@Bridget Епа како можеш да го споредуваш форумот на Кајгана, во кој сигурно учествуваат повеќе машки членови бидејќи е општ, со форумот на Фемина со концепт за женски форум, каде жените се во поголем број. Испаѓа дека ние тука освен теми за торти и лакови за нокти, други не знаеме, а нема ни да отвориме.
^ Не гo спoредив јaс вooпштo, гo земaв кaјгaнa кaкo фoрум нa кoј имa и мaжи и жени, не им знaм сooднoс нo гледaм декa имa дaлеку пoвеќе жени oткoлку штo имa мaжи нa феминa, штo знaчи не е типичен мaшки фoрум. Кoгa веќе јa спoмнa феминa и темите штo тукa се oтвaрaaт, гледaм нaвреденo делувaш, пa дaј ми дoкaз декa не не интересирaaт претежнo шминки, свекрви, бебињa, секс и oгoвaрaње.
Генерално околу тоа се врти И поддршка, о, поддршка!! Тука има едно нешто - а тоа не се гените или предиспозициите - туку општествените норми
@Bridget Прости што ги навредив мажите, највисоките суштества, генији кои само знаат да длабоко да дискутираат и да отвараат теми за астрономијата, физиката и психологијата, а никогаш за сексот и не дај боже тие да оговараат. Не делувам навредено, само сега сфаќам зошто одреден процент од женскиот пол никогаш не ма да напредне. Ама да не продолжуваме, нели вчера откривме дека не пости жена гениј, а впрочем и темата не е за тоа.
Небулозите кои се изнесоа околу интелигенцијата се навистина далеку од било каква научна поткрепа. Некој учел, ама не доучил. Да учел и генетика на пример, немало до волку да се збуни. Настрана од тоа, еднаквоста ни е на хартија и тоа е јасно. Се додека се учат девојчињата на инфериорност, тргнувајќи од играчките па се до факултетите, јасно е дека не е проблемот во самите генетски предиспозиции за учење, туку во воспитувањето. Девојчињата си играат со кукли, зошто таква играчка им се нуди. Компјутерските игри за девојчиња се со шминкање, лакирање, облекување, машките се генерално стратешки. Во еден дом, ќерката се учи на домаќински работи многу повеќе од синот. Вистина е дека се помалку женските научници, но не затоа што се интелектуално инфериорни, туку затоа што генерално и во развиените земји, сеуште постојат одредени стереотипи каква треба да биде една жена, а каков еден маж. @Cka даде еден многу добар и вистинит пример, кој не е “македонштина“ туку генерално така се гледа во пошироки рамки. И во еден век “слобода“ не можеме да очекуваме не знам какви “откритија“, а впрочем во истиов век, не сме ни виделе било какви “откритија“ од било кого.
Абе работава околу амбициозноста и интелегенцијата кај човека не е до полот туку до самио човек и неговата изживеаност.
Премногу сум амбициозна и сметам дека е позитивна страна, кај личностите кои ја имаат. Можеби не треба да се претерува, како и за се’ што важи ова, но во секој случај амбициозноста ја сместувам во позитива.
Самата амбициозност како човечка карактеристика е супер, се додека не ја премине таа некоја си граница што ја има низ секоја, буквално секоја сфера во животот а тоа е човек да се изгуби и да потони во својата амбициозност. Тука настанува веќе проблем на самобендисаност и на газење преку лешеви за нечиво желание, соништа, инфериорност, самозадоболство и слично.. Секоја убава и долична карактеристика е океј се додека не премине во алчност и злоба од премногу посакување, тука веќе не е проблем туку лошо, па и самата амбициозност.