Форумџика на годината

Жена и црква

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 31 мај 2015.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Машки
    Видете, Господ наш Иисус Христос, свештенството им го предаде на мажите, иако мажите Го изневерија... Покрај Крстот имаше само еден маж, иако беше сеуште дете (св. ап. и ев. Јован Богослов) и еден куп жени на чело со Пресвета Богородица и света рамноапостолна Марија Магдалина, Го погребаа само тројца мажи (св. ап. и ев. Јован Богослов, свети и преблажени Јосиф Ариматејски и свети Никодим) и пак цел одред жени. На прво утро Му појдоа само жени, па затоа први за најрадосната вест, за воскресението разбраа жените мироносици. Први воскреснатиот Христос Го видоа Мајка Богородица и света Марија Магдалина...
    Убаво забележа една од учесничките во дискусијава, најгласни се оние кои ниту во Бога веруваат, ниту се членови на Црквата.
    Мажите и жените не се исти по природа. И поради таа природа, која Бог им ја дал на луѓето определил само мажи да бидат свештеници.
    Сепак во Христијанството постои еден црковен (не свештенички) чин кој може да го добиваат и жени, а тоа е ѓакониса. За жал со појавувањето на женското монаштво овој чин е некако потиснат, но и во 20. век имало случаи на ракопроизведување на ѓакониси.
    Улогата на ѓаконисите била, да ги миропомазуваат новокрстените жени, да се грижат за болните и сиромашните, да помагаат во олтарот, дури можеле и да кадат со рачна каделница и да го читаат Апостолот за време на богослужбите. Некаде се спомнува и дека ги причестувале жените. Денес, во Грција во женските манастири се произведуваат помагачки на олтарот(му помагаат на свештеникот при службата).
     
    На Mama25, LUCERKA, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    4.398
    Исус во Неговата молитва „Оче наш„ ни покажа меѓутоа дека на Земјата треба да биде онака како што е на Небото, оттаму не може да има двајца, еден за на Земјата еден на Небото.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.564
    Еве што имам пишано и предходо во некој друг пост.
    http://forum.femina.mk/threads/Разлики-помеѓу-исламот-и-христијанството.1093/page-34

     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bogoeska B

    Bogoeska B Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Јас навистина верувам во Бог ама ова малку ме збуни
    http://www.svetopismo.mk/што-вели-библијата-за/жената/

    Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови.
    Зарем не треба да бидиме рамноправни?И да греши мажот ние треба да го слушаме?
     
    На bombona23 и LUCERKA им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Машки
    Секташки сајтови не чини да се читаат... Исто како што Светото Писмо не се чита цитат по цитат, туку зачело по зачело, глава по глава. Ама секташите си вадат цитати и си ги толкуваат како што сакаат, дури и ги видоизменуваат. Во цитатот што сте го поставиле повеќе станува збор за тоа како жените Христијанки да ги придобиваат кон верата своите мажи незнабошци.
    Целосното зачало гласи вака:

    Прво послание на светиот апостол Петар, 3 Должности на сопружниците
    1 А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор,
    2 кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот.
    3 Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки,
    4 туку - внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.
    5 Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои,
    6 како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо.
    7 Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.
     
    На Vertigo TJ, Rama, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.564
    Da dopolnam na kratko za sektaskive sajtovi, isto e i so agapi sajtot kade se vadat citati od kontekst. Ne se zbunuvajte zeni.
     
    На anakonda88 и Bogoeska B им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова дека жена без чорапи не смее да влегува во црква? :D Не верувам дека има такво правило, летно време никојa не носи чорапи така за излегување. Исус одел без чорапи.
    Што не ќе ви падне на памет, значи пре, преконзервативно ги доживувате работите, без разлика дали во црква сте научиле или од ракав си вадите.
     
    Последна измена: 18 ноември 2025
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Машки
    Не едни два пара мора да носи. :!:
    Искрено јас прв пат од тебе слушам за ова.. Мислам дека нема врска ова со чорапите.. Генерално правилата на облекување се исти како во државна институција кога влегуваш за црква..
    А некои манастирите даваат на влез сукњи и марами на жените тоа си е правило на манастирот не важи за секоја црква така манастирот си одлучил, од кои причини не сум сигурен.. Некаде слушнав дека било поради традиционални причини, да биде облечена како порано жената во сукња и со марама и скромност..
    Некои имаат пример оставено посетителот да удлучи дали треба да облече или не, за да може секој што сака да влеза, а не му била намерата и не се подготвил за црква да може да се облече соодветно..
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    Во темава прочитав прв пат за чорапите, разгледај.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Машки
    @Orthophill сигурно знае дали е точно ова или измислено од народот.
    И мене многу чудно ми звучи правилото..
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Машки
    Мојот одговор го имам пишано. В црква треба да се оди пристојно и свечено облечен. Толку.
    Но облеката не треба да не' оддалечува од Црквата.