Мислам дека примерот на битерсвет не е релавантен пример за издржувана домаќинка. Како што имам читано самата си има купено куќа, не знам колку од нас можат да се пофалат со тоа ? Имам и роднини по странство па сите свој дом си купиле со здружување на заеднички средства со партнерот, ретко кој сам створил толку. А и законите таму и ваму се различни, јас одам на работа насмеана и ми лета времето ама искрено да имам можност да седам дома, да ми иде плата и да ми стои работното место нема да сум луда да одам на работа и да плаќам туѓинка да ми го чува детето. Лично сметам дека децата треба да се праќаат во градинка од 3 годишна возраст па нагоре. Па 2-3 години да седам после ќе надокнадам. Ама ете у Македонија сум. Гледам дека едните судите како домаќинќите биле паразити, ама и домаќинките судите како децата на овие што одат на работа не се згрижени. АМајка ми израснала 3 деца со захтевна и многу одговорна професија, љубов и грижа не ми фалело. Јас ќе си го следам нејзиниот пример, секогаш ми вели да не оставам без своја професија и пари без разлика колку и напорно да ми изгледа тоа. Пред мене имам добар пример се надевам и јас ќе дадам на моите деца таков пример. А дали некој решил да не работи и да бара богат маж и да си прави селфиња цел ден мене па и не ме интересира, ако сум сосема искрена да жални ми се тие жени. И не скокајте одма со други примери што немаат везе зборам за типична категорија на жени што сите добро знаеме дека постојат. Ех во Русија има и школи за тоа како да оженат милионер, прогуглајте не лажам до таму оди лудоста.
Незнам зошто се мешаат амбициозноста со домаќинките, барем за мене амбициозноста има сосема поинакво значење...еве незнам... Секој човек си има одредени цели во животот, кои се стреми да ги оствари, дали било тоа кариера, семејство, образование итн. а до нивно остварување се доаѓа со амбициозност. Јас себеси се сметам за амбициозна личност и секогаш се стремам кон остварување на поставената цел, а со текот на времето целите во животот се менуваат. Успешен и комплетен човек е кога има се, и успех во кариера(иако незнам колку е можно да градиш кариера во Македонија), среќна фамилија, љубов и здравје. Не е убаво и да си премногу амбициозен по секоја цена па макар и да газиш се пред себе и да останеш сам во животот, што ќе ти е таков успех ако немаш со кого да ја споделиш среќата од истиот? Барем во мојов живот приоритетите се менувале со текот на времето... Кога бев помала цел ми беше да се образовам да завршам факултет, и бидејќи моите немале можност да ми овозможат, почнав да работам на 17 години, прво една работа, потоа две наизменично. Значи одев сабајле на предавања како редовен студент, после факс дирекно на работа (да речеме просечна работа физичка во РМ), и после тоа цела ноќ цртав проекти на компјутер за кои што исто така бев платена во посериозна фирма меѓутоа непријавена, со договор на дело. Се за да си ја остварам замислената цел... Откако се земавме со мм веќе приоритетите во мојот живот се сменија, затоа што имавме одредени заеднички цели...првата беше детенце, втората сопствен кров над глава... Тоа значи дека работевме како коњи, двајцата по 2 работи за да може да си овозможиме убав живот, се додека не останав бремена и ме избркаа од работа(значи бркање кариера во РМ не зависи само од нас, а ако треба да бирам измеѓу работата и бебето, нормално дека ќе си го изберам бебето, работата не ми бега после него, јас секако не сум човек што дреме по дома). Ако 2 години човек поседи дома додека се роди и пркне детето не значи дека е неамбициозен. Ако според вас тоа ме прави неамбициозна личност, ок нека бидам , а ако кажам дека сум горда на тоа што сум си ги постигнала целите во животот и уште се борам- некој може ќе ме нарече и нарцизоидна За сите оние што мислат дека ние мажените, сме станале домаќинки, животот ни завршил, и само дремеме дома и гледаме турски серии...тешко сте се излажале Бракот нема да ве промени, освен ако вие несакате да се промените! Способни сме и на работа да одиме, и дома да ни е средено, и деца да израснеме, љубовта да си ја зачуваме, да се нашетаме квалитетно дури и повеќе од вас, и ние носиме кратко како и вие немажените, сукњи, фустанчиња, скоцкани сме и средени, и не зависиме сите од старите! П.с. Ако не сте мажени и не сте мајки, сигурно не знаете какво е чувството кога на интервју за работа ќе ги слушнете следниве реченици: -Ама ти само што си се омажила, зошто да те примам на работа после ќе сакаш да имаш деца, па ќе треба друг работник да барам. - Остана бремена? Епа со среќа нека ти е, ама тоа е тоа што да ти правам ти си супер работник ама денес и утре си слободна а од понеделник ке те одјавам - А бремена си? а зошто те избркале бремена? епа јас сега ли да те примам на работа? за некој месец ќе треба да одиш на трудничко и друга да барам! - А имаш дете?? епа неможам да те вработам, ќе бараш слободни денови детето ако ти е болно - А имаш дете?? а има ли кој да ти го чува? ДА ИМА!! аааа сигурна си?? не не јас несакам да ризикувам И поради овие причини на твое место ќе вработат некоја што нема ни пола од твоето знаење, искуство, дипломи и сертификати! И после некоја дотична ќе дојде и ќе ти рече зошто несакаш да работиш?? МОЛАМ?? ЈАС НЕСАКАМ?? Пред да осудите нечиј живот, нечии избори или невработеност, чукнете си ја главата малку!
Брееј се што можеше да се испомеша во темава испомешавте. Не баби и жаби , него и ајкули дракули све можно. Испадна дека ја негираме и невработеноста или осудуваме некој што без своја воља е невработен. Жени ли се, оси ли се?
Штo имa врскa дaли е вечити млaд референт, прoдaвaчкa нa пaзaр или тaксист. Амбицијa имa сaм дa си зaрaбoтувa зa живoт. Кoи aмбиции мoже дa ги имa чoвек кoј ни лебoт сaм не си гo вaди?
Многу дека глупо би било темата да ја претварате во мажени vs немажени и тоа кој и повеќе шетал и дали носел кратко.
^ Кaжи ми еднa, прoсветли ме. Фaкт е декa пaри зa живoт ти требaaт. И пoштo нa дрвo не рaстaт, или ќе ги зaрaбoтиш или ќе чекaш некoј дa ти дaде. Пoсле дoaѓa се oстaнaтo.
Ако така одиме, индиректно за мн. нешта требаат пари, не само за амбиции. Но, главната побуда не секогаш се парите. Некои парите ги користат како средство, а не како цел. Некои ги поседуваат парите и ги користат за постигнување на свои цели. За жал, има и такви коишто не се господари, туку слуги на парите и сè гледаат директно низ нивната призма. Пример, некои заработуваат пари за да уживаат во комотен живот со нивните најблиски. Тука парите се средство. Како и да е, има луѓе коишто жртвуваат врски, пријателства, и сл. за да дојдат до пари и успех. Е тука парите се цел, а средството е жртвувањето на гореспоменативе работи.
Буквално се испомешавте во темава. Коментарот мој беше за личност која ја познавам добро и која нема никава цел во животот, нема амбиција и на 21 година ми изиграва некоја си домаќинка а дома свекрвата му плаќа сметки и храна па и на крај се осмелува мене да ми префрла и да ми соли памет. Феминката во својот пост имаше напишано дека ако роди утше едно ке зема пари во наредните 5 години и ќе седи дома и како да го сватам сега тоа? Па уште пишува демек кај нас така се потикнува наталитетот. И пак немој да се навредите ама како што гледам луѓе со повеќедетно семејство + имаш емисии на кои и баш не е се вистина ама логика има - најголемиот се грижи за помалите и немој одма да скокате вака така кога тоа е реалност. Не е само роди па државата ќе ти плати, тие деца сакаат внимание. А тоа дали амбицијата е поврзана со пари мислам дека е апсурдно да зборуваме. И да, често не можеме да ги оствариме сите амбиции ама еве јас работам по струка што ми беше амбиција во животот. Тешко дојдов до тоа ама го остварив. Во смила на тешко сакам да кажам не ме чекаше отворена врата одма ама со малку труд и секојдневно следење и јавување по огласи успеав. А за тоа дали е битно дали сопругот ќе ти даде пари за влошки или мама, мене ми е битно - јас сум работоспособна и сакам сама да си ги купам. Да имам семејство не ми е амбиција туку животна желба па така да и тоа си го остварив.
Многу фактори влијаат врз тоа дали една личност ќе биде амбициозна или ќе биде паразит и ќе чека некој да и принесе на тањир. Пред се тука е самата свест на личноста, нејзината волја да направи нешто од себе и својот живот, да има одредена цел да постигне нешто потоа е домашното воспитување. Во мојата околина познавам многу што се воспитани во стилот најди некој што ќе има пари и ти гледај дотерај се, земи ги децата со тебе и уживај. Во ред е да се грижиш за семејството за деца, маж , да водиш грижа за докинство , да ти биде чисто, средено , ручек направен но факт е дека има и жени кои имаат страшно добра професија во која поминуваат повеќе часа отколку дома но пак постигнуваат и околу домашните обврски. Според мене не е во ред само едниот да заработува другиот воопшто да не се труди да вложува во домакинство ниту да покрива дел од трошоците или дотолку повеќе да очекува мажот да и овозможи се што и е потребно почнувајќи од тоа да чека тој да и даде некој денар за влошки, долна облека и слични други потреби и факт е еден ден ќе се најде во ситуација можеби да и префрли за тоа. Но доколку заработува сама и малку ако совесно располага со парите ќе има да вложи во домакинството, да си тргне некој денар за во случај не дај Боже да се разведе па да треба да се снаоѓа сама со дете и со се друго и ќе може да си доволи да си купи парче облека, да отиде во козметички салон и сл . без грижа на совест и малку срам затоа што заработила и заслужила да си се разгали и релаксира со оглед напорно работење на работа по дома без никому да дава отчет.
Е баш тоа ми беше поентата на мубаетот. Цело време тоа го зборам. А болдираното е факт. Колку и да е хармоничен бракот во целиот брачен живот ќе се најде ситуација во која ќе ти биде префрлено. Затоа што факт е дека женската работа (колку и да е напорна) не е ценета. Освен тоа со нашиве несигурни работи, подобра варијанта е двајцата да работат. Ако остане едниот без работа, во меѓувреме додека бара друга нема да затрпат за леб. (знам дека не се наоѓа лесно работа бла бла знам) Али како што кажа ти, се зависи од околината, воспитувањето, околностите и сл. Ај овие богаташкиве ќе ги разберам некако (иако не можам), ама ти на сета мака да гледаш сеир не можам да разберам. Дебилно е маж ти да се мачи да отплаќа кредити, да гледа за дома. А ти да подзачистиш, да зготвиш и 4 у вис. После немам. Ќе немаш нормално. Ај сега да видам колку ќе ме фатите за очи?
@tessie Средствo, цел, небитнo кaкo и зoштo ќе ги кoристиш и дaли се 6 000 или 60 000. Вoзрaсен чoвек зa дa живее требa дa ги имa.
Откако видов револт околу искажани ставови и мислења на темата се навратив наназад да читнам мислења и увидов дека повеќето ја сфатиле премногу лично темата. Никој не плука по мајчинството, ниту по домаќинка и никој не мафта со диплома да стави на знаење дека е успешен туку целта не темата е да се продискутира за мрзеливоста на млади личности и затоа како животот откако ќе стапат во брак за нив се сведува околу домакинството. Некој член погоре ставил слики од модерни мајки . Факт никој не оспорува дека жените изгледаат средено и напротив не се кутри но се би било многу поубаво кога тоа што е на нив го заработиле самите со свој труд во спротивно јас би ги ставила во категорија на спонзоруши кои имале среќа , го искористиле својот изглед за добро да се омажат. Домот го градат двајцата партнери и треба поеднакво да ги вршат домашните обрски и подеднакво да придонесуваат. Нормално никаде не е баш вака идеално но тогаш зошто сите жени се маваат по гради за еднаквост. По мене се е до свеста и до домашното воспитување од типот на најди некој со длабок џеб плиток ум и толку . Факт повеќе тие што не работат ништо баш тие по цел ден оговараат и судат за други животи. Некој што денес работел нема време да ја мисли за другите туку гледа да се одмори, да се среди и да се релаксира.
Како ме откри алал да ти е. Што не родиш уште две, три деца па да видиш како лесно се гледаат? Поголемите се грижаат за помалите и јас си дремам цел ден, гледам серии, пијам кафе со комшики, бравос што да ти кажам. Поголемиот од три години ги гледа помалите, зема прави јадење, ја храни сестра му, менува пелени на помалиот и малава, се он прави а мајка му си ја прчи со парите од државата. Дај бе жити се не трескајте глупости. А напишав ако родам и четврто затоа што јас имам желба а тоа не значи и дека ќе ми биде исполнета и да и тоа ќе го родам за пари да ми дава државата а јас ќе си ја прчам со четири деца затоа што најголемото ќе ги гледа помалите. И оно што е најбитно во однос на темата јас мојата амбиција сум си ја исполнила, сум завршила тоа што сакам, се запослив на местото кое што сакав и ја работам една од најблагородните работи на светот, амбицијата ми била исполнета како што напишав и предходно со неполни 19 години, сега друга амбиција си исполнувам во форма на големо семејство.
Daj prekini so ova tvoe prepukuvanje. Ne pisav deka TVOETO dete gi gleda drugite tuku deka ima bezbroj takvi primeri. Vo se se pronajde ti sama - ne e do mene. A to dali jas ke rodam ili ne e moja stvar. Kaj nas ne deli drzavata finansiski sredstva za sekoe novorodeno dete a i da deli sigurno ne bi rodila 5 deca. Za tie 5 deca treba da se obezbedi nesto a ne samo da se rodat! A ti slobodno da si ragas kolku sakas jas nemam nisto protiv. I bas mi e milo sto so gi ostvari site ambicii vo zivotot sega uzivaj slobodno.
Како може да кажете дека сте ги исполниле своите амбиции, а сте во 30тите години? Или колку само да се каже. Демек другиве треба да пукнат од љубомора ако покажам јас на форумов дека се ми е стокмено. СУм подработала, сум родила деца и крај на приказната. Треба да си го терам животот рутински. Зошто и онака се ми е остварено. Што да се замарам? Кога веќе тврдите дека амбиција е и нешто друго освен желбата за работење и напредување, во секој период од животот доаѓаат нови и нови амбиции. Јас си останувам на мојот став и не ја поврзувам со домаќинлук и гледање на деца, туку семејството повеќе ми е некој природен процес. И прабаба ми била домаќинка и исчувала деца ама не можам да речам дека била мн амбициозна. Мое мислење повторувам. Ако вие на друг начин го разбирате поимот ок е.
Никаде не напиша што всушност подразбираш под амбициозна жена, само оговараш некоја таму без врска, со самото тоа што си напишала демек пишувам за да пукне некој на форум од љубомора кажува повеќе за тебе него за мене, не знам што да кажам. И да се ми е стокмено, здрава, права сум, имам сопруг кој го сакам и ме сака, имам три прекрасни деца, имам кај да живеам, повеќе не ми ни треба, сега ете рутински ќе си го живеам остатокот од животот. И темава ми е како кога кажуваш дека здраво ги храниш децата и те обвинуваат како да ги злоставуваш не дај Боже, така и вам не ви се објаснува дека нема ништо лошо во тоа да си домаќинка ако така се посака, мада мене повеќе ми се допаѓа терминот stay at home mom, дека во животот има периоди кога други нешта се поважни од заработување на пари, одење на работа. Прабаба ти не работела никогаш, не прошетала каде сакала со свои заработени пари, не си обезбедила покрив над главата пред да се омажи и да седи дома да биде домаќинка и да гледа деца така да компарацијата не ти е валидна. Уште ово и веќе не пишувам на темава сама на себе си здосадив со објаснувања, која од вас амбициозните може да каже дека учи факултет така од љубов, еве јас неамбициозната домаќинкаси учам ете зошто сакам да учам а не со замисла дека утре ќе треба да го наплатам трудот вложен во учење со соодветна работа и плата. @merida фала што ми кажа дека треба нешто да им се обезбеди на децата, јас не знаев, мислев кога ќе потпораснат, да ги избркам надвор такви голи и боси.
Некако не се чувствувам компетентна да пишувам во темава, зашто сѐ уште немам ни деца ни кариера, ама амбиции имам Читајќи ја дискусијата гледам дека секој различно си ја сфатил темава, ама јас сакав на последниот пост да искоментирам Верувам дека секој човек има периоди во животот кога се чувствува комплетен и задоволен со она што го има. Тоа е она чувство на исполнетост, кога си се остварил на сите полиња и кога си го постигнал тоа што си го сакал. Упорниот стремеж кон некој поголем успех не значи дека води до среќа. За мене е знак дека постојано нешто ти фали во животот, постојано чувствуваш потреба од повеќе и никогаш не се чувствуваш комплетен. Ако Битер во оваа точка од животот се чувствува исполнета и среќна, не значи дека нејзините амбиции запираат тука и дека утре нема да има други соништа кои ќе сака да ги оствари.
А зошто па да не? Јас со веке 30 год имам десет години стаж што значи дека не сум подработувала туку вистински сум работела.Со 30 год обезбедив кола,стан,имам оформено семејство,две деца ...некој сето ова ни со 50 год го нема .Годините не се никакво мерило за тоа кој колку може да постигне. Јас немам амбиција за да се школувам на факс понатаму бидејки и вака водам солиден живот.Факултетот ли ке ми гарантира пари и независност?Ете јас факултет немам но имам се останато..Од друга страна сакав странски јазици мн.Па и покрај тоа што млада се омажив завршив 4 курсеви по јазици,и покрај тоа што имав дете бев 2 месеци сама во Истанбул на обука во врска со работното место и уште стотици вакви лични примери имам каде се наградував а да немав факултет бидејки едноставно тоа не би беше цел.Во држава како нашата факултет скоро и да не значи ништо со оглед на тоа дека децата на богатите си ги купуваат факсовите ко чоколади.И утре они ке си го сместат задникот на фотеља.Ич ама ич не ми е мерило дека со завршен факс ке биде нешто повеке од мене.
Луна драга, дај разјасни што е поимот 'амбиција' за тебе и дај да разчистиме со оваа дискусија која отиде во сосем друг правец. Самиот поим 'амбиција' има широка палета на значења, така да секој може да си го толкува на 100 начини. Како домаќинка на темава, треба точно да кажеш што подразбираш под тој поим ако несакаш да се мешаат баби и жаби, како што напиша погоре.