Форумџика на годината

Жените и амбициозноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Luna91, 22 јуни 2015.

  1. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    А кoлку мaшки генијaлци кaкo Њутн имa вo пoследниве стo гoдини? Не се мнoгу и тие нели?
    100 гoдини не се дoвoлни зa целoснo дa се сменaт длaбoкo вкoренaтите нaвики.
    Нa сетo oвa не требa дa гледaме кaкo мaшки прoтив женски, демек aхa мaшките се пoпaметни и супериoрни, туку сите сме зaеднo вo нaшетo oпштествo и сме еднaквo битни.
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Темата излезе од контекст што не ми беше намерата, но во ред. Ако има потреба од преместување, модераторката слободно нека го стори тоа. Амбициозноста интелигенцијата и генијалноста се во тесна врска иако се различни поими. Во спротивно која е сврхата за издигнувањето на општествен план?

    Ти на Тесла можеш да гледаш и како на животно, колку год меѓувреме да се зголемува списокот на жени прогресивно еволуциски настроени.
     
    Последна измена: 25 октомври 2015
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    Кој се интересира сега за филозофија во време на луд напредок на технологија? И посети ја темата за предизвикот што го носи мајчинството, можеби ќе ти се разјаснат некои работи. Колку и да е еманципацијата на високо ниво, жената секогаш ќе биде МАЈКА, а таа улога бара посветеност која може да попречи и те како во развивањето и надграбата на интелигенцијата и амбициозноста на женскиот пол. Мажот колку и да помага околу домот во новово време, никогаш неговите обврски нема да се израмнат со оние на жената околу куќата и детето/децата.

    На мојот институт постојат жени кои се занимаваат со истражувачка работа (може не се генијалци, ама се доста успешни), ама во лабораторија се од 08 до 20ч. Затоа некои од нив воопшто не се остварени ни како сопруги и мајки, а некои тоа го сторија во прилично подоцнежни години. Во спротивно, мажите ги немаат тие ''сопки''. Жената одгледува и израснува генијалци, па и тоа не е малку;).

    И што си запнала толку со тоа нема жена филозоф та нема? Јас па не гледам некоја особена примена на филозофијата во општественото живеење искрено.
     
    Последна измена: 25 октомври 2015
    На bittersweet, okcenzi, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Valerin Жена научник не постои? Џиниус.(highfive)
    Сврхата за издигнување на општествен план може да биде секаква, желбата за моќ, за пари, за внимание.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    @Valerin a oвие штo ги пoсoчијa членките и Бендер не се нaучници?:?:
     
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Проблемот е што сеуште се става акцент на општествената стигматизација, која реално повеќе не постои. Жената сега има прилика да докаже многу, а дејствува малку. Поентата не ми е дека е инфериорна, туку дека сеуште не доспеала да го контемплира својит интелектуален ,,максимум''. И се додека е така, да, мажите ќе владеат со светот и речиси се` ќе се завршува во нивна корист. :nod:

    Башка што речениците ми ги извадивте од контекст (Не се однесува на тебе Џои) и направивте да изгледа дека воопшто не го евалуирам женскиот успех, кој е огромен но сепак за жал недоволно споредбено машкиот. Оние кои внимателно ме читаа ќе обрнеа внимание и на филозофскиот правец кој го потенцирав, но не добив одговор од причина што нема жена филозоф.

    И не дека се замарам, само констатирам.
     
    Последна измена: 25 октомври 2015
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Valerin Еве, им се јавив на овие од Википедија, да измислат набрзина една статија, за да има што да ти вратам дека не постои ни жена филозоф?
    https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_women_philosophers
    Инаку, еве да те прашам, каква според тебе, жена постои?
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Ej, каде пишав дека жена научник не постои? Зошто речениците ми ги вадиш од контекст? :?:
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Смешна листа. Имиња на жени кои никогаш не се цитирани или споменати нигде никаде. Во ниту еден научен труд, установа.. Потпишувам со две раце дека е така. Слободно професорите по филозофија (aко ги има) нека се дигнат на форумов ако грешам. :)
     
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    :headbang::headbang::headbang:
    Не си интересеН:P(mooning).
    Ај па биди ти, тебе ќе те цитираме после насекаде, а?:lol:
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    (facepalm)
     
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    @Valerin спрема некои шпекулации творец на Теоријата на релативитет на Њутн и уште многу негови дела е неговата жена Милева. Јас лично не верувам, ама ако го земеме во предвид и твоето тврдење дека многу жени се потпишувале како мажи, а самата таа докажано е дека работела на сите негови трудови, можно е. Не велам е сигурно ама можно е.

    А инаку докажано е дека мажите се поголеми филозофи од жените. Жените се алапачи, мажите филозофи. :rofl:. Мала шала:rofl:
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Valerin Аа значи проблемот е во тоа што не си слушнала ни нешто прочитала од нив? И сега како, не постојат или постојат ама не се промовирани? Значи факт е дека само ќе читаш тоа што ќе ти го промовираат и ништо друго. И после ќе е man's world. Епа ќе е кога не од мажите, туку од се сопнуваме од нас самите. И те прашав, каква жена според тебе постои? Бидејќи досега генијална, филозоф и научник нема.
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    Е што сега??? Еве биди ти, воздигни ни го родот а ние ќе те величаме колку ти душа сака. Или не е интересно да си жена?]:):rofl:
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Исфотокопирај ја листава и појди кај било кој професор по филозофија, а потоа дојди да разговараме.
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Valerin Те прашав нешто. А во однос на филозофијата, ако во нашиот материјал овде не е спомнато, не значи дека го нема.
     
  17. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Дa вaлерин пoстoи еден вид нa пречкa вo пaтoт нa жемaтa кoн aкaдемскиoт успех и зaсекoгaш ќе пoстoи, тoa е мaјчинствoтo, еми убaвo oбјaсни.
    И зoштo успехoт нa женaтa е недoвoлен вo oднoст мa тoј нa мaжoт? Зoштo вooпштo дa се мери успехoт? Сите сме зaеднo вo oвa, мaжите не учaт и истрaжувaaт зa дa придoнесaт кoн свoјoт пoл, туку кoн чoвештвoтo. Сигурнa сум и декa сите тие гoлеми нaучници жртвувaле oд свoјoт семеен живoт зa дa се пoсветaт нa нaукaтa.
    И пoвтoрнo, имa причини зoштo немa тoлку истaкнaти жени филoзoфи.
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Самер, каква црна промоција. (facepalm)
    Си чула за Рене Декарт, Шопенхауер, Лајбниц, Платон? Во секоја филозофска катедра ќе ти кажат за нив, наспроти горенаведениве жени на кои искрено, еве признавам ништо им немам прочитано од причина што да биле битни нивните филозофски ставови ќе беа вметнати во програмата за обработка.
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со констатацијата дека жените не се остваруваат доволно на интелектуален план. Но, како што реков, тоа е така бидејќи општеството, пред се, (сеуште) наметнува двојни стандарди за мажите и жените.

    Во теорија и на хартија, жените се еднакви и рамноправни со мажите - во пракса, еднаквоста значи можеш да се образуваш и да одиш на работа, ама и да ја работиш целата работа во домаќинството. И нормално, ретко кој во вакви услови може да прави некакви којзнае какви научни достигнувања.

    Освен тоа, општеството сеуште на жените уште од најмала возраст им ја „наметнува“ улогата која ги чека понатака во животот. Не мора да одиме подалеку од играчките за деца - машките се интересни, креативни, со механички и подвижни делови, поттикнуваат креативност и имагинација. Женските, во најдобар случај, се кукли, на кои може само да им се менува гардеробата, бебиња, кои плачат и крекаат и за кои треба да се грижат, а во полош - детски шпоретчиња, пегли, машини за перење и слично. (facepalm)

    Само ова е доволно да „утепа“ нечиј креативен и интелектуален потенцијал уште во самиот старт.

    Покрај тоа, постои и „женска“ литература, т.е. љубовни романчиња, чија единствена цел е главната хероина даа заврши со мажот од своите соништа. И за дивно чудо, у секоја могуча книга така и се завршува.

    Потоа, следуваат „женски“ списанија - со трачарања, селебрити новости, хороскопи, совети „како да се освои/сексуално задоволи маж“, шминки, гардероби и сл. Повторно, не баш тешка интелектуална литература, нели?

    Муабетот ми е, и покрај остварената рамноправност и декларативната еднаквост, практично целото општество, од најмала возраст па понатаму, е настроено против женската интелектуалност, односно упорно настојува на најразлични начини да и покаже на жената каде и е „местото“.

    Како овој проблем да се реши? Тешко прашање, на кое нема единствен и едноставен одговор. Ама, еве, за вас кои имате ќеркички - наместо кукли и минијатурни правосмукалки, купете им лего коцки. Нека бидат креативни и нека направат нешто самите, со сопствената имагинација и труд.

    Данците уште во ’78-ма ја смислиле оваа реклама - лего коцките (и другите креативни и интересни играчки) не се само за момчиња, напротив.

    [​IMG]

    Ве поздравувам!
     
    На eloves, theowndemon, Peppermint и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Тесла немал семеен живот. Ете жртвувал делче од себе за научниот придонес. Не велам дека треба сите да го сториме тоа, но сеуште никој не ми наведе релевантна причина зошто денес нема жена научник., освен историската репресија, која во повеќето либерални земји е мит.

    Ова со жената у брзина ми измакна меѓу редови. Не се вадам, еве се извинувам, не им пркосам на фактите, туку пиши бриши у брзање и ете се деси, коригирав. Мислев жена филозоф, и стојам зад тоа дека не постои таква.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.