Мене само ме интересира каква ли кариера можеш во нашава државичка да градиш? Туди се и работи колку сакаш, ЌЕ дојде утре некој и ќе те избрка... Но, сепак, јас сум од оние кои сакаат да работат, значи и мм да носи премногу пари дома јас пак сакам да работам нешто, тоа би го правела за себе си, ме исполнува обврската. Мислам дека секој кој има некакви амбиции и кој си ја сака работата, тоа не му е пречка пак да биде добра „домаќинка“, а под тој израз подразбирам да се имаат деца, средена куќа, ручек и се друго шо ти праи ќеф (вакви завеси, такви теписони, кревети...сретстав за чистење и сл)...Значи се е до човекот, затоа секој нека го прави она што го исполнува и што го прави среќен, некому тоа му е семејството, некому работата, некому друштвото, некому микс од ситте тие работи, и „чак што више“ некому тоа му се турските серии.........
И јас би се чувствувала навредена доколку некој ми рече дека сум правела деца за пари, а така звучеше твојот пост, и јас кога го прочитав-така го сфатив. Јас не реков дека ги сака повеќе своите деца отколку што ти си го сакаш своето, или јас моето, туку дека е очигледно колкава и е љубовта кон своите деца и многу е мизерно да и кажеш дека ги направила за пари. Јас никогаш не би го ни помислила тоа, а не па да и го кажам. Битер имаше пишано Јас со 3 деца седам 2 години дома а ако родам уште едно ќе седам 5 години и ќе земам плата. И јас и пишав нормално да родиш 5 и да седиш дома и да земаш плата. Онака во афект го пишав ова. Не пишав дека таа ги раѓа за пари али логички ги искористува можностите што и ги нуди државата со раѓањето на деца. И во секој пост упорно и пишувам ова не се однесува на тебе и таа пак ми реплицира на секој пост со нејзин одбрамбен став и уште е навредена. Пишувам дека често се случува во многудетно семејство поголемите да се грижат за помалите и таа оп рипа одма сакаш да кажиш дека детево од 3 години ги чува ова од 1 и 2 години? Пишувам дека треба да се обезбеди за децата нешто таа пак реплицира јас па мислев треба да ги избркам. А јас упорно и пишувам дека не се однесува за неа. И јас никогаш не помислив дека таа ги родила децата за пари (макар што и не ја познавам лично и искрено не знам) ама цело време меша баби и жаби. Крај краева мојот прв пост беше наменет за одредена особа и секој нареден беше општонаменет пост а не посветен на Битер. Ама очигледно се се измеша на форумов од амбиција до тоа дали некој си ги сака децата или до психо-физички малтретирани жени и сл. Срамно е да се потсмеваме на туѓите амбиции, такви се какви се. Лошо е да ги немаш, да не постојат. Како на пример, млади девојки кои не одат на факултет, не бараат работа, не читаат книги, не се трудат да станат нешто повеќе, мразат се наоколу, а кога ќе ги прашаш што сакаат, не знаат. Која им е целта во денот, не знаат. Такви изгубени души се очајниот дел од општеството, и за жал, ги има. Ако на една ваква девојка и е амбиција да ги испере теписите дома и е успешна во тоа, за мене е на добар пат. Ама ако се мава од кревет на кревет и ништо не прави со мозокот, онда утнала многу. Ете за ваква особа јас го напишав постот!
Леле леле, завршила факултет, се вработила негде за 15000 и се нарекува амбициозна? Ако за вас амбициозност е да завршиш факултет и да се вработиш по струката тогаш секоја втора во градов е амбициозна жена, нели сите на факултет се запишаа кај па и јас секој втор, СИТЕ бе СИТЕ се амбициозни. Сите што јас ги познавам имаат завршено факултет и работат. Секој втор е магистер, алал да ни е значи колку амбициозна нација сме. Амбициозност е да сакаш да бидеш најдобар во она што го правиш дали е тоа студирање, кариера, хоби, сите свои сили да ги вложиш во тоа, да се истакнеш, да бидеш најдобар, т.е. да се трудиш да бидеш, да не бираш средства за да си ја оствариш целта. Едноставно да се стремиш да бидеш експерт во областа. Е тие луѓе се амбициозни, а не вие што си живуркате така со завршен факултет и работа, па тоа не е амбиција, тоа е скојдневие, тоа е природен тек на настанатите во животот, природен редослед, нема тука нешто многу wow или нешто многу амбициозно во тоа. Тоа е обичност, просек е, тоа не е амбиција. Колку од вас тука, што се испотепавте да ги покажете со прст младите мајки кои не работат и да ги окарактеризирате како кутри домаќинки кои немаат живот ни амбиција, може да се наречат амбициозни после дефиницијава за амбиција што ви ја напишав? Не е убаво кога некој ти се меша во животот и те оговара како живееш нели?
Рака им пружам на амбициозните жени,и би посакала да сум како нив,ама тоа е не ми делиле,неретко кажувам дека воопшто не сум амбициозна,се задоволувам со ситници и делови од секојдневието,кои како што кажа Мимс не се амбиции туку секојдневни рутини,затоа дај разјаснете си на самите себе,да не се повторувам и јас ,амбициозноста е сосема трета работа и не секој е умешен во неа!!
Потекнувам од амбициозни родители, и едно ќе ви кажам - амбицијата (во однос на кариера) и одгледувањето на мали деца не одат заедно Од сите тука, само едно мислење можам да издвојам и сосема да се согласам со него - на @bittersweet. Јас со моето образование можам ако сакам да градам кариера, ама не сакам. Затоа што тоа со себе си влече други реперкусии. Тука веќе не зборувам за финансиски аспект, работно место и кариера не се иста работа. Се додека не родам и пркнам деца, ќе имам работно место. Тоа значи 8 саати на работа, доаѓам дома, и баш ме заболе веќе за работата. Кога имаш кариера, е малце друг муабет. Нема 8 саати. Кариера е 24/7. Од друга страна, доколу сопругот добро заработува, и јас би сакала да можам да бидам со децата бар дур да ги пратам во школо. Ништо не може да ја замени мајката во тие години. После тоа, здравје, ќе мислиме дал кариера, дал работно место Не ги обвинувам ни оние со кариери, ни “домаќинките“. Ова домаќинки не знам што ви подразбира само И ние што одиме на работа се грижиме за домот Домот како таков не е проблем да се среди. Ама пробај оди 8 саати на работа, плус саат нека е превоз, и најди време да зготвиш за деца, да однесеш дете на спорт, да напишеш домашно, да позбориш, поиграш... на домот не му треба премногу внимание, на децата - им треба. Сфаќам кариера мајка, кариерата домаќинка сите ја имаме, освен ако немаш па средства други да ти чистат, или дома на 6 месеци смукаш Иначе сте ми интересни со едно нешто - финансиски независни. Не може и да си во брак, и да си финанскиски независна од сопругот. Можете вие двајца да бидете независни од родителите. Каков е тој брак, ако сте независни еден од друг? На заем пари си давате, сметки по пола плаќате? P.S. Каква домачица сум да знаете, куќава сум ја светнала (моите се на шетање па немам помош), и ручек направив за кога ќе си дојдат, изгледа сум семоќна и на работа одам, и куќа чистам
@CameliaMiller финансиски независен е оној кој заработува сам, односно има сопствени приходи без разлика со кого живее и дали парите кои ги заработува ги троши на некој друг или со некој друг..
Финансиска незсвисна значи дека и двајцата имаме свои примања.Независам конкретно од неговата плата ниту тој од мојата.Нормално дека сметки,кредит,храна плаќаме заедно. Ама ако сакам месецов да купам ташна не земам од негов паричник него од мој,немора да знае ни колку е платена.Кога би му побарала нему пари логички би било да му кажам зошто ми се парите и колку ми требаат. Вака кога сама сум си ги заработила можам да ги трошам без да полагам сметка за секое карминче.. Кога утре би се развеле (не дај боже) не би ми било страв.Бидејки работам и сум независна од него така да не би можел финансиски да ме уценува . Ова вака од околу што значи независна жена
Eдинствено ќе речам дека не сфаќам кога за амбициозноста се говори со негативна конотација. Демек гони таа кариера, мрази деца, ладна и празна личност е. Одредени луѓе треба да разберат дека секој човек е различен и секој има различни цели.
Убаво е кога една жена е амбициозна, знае што сака и се стреми кон тоа.Но ако сакате и на глава наместете се, бркањето кариера е многу тешко(скоро па и невозможно) за жена што сака да посвети внимание и на сопруг, и на деца и севкупно на домот.Бидејки едно е да работиш 8/9 сааати, доаѓаш дома и мирна глава, а друго е цел да те боли глава и да си преокупирана со работата.Самата кариера си бара и целосна посвета на она што го работиш, и те исцрпува па мора една од страните да трпи,Дали домот или таа. Но, од друга страна пак, никако, ама баш никако не ги сфаќам жените што се тегачат по дома и немаат ниту еден ден работен стаж.Ги жалам уствари, бидејки никогаш нема да ја почувствуваат среќата да си купат нешто со свои пари, или да израдуваат некого.За пример ја земам мајка ми и и се дивам буквално.Од 15 години работи, заработува.Многу силна жена е, би сакала да бидам како неа.Јас, која имам 16 години едвај чекам да наполнам 18 и некаде да почнам да си работам бидејки сонувам еден ден да имам свое нешто, заработено со мои пари.Мразам кога барам пари од моите.Не дека ми скратиле нешто, или ми префрлиле ама едноставно иако толку мала многу сакам да имам свои пари со кои ЈАС лично ќе располагам.И кога би била во брак еден ден, би била со оваа помисла.Колку и да е се заедничко во бракот(што е многу нормално и да биде), не е исто чувството да бараш пари од сопругот да си купиш улошки,отколку 24/7 да си имаш пари во себе за што и да сакаш без притоа да полагаш сметка каде и зошто ги трошиш. И не ги ставајте во исти кош неамбициозните жени со домаќинките, бидејки има разлика од една до друга.Домаќинка можеш да бидеш и да работиш притоа.Ете пак за пример ќе ја земам мајка ми.Работи потешка физичка работа,8/9 саати е отсутна али секогаш бил ручекот готов, дома ни било исчистено, испрано и се нај, и притоа кога и да ја побаравме да ни помогне во врска со домашно и учење беше на прием.На неамбициозните жени домаќинлукот им е изговор, глава клавам дека дома им е шпанско село.Али оние домаќинки се, оставете ги.Секако тука исклучок се оние кои оставиле работа на одреден париод за да бидат со нивните деца кога им се најпотребни.Луѓе, па на секого му треба работата колку и да тешка и физичка, како издувен вентил.Не можеш вечно да одмараш и да стагнираш од се.Што би правеле дома во четири зида секој божји ден?Јас би се помесила од умот дефинитивно.
Колку год жените биле амбициозни, никогаш нема да остварат откритија битни за човештвото во полиња како науката уметноста или филозофијата.
Абе Џои, тоа е едно те исто. Не верувам дека @bittersweet или @danichap полагаат некакви сметки или се правдаат. Искрено последниве месеци мене дм ми дава пари за мн. нешта, па пак не полагам сметки зошто и како и колку сум купила. Викам само - ми требаат пари. Да го прашам дали знае колку карминчиња или кремчиња сум купила, тешко. Ај јас ќе речеш не сум во брак, ама па ни моиве не сум ги чула да се препрашуваат или сметки да си полагаат. Тоа со разводот, тука си во право, иако на хартија си заштитена, сепак, во Македонија се е поразлично Ако живееш на имот кој не е официјално ни твој, ни негов, автоматски ништо не можеш да добиеш, алиментација под знак прашалник.. Еве ситуација, пр. јас оваа работа цел живот да ја работам, нема да зарабодувам колку дм (под услов да заработува како сега), и ако поделиме сметки и се останато, јас нема да имам за улошки Затоа мислам дека независноста повеќе зависи од карактерот на брачните парнери, отколку од тоа кој и колку пари носи дома. Зошто мислиш така?
Релеватно е. Посочи ми една жена која остварила значајно откритие за горе наведените полиња. Не прогрес, откритие. За да поедноставам - една жена филозоф или научник низ историјата.
Пр. Ту Јују го открила лекот за маларија, а Росалинд Френклин ја открила структурата на днк-та. И зошто само низ историјата? Денес не се важи?
^^ Се согласувам во потполност. Меѓутоа споредбено со големите великани низ историјата како Витгенштајн и Тесла, нивната контрибуција е ограничена. Опсежна Е, но не и генијална.
Агрикултурaтa. Вo првoбитните зaедници, еднa oд пoвaжните рaбoти билo нaoѓaњетo хрaнa. Мaжите кaкo пoсилен пoл, oделе нa лoв, a жените и децaтa бaрaле плoдoви, семки и кoрени зa хрaнa. Битниoт мoмент е кoгa oткриле декa aкo зaкoпaaт семкa, тaa ќе рoди рaстение штo ќе им дaвa хрaнa без дa бaрaaт. Oвa е мoжеби oбичнo, нo aкo не пoчнеле луѓетo дa oдгледувaaт рaстенијa дoмa, немaлo дa пoчнaт дa тргувaaт, дa пoчнaт дa се сoздaвaaт клaси и oпштеcтвени уредувaњa. Зaтoa сметaм декa oткривaњетo нa aгрикултурaтa е првaтa индустрислa ревoлуцијa. Инaче мaжите кoгa се врaќaле oд лoв, се случувaлo дa дoнесaт некoе живoтинче, кoе гo чувaле и тaкa нaстaнaлo стoчaрствoтo. Фaктички aкo не пoстoелo земјoделствoтo, се уште ќе сме живееле вo првoбитнo oпштествo. И дa, невoзмoжнo е стo прoценти дa се пoсветиш нa кaриерaтa и семејствoтo истoвременo, и мaшките нaучници не биле пoсветени нa семејствoтo, еве нa пример Теслa. Рaзликaтa е штo се дo пред 100 гoдини, глaвнa цел нa женaтa билo дa се грижи зa семејствoтo, a нa мaжoт не.
Сите знаеме која била положбата на жената низ историјата. Бесмислено е да копаме векови наназад, и да го изедначуваме немањето на шанса на жената како нејзина неспособност.
Низ историјата генијалноста на жените била потисната од недостатокот од еднакви права. До тој степен што и да измислиле нешто, мажот би се прокламирал како инвенторот.
Еве сега имаат шанса, зошто не се издигнат? Нема врска историската репресија со генијалниот ум, импликациите веројатно лежат во генетскиот код.