1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените и амбициозноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Luna91, 22 јуни 2015.

  1. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Да бидеме искрени, еден брак поточно едно семејство тешко може да опстои ако двајцата сопружници бркаат кариери без никаква помош од надвор. Зборувам кариера во вистинска смисла на зборот, што подразбира чести, долги отсуства од домот, нестандардно работно време, обврски надвор од работно време, за време на викенд, промена на план во последен момент. Како студент ми беше незамисливо да седам дома и се посветам на дете и семејство. Ама приоритетите се менуваат во текот на животот.Во одреден период го одбрав мајчинството и не зажалив никогаш за тоа. Без помош од родителите, ќе мораше да ангажираме дадилка која можеби некогаш ќе имаше потреба да се грижи за детето со денови кога сме двајцата на пат.Можеби секој е различен карактер и не ги доживува работите на ист начин. Мене не ми беше сеедно, секое негово запче, сипаници, температура во мое отсуство преемотивно го доживував. Моја беше одлуката да останам дома, ама никогаш не доживеав да побарам пари или да се чувствувам помалку корисна. Сметам дека бев доволно корисна и за семејството и за кариерата на мојот сопруг кој не знам дали ќе успееше толку ако немаше доволно време да посвети на усовршување, обуки, следење настава во странство, отсуство со месеци, туку ќе мораше да извршува и дел од домашните обврски. И не го сметам ни тоа што јас го направив за некаква жртва, едноставно сметав дека така е најдобро за семејството. И ете јас од преамбициозна личност станав неамбициозна, ако мајчинството како приоритет се смета за неамбициозност.
    Во контекст на темата ќе кажам уште и ова: имам колешка од факултет која во тој период кога бев дома се вработи партиски за плата од 12 000 ден. Постојано велеше," и 8 000 да ми даваат ќе одам, не седам дома да чувам деца, друго е кога се дотераш, излезеш, се смешаш со народ". По две години се скара со директорот, ја избркаа, па ја смени песната. Почна да зборува "не му одам јас на тој неписмен за 12 000 ден, подобро дома ќе седам штом некој не знае да цени знаење и труд" Ете, толку и од нејзината амбициозност:)
     
    На CameliaMiller, ph.orhideja, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Не ми е јасно зошто се чуствувате повикани. Нормално дека жена со мали дечиња тешко е да работи, ако нема помош од страна . Не ни стана збор за таа категорија.
     
    На CameliaMiller и Valerin им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Како да не се чувствувам повикана кога тврдите дека секоја жена што е домаќинка ништо подалеку од носот незнае, дреме гледа турски серии, се кафеносува со комшии, си ја лади, е паразит од најдолна категорија и е неамбициозна а сега као јас со мали деца не спаѓам во таа категорија.|(
     
    На zuto, referentka и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Јас имам кажано сите жени? Дај цитирај ми го тој дел те молам.
    Упорно пишувам дека секој во одреден период се наоѓа во таа фаза и дека мислам за жени кој што цел живот се домаќинки.
     
  5. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    Сакаш да кажиш дека ние што одиме на работа немаме време да си ги видиме децата? И дека тоа што спијам само 5 часа ме прави неспособна и несовесна? Твоја среќа што кај вас законот ви овозможува надомест во рок од 2 години ама кај нас не е така и затоа постојат градинки каде децата се запишуваат од 9 месечна возраст. И кај нас законот да важеше 2 години и јас ќе седев 2 години со малата. Патем и јас седам сама со сопругот и малата и немам помош околу обврскте за домот и детето од никој друг освен од сопругот. Немате вие гајле, кај вас е многу подруго, да немаш пари да му купиш едно чоколадо на децата ќе те прашам тогаш дали си способна да работиш ненаспана или не?!
     
    На Emotional123 и Luna91 им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.385
    Читам дека врвот на амбициозноста е да завршиш факултет, да се вработиш да имаш некаква кариера или барем свои финансии, да шеташ низ светот...

    Јас да си кажам за себе.

    Имам диплома од солиден факултет од нашиот универзитет, имам диплома за бизнис од меѓународен институт, имам диплома од универзитетот во Велс исто така по бизнис и менаџмент, имам сертификати за одлично познавање на 3 западно европски јазици од меѓународно признати институти, еден тон сертификати за компјутерски програми неопходни за работа во авио превозот, последна работна позиција со плата од која можеш да раниш 4 члено семејство, шетана во секоја земја каде ми посакала душата...

    Се остварив на секое поле на кое што имав замислено и посакано и без да ми трепне око завртев грб на сето тоа и решив да се посветам на личната среќа, на љубовта, да стварам фамилија и се надевам во иднина воспитувањето на неколку дечиња ако даде бог.

    Да бидам домаќинка, да готвам барем 2 здрави оброци на ден, во иднина дај боже и да менувам памперс по цел нема да ми е помалку амбициозно или помалку вредно од предходниот ритам.
    Едноставно јас и партнерот сме решиле дека во оваа фаза од животот и наредните барем 5 години ќе се посветам целосно на тоа, односно на фамилијата.

    Па и да лупнам некоја сума на пари за шопинг, што можеби за некого е неразумна, не гледам зошто тоа би тангирало некого како јас невработена акам по дуќани а сиротиот тој рмба цел ден. Не бре луѓе не ги жали парите, мерак му е да има таква невеста покрај себе и се радува повеќе од мене.
    Нема свој/негов денар или гачкање пари за улошки во една вистинска заедница.
    Ако имате делите заедно, ако немате стварате заедно.
     
    На CameliaMiller, Sunshine.Sunshine, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.593
    Пол:
    Женски
    Е како не станува збор за таа категорија,кога уште на првата страна се отвори расправа за МАЈКИ кои седат дома,не работат,не учат туку се задоволувале само со гледање на деца и домакински работи.
     
    На referentka, lunicka и bittersweet им се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Јас зборувам од лично мое име. За другите не знам. Цело време верглам за жени во години со ни еден ден стаж, ниту амбиција да го имаат. Во првите мои мислења пишав дека не мислам ако си мајка е крај на свет и немаш можност да се реализираш и во други полиња. Се во свое време.
     
    На Emotional123 и Valerin им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.593
    Пол:
    Женски
    ^
    Мн нормално.Познавам жени и жени кои во брак со дете завршиа факс по медицина .Знам жени со деца кои спортуват,блогуваат,одат на јога,планинарат.И прават уште куп нормални раб.Ние неможеме да знаеме кој како си го организира животот.Некоја навидум што мн се досадува сигурно води подобар живот од друга која навидум мн се забавува и раб ;)
     
    На JuLleE, bittersweet, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Секако дека не спаѓаш во таа категорија бе Битер, аман. Ти си пред се мајка, и мајчинството те врзува сега засега дома, и многу е нормално дур малку не ти потпораснат дечињата да се грижиш за нив а и успат за куќата, особено ако нема кој. Далеку од тоа дека јас сум бог знае колку остварена па сега дојдов вам да ве просветлам. Впрочем, да бидам искрена јас не ни помислив на вас родителите, и тие околности, до моментот додека ти не ми пиша, туку јас зборував за еден сосем поинаков профил на жени.

    Значи, зборував за оние кои имаат услови, (потенцирам затоа што ова го имав пишано и во својот прв пост), а немаат сон или амбиција да станат нешто, па макар и тоа нешто да никогаш не се оствари.
    Исто така, зборував и за оние кои свесно одбираат да не работат без оглед на тоа колку околностите ги тераат на тоа. Верувам дека ти не си една од нив, и штом ти потпораснат децата, ќе сакаш да правиш нешто првенствено за себе. Јас акцентот го ставив на оние амбиции повразни со кариерата. Е сега, понатаму дали ти ќе имаш желба се вработиш, (а верувам дека ќе имаш), или ќе почнеш некое хоби, сосем небитно. Битно, нема да се задржиш целиот свој живот, посветијќи се исклучиво на мајчинството само затоа што сега ти е најважно. Всушност, тоа секогаш ќе ти биде најважно, ама во иднина ќе си дојдат и други обврски кои ќе го побараат твоето внимание.
     
    На CameliaMiller, bittersweet, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Да немам пари да му купам една чоколада нема да имам три деца, нема да имам ниедно.:?:
    Законот ми овозможува да седам дома 2 години затоа што имам три деца, со четврто ќе можам 5 години да си седам дома со целосна плата, така го потикнуваат наталитетот а не со празни муабети како во МК.;)

    Зошто би си ги носела децата во градинка кога можам дома да седам со нив, да бидат нахранети како што треба, пресоблечени на време и заедно да си растат, плус како што кажав јас работев во три смени, не ми беше фиксно работното време па да можам во градинка да ги носам, единствена опција ми е сама да си ги чувам дома.

    Мене едноставно ме иритира фактот дека воопшто морам некому да му се "правдам"затоа што сум одлучила дел од животот да го посветам комплетно на семејството, никому не му брцам во џебот па да треба отчет да давам.

    За воспитувањето, јас сум воспитана дека треба да работам за тоа што го сакам, работам од 15,5 години, работев, учев и домаќинство водев, не сум чекала од никој, се што имам сама сум си спечалила.
    Сите жени во моето семејство се/биле вработени, мајка ми работела, двете мои баби си имаа своја пензија, тетките работат, не сум воспитана дека како жена не треба да работам ама во животот работите се менуваат.
    Сум шетала, си купив куќа сама, си го најдов сопругот, живеевме заедно, шетавме е сега е ново поглавие каде децата се побитни од се, тие се најголем приоритет, сега во моментот работата не ме исполнува ме исполнува насмеаните лица на децата

    @Valerin мене ми е зборот дека не треба да се напаѓаме, не во стилот женска солидарност туку не знаеме на која како и е дури не сме им во кожата.
    Не сите можат да завршат факултети кој не е мерило за интелегенција, некои немаат финансии, некои немаат интелегенција, некои се сиромашни па гледаат само некаде да се скрасат, некои се физички/психички малтретирани, немаат самодоверба па си ќутаат и како ќе каже мажот, се има по светот затоа не треба да судиме, не е наша работа.:)
     
    На CameliaMiller, Lady Phoenix, referentka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Jas sum chuvana....da prebrojam, dve godini nekade i vishe. Ne chuvam deca, ne chistam, i ne rabotam. Svi chetiri u vis. Ok, gotvam, ama oti mi e kako hobi.
    Koj porabotil zdravo nekoja godina, zborot ambicija mu e shepot, i rado bi uzhival vo toj lezet na lzhenje dokolku mozhe finansiski da si go dozvoli.

    Koj e analiticharot na temava neka me redi na raft so koi shishinja pripagam. Bog da chuva kakvi temi izleguvaat od nechii frustracii okolu tugi zhivoti.
     
    На faye, Doozy, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204

    Никој никого не каегоризира, самите почнаа да се ставаат во оваа или онаа категорија. Прво е моето мислење и воопшто не произлегува од фрустрација туку мое мислење и став во врска со една дискусија со моја блиска. Инаку намерата не ми беше воопшто да се отвори тема. Го пишав како мое мислење во СДК а админите ми го префрлија мислењето во оваа тема. (не дека ми смета ама кога веќе го начна тоа да си кажам)
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Poleka de, rekov kakvi temi izleguvaat. Ne kakva ti lichno si otvorila. Se gleda od mesechina kategorizacijata koja doaga od shpionite od zad zavesa. Toa vikam.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Битер, ќути, не ги знаеш паразитиве од наша генерација. Ни факултет, ни интелигенција ни бутур. Штом тате има пари, нејзина единствена обврска е да го прчи гзот (со извинење на израз) на секоја плажа, шанк, базен, лежалка без ниту тронка грижа на совест да поработи некаде покрај толку слободно време, отворени шанси и прилики. Па и модел ја мрзи да биде дури. Без зафрканција луѓе, ако сме сиромашна земја, го има и ова. Овие па од дома уште толку ја бодрат со зборовите ,,Само така мајка, тебе единствена обавеза ти е да бидеш убава'' :|

    Затоа еве се извинувам што не бев прецизна, ама еве конкретно за овие мој је живот Швицарска зборев. Не се свесни само колку им е назад зимата, ама ајде нека им биде. Бидејќи парите се менлива категорија, и постои разлика од уживање во животот, до иживување на туѓ грб со огромна доза кретенизам, онака до екстремност.
     
    На CameliaMiller, mila89, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Си ја гледала приказната кога каралот својот иден зет, принц од другото кралство, го тераше да научи некој занат? Не знаеш животот кај ќе те однесе. Умни биле старите.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.593
    Пол:
    Женски
    Ти пааа...
    Сеа маж им да им рече ајде жено те носам на хаваите гарант ке одбијат ;)
    Пошто нели греота е он да рбма и заработува а она не.Кога ке си заработи сама е тогаш нека си иде на одмор.До тогаш нека гледа турскии серии и нека кјути :D
     
    На CameliaMiller и imelda им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Интелигенцијата нема врска со генерации. Или некој е интелигентен или не е. Само нашиве генерации сметаат дека секој треба да заврши факултет или не го бива. Е не е така, ете нека кажат тие во странство што живеат дали сите студираат? Не може секој да е високо образован, тоа не е нормално. Треба да има и општи работници и домаќинки и секакви. Едно општество не може да крепи само амбициозни магистри и доктори на науки.
    Никој не рече дека да се биде домаќинка е нешто на кое треба да паѓаме во несвест од убавини, или не знам што, само викаме дека е личен избор и нема што некој да ги напаѓа тие што се одлучиле на таков чекор. Ако некоја не ја бива за учење, што сега... да оди со сила да дава пари по факултети и да не може да положи ништо? Ама битно ќе ја етикетираме како амбициозна. Ако сте вие толку интелигентни и паметни, има некои што Господ ги дарил со поинакви квалитети. Јас лично кога не работев се мрднав дома, не знаев што да си направам, ама има жени кои уживаат во тоа.
     
    На eloves, bittersweet, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Во последно време се почесто се појавуваат некои вакви теми, каде што се прават анализи и профили на одредени семејства и нивниот начин на живот без тие тоа да го бараат.
    Дали е поради менталитетот, дали е поради вишокот на време, дали е поради нешто трето, не знам.

    Јас само едно ќе кажам- live, and let live.
    А доколку некој пробува да ви попува и да паметува како тоа ти треба да функционирате, и како тој мисли дека е најправилно- тогаш нема пишување и нервози овде, туку кажете му директно колку ви е гајле и што мислите за неговите совети.
    Толку.
     
    На ph.orhideja, JuLleE, faye и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Вишок време ќе е во прашање и немање попаметна работа, да не речам амбиција :P за нешто покреативно од убедување за нешто за кое нема зошто да се убедува.

    Правете го тоа што го сакате , ве прави среќни и што ве исполнува ...доколку можете. Се друго е небитно !
     
    На Lady Phoenix, anel, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.