Феминки, колку ве бива како мајстор во куќата. Дали лесно се снаоѓате или за се чекате да дојде тато/дечкото/мажот?
Епа вака уште се сум мажена ниту верена, а кај нас дома мајка ми е мајсторо! Татко ми ова она се плашам да се качувам блаблабла... А кај мене во ако ми прегоре некоја сијалица сама си ја правам, не чекам дечко ми или мајка ми и друг!
не да се фалам, ама ја сум муж у куќа! може дека сама живеам а и може што господ ме дал такво инаетливо, ги владеам сите алати! ако му треба некој по дома мајсторче само кажете!
Исто и кај нас дома мама беше масјтор , сега и јас сум таква не секогаш го чекам мм за се да дојде па да ми помогне. Заедно кречиме сега со мајками,лепиме тапети и други работи . Од неодамна еден стар плакар за чевли го направивме нов со помош на тапети. мајсторишта бре Поубаво ми е со нејзе кога средуваме.
Кај нас татко ми е мајсторот. Секогаш тој ги менува светилките и ги решава останатите проблеми. Јас сум мала а и не верувам дека некогаш би се осмелила да менувам светилки. Страшно ми е да гледам а не пак да го правам тоа. Мајка ми никогаш не била по ваквите работи. А на татко ми како да му се интересни. Инаку, баба ми е најголем мајстор. Го менува распоредот во собата еднаш месечно. Од ѓубре прави украси. Па од стар шкаф прави кревет (можно е), од кревет маса. Ако некој може да преживее во тешко време тогаш тоа е таа. Па и не само во домот. Во сите...нешта е таква. Абе супер е баба ми.
Одвртувам штрафови за да поправам нешто, ги вадам цевките од лавабото во кујна (за да ги чистам), ги зацврстувам вратичките во кујна, поправам брави, и др. Не чекам секогаш маж ми да ми заврши работа. Ако го чекам него, ќе дочекам. Ако му речам нешто секогаш ми вика - Аха, добро. И тоа добро трае со денови. Единствени сијалици не менувам. Ниска сум, така што и стол не ми врши работа.