1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Желче

Дискусија во 'Дом' започната од Faline, 4 април 2011.

  1. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Па за оние кои чуваат водно желче нека споделат некои искуства,слики,со што ги храните како ги чувате вашите миленици :)
    Јас имам 1 желче кое веќе е една година и многу си го сакам :inlove: кога ќе бидам во можност ќе ставам слики, се вика Тајсон :D
    Што мислите дали го даваат истото задоволство како и другите домашни миленици (мачка,куче...) ?
    Дали мислите дека можат да ви возвратат на вашата грижа кон нив,вашата љубов?
    Дали мислите дека se интелигентни животинчиња? :)
     
    На Ivu4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Покрај тоа што имам големо познавање за кучињата, исто така имам познавање и за рептилите (во конкретниов случај желки) , па доколку ви требаат советчиња можете да ме прашате ;)

    А во врска со темава, јас досега имам чувано неколку водни желчиња од видот Црвеноушка и можам да кажам дека се посебни и интересни на свој начин.
    Желките се рептили, а рептилите не си ги препознаваат газдите, па така да немојте да очекувате да ви се радува желчето кога ќе се вратите од школо/работа.
    А тоа дали го даваат истото задоволство како останатите миленици (кучиња,мачиња...) , јас мислам дека тоа најмногу зависи од човекот и од тоа каков тип на миленик сака, бидејќи некои луѓе се плашат од кучиња/мачки , па како алтернативни миленици си земаат желчиња, риби, папагали, хрчаци, морски прасиња .....
    Што се однесува до мене, јас сепак сум повеќе за милениците со кои можеме да комуницираме, на прво место се кучињата, а потоа мачките.
     
  3. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Еве веќе година дена ја чувам и многу ми е мила,а би се спротиставила на тоа што велиш дека не ги препознават газдите,напротив кога ме гледа се радува,бидејќи е моја јас кога одам таа доаѓа по мене,сепак карактеристична е ,кога се будиме наутро и доколку не и обратиме внимание се качува на каменот и скока се додека не и дадеме храна :D :) Сега ме интересире ако знаеш како да ја натерам да јаде зеленчук,бидејќи од втората година треба да ја промени исхраната,од зеленчук во месо ,а таа несака ?!?! И би сакала да и направам поголемо и поудобно живеалиште ако може некои предлози некако да ми доаѓа аквариумот и некако дел со тревичка и слично :)
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас имам две желки(сега едната може да се рече и Желчиште) и така си ги чувам, не се водни, ке им дадам по некое марулче зелка патлиџан. Не треба некоја посебна исхрана и нега околу нив. Моите ми живеат в тревник кај мене, цела зима ја отспиваат така да Желка дома-мирна глава :D
     
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не не, така ти си мислиш дека ти се радува желката, но таа на тебе не ти се радува, туку желката така се однесува затоа што знае дека ќе и дадеш храна.
    Докажано е дека рептилите не си ги препознаваат газдите и дека не им се радуваат ;)
    Остави го зеленчукот во аквариумот, и ќе го изеде кога тогаш.
    Живеалиштето нека и биде некој поголем аквариум, не многу висок како што се аквариумите за риби, туку овој за желкава може да биде понизок.
    На пример со димензии: Должина - 60 cm , Висина - 25/30 cm , Ширина - 40 cm
    Во аквариумот стави во ќошот еден поголем камен и гледај каменот да е повисок за да можеш да ставиш повеќе вода во аквариумот, а сепак површината на каменот да биде сува.
    Исто така стави и внатрешен филтер во аквариумот за да ја филтрира водата, и така ќе можеш поретко да го чистиш аквариумот.
    И исто така стави и една сијалица одозгора за да се сунча кога ќе биде на суво на каменот.
     
    На Nenasitni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Еј не расипувајте ни ги нашите претстави за светата ни врска со животинкиве :lol:
    ма глупости, се радувала само ради храната, ма си се радува и ради него си, што газдата му е дома :P
    Имав кога бев дете желка Вики, татко ми ни ја купи од саем. Прекрасно мало водно створење. Долго ја чувавме и знам само дека всушност и многу подолго по нас требаше да си поживее кутрата.
    Но, не предвиде таа кутрата дека јас сум мало осечајно створење, кое едно зимо кога беше многу ладно сакаше да ја стопли желката да не и е ладно во ладната вода што и ја сипал татко ми во аквариумчето па ставив топла вода :(
    Бев многу мала премногу мала да сфатам дека тоа е вистинска глупост и дека желката ќе умре. Татко ми откако сфати дека јас сум кривецот за смртта на Вики ми држеше предавање дека желчињата толку живеат и дека Вики сега си е во рајот. Години поминаа откако научив да читам и пишувам кога ми текна за Вики да прочитам и сфатив дури тогаш дека сум била јас убиецот, на моето прекрасно желче за кое исто така мислев дека ми се радува секој пат кога ќе отидам да ја видам што прави...
     
  7. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Многу сакам желче но немам па интересно би било да споделите некоја слика со некое ваше желче :) :lol:
     
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Еве го мојот ѕвер :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC09046.JPG
      DSC09046.JPG
      Големина на фајлот:
      94,1 KB
      Прегледи:
      948
    На COollLady и Akana им се допаѓа ова.
  9. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Јас имав две желчиња ама едното ми се разболи со денови не јадеше и ја отвораше само устата па со татко ми отидовме кај еден ветеринар и тој ми даде лек за да му капнам во водата ама по две недели тоа умре и многу ми падна жал. Сега ми остана другата желка и малку е порасната и имам забележано кога е пролет и лето нон стоп се движи низ аквариумот се превртва од првин кога ќе се превртеше неможеше да се одпреврти кутрото и така седеш дури ние не ја одпревртиме сега се научи и дури еднаш незнам ни јас како ми избега од аквариум. А ако не му даеш за јадење тропа цело време, еднаш ме рабуди од спиење :lol: Ама сега во зима многу ретко се движи, само спие и јади многу ретко. Ми е страв да не ми се разболи :worried: Инаку е женско и се вика Bubbles бидејќи секогаш има меурче на носето. Кога ќе можам ќе ја сликнам
     
  10. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543

    Бидејќи сега по природа ова им е период на хибернација и имат неккаов природен инстинкт што ги тера да спијат...И јас имав 3 желчиња од кои и двете исто како и твојата ги имаше истите симптоми и на крајот завршија со смрт :doh: сега оваа ми е веќе 2 ипол години... :) порасната е многу како една шака е :) Мојата и јаде и шета и спие како нас... преку вечерта спие а цел ден е активна..шета плива.. јас ја пуштам да ми шета низ дома и најинтересна ми е кога сака да се качи на кревет :lol: гледа нагоре и чека некој да ја каче... исто така кога врта кругови по масата хаха и си вртии така и си врти :lol: инаку најубаво и е сега под печката си стои и спие нозете и се дигнати се сунча 8) и така мојот ѕвер инаку е многу инатлива :rofl: можеш да ми кажеш каков аквариум имаш бидејќи викаш дека излегува од него... јас сакав да и направам нешто како аквариум па да може и да излева сама ама незнам како ај ако можеш сликни го твојот аквариум ;)
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас имав желче пред некои 7-8 години :D и ни дошло едно детенце на гости, и мајка ми му го даде, плачело, го сакало желчево :(
    брат ми го имаше донесено не знам од каде, многу кратко го чувавме, ни 2 недели
    ептен малечко беше :)
     
  12. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Баш ми олесна за ова што ми го кажа, многу е мрзлива сега :) А за аквариумот го имав земено од Грција ама беше изгледа мал за желката низок и излегуваше и си се пикаше во некое ќоше и не мрдаше. Сега му правиме друг аквариум, оти кај мене се многу скапи да земиш а и многу големи само за една желка тие се повеќе за риби а и нема многу избор. Па бевме на стаклар му кажавме димензии и сега му го направи, му ставив одозгора сјалица и уште треба да земам грејач и филтер и да му го украсам со камчиња и ми рекоја да му земам стиропол за да може да си се качува на него. Кога ќе е готов ќе го сликам. Дури да се направи сега е во еден сад и ми е жал кога ќе ја гледам оти не можи да си плива. А тој другиот аквариум му го дадов на една другарка и си чува во него две мали рибчиња.
     
  13. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543

    Мојот аквариум ако можам така да го наречам не е од стакло туку од пластика и многу ми е полесно ем за чистење ем за користење,бидејќи водата се загадува ептен брзо... а со што го храниш :)
    Инаку јас имам камен но многу ретко се качува на него бидејќи јас ја вадам надвор од аквариумот.. а за камчињата ти препорачувам да не ставаш..бидејќи ќе ти бидат тешкки за чистење и одржување :)
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Охо, сум ги имала купиша негде во шесто па и покасно, ама у картон ги чував бе. :|

    И смрдат корнат и толку им беше дружењето со мене.
    После татко ми ги остави во тие пределите со трева накај Катланово...
     
  15. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Знам се загадува многу брзо ама ако имаш филтер немаш гајле го чистиш на неколку недели. И мене ми е за со камчињата оти ако ставам после ќе ми биди тешко за чистење, еден човек ми вели да си земам и риба чистач ама желката да не ми ја изеди рибата ми е :lol: А за храна му земаме ракчиња оти само тоа јади. Пробав со мушички не ги јади и со смоки мислам беа тие му се тешки за џвакање и го плука. И риба кога можам му давам, мајка ми му ја чисти од коските и ја обожава одма трча по неа. Пробав и морковче да му дадам изрендано но и тоа не го јади :worried: . Ти со што ја раниш?
     
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Имав едно порано. За жал нешто не беше арно сиромашкото :( Никогаш не јадеше, му дававме ракчиња но никогаш не ја отвори устата. Не пливаше многу, само стоеше на едно место. Многу беше жално, мајка ми прашуваше во продавница за животни и незнам не ми текнува што ни рекоа да му дадеме, но ништо не помогна. Проаѓаше времето, но тоа желче не отвори уста.. Еден ден почина.

    За разлика од него, една другарка од спротива исто така имаше желче. Тоа беше лудо :D Постојано правеше бељи, бегаше од тоа пластичното кај што го чуваа. Неможев ни јас ниту пак тие да сфатат како му успеваше да избега бидејќи зидовите беа под 90 степени. Некогаш го наоѓаа под кревети, но најчесто позади фрижидер :rofl: Затоа се решија живеалиштето да му го заменат со аквариум од кој не можеше веќе да бега.
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543


    И јас на почетокот ја хранев само со смоки и ракчиња...повеќе не.Сега и давам пилешко,бело месо и риба,купуваме од оние гирици или како се викат малите рибички,во пакување има многу а и давам по 2 со што сега и финансиски не ме троши толку многу ем најадена е :clap: 30 денари ти е и има да јадее ехеее :D
     
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Имав желче пред неколку години (незнам точно) но за жал не поживеа многу еден или два месеци и ми умре...незнам зошто најверојатно не внимавав многу на него
     
  19. Sextasy

    Sextasy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    46
    И јас имам чувано водни желки,извонредни миленици се, само кај мене проблемот е што секогаш после месец два откако ќе бидат купени, се враќаат во пет шопот, од оправдани причини. Првите 2 желки што ги имав, ги имав во глупав пластичен сад со палма, кај шо не можиш ни греач, ни филтер, ама ни желката не ја собира. Земав аквариум, па ајде во него желките, па се собраа скоро 4...па коа веќе имам аквариум ставив и некоја риба и почнаа борбите, само анциструсите преживејаа, па мајка ми беше повеќе по риби, па ги вратив желките. И по носталгија за нив, покрај аквариумот, склопив еден долг 1 метар , на спратови, долниот спрат беше со вода, а странично беше со песок и трева ко во парковите што има, и изгледаше како ливада на средина со езерце..функционираше така цела зима, додека ме немаше 3 дена дома, а кога се вратив..прво влегување в соба: :puke: :envy: :envy: :envy: полоша смрдеа не ме мавнало, викам домашниве, викаат не бе стално исто мириса, нема ништо чудно, после сфатив дека желката знае да мириса крајно непријатно и покрај секојдневното чистење и уредување, и со се аквариум, правец во првиот пет шоп кај шо сакаа да ги откупат пошто-зашто:)

    Оттогаш не ни планирам желка да чувам, ако евентуално чувам,сигурно ќе биде во дворно езерце, како што прават фонтани со езера, во тоа би било топ...


    За исхрана, мора да ви напоменам, тоа смоките што ги продаваат - џабе фрлени пари ви се, тоа се јуфки бојадисани и ништо повеќе, нема никаква хранлива врендност, така да избегавајте да ги купувате, земете им од лушпите од ракчиња, сушените ракчиња поточно, и тоа рефусни, поефтини се нема потреба од брендирани,исти се.
    Друга, битна храна , ќе земите од оние мали рипчиња, што ги продаваат по рибарниците, нивички ги викаа некој, 50 денари килограм е, од нив една риба се сецка на повеќе ситни парчиња, и за една желка 3-4 парчиња доста се, би требало 2 дена една риба да јади. Следниот ден, а може и следните два дена се храни само со ракчиња, пошто ако се храни со мрсна храна, можи да и се надуе грбот па може и да има тешкотии во дишењето или ќе испука некој капилар,немаат осет за храна. Бело пилешко месо исто обожаваат, скакулци фаќајте во лето, ракчиња замрзнати (само одмрзнете ги) по некој црв...и слично. Ако сакате здрава желка, исто така потребно е простор да плива, и место да се сонча со ламба, можи една штедливас од 30 вати, за да не ви ги вади очите некоја појака, а кој има пари нека оддели 1000 денари за една UV за рептили.
     
  20. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Да желките ги јадат рибите!Ние кога го купивме беше 1000 денари водно желче и ни рекоа дека се чува со рибите и се тепаче со нив и 3 дури и ми изеде!!И го преместивме ама за многу бргу време умре!!Го храневме со една храна која ја купувавме од петшоп всушност тоа беа мушички.