Имам собирано 2 години и 7 месеци и собрав точно 3955 денари, сакав да одам до точно 3 години на собирање ама ми се исполни кутијата
Мене железните парички ми се за карта до кај дечко ми И јас ги собирам во пластично шише од кока кола. Брат ми го нервираат истите па мене ми ги дава, исто и татко ми додека е овде ги собира во голема чаша и на одење ми ја дава (најубавиот дел од цел негов престој тука). Дечко ми знаеше и до денар да ги потроши, денар го глочкаше во џебот ама го научив и него да штеди
Собираме со мм во кутија за лижавчиња. Пред да ја набави собиравме во тегла, а кога ги претуривме се разочаравме колку изгледаше празна кутијата... ама тешка да ти падне раката
Секогаш сум фул железарија, најлошо ми беше кога добив 600 ден. кусур во 50ки и 10ки железни.Некогаш ми требаат ама не до толку.Имам дома piggy bank и кога имам одвишок ги ставам таму.