Жените и амбициозноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Luna91, 22 јуни 2015.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    9.099
    Не можам да ги разберам тотално неамбициозните жени. Жени кои не сакаат да се обвразуваат, да работат и на кои домаќинлукот им е врвот на животниот успех.
    Да не сакам да се остварам професионално затоа што маж ми „доволно“ заработува ми е скроз неразбирливо.
    Да немам 5 денари свои и за се да се гребам.
    Се прашувам како не размислуваат дека животот е тркало? Што ќе се случи ако во сплет на околности треба да се одлучат за развод? Како ќе опстанат тогаш без образование, работа и искуство?
    Не сакам да навредам никој. Пишувам затоа што влегов во една ваква дискусија и стварно ме изиритира изјавата : Што да работам и да се малтретирам јас кога маж ми заработува и за двајцата?:drunk:
     
    На Ana Chio, Аliсe, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  2. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Значи не си можам истото ова си го преслушувам цел ден сама. Во главава ми е на репит. Не да немаат амбиција... туку немаат ни волја за живот. Мажена на 20 на 21 дете родила и сега се смета за домаќинка. Девојко ти не стана жена ти стана мајка. Мајка која има 21 година. Па уште и на крај ти ќе испадниш будала во случајов.
    Како тоа работиш? Ами детето? Ами дома? Ами ручек? Ами прашина? Не те личи сега олку слаба-мајка си! Не ти личи сега да носиш сукни и фустанчина-мајка си!
    Замисли ова да ви го речи 21 годишно девојче-такозвана жена.
    Муабетов демек Јас си се омажив сега дали сум ко круша, дали сум ко слон гајле ми е. И шо има сега да излегувам... јас треба дома да седам - сега сум домаќинка, треба ручек, треба да пијам кафе и да ја гледам Малечката невеста со свекрва ми.
    И да мажот заработува за двајцата а и да не стаса платата, свекор ми ќе ни ги плати сметките. Шо е толку страшно?
    Страшно е то шо немаш мозок во глата мала, то е страшно.
     
    На Ana Chio, CameliaMiller, Eli23 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Премногу се замарате со туѓите животи. Различни луѓе различни работи ги прават среќни и различни приоритети имаат во животот.
    Што и е гаранција па дека посреќна ќе била ако завршела факултет...?
    Ај глејте си ја вашата работа и фокусирајте се на работите што ВАС ве прават среќни пред да покажете со прст кон некого.
    Сакала дете да роди на 20 и родила, ако тоа ме прави среќна и на 15 ќе родам и на кого терба да се правдам и да патам од тоа што ќе кажат таквите ко вас што немаат попаметна работа?
    Ццц, вие па многу подобри сте од тие што ги зборите, само да се мешало во туѓи животи бреееј.
     
    На MacenceEna, Bozica1980, An-na и 39 други им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    9.099
    Не спомнав ништо за раѓањето барем јас. Не мислам дека ако родиш млада автоматски не можеш да се реализираш на други полиња. Напротив. Кога се сака за се има време. Исто така не пишав дека мора да има факултет. Туку да се работи за да не се биде на нечив грб. Па дури бил тоа и на сопругот.
    Инаку не се мешам јас во нечив живот. Туку дотичната соговорничка ме нападна мене зошто сум чекала да завршам и да се вработам за мажење и се посочи себе си за пример.
    А дали сме ние подобри или не, не знаеш ни ти. Нели?
    Не знам зошто вака бурно реагирате кога некој ќе го искаже своето мислење? Па дури и да посочувам на некого и да се мешам во нечив живот го правам тоа анонимно на форум и не загрозувам приватност на никој.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    75.786
    Пол:
    Женски
    А што правиме ако не можеш да најдеш работа,во која нема да се изживуваат ,ќе плаќаат редовно,едноставно ќе работиш и ќе бидеш платен како човек,а не како жена од подолен сталеж или сексуален објект.
    Да го правам сето тоа што го набројавте не зашто сакам ,туку зашто таква е ситуацијата во моментов.А моментов трае веќе 7-8 години.Е мала невеста не гледам ако е за утеха.
     
    На Bozica1980, kikin, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    254.753
    Пол:
    Женски
    За оние со предрасуди ,дека младо омажените и невработените зависнички од маж им се кутри...еве неколку примери дека ич не сте во право

    image.jpg

    image.jpg

    image.jpg

    Сите се мајки
    Првата е трудна 7 ми месец и веке има едно детенце

    Втората е трудна 6 ти месец и веке 2 деца големи

    Третата е мајка на 2 деца

    И не ич не ми делуваат очајнички бидејки маж им заработува мн ;)
    Ниту мислам дека само прашина бришат по цел ден.Ги има мн вакви примери

    Дајте сега слики од вас школуваните и со кариера :P
     
    На MacenceEna, mssuniquee, Purelove92 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Jas nikogo ne sakav da napadnam ama ako nekoj se prepozna vo tekstot toa e drugo. I ocigledno ne svativte deka komentiram za odreden poedinec a ne za mnozina. To deka nekoj ne moze da najdi rabota 8 godini e apsurd ili ako bara da ne najdi ili pa ako ceka fotelja. I ne bese toa poentata tuku ednostavno jas sum zaprepastena od toa kako moze licnost konkretno za licnosta sto kazuvam koja e 21 godina da nema drugi ambicii osven domakinka? Kako moze poradi toa sto e majka da se zapostavi totalno? Znaci ne velam da odi vo teretana I sl tuku ednostavno moze da vnimava na sebe ili galje I e mazena e. Toa ti e prost mentalitet. A najmnogu za finansiska gledna tocka... Se prasuvam kako se mazi I ocekuva svekrvata da i plaka smetki I drugo a taa da lezi doma.
     
  8. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Joy patem I jas sum majka I maz mi zema dovolno solidna plata za jas da ne rabotam ama jas ucev I zavrsiv I moite dale eden kup pari po fakulteti za da mi ovozmozat da se obrazovam a i ne mora eve da ima nekoj zavrseno fakultet za da raboti ama pak ke recam stanuva zbor za karakter I mentalitet. Jas licno sakam da sum nezavisna i da doprinesuvam vo domot. Patem ne znaci ako sme na stikla 15 i vo fustan deka sme dobro situirani i obratno. Licno za mene - toa ne e moj stil. ne mozes da sudis po toa koj kako e oblecen, dali e situiran ili ne. Toa e apsurd.
     
    На LaraSolare, CameliaMiller, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    5.483
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам за кариериве и зависење финансиски од маж. Сите кога сме помали имаме неверојатни, па дури и може да се каже нереални амбиции и желби. Муабетов сум го слушнала не еднаш, туку илјада и еднаш. :muscle: Сите ќе сме со кариери, сите ќе сме независни, сите ќе имаме наши и само наши пари, дури ни од маж нема да зависиме, денар не треба од него да побараш АМА реалноста подоцна така добро ќе те удри и тресне од земја, што не еднаш, сто пати ќе се преиспиташ што сакаш и кон што всушност целиш. :D Не морам да кажам дека живееме во Македонија, и не само што со маж ви ќе зависите еден од друг, туку бидете среќни и ако воопшто работа најдете каква-таква. :D Премногу ретко во Македонија некој навистина да има изградена кариера. Зборам кариера во вистинска смисла на зборот, а тоа е пак ќе кажам реткост. Денес кого и да прашаш, кариера има. :rofl:

    Тие што имаат кариера, не значи дека дома им е хаос и дека не знаат ниту еден грав да сварат, а од друга страна пак не значи ни дека тие што не работат и се дома, дека само со крпата и престилката се по цели денови и подалеку од бебешки повраќаници и турски серии ништо не знаат. Од далеку многу лесно можеме да кажеме и да процениме, а не знаеме дома како му е навистина на некој и како навистина се чувствува. И нема ништо страшно во тоа ако само едниот од партнерите заработува, а другиот не. Некогаш некои се приморани на тоа бидејќи не можат да најдат работа, а некогаш едноставно тоа е договор. Не гледајте само низ призмата на парите. Што ако немаш работа, а се разведеш? А што ако имаш сигурна работа кога ќе се разведеш, а подоцна ја изгубиш? Има мал милион варијанти кои животот знае да ни ги сервира, а и знае добро да не' демантира.

    Само ќе ви кажам, сите сме различни, со различни размислувања, различни желби, потреби, а и на различни страни не' води животот. Ако денеска сакам кариера, утре можеби нема да сакам. Се менуваат приоритетите во животот. Најважно е да сме среќни, што и да правиме да го правиме по наша волја, да биде наша одлука и да сме задоволни.
    И, не се летајте многу, не дај Боже може работите да се сменат преку ноќ, ништо не е сигурно, поготово тука во нашава држава.

    @merida велиш твоите дале еден куп пари по факултети. А што правиме со оние луѓе кои не можеле нивните да им пружат толку? Не завршиле факултет, не можат да најдат работа, а и да најдат работат за 200 евра најмногу? Ете нив животот ги приморал да одат по потешкиот пат. Сакале-несакале, тие жени реално зависат од некого. Дали од родителите, дали од мажот итн. И не мора секогаш да станува збор за жена, има и мажи кои не заработуваат доволно, па и тие зависат од жените во бракот, тој маж сам со таква плата не би издржал. Суштината ми е дека сите сме различни и сите сме имале различни искуства. Не можеш да кажеш за некој нешто, кога не знаеш низ што се поминал.
     
    На MacenceEna, kikin, JuLleE и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.714
    Допаѓања:
    103.958
    Па добро, не секоја има амбиција да е голд дигер.
    Од друга страна, сите ли имаат таква среќа, без кариера и образование, а богато омажени?
    Ти ваква амбиција имаш? Лежи лебу да те јадам?
    Дали крпата во рака или карминот, сеедно, исто ти се фаќа на крајот - очајна домаќинка без амбиции и мора некако да си го пополни времето - со подсредување. Со богат маж кој те одржува и поарно да изгледаш атрактивно, оти што ќар?
     
    На CameliaMiller, Mishela, Eli23 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    5.187
    Пол:
    Женски
    @joy1 Мерка за убав и исполнет живот не се висина на штикли, должина на фустан и слики на инстаграм, фб и слично.
    Невработеноста сакале- нејќеле не прави зависни од тие кои работат. Во муабетот тоа се мажите. Но, сметам дека лично заработеното парче леб и независноста се најслатки чувства.
    А образованието може, а и не мора да игра голема улога. Кога некој сака да работи, ќе работи.
    Препорака- никогаш не го оценувај животот на луѓето според слики на социјачни мрежи. Многу се разликуваат од реалноста.
     
    На CameliaMiller, friendy, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Леле еве јас сакам да лежам дома и да чувам деца, а маж ми да работи. Сакам свекор ми и свекрва ми да ми плаќаат сметки и кирии, сакам на нивни грб да живеам. Сакам само да јадам, лежам и гледам турски серии. Несакам да идам на фризер, да депилирам брк и да држам диети зашто маж ми ме сака таква каква што сум и јас сум среќна со ваквиот живот. Од кај процени ти дека таа е несреќна, нерализирана и незнам таму што...
    Значи секој нека си го прави тоа што го прави среќен, ако тебе те прави среќна да јадеш бубрези за другите како живеат и како за тебе тоа е несфатливо тогаш повели што да ти кажам.
    Дека гледам овие кариеристкиве и со 40+ години не кукаат за ништо топ им е животот сами заработувале дека...
    Абе нема правила, кој каде ќе си ја најде среќата таму, глејте си ја вашата работа.
     
    На MacenceEna, bittersweet, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    254.753
    Пол:
    Женски
    Апсурд е кога вие мислите дека некоја што е млада омажена е неука и нејзиниот живот завршил.Со сликите сакав да доловам момент во кои се гледа дека мајка и понатаму може добро да изгледа,да излегува,да има друштвен живот.Една слика 1000 зборови нели така се вика.Кој свати ок кој не гајле ми е искрено.

    @Lilit те интресираше во која група спагам?Во златната средина би рекла.Немам ни богат маж ни факултет.А и од тие сум младите омажени.
    Но не живеам на туг грб.Работам одамна ,заработувам,со своја кола .Станот заеднички го купивме.
    Не мијам садови,не сушам алишта тоа машините ми го прават.,висам' над шпорет само кога имам желба за тоа,кога немам јадеме некаде надвор.Друго ???
    А да сметам дека супер си изгледам за годините иако родив 2 деца.Не сум ко слон (како што посочи некој друг погоре)
     
    На MacenceEna, Eli23, <3 pleza4e <3 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    5.483
    Пол:
    Женски
    Како што поминуваат годиниве, понекогаш посакувам да можев да бидам млада мајка. Ете, тоа ми е некоја скриена желба која сега полека ми испливува на површина. Во последно време кога ќе видам млади мајки, ми се убави, изгледаат исполнето, средено. Можеби и јас порано ќе сум рекла дека им е прерано, дека брзаат, ама сега сметам дека и тоа има своја убавина. :)
     
    На MacenceEna и joy1 им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    254.753
    Пол:
    Женски
    Верувај ми дека нема поубаво нешто.И стварно и понатаму не ми е јасно зошто младите мајки се нарекуваат со толку лоши епитети.
    Се е до човекот.Кој сака да учи ке најде начин и покрај детето.Кој си држи до изглед и покрај тоа што е родител ке си се средува.Кој е празноглав таков ке си остане и со и без дете.
    Детето и бракот не ја менуваат по дифолт жената во нешто лошо и грдо(секогаш има исклучоци).
     
    На MacenceEna, Eli23 и Daydream им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    10.870
    Пол:
    Женски
    Од заработување свои пари кон млади мајки.:rofl:

    Едното нема врска со другото. Оти познавам еден куп млади мајки кои заработуваат,чисто за пример една познаничка роди на 18 сега е магистрирана и вработена и мајка на 2 деца. Од друга страна еден куп научнички што го влечат факултетот и сонуваат за кариера купувајќи штикили со парите од мама и тато.(facepalm)

    Не знам животот што носи ама секогаш ќе се трудам да си имам своја заработка и професија. Работата ме измени не само од аспект на финансиска независност ама ми отвори и други полиња. И кога ќе се омажам без разлика на заработката на сопругот, јас би работела.

    Што се однесува до младите мајки. Се си има своја убавина, баба ми секогаш велеше колку порано родиш толку по напред си во животот. Може имала право не велам не. Ама како родена трето па женско во нашата фамилија, можам да кажам дека долго време се чуствував како дете а нормално дете ко дете не може да чува дете.:rofl: Не се срамам да кажам дека кога имав 20 најважни ми беа испитите, дружбите со колешките и другарките, дечко ми и нормално се што носи еден студентски живот. Не мислев дека на 20 треба да се мажам едноставно тоа не би била јас, а веќе на 25 години може да се каже дека размислуваме сериозно на тоа поле со дечко ми.

    Друг можеби поразлично се чуствувал и се одлучил на мајчинство многу порано, па нели сме различни луѓе и секој со својот пат. Немам предрасуди кон тие жени, напротив многу од нив си живеат втора младост со сопрузите и децата. Ама да имам предрасуди кои жените кои немаат никаква амбиција, никогаш не работеле нити па изразиле желба за такво нешто. Такви имав многу соученички со мајки кои од дома кои ги подучуваа да си најдат богат маж и четири у вис.:fubar: Не знам што направија се надевам дека се среќни.
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
    На LaraSolare, MacenceEna, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    75.786
    Пол:
    Женски
    То драга моја може и те како,особено ако ги натепаш годините а сите гледаат да вработат помлади за да не плаќаат доприноси.Не чекам фотеља зашто за тоа треба да имам факс а го немам.
    А баш тоа го правиш,апсурдно се обидуваш да осудуваш кога не знаеш како е да си во таа озборуваната кожа.
    Зошто се потресувате кој на кого и како плаќа сметки.Не им ги плаќате вие.Се зависи кој како си го наредил или како му е сервиран животот.Убаво е да бидеш амбициозен на 20 и некоја,да си велиш јас никогаш нема да направам вака или така,па имате завршен факултет па уште и партиска книшка,можеби и вујко владика.
    Па се се гледа низ розеви наочари.
    Никогаш не вели никогаш.
    Ова како филмот на Џејмс Бонд.:D
     
    На MacenceEna, tessie, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    9.099
    Само да се дополнам да не бидам лошо сфатена. Како што споменаа феминките погоре, совршено ја разбирам состојбата во државата.Знам дека денес ја имаш работата, утре не. Ништо не е сигурно. Јас не реков дека сите жени што не работат се неамбициозни, туку оние што не сакаат да работат.
    Ете на некои женички ќе им се посреќи (како во случајов со соговорничката) со богат маж и ќе лежат со сите четири во вис. Ќе си купуваат фустанчиња, штиклички по цел ден, дечињата ги чува жена и равно Косово. Работата според мене не е само финансиска корист, туку многу други социјални придобивки произлегуваат од тоа. Во животот колку и да имам пари ќе се трудам да се реализирам и на професионално поле. Затоа што ако цел живот си на нечив грб, ако ништо друго во нервоза ќе ти биде плеснато во фаца.
     
    На LaraSolare, CameliaMiller и Eli23 им се допаѓа ова.
  19. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Boze boze ke me natepate :) znaci zboruvam za toa deka zena koja spored mene e uste dete, koja se brzase da se omazi za da bidi mlada majka, koja patem ima 21 godina, I koja raboti na princip tato nosi mama mesi jas jadam se drznuva da mi pregovara kako jas sum bila slaba ne me licelo majka sum bila kratko sum nosela... tintiri mintiri ko da slusam nekoja baba od 70 godini. a taa e uste pomlada od mene I e 70 kg na 150 sm bez ambicii bez fakultet koj i ne e nekoja merka za inteligencija se soglasuvam ali sepak zboruvam za sebe. Jas sum gorda na toa sto imam fakultet iako ne rabotam so fakultetot rabotam so sredno alu bitno imam svoi pari koi I ne se tolku presudni za nas kako semejstvo a i od fazla nema steta I koi pari da gi potrosam za da I kupam na kerka mi se sto sakam. Ne cekam od svekrva mi pari za svoi potrebi ili smetki. I ne izigravam domakinka tuku normalno ko i site si gi zavrsuvam domasnite obvrski ali i vnimavam na sebe zosto jas sum majka gorda na toa I sum mlada ped se. Vo vrska so rabotata ne sum vrabotena preku partija a vo vrska so slikata ako ti kazam deka obicno nosam farmerki bluza najobicna i patiki ili baletanki vo koja kategorija bi me smestila? Vo siromavite? Zosto gledam deka treba da nosam stikli i fustani za da licam na bogata spored tebe
     
    На CameliaMiller, martine и Luna91 им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.598
    Допаѓања:
    232.537
    Секој си се води според своите желби и интереси бидејќи го живее својот живот, а не мојот или нечиј друг.

    Не сме сите исти и немаме сите исти приоритети.

    И јас година веќе седам дома по свој избор одкако сама си дадов отказ, и не планирам во блиска иднина да барам нова работа, па не гледам на тоа како некаков вид на интелектуално затупување или финансиска зависност од партнерот.

    Мој избор, мои планови за иднина и мој живот.
     
    На MacenceEna, CameliaMiller, Eli23 и 12 други им се допаѓа ова.