Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените и амбициозноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Luna91, 22 јуни 2015.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    35.430
    Пол:
    Женски
    Едно е да се размислува и дискутира на одредена тема, а друго е ова тука што се случува.
    Ова не е дискусија, туку етикетирање, напаѓање, чепкање по туѓите животи и навики и сл.
    Ако некој пише сопствен пример, веднаш се наоѓаат душебрижници кои до детали му го расчленуваат секој аспект од неговиот живот.
    Срамота! :x
     
    На faye, Lady Phoenix, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Разјаснив јас и порано ама кој колку сака да сфати. Да ми беше намерата да отворам тема уште во првиот мој пост ќе дадев објаснување за тоа што подразбирам јас под амбициозност. Кажав, ќе повтороам. Не ја отворив јас темава, затоа што знаев дека има многу феминки кои лично ги разбираат работите иако немаат врска со нив. Јас си го искажав мојот став во СДК и админите сметаа дека треба да се отвори нова тема и ми го префрлија тука и ок е. Не случајно пишав не сакам да навредам никого и дека постот се однесува на една моја пријателка. Па се почуствуваа навредени тазе мајки, привремено невработени, невработени од здраствени причини и ја направија тензијава во темава.
    Инаку како што кажав, амбицијата ја гледам како желба за самоостварување и самопотврдување надвор од домот. Во таа насока го пишав и првиот пост. Дали тоа ќе биде на работа, во одредени хумантирани организации( што не постои кај нас) или општествени движења небитно. Притоа сметам дека постојат повеќе стадуими на амбициозност. Од просто одење на работа за остварување на редовен приход до желбата да се биде врвен во својата област и постојано да се искачува на повисоки скалила. Но бидејќи второво е мошне тешко кај нас, се задржав на овие почетни нивоа на амбициозност. Каде сакаш да си самостоен да имаш свој денар и да придонесуваш во домот рамноправно, без да си зависен од некого.
    Што негирале или не се почесто е амбиција денеска. Жените се образуваат (не мора факс), возат, заработуваат затоа што се залагаме за рамноправност нели?
    п.с Нема да одговорам на некои прозивки од погоре затоа што сметам дека со тоа што го пишав бев доволно јасна. А некој ако си ја има мувата на капата и ја ишка јас не можзам ништо тука. Уживајте во домаќинлукот од 30 па здравје до пензија. И нека ви се живи и здрави фамилиите. Јас го искажав моето мислење не мислам да разубедувам никој. Тоа е мое мислење не значи дека јас сум во право. Поздрав.
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На fallenangel, Abrakadabra и Bridget им се допаѓа ова.
  3. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам тотално неамбициозните жени. Жени кои не сакаат да се обвразуваат, да работат и на кои домаќинлукот им е врвот на животниот успех.
    Да не сакам да се остварам професионално затоа што маж ми „доволно“ заработува ми е скроз неразбирливо.
    Да немам 5 денари свои и за се да се гребам.
    Се прашувам како не размислуваат дека животот е тркало? Што ќе се случи ако во сплет на околности треба да се одлучат за развод? Како ќе опстанат тогаш без образование, работа и искуство?
    Не сакам да навредам никој. Пишувам затоа што влегов во една ваква дискусија и стварно ме изиритира изјавата : Што да работам и да се малтретирам јас кога маж ми заработува и за двајцата?:drunk:

    @luna морав да го постирам уште еднаш твојот почетен пост за кој се разви дискусијата и нема ништо спорно во она што си го напишала.

    Нормално е да не ги разбираме оние кои не се како нас, ни ние нив ни тие нас, едноставно и не треба да ги разбираме само да ги прифатиме како такви се додека не не загрозуваат нас и нашите животи.
    Во времето го кое живееме, извинете, но малку ми е смешно одењето на работа за жените да биде амбиција. Можеби во времето на нашите пра,пра-баби, но денес тоа е најнормалната работа. За да се преживее треба да се работи, било да сте немажени, мажени со или без деца, е сега има и такви луѓе кои не мораат да работат, не сакаат да работат или од некои други причини не може да работат.
    Во денешно време амбиција е не само да се вработиш туку и да напредуваш во работата и во она што го правиш.
    Е сега и тука има луѓе кои не се амбициозни, кои се малку амбициозни, преамбициозни и ,,болно“ амбициозни.
    Значи не има секакви, и секој си го уредува својот живот според своите желби, можности, амбиции и така би требало да биде.

    П.С. Морам уште ова да го кажам: на форумов ми смета што многумина мислиме дека само нашето мислење е ,,вистинско и точно“ и се трудиме да го наметнеме на останатите, па влегуваме во жолчни дискусии.
     
    На Lady Phoenix и Luna91 им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Епа кога според многу феминки и оформувањето на семејство е амбиција, одењето на работа би требало да биде супер амбиција. Ама секој различно си го дефинира поимот и се фаќаме за очи. Од целава дискусија заклучувам дека нема жена што не е амбициозна. Секој смета за себе дека е амбициозен.
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Многу е широка темава.
    Човекот е жив додека сонува.Додека има соништа и цели кон тоа да се остварат.И кога ќе ги оствариш и нема со кого да ги споделиш,тогаш ќе се запрашаш дали вреди.

    Секогаш семејството ми е на прво место.Бев со децата додека беа мали и сега кога се поголеми.Сега кога се поголеми повеќе треба да си присутен.Да им го знаеш секој чекор,да им укажеш ако грешат,да им помогнеш во учењето.Кога беа мали,болни,вакцини-бев со нив и не работев.

    Имам и дипломи,сертификати,учам уште еден странски јазик и работам,(не по струка)туку нешто кое ми дозволува флексибилно работно време.Ама децата никогаш не осетиле дека не сум тука за нив.Се школував во бременост,додека беа мали и сеуште се себедоградувам,зошто јас така сакам.

    Мој е изборот да не се посветам на кариера и и да ја уновчувам дипломата која може да ми пружи нови можности.Задоволна сум од тоа што го имам.Амбициите може да бидат меч со две острици,едното ќе трпи за сметка на другото.Семејството не може да трпи.Тоа е мојот избор.

    Е сега,прашањето што сите ги боли,ДА зависам од маж ми,ама после толку години брак и Тој зависи од мене.Кога си доаѓа дома има ручек,децата се спастрени,домашни напишани,жената исполнета,алиштата испеглани.И кога не сум на работа,ако сум уморна,знае тоа да го цени.И во бракот нема мое-твое.Иако маж ми повеќе заработува,јас ги водам финансиите во домот,без притоа да полагам сметка.Кога ми е ќеиф,трошам ,одам на шопинг.

    Кој како си го сфаќа животот,така и си го тера.
     
    На zuto, Bozica1980, imelda и 14 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Ако прозиваш и ќе те прозиваат.:wasntme:
    Си читате селективно или така ви одговара?
    Каде напишав јас дека ќе седам дома и ќе уживам во домаќинлукот до пензија, хм?
    Ако можам да и посветам на работата 30-40 години од животот тогаш можам и да им се посветам целосно и на децата 5 години од животот или поважна треба да ми е работата од децата?

    И за мене успешна жена со амбиции е свекрва ми, таа изградила успешна кариера, баран стручњак е по целиот свет а сепак седела дома 10 години за да ги пркне 4 деца кои сега се кој од кој поуспешен, ваљда ако постоеле форуми и во нејзино време ќе се нашле жени кои ја осудувале дека седи дома со децата и чека мажот да ја храни.:?:
     
    На MacenceEna, Doozy, anel и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    A kade jas gi prozvav zenite sto nekolku godini se posvetuvaat na semejstvoto? Celo vreme verglam za zeni vo godini so nitu eden den staz ni zelba da go imaat.
    Daj citiraj mi go toj del ke ti se izvinam, ne mi e problem. Ama zaludno e da objasnuvas na nekoj sto ne saka da te razbere.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Драга ѓоспоѓо Битер - да ми извиниш или си глупа или си слепа! Za tie 5 deca treba da se obezbedi nesto a ne samo da se rodat! Прочита негде дека тебе те наведив дека треба да му обезбедиш ТИ на ТВОИТЕ ДЕЦА? Не?! Епа затоа што напишав општо за сите. Пишува треба да се обезбеди а не дека Ти Треба Да Му Обезбедиш! ТИ! Има разлика!
    Луна - еве јас работам по струка што ми беше амбиција во животот - ова не значи дека ми се исполнети сите амбиции. Точно напишав дека ми беше амбиција и ја исполнив. А не дека тука запрев. Ако се однесуваше на мене пишаното. :$
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Не се однесуваше на тебе воопшто. Јасна беше дека си исполнила дел од нив, не сите.
     
    На merida му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Се само реплицирам за да не ми ги извртувате муабетите.
    Јас сум била против да се посветиш на семејството додека децата се мали. (facepalm) Обожавате да клеветите значи.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    @merida нит сум глупа, нит сум слепа, фала на комплиментите.:clap:
    Ако го цитираш моето мислење тогаш како да го разберам тоа ако сакам и 5 деца да родам ама дека и да родиш 5 деца дека треба да им се обезбеди нешто, дека се однесува на некоја сосема трета?
    Можеби сум стварно глупа ама никој не ми кажал, ме држаат во темница.:worried::wasntme:

    @Luna91 ти ми посака да уживам во домаќинлукот од сега па до пензија или и за тебе да не сум глупа и слепа па не сум разбрала дека на мене не се однесува тоа?:?:

    Целата поента ми беше дека амбициите со време се менуваат, вие цело време верглате дека треба жената да придонесува во семејниот буџет, од кога напишав дека и седам дома и придонесувам во семејниот буџет пак и тоа не чини затоа што сигурно децата сум ги родила за пари да земам..........еве не знам, НЗС.:^)
     
    На MacenceEna, faye, <3 pleza4e <3 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Амбицицијата, како што сите знаеме, е позитивна карактерна особина, која личнаста ја насочува и води кон напредок и успех, во одредена област или за дадена работа.Но, ако премногу се забега со истата може да има деструктивно влијание врз таа личност и нејзината психа. А тоа значи дека треба да сме амбициозни, да одиме кон остварување на нашите цели, да се трудиме да ги оствариме, но не по секоја цена, поточно да не газиме по некој или нешто додека одиме по нашите амбиции.

    Амбизиозна жена, според мене, е онаа која си има зацртани цели, која сака да се надоградува, да го надоградува своето знаење,образование, да сака да се надоградува на своето работно место,стално е отворена кон тоа да учи нови работи, отворена е кон нови искуства...Жена која е самостална и не сака да зависи од никого.Секако сето ова да го прави, но без паралелно понижување или пак газење по другите луѓето.
    Амбицијата воопшто не би ја мешала или пак споредувала со домаќинството, бидејќи тоа се две сосема различни нешта, кои можат истовремено да се прават. Амбицијата нема да и исчезне на онаа жена која порано или подоцна оформила семејство, станала домаќинка и сл. Ако некој навистина е амбициозен,тие амбиции ќе го следат цел живот, и обратно, ако не е,едноставно не е и толку, под било какви услови.
    Познавам многу кои учат факултет, се школуваат, но воопшто не се амбициозни, туку напротив се многу пасавни и мислат ако одат на факултет тоа е се, не прифаќаат никакви додатни работи со кои повеќе би напредувале.
    Амбициите или ги имаме или ги немаме и работата е сосема јасна.
     
    На Barbie20, Nausicaa, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Ти пиша дека си се изреализирала и професионално и сега единствена амбиција ти е големото семејтво. И толку лично ги разбра моите постови и бурно изреагира на нив па помислив дека си во таа категорија жени за кои зборам. :wasntme:
    Извини ако лошо сум разбрала ама така делуваше. И прекинувам тука со препукувања на лична основа за тоа што невкусно ми е мн.
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
  14. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Ништо повели и друг пат. Проблемот е во тоа што ти во се сама се пронајде. Во секој кажан збор. И патем обезбедување на деца не значи само да се најадени и облечени. Според мене треба многу повеќе од тоа.
    Ама ти си во друга држава па сигурно државата и тоа ќе му го обезбеди во голем удел, па така да можиш уште 10 да родиш и да си седиш доживотно дома.
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Повторно многу ти благодарам за лекциите што значи да им се обезбеди нешто на децата дека јас вака глупа не знаев, така само ги раѓам, чекам големото да ги гледа малите и си уживам, гајле си немам за утре кога ќе пораснат дека треба да им се обезбеди нешто.|(

    Тоа нешто за мене не се материјални работи, за мене тоа нешто е сметки уште од сега за да можат кога ќе пораснат да се образуваат затоа што тука за да студираш требаат средства, не ти плаќа државата факултет како таму, сакаш да бидеш доктор тогаш треба да си спремна да си ги платиш студиите од 250.000 долари, тоа им обезбедувам на децата мои а за куќи, коли ќе си спечалат сами како што си спечалив и јас.:*

    Повторно мислам дека на син ми од три години да му објаснував досега ќе ме сфатеше, јас земам породилно, за да земам породилно значи дека некаде сум вработена..........сфаќате тоа или не?:headbang:
    Државата го смени законот и го продолжи породилното, државата значи ништо не ми дава тука земам породилно од работното место кое сум го имала пред да се породам со малиот син.

    @Luna91 каде се правам жртва жити господ?
     
    Последна измена: 25 јуни 2015
    На MacenceEna, <3 pleza4e <3 и Annath им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    И ти по толку реплицирања на твоите постови не сфати за која категорија зборам и упорно се правеше жрртва , па ништо. Имај убав ден.
     
  17. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Ох Боже |(
    Овде во Мк знајш какови услови ни се нудат за на факултет? Абе шо да ти кажам. Се ни е без пари, ние ништо не плаќаме.(facepalm)
    Госпожа колку што ме држи сеќавање ти живееш во Австралија така? Дај молим те доселисе овде па кажи ми што треба да му обезбедиш на твоите деца! Дали само дипломата му е доволна! И во тоа е целиот проблем значи упорно ти објаснувам дека кај вас е друго имате услови а пишувам за кај нас и ти пак се пронаоѓаш во сите муабети. :fubar:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.791
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се вклучам тука, на кратко - дефинитивно се измешани работите. Темава започна како осуда на некоја си таму жена, кулминира со препукување.

    Само едно ќе ви кажам, т.е ќе повторам - не мешајте амбиција со обично одење на работа само за да се обезбеди пристоен живот. Амбицијата е нешто повеќе - да се гради кариера, да се стане признат и познат во одредена бранша, да се препознава името на тој/таа што постигнал нешто. Не мора ( и не може) секој да го постигне, не се сите толкави капацитети, ниту пак се толку амбициозни. А работа за гола егзистенција не е никаква амбициозност туку потреба, нешто што се мора, нешто од кое зависи опстанокот на семејството.

    Расчистете го тоа, па после мудрувајте. Да, жената треба да работи, јас лично не сакав да седам дома, почнав да работам за мизерна плата, ама желба ми е да напредувам. Лошото е што не можам тука со овие услови што ги имам да напредувам колку што сакам, ама има време, не се оптоварувам. Се надевам дека како што годинава рипам две скалила погоре од ова место на кое што сум сега, ќе ми овозможи за пет години да рипнам повеќе од десет скалила, и да ме препознаваат како стручњак во мојата област. Е тоа е амбиција. А не да работам на исто место цел живот без услови и желба за нешто повеќе.

    И да, животот знае гадно да изненади некогаш, па амбициите мора да се потиснат настрана кога други работи имаат приоритет.
     
    На referentka, Nausicaa, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    :clap::clap::clap:

    Сите се на некој свој начин амбициозни бидејќи секој си има свои желби, цели и амбиции.
    Ама колку е успешен човек во истите и кој колку остварил е друга работа.
     
    На referentka, Doozy, anel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Знaеме штo е aмбицијa, oвaции кo дa се рaсветлилa темaтa кoнечнo не се пoтребни. Сaмo вo кoнтекст нa темaтa кaде глaвен aкцент е стaвен нa улoгaтa нa женaтa вo брaкoт, збoрoт aмбицијa е некaкo oтпoвеќе пa требa мoжеби дa се преименувa темaтa зa пoјaснo дa се дискутирa.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.