Aми прашај ги тие во пет шоповите можат да ти набават желки какви сакаш и јас планирам во др куќа да си купам желка копнена и низ двор це ми сета, а можи и жирафа оти мн си зивеам со косиите да му го јади тутунот од скелина, а и бидеќи банани има за извос во ПП можи и витамински да се храни. хахахахахахахахаххааххахах кикикикикикикикикикикикикики
Извини, но како личност која чувала желка, морам да дадам критика. Живеалиштето воопшто не е соодветно. Куглите не се ни за риби соодветни, не па за желки. Растат големи. Им треба голем аквариум со екстра добар филтер, затоа што премногу ја загадуваат водата, ти може не го гледаш тоа, но не значи дека е чиста. Им треба топла светилка над местото кое треба да претставува копно. Друго, ако во Пет Шоп ставаат два прста вода во аквариумите, не значи дека не знаат да пливаат и не им треба. Доколку сакаш да живее подолго, ако не, тогаш естетски ова на сликата е супер. Најдобро намерно го пишувам.
Ти благодарам за советите и добронамерните критики Вака е привремено, чекам да ми стигне деновиве аквариумот и ќе му ставам ламбичка за да се сунча Мене во пет шоп кај што го зедов ми рекоа дека нема проблем вака можело да се чува :/
Врска немаат тие. Ама баш ич не се разбираат, не ги слушај. Би ти препорачала една група на ФБ ако сакаш да ја следиш за разни совети за водни желчиња. https://www.facebook.com/groups/RedearedsliderturtleOWW/about @GrimTheReaper ја користам приликава да те прашам да не знаеш некој ветеринар во Скопје што се разбира од водни желки?
Мислам дека Жаре на Водно има повеќе искуство со мали животни, рептили, глодари. Јас мојата ја немав носено, не ми се имаше разболено, така да не знам дали е добар, само вака од луѓе што зборуваат и се задоволни
Здраво девојки, случајно пронајдов мало желче, го зедов и еве го сега до мене. Истражував на интернет за грижата околу желкичките и за храна и изрендав краставичка и морковче, но не сака, мислам дека е премногу малечка па не може да се храни сама. Не знам што да правам. Така ја пронајдов сама на сред пат и жал ми бесе ја земав. Кажете ми вие како се грижете за мало желче, дали тоа може да јаде и шти да правам?
Чувам водна желка црвеноушка 12 години. Поради тоа што се селам во странство и немам услови да ја земам со себе, барам некој љубител што пред се има искуство со рептили. Ја подарувам со целата опрема вклучувајќи и надворешен филтер. Доколку знаете некој ве молам пишете во порака.
Каде можам да најдам водна желка? Смее да е во ист аквариум со риби? Не се смејте стварно не знам, а син ми бара желка
Во некој од пет шоповите ако најдеш. Иначе може, ама ќе ги изеде. Освен тоа на желките им треба да има и сув дел во садот и лом многу ќе прават.
Имам впдена желка околу 7г. стара. Додуше кај мајка ми е, не е баш моја Веќе е многу порасната и аквариумот што го имам, претпоставувам е несоодветна големина. Не можам да си дозволам и финансиски и просторно за поголем аквариум. голема како една дланка . Што можам да направам, колку голем аквариум би бил доволно голем ?
Здраво... ми требаат совети околу чувањето на две желчиња, ги купив пред една недела... секој совет е добродојден, би ви била благодарна да ме упатите како правилно да ги исчувам! Help pls
За почеток ти треба многу поголем и подобар сад за чување. Овој сад ќе е премал за нив, кај и да е ќе почнат и да бегаат од него. Обавезно им треба место кај што ќе се надвор од вода да можат да седат за да им се суши оклопот. Им треба светлина (UV ламба), филтер и грејач. За сега бар гледај садот да е на топло место некаде, да е одма до прозор за да им иде светлина и да менувај на водата бар на 2 дена. Уште се малечки за таков хаос да прават. За храна, давај им сега од ракчињата еднаш дневно. Може да јадат марула, листовите од ротквица, листови од глуварче. Може да јадат и малку морков, краставица, домат, јагоди (ама овие работи им се повеќе ко treats). Не ги давај мн често. Имаш по пет шоповите и едни ко смоки. Ко ќе потпораснат, накај 1 година ќе можат да ги јадат тие. После тоа давај им смоки на 2 дена и зеленчук секој ден.
Здраво, ве молам за совети и искуства. Сакам да купам желче, ве молам ако може повеќе околу начинот на чување и грижата околу нив... прочитав еден куп работи. Дали ламбата одма е неопходна, во каква вода да ја чувам и колку вода да има во аквариумот? ( планирам да земам голем пластичен аквариум со поклоп ) Дали може да ставам аквариумски камчиња да не е празно живеалиштето...На колку време и по колку јадат, прочитав нешто и дека оклопот треба редовно да се четка ?