Така е. 300 људи 300 чуди, што би рекле србите. Да не постоеа различностите немаше да постои ни форум.
Znaci ne mozam veke da objasnuvam. Kratko i jasno - znaci mene ama ic ne me zabole dali nekoj nekomu mu plaka smetki ili bilo sto tuku kazuvam moe mislenje za t.n paraziti koi edinstvena ambicija im e ziveenje na grb na maz svekor svekrva. Duri i nemaat volja da si posvetat vnimanie na sebesi. Koj kako saka neka bidi ako saka I nekapen neka bide ama to a za mene e nesvatlivo. A za feminkata koja prasuvase so ako roditelite nemaat da im ovozmozat obrazovanie da i pojasnam deka ako nekomu mu se uci ama da uci stvarno ima nacin za se. Ima I osloboduvanje od participacija I krediti I se. A i mozes da si najdes rabota pa da im olesniv vo trosocite kako sto ima mn takvi studenti.
искрено не знам колку амбицијата е добра особина .Кога студирав фах имав колешка што имаше 42год имаше син и керка на факултет , син и беше на постдипломски студии , а колешкава се омажила на 18 год иако тогаш го родила син и си студирала фах и го завршила фахот , но се запиша пак на фах , се бореше за работно место , учеше на фах , даваше приватни часови по сметководство , беше нон стоп дотерана , на штикли , сукни и сл. , а на фах имавме млада проф околу 37 год немажена ископлексирана , мн се иживуваше со нас студентите , никогаш не беше дотерана , иако беше млада беше мн запустена , после ова се прашувам што ако имаш голема амбиција да завршиш фах , да имаш кариера , да имаш пари , а да немаш никој крај себе ??? што е повредно ?
Осудувањето на другиот е главна занимација меѓу Македонките. Убаво погоре напиша @mims-89 Мој живот, мои избори, мои грешки и мои лекции !! Зошто е ова ВАШ проблем ?
За некои главно достигнување во животот е да се има кариера (во Мкд колку може да имаш кариера дискутабилно е) За некои мајчинството е најубавата кариера во животот. Јас сум била и во двете ,,бранши,, Краен заклучок - се си има своја убавина ама и темна страна.
Алергична сум на жени кои немаат никаква страст,ни амбиција ни кариера во животот... Покрај семејството и сопругот сигурно би правела нешто што ќе ме исполнува во животот и сигурно би сакала да бидам жена со кариера и за почит,поинаку никогаш потполно не би била среќна... Не би можела да се замислам секој денар кој ми е потребен да го барам од мојот сопруг,НЕ имам мн поинакви гледишта за бракот и животот...Цел живот сум опкружена со силни жени и самостојни,мајками и 2те нејзини сестри цел живот работат и сите си имат пари во секое време ако сакат нешто да купат за себе или за домот а без притоа да дадат отчет за тоа,посебно едната тетка е врвен банкар модерна жена со одлича кариера врвна домакинка и ми е жена за почит и пример можам да кажам,секогаш од сите три добивав совети никогаш 100% да не се потпирам на мажот никогаш и тоа е еден од најдобрите совети кои ми го дале... Друга жена која ми е мој пример е Амал Клуни неа му симнувам капа и на нејзината кариера,жената можеби се омажи во 30тите но сепак све не е во убавината и годините потполно се изградила како личност и покрај неа сега го има еден од најзгодните и најмоќните мажи во светот,жената се гледа колку е исполнета во секое поле и среќна а и тој покрај неа,кој ја гледа со восхит нормално,имам уште многу примери но ова е доволно да бидам разбрана што сакам да кажам... Тој што сака да работи и сам да си заработува ќе го прави тоа и на 20 и на 50 без разлика дали е мајка или не,бркање на кариера и имање многу големи амбиции е сосема друга работа,и све можам да сватам,но висење по цел ден дома со крпата и тенџерето во раце тоа неможам да го разберам,исто така како што рече Лилит по цел ден со караминот и телефнот во рака и лежи лебу да те јадам ужас... @joy1 убав пример си дала за млади и згодни мајки,но верувајми додека тие ја средуваат онаа коса,шминка нокти,тело итн.и се шетаат низ град со 2 метра штикла и краток шорц или фустан за вечерни излегувања,позадни нив седат чета дадилки и слугинки кои му ги чуват децата и му готват и чистат дома,за изгледот си дала пример во ред преубави се згодни се но доколку ова само го прат по цел ден, според мене си дала пример и за целодневно безделничење...
Намерно во мојот прв пост потенцирав дека не сакам да навредам никој. Многумина се почуствуваа повикани безпотребно. Ако во сплет на околности си без работа година, две три, не значи дека си лешинар. Секој може да дојде во таква ситуација од разилични причини. Муабетов беше за жени кои немаат 1 ден стаж а се +40 години и ни солат памет на нас помладите како тоа е прекрасно. За џабе ни е факултетот и жената била за дома да гледа деца, а не да се ака по факултети и на работа. Значи кога зборам за амбициозност не мислам на врвна кариера (како што мн од вас помисливте) туку да се има свој денар, а не за едни влошки да барам пари од маж ми. Во животот секој може да се најде во ситуација да зависи од некого. Всушност тоа е и поентата на бракот. Ако јас останам без работа ќе бидам на негов грб и обратно. Ама свесно да му се закачам на врат цел животот некако не ми е разумно.
Има различни типови на луѓе, и тоа треба да е така. Ако вас амбицијата ви е работа, учење, на некој му е домаќинлук. Што вие па толку можете или не можете да го поднесете тоа? Ако ви се учи, учете, ако ви се работи - работете, ама не ги напаѓајте оние кои се одлучиле да бидат по професија - домаќинки!!! Секој со својата желба, секој со својата амбиција, и она што вам ви е глупаво, смешно и несфатливо, на домаќинките им е нормално, и обратно. Јас работам моментално, и ќе работам и со деца, ако даде Господ. Ама тоа е затоа што сакам двајцата со мм да имаме поубав и побогат живот, а не оти да сум била независна или да не сум давала отчет. Давам отчет - кажувам што сум купила и покрај што сама заработувам, ама мм дава отчет за тоа што го купил оти тоа се ЗАЕДНИЧКИ пари, и треба да знаеме на што се потрошиле. Тоа се вика брак или заедница. А за оние што решиле да не работат и да седат дома - нивни избор и ако тоа ги прави среќни така нека си продолжат. Не е дека немаат амбиција, туку ТОА е нивната амбиција!
Во оваа тема се е ок и свој сопствен избор. А во темата Свекрвите и снаите, очи од глава ќе им извадите ако пишат дека не работат. Јust saying.
И гледањето деца е работа...и домаќинлукот е работа. Еве земи опортунутетен трошок и ќе видиш дека за некој да ти ги гледа децата би платила 18 000 најмалку (за две деца) и да ти чисти дома и да готви земи 800 денари дневница... Ако си способна т.е. способни да го платите тој месечен трошок - повели и играј си кариера во некое маалско дуќанче.. Знаеме сите дека во Мкд нема саглам работа и таа што ја има не е воопшто платена. Секој си го прави есапот и така си живее. Незнам како може да Ве нервира што некоја седи дома и е домаќинка ?! Па и домаќинка неможе да биде секоја !!!!! Од параспурки од типот ,,бркам кариера и современа сум,, , па после работа т.н. афтер парти,па некои си хепи аауарс, па на ручек со колешки ЕПА МЕНЕ ОД ТАКВИ МИ СЕ ПОВРАЌА. Убаво кажа една феминка погоре - битно е да го пикнеш носот во туѓа куќа и да кажеш дека те нервира нешто...а дали ти со нешто нервираш некого, не е битно
Моето мислење е секаде исто, па и во темата Свекрвите и снаите. Чепни таму, разгледај, па види!!! Јас не се сложувам ако е немаштија во семејството, мажот да работи од утро до мрак за 9000, а жена да не сака да работи да придонесе во семејниот буџет. Тоа ми е некако себично. А ако мажот заработува солидна плата, а жената реши дека ќе се посвети на домот (т.е. би рекла ако двајцата се сложат дека е во ред) - тоа е тогаш ОК, и нејзин избор, и нема смисла да се нарекува неамбициозна.
Кој вели дека жената не се сложува д работи ?? Би работела , ама ако се исплати. А од дома само да се излезе за да се збори дека се оди на работа, тоа драги мои не е ИЧ ама баш ИЧ продуктивно. А да спредуваме мислења со ,,свекрви-снаи,, ич не треба Тоа си е посебна тема каде се разговара за несогласувања меѓу нив две а одењето или неодењето на работа е колатерал таму во таа тема. НАПОМЕНА-ова си е мое мислење.КОлку народ-толку мислења.Немам нишот против кариеристиките, ама брате не напаѓај нешто кое не е во твој ,,домен,, Иначе јас работам.Не седам дома.Моментално сум на боледување. Ова за да не мислите дека ги бодрам домаќинките бидејќи сум домаќинка
Пред да се напаѓате едни со други, за ова или она, размислете малку подлабоко за тоа што го браните упорно, наместо со површни нафрлања да се обидувате да убедувате дека вашето мислење е најдобро. Никој нема право да му "соли памет" на друг (освен ако не сте родител на мало дете ) и незнам зошто си го трошите времето и енергијата на непродуктивен начин.
@referentka , мојот одговор не се однесуваше на твојот пост, туку на тој над твојот пост. Јас се сложувам во глобала со тоа што го кажуваш А за тоа што спомнав ако се нема дома да работи, имав примери каде снаа ми не сакаше да работи, а братучед ми се килавеше за 10 000 по 9 саати. И нормално не стигнуваше пари, а имаа мало детенце, ни за пелени не стигнуваа. Ама ништо живо не сакаше да работи, дома леб се немаше. И најдоа работа некако, се договорија едвај... па се вработи на каса, за 10 000, одма беше друго дома. 20000 и 10000 не се исто. Па сега со текот на годините им се покачија платите па скоро и до 30 000 стигаат, имаат и за второто детенце имаат и за нив некоја пара. А само со 10 000 ден тешко дека ќе излегуваа на крај. Значи збораме за две различни работи - едно е ако се мора да се работи за да се преживее, а друго е ако сака или не сака при ете да речеме понормални примања од едната страна. А ете има жени домаќинки што се грижат за цели куќи. Не стан - куќа!!! Тоа си сака работа бе луѓе, не е да речете дека нема амбиција. Некои и си садат во дворот овошје зеленчук колку за дома, па не гледам зошто да се биде домаќинка не е за почит?
Јас па сметам дека секоја жена треба да си биде независна. Тоа подразбира да заработува и да работи. Кариера е веќе друго нешто. Секоја чест на 24х7 домаќинки кои 24х7 се окупирани со домот, не го потценувам нивниот труд, ама жената мора да биде реализирана и на друго поле.
Јас не би се чувствувала пријатно да ме издржува мажот,а јас да не придонесувам во домот и на крај на денот да му побарам пари за да си купам шминки или нешто слично. Исто како дете мало,па мамо,тато дајте ми пари. Точно дека нема да и тргне на секоја да изгради кариера, но сметам дека секоја жена треба да биде финансиски независна,зошто се` се случува во животот. Утре можеби ќе се разведе или мажот ќе остане без работа. И тогаш што?
Како што кажавте и сами секој си има право на свое убедување нели? Не знам зошто секоја дискусија се претвора во напаѓање, па земање коментари при срце и сл. Еднаш ќе речете што се мешате во туѓи животи, после кажувате вас од што ви се повраќа и несвесно го правите истото. Вас ви е ок ако мажот рмба по цел ден, а жената е 24 часа домаќинка, според моите убедување тоа е неприфатливо. За мене таква жена е неамбициозна. Постојат илјадници жени што одат и на работа, готват, чистат, перат и воспитуваат деца. Е на такви им симнувам капа. Не велам дека домашната работа е лесна, напротив. Мој став е дека жената треба да биде реализирана како споруга, мајка и како работник за да биде целосно задоволна. Повторувам МОЕ мислење. Ако вие имате други апетити во животот не ве осудувам. Ваш живот ваши правила. Меѓутоа форумов е да продискутираме за нашите ставови и убедувања. Ако се различни од вашите не значи дека ве вреѓаме, ви се мешаме и сл.
Се едни исти теми каде жени си напаѓаат жени, онака као најомилен спорт да им е, као на норма да се. Ако мајката е дотерана, средена, сигурно има чета дадилки кои и ги чуваат децата, чистачки, готвачки а ако седи дома тогаш е со крпата во рацете и тенџерињата и се најдобри другарки, еве не знам, не можам крајот да ви го најдам. Прво ниедна не специфицира што всушност подразбира под амбициозна жена, освен што напаѓате жени кои се домаќинки друго ништо не прочитав. Никогаш не сум сонувала за кариера, не сум сонувала ни за свадби, бели фустани ама од 12-13 години знаев што сакам да бидам кога ќе пораснам. Факултет за мојата работа не ми беше потребен, завршив 2 години колеџ и се запослив во струката која што ја сакав, ете до тука беше мојата амбиција, си ја остварив желбата и ја работев работата која што ја сакав со неполни 19 години. Не може никој да ме смета за неамбициозна само затоа што не сум завршила факултет кој патем сега додека седам дома со децата учам колку да си го потполнам времето а не да менувам работа или да му најдам примена на факултетот. Како што имам пишувано и во други теми овој период од животот го посветувам на гледање деца, бирам да седам дома затоа што така сме одлучиле заедно со сопругот, не сум со крпата во раце цел ден, не дремам над тенџериња цел ден, всушност нормално дека работам низ дома тоа не е ништо срамотно, мора да се чисти, мора да се готви, нема од небото да ми падне јадење за децата, нема да дојде Пепелашка да ми исчисти тоа во глобала го правам јас со помош од сопругот. Финансиски сум независна, со промена на законот сега земам цела плата, со дечките земав една третина, тогаш мм си ја оставаше картичката дома и си вадев кога ми треба и колку ми треба пари, не сум се чувствувала во ниеден момент "зависна" од сопругот, јас седам дома, гледам деца, тој дава поголем придонес во семејниот буџет. Отчет давам и кога се "мои" парите затоа што сум во брак, дава и тој отчет, не можеме само затоа што се тоа "мои"пари да правиме што сакаме, ако е така тогаш нема што да бидеме воопшто во брак, ќе си седиме сами и ќе си правиме што сакаме со парите кои ги заработуваме. Работата ме чека, може ќе се вратам, може нема, сега за сега си уживам дома со децата, кога ќе ги пркнам малку ќе се вратам на работа затоа што така сакам а не да бидам реализирана, јас веќе тоа сум со работа или без неа.
Ејјјјјј сега не ме издавај, сакав убави да се разбереме дека да си домаќинка е суперишка. Ми се мрднал нешто лаптопот, само си праќа, не сака да ми се избрише мислењето............да не не превземаат компјутерите како во Терминатор. Ете успеав да го избришам вториот пост .