1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жена и црква

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 31 мај 2015.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Бидејќи одговорните во темите за религија се навистина добро потковани сакам да ги прашам и да објаснат доколку знаат зошто жената е дискриминирана т.с зошто не може да напредува во црквата па ете да има и папа,мора ли само машки?
     
  2. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Лично мене ми е некогаш неугодно што како жена сум потчинета да почитувам одредени правила кои ги налагаат. Но правам некоја поврзаност зошто е така, доколку е жената онаа која го направила првиот грев во историјата на човештовото ние ги сносиме последиците и органичувањата од тој грев. Да ни криви ни должни, но ете така било, така е и ќе остане. И го почитувам тоа, ако гледаме сите да се задоволни ќе нензаеме кај е крајот секогаш ќе излезе некој на кој нешто му пречи. Ничиј чин нема да падне, заради некој правила.
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Најмистичното во сета оваа дискриминација на жената е фактот што црквата не ја сака на "работно место" папа или свештеник!! Жаната може да биде и пилот и претседател и војник,се останато освен папа.Секогаш кога феминистичкото здружение ќе побарал одговор за ова прашање останувале без одговор.
    Барав и јас на многу места да прочитам одговор но никаде не најдов убаво објаснување зошто жената не може да биде во функција во црквата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Зошто користиш термин папа кога првославната титула е владика?
    Точно е дека жената е дискриминирана и има мноу ограничувања дури и при самиот нејзин влез во црква. Несмее да оди кога има добиено како да е тоа грев а не од бога дадено. Несмее да оди без чорапи несмее со разголени рамења, несмее да влегува во олтарот и така до недоглед. Жената е дискриминирана во поглед на верата не само кај христијаните туку и во било која религија,а од друга страна жените се тие кои се чувари на религијата.
     
    На okcenzi и crazylady им се допаѓа ова.
  5. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Сметам дека дискриминацијата на работното место и верската дискриминација имаат два различни и неповрзани извори на причини. Да тргнеме од тоа дека ние жените сме по природа паничарки, ете затоа може не е дозволено жена да е пилот иако сум сигурна дека не е можно низ цел свет да нема исклучок за жена-пилот. Не мешајте баби и жаби, и зошто нас како верници кои веруваме во Бог би не засегало дали е маж или жена попот/папата/оџата тоа не влијае на нашата духовна определба.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Еве една статија (поделена на 4 дела) на тема жената во Црквата. Автор на статијата е жена. Се надевам ќе ја прочитате. Инаку не само жена, свештеник не може да биде ни:
    блудник, оној кој не влегол во бракот девствен, оној кој има криминално досие, оној кој е женет повеќе пати итн. Исто ни в олтар не влегуваат сите мажи, туку само оние кои имаат работа таму.
    http://agapi.mk/zenata-vo-crkvata-1/
    http://agapi.mk/zenata-vo-crkvata-2/
    http://agapi.mk/zenata-vo-crkvata-3/
    http://agapi.mk/zenata-vo-crkvata-4/
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Жената не може во црква со разголени рамења.... па не може, нормално, ни маж не смее по куси пантолони да оди... не гледам тука ништо дикриминирачко. Црквата не е модна писта!!!
    И ако сте вернички ќе ги почитувата правилата како што се. Нема жена владика, нема жена папа и тоа е што е. Мене не ми смета оти сум христијанка, и верник и ги почитувам Божјите правила. Феминизам во вера нема смисла да се меша.
     
    На shushu, Rama, Oscar Lady и 6 други им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @Lotus и @jacqueline.s не знам зошто би почитувала нешто кое не ме почитува мене. Еве вие, паметни и свесни за тоа. „Тоа е што е.“ не постои. Кога некоја гранка било религија било што ме омаловажува како род и ме става во втор план, негирајќи ја мојата еднаквост со мажот и моите интелектуални квалитети како жена. Кога сте свесни за таа дискриминација, не знам како не ви смета и останувате верници.
    Не сум крстена и сакав да се крстам, кога почнав да читам каде и е местото на жената според тие списи таму, ми се слоши. Никогаш нема да бидам дел од такво нешто.
     
    На ennaz, daylight и kjukli им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ако можеме да имаме почит кон нашето работно место и претпоставени на пример и да почитуваме одреден дрес код (пр. кошула, панталони, затворени обувки), тогаш што останува за свет храм? Не мора да сме ни верници, јас сметам дека кој и да влезе во таков објект треба да го почитува применувајќи одредени правила за облекување. Дали црква или џамија, дали како верник или како турист, неважно. Ова според мене барем. И не само во облекување, туку и во однесување. Туристи, не-туристи, ако не слушаш богослужба, некој ја слуша, исклучи таму тоа телефонот...

    За жената си има одредени правила како што има и за мажот. Тоа што не се еднакви не треба да нe` спречува во нивното почитување. За жал, токму поради фактот што жената отсекогаш била предмет на потчинување во општеството, ништо чудно што за правилата за мажите најчесто се дознава многу подоцна во текот на животот, како на пример информациите коишто ги даде Ортофил.
     
    На bittersweet, jacqueline.s и Cka им се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго и се сложувам. Не се сложувам во врска со женската дискриминираност. Не се работи за феминизам. Црквата е чист шовинизам и ја негира половата еднаквост, создадена од природата односно Бог.
    Какви времиња дојдоа, и Бог не го пуштаат во црква да влезе :D
     
    На ennaz и daylight им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Најголемата светица над сите светци е жена. И кога попот на литургија чита и ја спомнува Пресвета Владичица Богородица, сите мораат да се прекрстат, да се поклонат. Во православието имаме премногу светици, ако беше дисриминирачко, ќе имаше само светци. Читајте малку свети книги, библии и видете кое место го има жената во нив, и со какви зборови е опишувана. Ама секој како сака нека си сфати.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    А што е со зборовите: Мажот е главата на куќата, жената треба да е бои од него, да му се покорува и дрн дрн
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Поентата на темата ми беше дека жената во црквата е застапена на сите нивоа,поточно дека учествува во организирање,спремање,чистење во црквата,во хорот,во шиењето на гардеробите,може да биде и учител на вера и уште некои работи но неможа само да биде свештено лице.Од сите причини што ги наведува црквата дека жената треба да молчи и да му се покорува на мажот и не и приличило да држи миси и проповеди во црква не разбрав ниеден разумен аргумент за да не може активно жената да работи во црква.Исто така нема разумен одговор на прашањето зошто неможе жена да оди на света гора....наводно монасите да не паднале во искушение и други глупости кои неможам да ги проџвакам и за мене се дискриминирачки.
     
    На ennaz и kjukli им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Точно дека така пишува во Библијата, но се толкува погрешно. Во Библијата вели:
    „Па така и вие жените, бидете им покорни на своите мажи ”.... Значи така И вие жените, како што и мажите треба да ви се покорни.
    „Нема веќе ни Јудејци, ни елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса” - друг цитат.
    Библијата и православието не прави разлика. Сите сме исти пред Господа. Ама луѓето грешно си толкуваат. А во црквата предност немаат ни мажите ни жените, туку децата. Кој оди на литургии ќе знае ;)
     
    На okcenzi, tessie и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  15. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Не ме крстил никој ко мала, а и досадно ми беше еднаш кога бев на литургија. :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Остави библија,литургии...ако е така тогаш библијата едно вели а црквата друго прави...па порано колку оргии организирале и се правеле од црковните лица и затоа после го измислиле целибатот.Кажи ми ти мене стриктно на прашањето зошто не може жена да биде владика,папа, пишува ли бо библијата таква забрана??
     
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Затоа што свештеното лице мора да има брада, а ако немаш брада, бил маж, бил жена.... не можеш да бидеш поп/владика :rofl: мала шала :D а за папа, не ме инетересира, не сум католик.
    Зошто се замараш кој бил владика или папа, ме интересира? Ете ако попаѓа пее во црква посреќна ќе бидеш? Или светот би бил подобро место? Не разбирам!!!
    Во православието оргии немало, не си го валкај јазикот... и не вели да ја оставам Библијата и литургијата оти тоа е ОСНОВАТА на православието. Ти ги игнорираш главните фактори, како Светото Писмо, а си се фатила за тоа оти поп не може да биде жена. Православието не дискриминира и точка. Ако го изучиш подобро ќе го сфатиш тоа. Има правила ДА, ама не значи дека некој те омаловажува оти си жена. Мајката Божја е ЖЕНА... оти не е маж? Ај мажите да плачат сега оти се дискриминирани?
    Првата покрстена личност на овие простори е жена - Лидија. Оти апостол Павле не рекол, маж мора прво да се покрсти? Јас стварно не ве разбирам!!!
    А тоа што некои цркви и попови не ги почитуваат правилата од Библијата тоа е нивни грев, нема што тука ти да се навредуваш.
    А и всушност за сите оние кои не им одговара тоа, постои статус - атеист!!!

    Затоа не можеш да знаеш што е и како е правилно. За да се сфати православието треба да се проучува и да се учествува во него. Сето на страна, особено, ете ти викаш дека не те интересираат литургии, крштевања итн, тогаш можеш само да нагаѓаш. Не осудувам некој кој решил да не почитува тоа што го налага православието, го почитувам сечиј став, ама нека не се извртува реалноста. ;)
     
    На okcenzi, NovusOrdoSeclorum, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Можеби ке сум се заинтересирала за да ја изучувам библијата и верата ако би ми доаѓала дома жена да ми свети вода за пред велигден;)
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Исус Христос рамноправно ги третирал и мажите и жените. Тоа се гледа од неговите постапки кон Марија Магдалена, Марта, прељубницата, Неговата телесна мајка Марија и бројни други ученички кои не се наведени по име во старите списи. Вистинските христијани на балканот (Богомилите) исто така рамноправно ја третирале жената. Павле е тој кој со своите посланија ја забошотил целата работа а црквата тоа го превзела во својата традиција што имало незамисливи последици по жената, дури и до денешни времиња.

    А за тоа дека жената не може да биде папа или владика, според Христовото учење папи и владики воопшто не треба да има, бидејќи еден е само вистински вечен Владика - Бог, Отецот небесен.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Во ред е сето тоа но велиш има еден единствен, небесен..ние збориме тука ,на овој живот на земјата и за работата на жената во црквата...оваа земаљска состојба.