@ph.orhideja мојот пост беше целиот во ироничен контекст затоа што колку и да пишуваме од прееска, таа е упорна во нешто што и се свртело во глава и толку.
Престанав да те цитирам во моментот кога филозофијата ја вметна како неважечка дисциплина, и оној едит кој заврши кај Звечарка беше наменет за тебе - дека за глупи луѓе не е филозофија. Очигледно немаш ниту површно познавање од истата, затоа не биди смешна и не се бламирај. Колку е битна филозофијата толку е и науката. Нема тука вагање, бидејќи да беше кадарна колку насмеана ќе знаеше дека првенствено првите природни начела како водата оганот земјата и воздухот биле содржински разработувани од страна на филозофи по пат на набљудување. Сосем небитно, но ги споменав бидејќи подоцна биле користени и во научни цели. А ти и понатаму смеј се, и мисли дека го издигнуваш сопствениот интелект преку небулози. На страна од ова, сеуште чекам да изгуглате за дотичниве жени и кажете дали овие дотичниве филозофки (кои иронизирав дека не постојат) имаат сили да парираат на Витгенштајн, Лајбниц, Декарт, Шопенхауер и ред други филозофи со конзистентни брилијантни дела?
Девојко ПАМЕТНА, во ДЕНЕШНИЦАВА филозофијата е мртва наука. Крај! Ти па си научила три имиња и во секој пост ги навираш под муцка тие па тие. Ама оти си ПАМЕТНА, да да! И Звечарка имаше прашање до тебе, врати се на нејзиниот пост и одговори! Или па ти тука се замишљаш таа која што владее со ситуацијата, а ние упорно ти поднесуваме одговори кои ти не ги рецкаш,а ??? Ниско богами! Како што прашуваш така и одговарај!!!
Ќе се трудиш, мачиш, измислуваш, ќе умреш од зрачењето на твоите изуми, ќе раѓаш, ќе чуваш, ќе работиш дупло од маж, ќе сториш се за да покажеш дека си вистинска жена, херој, способна во кариерата, во семејството, ќе им ги зачепиш муцките на сите мажи, ќе ти симнат капа дека имаш време да доиш и да работиш исто како нив и тоа на 10ка шткли, и тогаш, некоја жена, ќе се воздигне некаде на форум, и ќе каже дека ништо од тоа не е возможно, и дека твојата смисла на постоење и творење нема да вроди со успех, оти во генетскиот код ти е пишано да бидеш подолу од мажите. Вистина не очекував вакво нешто да каже жена. Очекував да каже некој маж полн со егоизам, тестостерон и бедно детство во кое мајка му толку го тепала, што решил да ги именува сите жени како генетски неподобни за напредок. Или пак маж кој изгубил работа, не добил Нобелова поради тоа што жена ја добила. Ама тој, ќе имаше оправдување зошто мисли дека жените се неспособни. Можеби неоправдливо, ама разбирливо. Не знам за повеќе, ама за тоа колку се жените посилни и поспособни од мажите доволно ми е личното искуство. Јас и колега работиме исто, земаме исто плата, вечно сме се тркале со креативни и напредни идеи и нивно реализирање. Последниве месеци, јас сум трудна и ги имам сите тегоби, и дополнителна грижа за човекот во мене. Тој не. Резултатите ни се уште исти. Ова може не е научно откритие нашето, ама е само прост пример за тоа колку се посилни жените. Така е и во сите полиња. Одбивам да кажам дека некој, само заради тоа што е маж е поподобен генетски од мене да стане некој, а јас не. Еве некој со добри генетски предиспозиции за филозоф и правник, идниот Кант можда, ама ниту една жена, не е доволно добра како него. Минатото можеби ги ограничило жените во нивната успешност, ама не верував дека ставот дека жената е неподобна да е еднаква со мажите сеуште живее и тоа во главата на жените.
Неколку пати те прашаа, но избегнуваш. Еве ќе прашам и јас, па може ќе ме удостоиш со одговор. Велиш, жените денес се растеретени од притисок, образовани се и слободни, но ниедна од нив не дала таков придонес како Тесла и Њутн. Моето прашање е: кој маж последниве години има некое достигнување со кое би парирал на погоре споменатите ( како што велиш) великани? Ти благодарам
I`m with @Valerin on this one. Жените низ историјата, а и денес биле секогаш ставени во втор план, особено кога се работи за науката. Жените се воспитувани, а и во генот на жените е да целат кон одржување и зголемување на семејството, а тоа е full time job, нема време за некаква си наука. Знаете и сами, жени сте, многу е тешко и да се чисти, да се готви, да се растат деца и да се оди на работа. Едноставно физички е неизводливо да се биде и научник паралелно. За тоа време мажите водат војни, смислуваат начини како да ги ограбат другите мажи за да имаат пари да ги ќарат најзгодните жени. А бидејќи се ограбува покрај со сила и со ум (фала му на Одисеј за ова) морале и да филозофираат и да смислуваат нови креативни начини како да бидат попаметни од другите мажи. И така the nature took it`s course. Единствено лошо во муабетот со амбициозноста е што зборот амбициозност по самото значење кое сме го прифатиле во светот претставува нешто поврзано со пари или со научни, спортски, економски, работни достигнувања. Па имате луѓе кои велат „кога ќе пораснам ќе бидам најдобар научник/спортист“... или нешто слично. Но ако некоја девојка каже дека сака да има 10 деца и задоволен маж, тогаш таа е неедуцирана затуцана млада селанка, само зашто зборот амбициозност го употребуваме погрешно. Сите жени во генот ја носат потребата да основаат семејство и да родат дете. Мажите во генот носат потреба да изебат што повеќе девојки, но никогаш немаат сон да создадат семејство. Тоа е улога во модерното општество кое им е наметната... од жените. Но тоа не значи дека едното или другото е погрешно, бидејќи тоа е ген, тоа е генетска предодредба. Затоа многу ретко гледаме жени научници, иако ги има. Исто така ретко гледаме и мажи домаќини иако ги има.
Треба да се отвори друга тема за вашава дискусија. Мислам дека нема нешто многу врска со амбициозноста, барем не во тој контекст за кој е отворена темава.
Јас ја разбрав @Valerin што сакаше да каже. Статистички гледано мажите се во предност во однос на жените.Така е низ историјата на секое поле.Значи на секој десетти маж доаѓа една жена па дури и помалку. Никој не ја оспорува интелигенцијата на жените,креативноста,истражувачката желба но факт е дека позначајните откритија се од страна на мажите.
Никoј oвде не рече декa жените нaпрaвиле пoвеќе знaчaјни oткритијa oд мaжите, прoблемoт е штo вaлерин рече декa жените никoгaш немa дa oствaрaт вaжни oткритијa вo нaукaтa, уметнoстa и филoзoфијaтa, иaкo веќе имa жени нaучници кoи дoпринеле дoстa вo нaукaтa. Жени штo дoпринесувaaт вo нaукaтa имaлo и ќе имa, пoмaлку oд мaшките, aмa сепaк имa. И тoa не е пoрaди штo генетски тaкa им е преoдреденo дa се пoмaлку интелигентни, a и oпштествените стеги кoгa тoгaш ќе исчезнaт, нo женaтa билa и зaсекoгaш ќе биде мaјкa. Мaжoт aкo мoже целoснo дa се фoкусирa нa нaукaтa, женaтa мoрa дa бaлaнсирa меѓу децaтa и рaбoтaтa, и зaтoa резултaтoт немa дa биде ист.
И каде е тука проблемот? Таа класификација на телата, на машко и женско , не претставува проблем туку она што може да се нарече потенцијално проблематично е нивното толкување во една култура. Ваквото класифицирање на телата е присутно, воспоставено и традиционално разбирливо во многу култури како и во нашата. И знаеме дека во секоја култура има поделба на машки и женски пол, а работата е на кој начин ваквиот биолошки факт се спојува со општественото, и во одредената култура кои својства му се доделуваат на мажите, или жените. Како и според какви критериуми тие се издефинирани или категоризирани.
Јас гледам дека малку сте скршнале од темата, па во тој контекс ќе постирам еден од цитатите на Вирџинија Вулф на кој ми текна додека ги читав последните мислења овде: "For most of history, Anonymous was a woman."
Ако Тесла ја измислил струјата и ред други научници дошле до генијални инвенции, не значи дека целиот машки род е таков. Да не се генерализирало, ама од ваквите генијалци што не можат ни со обичниот човек да се споредат, дојдовте до заклучок дека целиот машкиот род бил далеку над женскиот ум. Генетска преродба? Како е тргнато, гледам дека уште малку на мајмуни ќе се вратиме.
Mnogu generalizirate vie. I toa vo diskusija za genijalci, koi pak sochinuvaat 0 zapirka neshto procenti od populacijata, tie umovi od rangot na Ajnshtajn i Tesla se iskluchok. Edit: sega gledam, mislenjevo nad moeto otprilika dolovuva poenta shto mislev da kazham okolu ovoj del. Ponatamu, zhenite od opshtestvoto se iskalapeni deka treba da chuvaat deca i da se grizhat za domot, ama toa ne znachi deka sekoja zhena so zadovolstvo vleguva(la) vo toj kalap i deka toa e ona shto pravi sekoja zhena da se chuvstvuva ispolneto. Bidejkji mazhite ushte mnogu odamna koristejkji ja fizichkata sila svetov go napravile mashki, vo mashki svet zhenite-iskluchoci bile, a mozhebi i se ushte se nemokjni da se istaknat i da se realiziraat onaka kako shto bi sakale, pa mozhebi duri i da spoznaat shto e ona koe bi go sakale/mozhele. Tolku e ednostavno.
Еве ќе ве удостојам. Aко тие 30 години кои упорно ги фурате во обид да докажете дека сме изедначени во ,,неукоста'' ги споредиме со еден груб статистички податок тоа би изгледало вака. - Некои мажи биле генији. Ниту една жена не била гениј. Наспроти ова, последниве години ниту еден пол нема остварено откритие приближно големо кое би можело да парира на претходно споменатите научници. Логички заклучок од ова би било - Човековата глупост е во експанзија. Затоа за крај ќе си дозволам да цитирам еден од моите омилени филозофи кој вели ''You get tragedy where the tree, instead of bending, break''. Благодарам на вниманието, тука се одјавувам, и воедно ќе ве замолам повеќе да не ме цитирате бидејќи нема да добиете повратен одговор.
Не ми се верува дека во 21ви век има уште мислења дека мажите се супериорни над жените особено во поглед на наука, интелигенција итн. Страшно!!! Можеби сакате и тие што ги интересира наука на клада да ги запалите и да ги наречете вештерки? Мислам кога веќе сте middle ages со размислувањата, не би ме зачудило.... Ниту една жена не била гениј, освен една на светов, и тоа во темава баш ја имаме. Таа гениј жена откри дека НЕМА гениј жени во светот
Иако е темава за жени по дома, јас имам пример за маж по дома Жена му заработува екстремно добро за наши услови, а тој ете, работеше ваму и таму, ама секаде смешна плата. Имаат 3 деца. И бидејќи немаа баби и дедовци на помош, таткото си остана дома. Ама е супер татко И пере, и пегла, и ручек прави и прашина брише, ништо не му е испод чест. Мајкава излегува сабајле, доаѓа во темница што се вика. Секој си наоѓа начин на функционирање, а за децата е секогаш најдобро барем едниот родител да биде со нив кога се многу мали. Битер, знаеш каде скокнувате сите? Оној дел - зборуваат за девојчиња, а не за жени. За девојчиња од 20 години. Не се ставај во тој кош, од причина што тоа што ти сама посебно го имаш остварено, и тоа што заедно со сопругот го имате остварено, верувам не на 20 години, е нешто непоимливо за дотичните особи. Можеби си ја имала среќата такви да не запознаеш. Накратко, станува збор за личност која не разликува “кои“ и “кој“, не сфаќа, туку сваќа, не знае една реченица да ја каже или напише како што треба. Животот и се состои од гледање телевизија, пиење кафе со комшики. Детето не го ни чува сама, туку тука е свеки. Мажот работи, ама она не може... она е мајка! Да бидеш мајка е најдобрата професија на светов, тоа не можеме да го оспоруваме и е глупо да се оспорува, иако мислам дека е чудно тоа да ти биде амбиција на 20 години. Верувам дека членките зборуваат за свое искуство со луѓето со кои секако живееме, не дека некој отишол кај некој дома да го испита.. Лично за мене ќе ти кажам, имам една познаничка, сопруга на другар на дм. Средно едвај заврши, убавка е, не викам не, а овој другаров сакал “домаќинка“ за жена, па се ожени со неа на нејзини 19 години. И беше таа домаќинка де, се додека не се официјализираше бракот Моментално живеат од платата на свекорот и свекрвата зошто неговата плата не им стига, ама таа даде отказ за да била мајка. А детето и иде од 8-16 часот во градинка. И жити се, имаш претстава што прави сето тоа време? Јас не ни сакам таму да одам на гости, понечисто место немам видено. Ама она е убава бре брате, дотерана, налицкана. И во една прилика се изјасни дека многу и било тешко со детево, второ немала нерви да раѓа. Абе се тоа супер, убаво е да знаеш за колку деца си способен, ама финтава е што јас тоа дете ретко го глеам, никогаш и никаде не е со неа. Никогаш не зборува за него. На гости не доаѓа со него. Не иде во град со него. И да, нормално е сега, на 21 година, да сака да шета, да си купува, да биде без обврски. Ама пред две години, беше една позната ситуација - удала се мома да не седи дома. И ова се го знам зошто самите тие си зборуваат, а не затоа што јас и се јавив и ја распрашав. До таму оди нивниот 'интелект' што им е нормално свекрвата ем да им ги гледа децата, ем да не чини, ем храна да им купува, ем храната да не чини, ем сметки да им плаќа, ем крива е што бара да штедат. Затоа не се пронаоѓај. Ако си човек што си ја нашол својата професија што ја сака, си прошетала, си видела, си излегувала итн. - си имала младост, не си за во оваа група. А овие ликови, т.н. домаќинки, и на 21 гледаат Малата Невеста, и на 45. Не ги гледаат децата, туку гајлето на комшиите Едно е да чуваш деца - на твое место и јас би седела дома и не би ми паднало на памет да одам на работа додека се малечки, по цена и да не ме чека работата (нормално ако сопругот може да обезбеди услови и без моја плата), а сосема друго е да денгубиш и да чекаш цел свет да се грижи за тебе. Додека живеев во САД, запознав еден тон stay at home mothers, и искрено, не најдов некоја да денгуби како што тоа го знаат нашиве локални домаќинки. Сите до една беа 100% посветени на домот и семејството, и не можам да кажам дека не им завидував во некоја рака - посакувам да можеше мајка ми така да ме чува и гледа мене. Нејзината амбиција на нас како семејство ни беше неопходна за живеење на пристоен, па и добар живот. Ама кај нас сме свесни какви се условите - некогаш не ни станува збор за “чување“ на раб.место, туку бркање од работа само ако помислиш да раѓаш. Општеството си го прави своето, твоето општество е светлосни години пред нашето, па затоа не се чуди на некои примери - постојат, во секојдневниот наш живот. И пред да ме потепаат - не мислам дека е грев да родиш на 20, и нема да си исполниш амбиции, како што не мислам дека е грев на 35 да родиш. Секој си знае за себе и нека сфаќа се лично. Познавам и мајки на 21-22 што родиле и се супер мајки, мајки какви што секое дете би посакало.
НЕ Не НИ( жена си нели?) е дадено тоа право, туку сами го зедовме и добивме. Кажи ми ти која жена научник може да излезе од КСА, кога и ден денес не смеат кола да возат, не смеат да гласаат, немаат ( укинати им се) никакви права, освен што се робови и фабрики за деца. Сигурна сум и да има некоја таква, секако таа нема да смее да го претстави тоа откритие како нејзино, па најверојатно нејзиниот маж ке се закити со титулатата научник. Ни прв ни последен случај нема да биде. Н пр https://mk.wikipedia.org/wiki/Марија_Кири
Една блиц, да речеме површна проверка направив отварајќи го кајгана форумот на кој има и мажи и жени, па подфорумите и темите каде се збори за наука, технологија, покомплексни теми од филозофија и психологија (анксиозност и слични тука не ги ставам), во око прво паѓа дека значително поголем број теми се отворени од мажи, исто толку гледано значи од око на брзина, дискутантите се исто така мажи. Не сум се заинтересирала многу на оваа тема, но ако статистиката така покажува, не ми е проблем да се согласам иако сум женско. Кои се оправдувањата што тоа е така во денешно време на таканаречена еднаквост не ми е гајле. Нели еднакви сме, нема оправдување. Ако не сме, барем да си кажеме.