Обично со тебе се сложувам со повеќето мислења ама за ова воопшто не. Ако само едниот заработува тоа незначи дека само кај него се парите. Парите повторно се делат на пола односно се дели на пола она кое ќе остане после плаќање на сметки и се' поврзано со домаќинството. Па така јас ако сакам да купам ташна неморам да му барам на маж ми, туку ќе имам пари и во мојот паричник, независно кој ги заработил тие пари. И, воопшто не се согласувам со делот дека ако сами заработуваме можеме да купиме што сакаме и не мораме на никого да полагаме сметки. Можам да купам што сакам ако ми го дозволуваат тоа финансиите, ама дека не треба и немам обврска да полагам сметки на маж ми, не. И тоа како треба да се знае на што, како и колку се потрошиле и тоа не е полагање сметка, тоа не е испрашување или па некој мене ќе ми забрани, туку тоа е разумно водење на домаќинство зашто секако, ретко кој има во изобилие па да не се замара колку и на што потрошил партнерот. Јас и дечко ми и сега тоа го правиме. Парите ни се заеднички, и и двајцата се договараме што ни е приоритет. И секогаш си кажуваме на што сме ги потрошиле парите, детално. Не мислам дека го испрашувам со тоа, ниту па он ми забранил да си купам парфем, кармин, ташна. Ама треба да се има ред. Моите секогаш вака функционирале, секој денар и ден денеска се знае каде оди.
За разлика од тебе, мене не ми е потребен научен труд за обработка на генетскиот код за да докажувам (не) рамноправност меѓу половите.
@Joi Историјата е поле кое маневрира, мал милион податоци се неточни, оваа е само една од нив. Семејството и кариерата во еднаква мера ги интригирало и двата пола подеднакво. Теретот на жената бил поголем да, но тоа не е изговор кога станува збор за темава. Како што кажав, нема генијални умови. Ниту низ историјата ниту денес. Целото досегашно достигнување е благодарение на револуционерниот прогрес и добрата волја.
@Valerin А кој вели дека не се издигнуваат? А тоа што не сте слушанле и прочитале за истите не е проблемот во генетскиот код, туку проблемот што уште живеете во заблудата "this is a man's world." Mилион податоци неточни? Па, тогаш и милион податоци неточни дека мажите измислиле многу работи. Од проста причина што во минатото, за да се пробие идејата жените имале тенденција да се потпишуваат под лажни (читај машки) имиња.
Па и да ти е потребен било каков доказ по ова прашање нема. Рамноправност меѓу половите е најидиотскиот поим евр смислен у денешницава, благодарение на феминистичкиот нормативен концепт. Како да бидеме рамноправни кога првенствено природата не ни го овозможила тоа? Почнувајќи од биолошката предодреденост, до полињата на интерес (скоро па и генерализирам за второво).
Самер, јас зборувам за факти. Изнесениот податок на Џои во милион книги го имам сретнато како неточен, не ја реплицирав за лепе очи. И неслучајно пишав дека историјата е поле кое маневрира, каде меѓудругото заборавив да нагласам дека преовладува субјективниот став на автрот. ''This is a man world'' Не е заблуда, туку е реалност. Секое збиднување завршува во полза на мажите, сакале ние или не. Дали на социјален, економски или политички план. Мал е процентот на женскиот пробив низ овие сфери. Дека се потпишувале под машки имиња е само една небулоза смислена од феминистичките здруженија.
Кога пишав нема доказ, иронизирав за научниот труд споменат од твоја страна. И не да ме мрзи ама ај, нека биде. Твојата биолошка функција е да раѓаш така? На мажот не е. Кажи ми како си ти со него биолошки рамноправна.
@Valerin Дали ти воопшто признаваш нешто што жените направиле? Бидејќи досега се поткрепи како "недоволно" или "неточно" или "небулозно". Искрено, многу ми е криво што некои жени таму се бореле за да денешните имаат права за да ги користат на форум да напишат дека вредиме, ама не колку мажите. "Мan's world" e за оние што живеат со таа идеологија.
Држејќи се во рамките на темата, и според твоите постови, рамноправноста за која јас (а се надевав и ти) беше споменета се однесуваше на научните откритија кои ти ги спомена. Односно дека наводно жените не се рамноправни со својот допридонес во однос на откритија битни за човештвото.
@Valerin ти сигурна си оти си девојка/жена? Мислам дека не си оти толкаво обезвреднување од страна на жена за женскиот род е безсмислено! И да не се рамноправни во полето на откритијата, што тогаш?
Не наводно, туку не се. Откритија има како резултат на прогресивната еволуција, но не се генијални споредбено со горенаведените и милион други претставници на машкиот пол.
Ако наведувањето факти наспроти искреираниот квази феминистички идеал ме прави неподобен член за дискусија, или женомрзец нека биде. А тоа дека ги обезвреднувам, грешиш. Напротив, реалист сум и не гледам причина да ги мразам жените бидејќи немам никаков повод за тоа. Само констатирав дека хронолошки гледано од историјата до денес нема жена генијалец.
Девојки, еве, за да не се карате више: https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_female_scientists_before_the_21st_century Список на жени-научници, од антиката до 20-иот век. Нормално, не е толку обемен како што би бил списокот на мажи-научници, ама имајќи го во предвид статусот на жената во општеството до неодамна, и правата кои ги имала, односно немала - сосема доволен и воопшто не е за занемарување. Инаку, не мислам дека жените се интелектуално „инфериорни“ во однос на мажите - а зошто и по еманципацијата на жените во 20-иот век сеуште нема еднаков број на жени и мажи-научници, причините треба да се бараат во општеството, а не во женската генетика.
@Valerin Фaкт е декa уште oд нaстaнoкoт нa чoвекoт, тoј се oбидувa дa преживее и дa се рaзмнoжи. А зa дa преживее требa хрaнa зaрем не? Ти пoбaрa нештo битнo штo oткрилa женaтa, јaс пoсoчив. Земјoделствoтo не е некoе мaлo oткритие. Зa кaкви жени генијaлци дa збoрувaме кoгa женaтa не ни дoбивaлa oбрaзoвaние? Служелa зa дa рaѓa децa и дa се грижи семејствoтo. Жените и мaжите нaвистинa имaaт рaзлични биoлoшки функции, нo тoa вo никoј случaј не јa прaви женaтa пoмaлку вреднa oд мaжoт, и тукa дoaѓa пoлoвaтa еднaквoст, a не мaжите и жените дa бидaт буквaлнo исти. Женaтa биoлoшки и е предoдреденo дa биде мaјкa, a сo тoa и дa се грижи зa децaтa, штo не е бaш нештo леснo. И зaтoa не се пoдеднaквo тaнгирaни двaтa пoлa зa семејствoтo и кaриерaтa. Oпштествените фaктoри нaстрaнa, пoвеќетo жени вo некoк дел oд свoјoт живoт ќе бидaт мaјки, a убaвo дa се пoсветиш нa децaтa и истoвременo дa влoжиш вo кaриерaтa, не е бaш леснo. Сaмo oкoлу 100 гoдини живееме вo oпштествo кaде штo женaтa имa еднaкви прaвa и мoжнoсти сo мaжoт, и тoa не е низ целиoт свет, не е зa чудење aкo имaлп пoмaлку жени нaучници.
Океј. Но, затоа еве сега имаат можност кога ги уживаат сите права. Нели се бараше рамноправност, еве ја. Затоа пак прашувам во надеж дека некој ќе ми одговори. Баталете бројност, статистика, историја, еманципација. Прашувам уште еднаш. Зошто сега во подобни услови за развој нема жена гениј? Зошто филозофските редови се истенчени, иако жената покажува интерес за нив.
Темата е за амбициозноста и жената, @Valerin даваш коментар кој апсолутно си нема никаква врска со истата. Како прво, генијалноста и амбициозноста се два различни поими, исто како и интелигенцијата и амбициозноста. А проблемот е ти што генијалците ги гледаш според полот. Јас на Тесла гледам како човек, а не како маж.