Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените и амбициозноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Luna91, 22 јуни 2015.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    Овде сешто ќе прочиташ, секаква ќе те направат, неамбициозна, немајка, паразит, абе секаква.
    Кој/а има за право да коментира за моите амбиции? Го живее ли таа мојот живот,м?
    Немажени сте, нормално приоритет ќе ви биде кариерата.
    Јас пред да се омажам сакав да имам кариера. Завршив факултет, мастер, стажирав, уште правосуден ми остана. Но отсекогаш сакав да имам деца и тоа не едно, ами повеќе.
    Во меѓувреме родив дете, ми остана правосудниот, немам време за него и свесно го оставив.
    Важев за стрaшно амициозен човек во поглед на учењето и надоградувањето, но со текот на времето ми се променија амбициите.
    Приоритет ми беше детето. За жал морав да почнам со работа, и детето ми е во градинка, од здраво дете јас неможам да го излекувам, постојано е болен.
    Во овој момент да можам да бирам, ќе избирам да седам дома и да си го гледам детето макар уште една година. Радо би трошела од парите на маж ми, ама ситуацијата е обратна, и сега што правиме? Каков маж е тој?
    Остана без работа, се снаоѓа привремено, се случија еден куп други работи кои не само што ми ги променија амбициите, туку и животот.
    Денес знаете која ми е единствената амбиција?
    Да земам плата и да ми се здрави мажот и детето. А за жал не ми се.
    Така да амбициите, приоритетите се менуваат и не зависат само од нас, за жал животот знае многу лошо да те удри.
    А од надвор може некој ќе ме коментира дека сум топ средена, одам на работа, детево си го треснав во градинка, си доаѓам од работа, нозете во вис, јас сум кариеристка, а јас всушност живеам во пекол.
    А друга си седи дома, домаќинка, си го гледа детето, маж и заработува, сите се здрави и знаете што таа е посреќна од мене, иако јас имам дипломи, работам на струка и слично.
    Кога ќе сфатите дека кариера не те прави среќен.
    Ама секој со својот живот, јас со мојот и само со мојот. Вие како сакате, живеејте си го.
    И ете на крај од толку амбиции, и во поглед на работата и во поглед на семејството јас сум со полупразни раце. А не е моја вина. Па ќе се најде некој да ми суди и да ми кажува како треба.
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На Annah87, zuto, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Вие збoрите зa aмбиции вaкви тaкви, јaс збoрaм зa рaбoтa. Дaли женaтa требa дa рaбoти или не. Сите штo се чувствувaте oствaрени дoнекaде нa 30 гoдини зoштo е тoa тaкa? Зaтoa штo сте се труделе, сте рaбoтеле, и имaте тoa штo имaте. Ќе гo имaвте сo седење дoмa? Мoжеби aкo некoј друг ви гo oбезбедил. И тукa ли зaпирa се? Се изнaрaбoтив oд 20 и нештo дo 30 гoдини, се шинaв, рoдив дете и мoјaтa е зaвршенa, сегa дo 65 слoбoднo некa ме рaни некoј. Пa и пoвеќе oти ни пензијa не ти следувa.
    Не ми е јaснo зoштo сите кoи скoрo стaнaa мaјки се јaвијa нa темaтa, имaте мaли децa и вo мoментoт тие ви се приoритет, вo ред, нo плaнирaте ли тукa дa зaпре се не ми е јaснo? Не плaнирaте веќе финaнсиски дa придoнесувaте?
     
    На merida и Luna91 им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    Кој како сака, на кој како му се приоритетите.
    Јас сакам да работам, ама некоја нејќе, некоја сака да си гледа дете и фамилија. Што има лошо во тоа?
    Ако финансиски си обезбеден и можеш да си дозволиш еден период од животот да го минеш гледајќи деца, што лошо има во тоа?
    Некогаш и животот ќе те натера да си ги променеш приоритетите и амбициите ќе си ги насочеш кон тоа, сеедно дали е работа или гледање фамилија.
     
    На Annath, referentka, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Амбиција е убава особина и таа не тера напред кон подобар живот,зборам за нормална амбиција бидејќи има и болна (умствена амбиција)со која на штета не некои работи се остварува замислената амбиција.
    Искрено кажано и од искуство во домакинлукот не гледам никаква амбиција, само затупување и верглање едно исто цел ден т.с.што си исчистила до вечер се испрљало, што си зготвила се изело, си испеглала се изгужвало..и што од тоа рмбачење...несакам да имам епитет на супер домакинка...тоа е мое мислење.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @JuLleE Јас веќе кажав за одредени периоди, зборувам за одлука на подолг рок или о мај гад за цел живот. А сите што работат не си гледаат дете и фамилија? Кој може да се обезбеди доволно финансиски за цел живот да може дома да седи? Лото, наследство, друго не ми паѓа на памет. Ах да, друг да те рани.
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Испомешавме се.Од почетниот пост кој беше со осудување зошто таму некоја седи дома А МОЖЕ да работи,до тоа дали жената треба воопшто да работи.
    Мислам и сум за тоа дека секоја жена треба да работи и да зема плата.Уште од сега на ќерка ми и дробам дека не треба да дозволи да седи дома,зашто парите на сметката даваат еден вид прво на самодоверба а друго се помага во секојдневниот буџет.Разбирам што сакаат да кажат и Битер и Џули и Бриџет.Битер има среќа што живее во такво општество и може слободно да си чува децата а со ништо да не биде ускратена и таа и нејзиното семејство.Ретки се мајките во Македонија кои можат така опуштено да седат дома и да уживаат во растењето на децата.Џули ја разбирам колку се потресува,но можам да кажам дека децата брзо растат.Се мачи со болести (иста сум била и јас) повеќе болни отколку здрави,но МОРА да се работи да се преживее.А времето си минува,годините се таложат...и еден ден дојдеш со некоја цифра на години каде никаде не си пожелна.Децата ќе пораснат се помалку имаат потреба од твое физичко присуство а се повеќе се бара финансиска подршка.
    Сакам да работам,Господ ми е сведок а богами и вие од форумов колку кукам и се нервирам.Е сега амбициозноста за мене не е да чистам вц-а или да работам во ладилник каде што бев последниот пат па едвај се оправив,зашто се уште имам финансиска подршка од маж ми.Што не значи дека утре ако сум принудена нема и тоа да го работам.
    Ја мешате амбициозноста со голо преживување,барем кај нас на ова парче земја.
    Јас лично би била исполнета кога еве имам семејство и уште да најдам и работа.Вака се чувствувам непродуктивна и некорисна.Со ова се сложувам со Бриџет.
    И секако нивото на возраста е важно за амбициозноста,кога си млад а богами и убав сите врати ти се отворени и треба да грабаш и да го освојуваш светот.Само што кај можностите за такво нешто се премногу ограничени.И затоа секој се пронаоѓа во некој пост и доаѓа до вакви дискусии.
     
    На Doozy, Bozica1980, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    Има случаи кога мажот работи добро, па така да нема потреба од дополнителни приходи.
    Знаеш и јас можеби не се согласувам со ваквите работи, ама неможам да судам или да толкувам зошто некоја тоа го прави.
    Јас, си тргнувам од себе, за еден месец што се вели ми се смени цел живот, значи сакала јас или не, свесно морав да си ги променам амбициите. Не секогаш е така како што ние сакаме.
    И на крајот, секој човек е среќен на свој начин. Некој го исполнува седењето дома, некој работењето.
    Секој човек своја приказна.

    едит.
    Луничка не зборувам за разболувања кај деца, тоа е нормално. Зборам за посериозна состојба. Детево секако ќе го мине тој период, ама другово не мине. Затоа велам дека едно е да си амбициозен, а друго е колку во моментот можеш да го оствариш и дали воопшто постои шанса за тоа.
    За работење, секако за жената е подобро да работи, ама не по секоја цена. Некоја па не ни сака, сака фамилија да гледа. Тоа ја прави среќна.
    Јас сакав да бидам адвокат или да рабаотам во некој инситуција соодветно на областа за која се специјализирав, ама морав да се откажам од тоа барем засега и да се посветам на друго. Е сега амбиција ми е поголема плата заради некои други причини кои немаат врска со кариерата.
    Така да сакале вие или не, многу нешта ги правиме од дадената ситуација.
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На Bozica1980, Annath, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Разбирам јас многу добро, знам што значи да имаш маж кој добро заработува и ти да си ослободена од грижи за основни потреби најмалку. Знам и што значи да одиш на работа која не ја сакаш и за малку пари и колку добро во тој момент звучи идејата да седиш дома со твоето најмило и да се релаксираш по цели денови. Знам и дека многумина би биле среќни да живеат ваков живот наместо да работат било што и со фрустрации секој ден да одат и да си идат од работа која ете не ја сакаат. Следствено, ги разбираме и мајките кои ги учат ќерките да се омажат богато, па што има лошо во тоа? Следствено, таков пример даваш на твоите деца.
    Ок. Само ако ве видам на другите теми да се силите за рамноправности, жената ова жената она, @tessie конкретно на многу теми ми меша нешто феминизам, женска угнетеност, права и слично, сега во ред било домаќинка цел живот да си, благородна работа е тоа. Ооооокеј.

    Уште нешто, @JuLleE кажа дека маж ти останал без работа, ти мораш да работиша имаш мало дете и ова ти е шок, така нешто разбрав извини ако сум грешка. Можеш така цел живот? Ти да работиш а тој да седи дома со детето и ручек да ти прави?
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На Luna91 и only44you им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    Ако е така мене мајка ми од мала ме учеше дека треба да работам, дека мора да си заработувам, значи цел живот ме насочуваше кон тоа.
    Јас никаде не спомнав за некоја богато да се ожени и да седи дома, туку спомнав дека секој има различни амбиции и дека амбициите се менат во моментот.
    А правев споредба за да појаснам подобро дека некои работи ме натераа да си ги променам амбициите, дека на крајот има поважни работи од работата и кариерата. И мене тоа не ме фрустрира, туку на некој начин ми ги удвои вистинските приоритети и ме насочи во друг правец. Може вака еден ден ќе бидам посреќна, којзнае.
    Јас сум за жената да работи и да се остварува, и ако тоа е домаќинството и децата мене ми е во ред.
    Порано бев за строго работење на жената по секоја цена, денес предност давам на некои други работи.
     
    На faye, Annath, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Оф, леле. Темата не се мислењата мои и на битерсвит во други теми, олабавете малку, аман. И да, сум за тоа жената да има право на избор. Да не биде стигматизирана поради тоа што избрала да биде домаќинка или да биде кариеристка. И дајте и тинејџерките во миничи до под гаќа и деколте до папок да ги умешаме во темава и све да има комплет.

    Реално гледано, многу почесто слушам оговарање за жени коишто не работат отколку за мажи. Многу почесто слушам „чека од маж ѝ“ отколку „чека од жена му“. А не дека сите мужи вработени се. Ако веќе натаму се оди. И продужете си ја темава без да ме спомнувате и така се виде во последните страници која ѝ стана целта.
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На Annath, Mama25 и bittersweet им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Само вртите одоколу, само некои дипломатски одговори, вакви онакви амбиции и приоритети, тебе те разбирам, како и секоја млада мајка, опседната си до граница нормална со своето бебе. Во моментот на леб и сол би живеела само да си до него и да си гугате, ништо друго не е битно. Разбирам де, и јас сум го поминала истото. Ама и тоа ќе заврши, ќе потпорасне и ќе сфатиш дека му треба многу повеќе отколку само твојата близина, исто и тебе.
    @tessie ти пак истото, а мажите поарни да не се :D Што е битно бре маж ли е жена ли е, виде ли некаде да ги делам? и нормално дека повеќе слушаш за тоа дека таа чека од него отколку обратно, затоа што многу поретка е обратната ситуација, кога веќе сакаш на кантар да ги ставиме.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Ти прва спомна угнетеност на жени. И ај нека не ми се обраќа никој на темава. На препирања и надмудрувања нејќам да одговарам.
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Не ти се разговара на темава а знаеш и зошто, оти колку и да филозофираш и вртиш одоколу, некои едноставни факти не можеш да ги нашминкаш.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не ми се разговара, пошо расправии и надмудрувања, замисли, не ми се душевна храна у животов. А во тоа се претвори темата, во убедување кој е во право и во непотребни расправии, пошо вистината е апсолутна работа. Мене не можеш мислењето и искуството да ми ги смениш, ниту пак јас на тебе, може став да си кажеме и тоа е тоа. Ај пријатно.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    @Bridget не се работи само за тоа дека маж ми останал без работа. И други работи се случија, далеку посериозни, не би толку јавно, еднаш решив да се отворам ама лошо поминав.
    Не се работи ни за гугање со дете, јас секако бев решена и со болен и со здрав маж, и со дете да работам, ама разликата е во тоа што амбицијата, онаа првичната сега ми е променета.
    Други приоритети се во прашање. Некогаш самата состојба те тера поинаку да ги доживуваш работите.
    Не секогаш работењето, кариерата се во преден план.

    И да, би сакала да имам среќа ете и јавно мојата амбиција е јас доволно да заработам, а тој нека седи дома, немора да бара работа.
    Тогаш ќе бидам најсреќна.
     
    На Doozy, Bozica1980, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Сепак мислам дека ова го пишуваш и го посакуваш во моментот, периодот, затоа што имаш мало дете и подобро тој да седи дома да го чува отколку да го носиш по градинки. Можеби сум грешка, но просто не верувам дека покасно во животот нема да ти смета, ти веруваш дека нема?
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    35.431
    Пол:
    Женски
    Пуста македонштина! Свој леб јадете, туѓо гајле берете!
    Што ви е гајле бре дали некој седи дома и си ја прчи? Дали “кутриот” маж се утепува од работа? Кој колку пари имал и дали им стасувале за по дома? Мислам... (смајлиштосекрстисолеварака)
    Да се запраша човек дали вие “амбициозните” навистина имате толкави обврски и преокупации или од што немате што да правите ги разглабате туѓите животи :^)
     
    На zuto, Doozy, Bozica1980 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Па не сме до толку зафатени да не може за некои прости и едноставни теми да размислуваме.
    И мене не ми се допаѓа првиот пост со кој е отворена темата затоа што е посочена некоја таму што ни ја знам ни ја познавам. Но дека може дискусија на темава да се развие, може, и не мора да се нарече оговарање.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    @Bridget нејќеш да ме читаш, значи би требало да сфатеше што сакам да кажам и зошто.
    Да ти одговорам, да нека седи цел живот дома и да не работи, не за да го гледа детето, тоа пак ќе оди на градинка, тука така ќе му биде нему подобро. Причината- јас си знам зошто.
    Замисли да е обратна ситуацијата, жената да мора дома да седи. Значи пак се враќаме секој си знае зошто си седи дома или оди на работа. Секој со својата тежина.
    Некогаш здравјето и среќата е жената/мажот да седат дома.
     
  20. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Не навлегувам во тоа дали жената седи дома и си гледа турски серии и пие турско кафе а мажот и скапува на работа по 10 часа 6 дена во неделата или не , само ке кажам мое лично мислење нема попривлечно од тоа да видиш жена што има амбиции да напредува на професионален план а има време и за фамилијата и децата и сопругот ( не признавам изговори како : се нема време или таква жена не постои )

    :)
     
    На fallenangel, Luna91 и joy1 им се допаѓа ова.