сакам кога ќе ми се соберат многу железни парички. Ги чував во тегла, па во каса, па сега во една пластична кутија, но ми ги земаат . Кој како помине, на овој му требало 2 денари, на оној 5, некој ќе ја види железната 50, и оп, веќе ги нема. Ама, сега си ги чувам денарчињата од 1,2,5 и 10 во таа пластична кутија, а 50 си ги кријам, само јас знам каде се. Поубаво ми е кога ми враќаат железни 50, така не ги трошам. И да, задоволството е кога ќе ги изброиш сите железни парички, кои си ги собирал подолго време, и ќе ги замениш со банкноти.
Убава тема Јас обично железни парички собирам во една детска касичка од порано што ми е. Најмногу што имам собрано беа околу 370-380 денари и потоа одма ги скрупнив во продавница. Голема е среќата кога ги истураш сите од касичката и ги собираш со рацете, како богатство да имаш. Сега моментално имам 73 денари.
А да ти дадам предлог да си ги смениш во некој локален маркет каде што плачат за ситнеж. Јас таму ги менувам. Инаку за веќе скоро година како собирам такви ситници во касичка.ж Најинтересно ми е да си ги пребројувам. Кога почнав да ги собирам мисле на 1000-2000 ќе укрупнувам и ќе ги чувам на страна да знам колку сум собрала. Тоа не ми успеа, ама во кризни моменти добро ми се најдоа. Од лани до сега укрупнив 2 пати по 1500 ден. 2 пати 500 и еднаш 1000 или се вкупно 5000 денари. И во моментов имам околу 2000 ама ќе чекам до Нова година да видам колку ќе се соберат.
Алал да ти е - јас имам собрано преку 10.000 мкд кумулативно. Ама толку беше сега. Нема да молам по дуќанчиња. Ме нервираат и банкиве.
Фини ми се кај мене во маркетов кај што си пазарувам и додека јас си завршам работа во маркет ќе си ги пребројат ќе ми дадат пари и завршена работа. Иако некогаш гледам да им олеснам па им ги селектирам на пр. 10*1 залепени со салотејп на купче заедно и сите така. Лесни за пребројување и прегледни.
Јас си ги собирам во канче од мал јогурт. И до сега имам собрано 80 денари. И тоа е нешто. Уште ќе собирам, интересно ми се виде. А дечко ми пак ги собира во касичка
Си имам голема каса и таму си ги ставам цела година ситните парички. Еднаш годишно ја отварам и си купувам нешто со тие парички.
Собиравме со дечко ми но уште недособрани ги потрошивме Ќе почнеме сега пак па ќе видиме колку ќе ги дочуваме.