Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените откако ќе станат мајки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DarkStormm, 27 јули 2022.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm јас те поддржувам уште денес вечер, да си направиш ќејф на душата. Она што го мислиш подолго време. Карти играње, филм, излегување на вечера, на свирка, одење во кино, на претстава, ма не се стегај драга наша, ослободи ќејфот, дај му простор да се реализира. И да ти одземе некој час од спиење, бар да си го исполниш парчето во душата.
    Детето, да, ќе се буди, може и за брзо да спие повеќе. Син ми од кај година и пол почна да спие подолго, се преродив. Некогаш пак има соништа, нормално е да се буди почесто, некогаш па супер ќе тера. За сѐ има нијанси во животов. Ама она што сега те повикува прави го. Особено ако имаш разбран маж. Кажи, ајде вечер земаме пивце пуканки, гледам филм. Или дај да го оставиме детето, ние на една вечера.
    Верувај, не осеќам вина кога го оставам, едноставно користам прилика. Ако имаш кандидат за чување, искористи. И јас сум хедонист и ми значи многу да си остварам некои потреби. Косата сѐ уште не ми е приоритет :lol: нека прости другарката.

    И за социјалните мрежи. Ма какви инфлуенсерки, какви мамички!
    Јас ги гледам и се смешкам, забавни се. Вришти нивната лажна слика, копија една на друга. Наместила катче за сликање, се нашминкала, смачкала некоја каша за јадење со житарки, со некои смутиња бљак, и као таа треба да ми е репер? Видете ги колку се патетични и не верувајте на сѐ што продаваат.
    Сега гледам по нови прават соработки со брендови и ставаат кодови за попуст. Топ шоп се целите. :D
     
    На LadyD, cresa-jagoda, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Девојки, @Cosmic Girl , @Mikha4 , @elenaklasik фала на издвоеното време. Како што веќе кажав претходно, немам проблем веќе со коментари и критики. Оладив со тек на време, сфатив многу нешта набрзина, бев приморана.
    Во поглед на задоволства и опуштања. И претходно пишав, си одам на фризери, козметичари. Еве денес после работа и на масажа бев. Маж ми потоа го зеде детето, отидоа татко и син заедно на 3-4 часа да уживаат. Јас за тоа време чистев, бришев прозори, подови. Се сум светнала. Сеа се релаксирам со цигара и ве читам.

    Јас немам некои поголеми проблеми. Порано се соочував со депресија и сите коментари и критики ме погодуваа. Мајките инфлуенсерки и мене ми се очајни. Ама тоа што го прикажуваат за жал на многумина им дава нереална слика.

    Откако се извлеков од депресијата, многу почнав да размислувам. Сакам мајките да имаат поубав третман. Сакам отворено да се зборува на овие теми за да може да се направат промени. Сакам да се променат работите на подобро. Да сфатат сите како што сме сфатиле ние дека жените откако ќе станат мајки не треба да бидат жртви на мајчинството и да го прифаќаат тој третман како да е нормален.

    Јас не прифаќам дека е во ред мајките да бидат ненаспани, отпуштани од работа од било кои причини поврзани со нивната одлука да бидат мајки, не прифаќам дека е нормално да бидат во депресија. Не прифаќам да си дозволува секој да коментира и критикува без разлика дали мајката ќе го земе тоа предвид или не. Едноставно нема потреба од mom shaming. А за жал самите жени некогаш меѓу себе си го прават. Која повеќе постигнала, која повеќе се мачела. Добро кажавте, пехар не добива никој. Ама барем мало признание, барем малку да се ценело. Не се цени воопшто жртвата која ја правиме.

    Замислете повеќето сметаат дека царски рез е рутинска операција, ништо страшно. А многу комплексна операција е, матичниот лекар вели дека човек опериран од срце побрзо ќе застане на нозе отколку мајка која родила со царски рез.

    Некако е прифатено и сфатено дека мајките не прават којзнае што. Читам на странски блогови за stay at home moms. Во Америка има многу мајки кои не се вработени, имаат по 3-4 па и повеќе дечиња. И таму добиваат коментари дека не се уморни, нема врска, цел ден се дома, нормално тоа го слушаат од мажи и други жени кои или немаат деца или имаат деца ама се вработени, па не сфаќаат колку е всушност потешко да си цел ден дома, постојано да си и психички и физички активен во текот на денот внимавајќи на децата.

    Немам ништо против инфлуенсерките, на тој начин заработуваат. Малку претеруваат и јас приметувам дека е се тоа фејк. Ама пред да имам дете ми изгледаше како да е реално. Има мајки кои уште мислат дека е реално ако си финансиски помоќна. Го имам слушнато тоа од мајки, демек има пари таа па нормално ќе ужива со бебето. Со тоа пак на некој начин прават да се чувствуваат жените помалку вредни и помалку успешни од инфлуенсерката која ја следат.
     
    На Cosmic Girl, Lostinparadise, LadyD и 8 други им се допаѓа ова.
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Спомна дека не мора да работиш, пари не се проблем. Тогаш зошто не плаќате жена да ви помага неколку пати неделно? дали по домот или со бебето? и hold your ground
     
    На cresa-jagoda, DarkStormm, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Не знам. Порано ангажирав кога живеев сама, еднаш месечно за генералка, и одвреме на време по потреба доаѓаше. Сега не сум ни размислувала за тоа. За дете чување има, сестра ми и свекрвата. За чистење евентуално би можела пак да најдам.
     
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    На ова со работата ме потсети на едно интервју , одам јас и полрај останатите прашања имаше ( уште не бев мажена но живеевме заедно) дали сум мажена ?
    Дали во блиска иднина би се омажила?
    И дали наскоро би имала дете?
    Во тој момент не ми текна зошто прашуваат.. си одговорив искрено , дека не сум мажена но сум во сериозна врска и во наредната година не ми е планирано дете за понатаму не знам.
    Одејќи накај дома во бус си размислувам зошто би ме прашале тоа. Кога ми светна решив дека и да ми се јават ќе одбијам, во таква фирма не сакам да работам. А работата жива смешка... работа во кујна се подготвува јадење и се транспортира во поголеми фирми. Да е некоја јака работа со голема плата... не ни тогаш не е во ред , но некако подруго е.

    Ма темата би рекла дека и мојот живот но и односот со партнерот ми се смени...
    Во разговорот со него околу ова е одговор дека си замислувам , дека не е воопшто така , само повеќе грижи имал кало родител кон детето па затоа мене ме занемарил рецимо. Еден период психата ме тепаше дека јас сум крива за тоа и слично. Но деновиве сфаќам дека е до него и дека ,,бегајќи" од нас уствари сака да побегне од заедницата и од попувањата. Долго е и веројатно не е за оваа тема но е поврзано.
    Време за себе немам , откако е родена еднаш сум излакирана , два пати исфарбана и еднаш имам седнато сама со салата и узо - две години !
    Се останато било обид прекинат од некој или нешто. Те детето се разбудило. Те на свеки и фалело нешто. Те дошол некој и не знам што , а измеѓу се ова стои и она што јас сама си сум го зацртала и сум се форсирала да го постигнам. Чист дом , пеглање , посветување на целото слободно време на ќерка ми. Понекогаш така гледајќи ги тие инста постови си викам кој е полуд јас или тие ( јасно ми е што се дешава зад камерите баш поради тоа и си го поставуваам тоа прашање) познавам и жена шо ко ќе стани на сабајле малиот и го симнува на свекрва и и си се качува да се доспие. Јас после работа шубе ми е да и речам почувај ја уште 10 мин да се истуширам.
    Ама и до свекрвата е веројатно.

    Исто ,јас од колешка ( нема деца ) добив коментар - ќе си родам и јас дете да можам да земам отсуство вака ... а уствари детето ми беше со осип кој никој не знае од што е , плаче и само мене ме бара , секако тој ден од одмор ќе ми биде земен никој поклон не ми го даде. Ама не - да се префрли.
    Би рекла само дека се што си правиме сами си правиме , да сум психички помоќна ни овој ни било кој друг коментар нема да ме здоболи , ама не сум. Некои работи ги согледувам трезвено , на некои се палам ептен.
    Ете пример к*р ме заболе дали сите играчки се расфрлани , битно ми е тепихот и постелнината да се чисти. Ама ми е тешко ако некој рече детето се разболе од климата.. Ми е тешко кога одредени луѓе сметаат дека јас како мајка не знам ништо само зошто сум помлада од нив. За нив интуиција не постоела ами искуство...
    Така измешав многу брзини...
     
    На elenaklasik, Madrugada, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Денес после толку време пак се навратив на темава. Уште е исто кај мене се. Некоја членка ми рекла дека ќе имам burn out. Изгледа веќе имам. Седам и чувствувам земјотрес, ама нема земјотрес, пуштам рака да дофатам нешто, да поместам, вчера да затворам багажник ја треснав раката и скршив нокт. Немам контрола на силата. Ми страда изгледа нервниот систем, од тоа ми се појавуваат и мали халуцинации, како нешто да отскокнува покрај мене, како вел да ми поминува некогаш. Зборувам со сопругот за ова, се смее и ми вели :"Ее па почесто кажувај ми да знам дека не сум само јас така". Преморени сме, тоа е. Но после одредени книги кои ги прочитав, решив да не се жалам. Едноставно да издржам. Да бидам благодарна барем малку. Дали е чекор напред или назад не знам. Ама само така можам да се смирам. Цела зима и цела пролет ја минавме болни, ај малиот што е претешко кога ќе се разболи, ама и јас се разболував со него, имунитетот на нула од преголем замор и стрес. Верувајте се будам, очите ми се лепат, ми се пцуе на цел глас, ама го стишувам велејќи си сама на себе дека е ОК, ќе го издржам денов. Само да не сме пак болни, кај ќе најдам сила и со тоа да се справувам. Периодов често патував поради работни обврски и тоа малку ме замори физички, но психички малку ме излади.

    Замислете.. се радувам на обврски работни, само да избегнам стрес од друг тип.

    Дополнително нешто што ме потсети на темава е тоа што се видов со пријателка која нешто пред мене стана мајка. Сега веќе мајка на 2 деца. Отсекогаш ми била привлечна, згодна. Сега беше како друга личност. Немам намера да ја осудувам за изглед или да ја коментирам за карактер меѓутоа се изненадив. Изгледот ќе го среди ако сака. Но муабетите воопшто не ми се допаднаа. Женава целосно се идентификувала со мајчинството. Тоа ја дефинира и ништо друго. Во ред е ако и се допаѓа така, но искрено ми изгледаше поуморно и од мене. Како да носи претежок товар. Од алфа жена која секогаш правеше се сама, сега е тетка која не се осмелува да запали автомобилот и отиде негде, мажот чека да ја носи. Дружење никакво, само детски родендени. Социјален живот, само со други мајки и деца на лулашки. На работа оди ама скратени смени. А мажот нејзин е прекрасен. Чисти, готви, тера домаќинство од прв ден сам. Она ништо од тоа да речеме не прави, цел свет и се врти околу децата. Не сакам погрешно да бидам сфатена. Сето ова го наброив не за да ја осудам, нејзин живот, нејзини избори. Ама јас сум противник на таков живот. Никогаш не би се согласила. Затоа и не ми се верува дека ужива во таков живот. Јас до толку не се жртвував и не планирам. Како жена имам обврски да, имам обврски и како мајка и домаќинка, обврски и како вработена. Но ништо од тоа не сакам да ме дефинира. Се додека си ги исполнувам обврските кон детето мислам дека сум доволно добра мајка. Не чувствувам желба, ниту потреба да се жртвувам или лишувам од работи кои ми носат задоволство. Медал никој не дава. Добро е што тоа го сфатив на почеток. Иако сум растргната од обврски решив да не се жалам. Изгледа навистина се е како што си правиме самите. Како што мене никој не ме тера да го правам сето ова така и нејзе никој не ја тера да биде тоа што е. Меѓутоа дефинитивно како што сум пишала во воведниот пост, врз нашите одлуки и избори многу често влијае околината, инстаграм мамичките, па и од форумот по некоја осуда/критика. Јас се фрустрирам околу тоа, зошто е така. Другаркава попуштила ептен под влијанијата и станала freak. Еве кај други забележувам чувство на вина. Демек ако уживам/спијам/шетам не сум добра мајка. Ако не се жртвувам не го сакам детето. Секако, се би направила за него, но зошто да не одам на фризер или козметичар? Што му значи таа жртва на детето? Зошто да не прошетам, да не поспијам ? Нормално ако има услови де. Не викам дека месецов нема да му купам пелени за јас нокти да си правам.
     
    На marchi-cool, Antebellum, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Женски
    Целата околина ,па и однесувањето на нашите мајки и баби ,има голем удел во ова што сите го осеќаме.
    Сите ги имаме истите грижи. Дали сум добра мајка ако излезам,ако напраам нокти,ако се средам,ако патувам.
    Јас,на едно се секавам, дека како помала многу се нервирав зашто мајка ми не си купува работи за неа и не си посветува внимание ,туку се дава на нас.
    И од таму ,пак доаѓаме на она Среќна Мајка среќно Бебе.
    Јас овој месец три пати излегов и секој пат осеќав се поголема грижа.
     
    На 1209, molikaMk, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Верувај немам чувство на вина воопшто. Правам се што можам. Многу нешта не можам. Никако не стасувам. Не сфаќам еве како некои имаат таков феноменален живот, жени мајки и кралици во исто време и пресреќни. И се повеќе мислам дека не е така, глума е тоа. Обична фарса. Мене не ми е било никогаш проблем да отидам на кафе, на третман, на масажа.(кога имам време). Никаква вина не чувствувам. Чувствувам фрустрација, притисок кога некој ќе ми каже директно или индиректно дека не треба да го правам. Дека треба да сум залепена за детето, дека нема потреба да тренирам, дека имам други приоритети како мајка, дека ако сум мајка не можам да сум наспиена или скраја да е да поуживам. Сето ова ми е чуено. Ми се гледа серија, ми се слуша музика, ми се шета. И го правам тоа кога имам можност, без чувство на вина и без грижа на совест. Но како да сакаат сите да ни наметнат такви чувства.
    Еве чист пример од денес. Детето на јатрвата крена температура. Она беше на работа, деверот исто така на работа. Свекрвата одма се јави на јатрвата да излезе денес од работа и да дојде ДА СИ ГО ГЛЕДА ДЕТЕТО. Што само нејзино е ? Она може и мора да излезе од работа, а таткото на детето не ? Или еве и кај нас, за викенди ако е слободен сопругот е оставен да се наспие, мене не ме прашува никој дали ми се спие, кога ќе се разбуди детето се будам и јас. Овој викенд на нога бев од 4:30 утрото. Часот беше толку за сите, ама не е прифатливо секој да стане, а јас избор немав. Кога сме сите дома болни, јас како мајка не можам да одмарам, а другите сите можат. После породувањето уште во болница никој емпатија не покажува, па побогу едвај станав од кревет, а се очекуваше дете да кревам и да сум сама на себе оставена без помош. Па да се мочам јас во се. Не викам да ми слугуваат медицински персонал, еве нека дозволат придружба некој свој, сопруг, мајка, сестра, свекрва да помага. Не.. од прв ден, ма уште од позитивен тест кога ќе добиеме за бременост завршено е нашето уживање и добросостојба. Се почнува да се врти околу детето што уште не се ни родило. Откако ќе се роди тогаш е крај, никој не те прашува како си. Не е важно. И најјако ми е што одма стигаат прашања кога второ ? Ќе има ли трето? Демек тоа е сега, животот останува да се потроши на раѓање и гледање деца. Па натпревари која мајка повеќе се жртвувала, па одење во крајности за начин на породување, хранење, па чие дете како напредувало па така до бескрај сами себе се газиме и уништуваме. Не се криви само нашите мајки и баби. Сами сме криви. Многу почнуваме сами да се губиме и потоа кога ќе се свестиме е касно.
     
    На Bellaa1234, 1209 и Осе им се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Женски
    Среќа што јас сум опкружена со луѓе кои никогаш така не ми коментираат.
    Кога излегувам со другарки им викам ве молам не правете муабет за децата.
    Маж ми ме тера да искачам буквално. Освен секако мајка ми ,која кога се спремам да искачам ме погледнува попреку со коментари" кај ке идеш" колку е саат" кога ке дојдеш дома" " маж ти знае ли" а јас вријам :sweat:
    Стварно немам време за сите работи кои претходно ги правев а ужасно ми фалат.
    Не сакам да се свртам и да имам 50ка а ништо не сум видела.
    А за второ.?! Еве мојов одма сака и ко ке ми рече ,се осекам ко мачкине што раѓаат по 5 пати у година.
    Нејсе ,одам на депилација,на масажа,на нокти ,..највеќе ми фали да ставам слушалки и да пешачам а да незнам каде со саати......
     
    На 1209, Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.192
    @DarkStormm имам на темава да пишувам ама моментално не можам, само сакам да го адресирам спиењето и станувањето насабајле. Кога бебе ќе стане насабајле свежа и расположена за почеток на ден, а јас сум уморна и уште ми се спие, будам маж. Ќе ја надојам и му ја предавам, тие си одат во дневна, јас терам уште 2-3 сати. Исто пример и кога е болна, јас навечер дежурам ама сабајле тој ја зема за да поспијам.
    Тој секој ден си дремнува по 2 сати во просек, таква навика си има. Јас не можам дење да спијам, едноставно нема да заспијам, па оставам тој да поспие, ама затоа насабајле кога имам потреба да спијам го будам.
    Нема лутиш, тоа е тоа. Двајцата треба да сме способни да функционираме некако.
     
    На 1209, Cosmic Girl, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Женски
    Ние на почеток првите недели правевме страшни грешки.
    Бебе се буди и ние сите со него. Башка и цицаше ,многу бев ненаспана ,ослабена,некев да се гледам во огледало . Ич ама ич не уживав во првите недели ( кои повеќето викаат најубави биле) незнаев која сум и кај се наоѓам.
    Одењето на преглед ми беше радост зашто само тогаш се средував и личев на човек.
    Многу е тешко знам. Цела таа промена со сите хормони е ужас .
    Му завидував на маж ми колку му е лесно и едноставно.
     
    На 1209, Ouravanture, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.192
    @Misskirova не знам кој рекол првите недели се најубави, мене ми беа пеколни, и мислам на повеќето мајки со кои сум зборувала :sweat:
     
    На Cosmic Girl и Misskirova им се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Женски
    Аа мене ми викаа ,леле уживај сега ти е најубаво а јас се осеќав ужасно зашто ми беше пекол.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    9.032
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm
    Во право си дека си наметнуваме сами и како индивидуи и дозволуваме да ни наметнат другите околу нас чуство на вина.
    Кога ќе станеме мајки фокусот автоматски се префрла од трудницата на новороденото бебе.
    Не само вниманието на другите околу нас, туку и нашето сопствено внимание кон себе (физички и психички). Тоа ми е до некаде и нормално да се случи, зошто на сите им се случува.

    Она што е важно е кога веќе имаме поголем број на улоги во животот (мајка, сопруга, снаа, вработена, итн итн) да не се заборавиме себе и да го изгубиме својот идентитет во тие улоги
    Битни се сите улоги, ама не не дефинираат како индивидиуи.
    Во сите обврски и задачи се забораваме кои сме ние навистина, ги одложуваме нашите лични потреби и интереси.

    Штом се среди она што е приоритетно мора да се одвои време за себе.
    Велам МОРА, ако сакате да бидете и понатаму психички и физички здрави и да можете утре да функционирате и да ве биде и за другите.

    Ако немате време, мора да преорганизирате, да побарате помош и да делегирате некои обврски.
    Ќе одвоите време за таа прошетка со слушалки во уши, бебето нека седи со тато, баба или дедо еден час. Ништо нема да му биде.

    И големи кога ќе ви се децата приказната е иста.
    Сеуште ќе правите жртви за децата, први секако ќе бидат на вашата листа, но ќе ве научи искуството дека МОРА да бидете како што треба ако сакате и децата да ви бидат како што треба.
    Како прв модел со кој тие се идентификуваат и како личности кои имаат огромно влијание во формирањето на нивната личност, ќе сфатите дека треба прво вие да сте стабилни, среќни, изградени и автентични на себе за да и вашите деца бидат такви кога ќе бидат возрасни.

    Мора да разбереме не само интелектуално туку и на емотивно ниво дека грижата за своите потреби и за себе не е егоизам. Не е себичност. Се штитиш истовремено и себе и своето здравје и создаваш основа за детето да ти биде здраво и зрело.
    Тука спаѓа и поставувањето граници и кажувањето „НЕ“.
    Многу често се гледа на тоа како на себичност и егоизам ама верувајте како ќе растат децата ќе мора да ги учите на овие граници, ако не сакате да имате размазени возрасни деца кои ќе бидат несамостојни и зависни од родителите.
    Уствари кај поголеми деца - адолесценти, веќе и поизразено е тоа намерно намалување на влијанието и помошта што ја дава родителот на детето, со цел да го осамостоиш и да му дозволиш да дојде до израз неговата личност без да се чуствува како да му е скратена можноста да се изрази и да одлучува само.
    Имаш чуство како да се учиш и ти и тие да се оддалечувате едни од други и и тогаш фаќаат емоции кај мајките (вина, жал, носталгија) ама така треба да биде.
     
    На 1209, Осе, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Кај нас условите не дозволуваат. Не можеме како ни одговара да спиеме. Не можам да објаснам колку планови се прави ако треба негде заедно да одиме, месец уназад планираме и си ги местиме смените.
    Цело време живееме на работ. и двајцата сме преокупирани. Некако ќе истераме обврските, благодарение на помошта од бабите. Ама еве едно разболување, едно мое службено патување ни ги пореметува сите работи. Абе кола кога ќе се расипе готови сме. Иако и двајцата сме преморени максимално, сепак се очекува кога ќе се разболи дете јас да преземам, кога ќе се расипе кола јас да се снаоѓам како ќе стигнам. Ако некој треба да одложи обврска, тоа повторно од жена-мајка се очекува. Еве не е проблем многу пати сум одложувала фризер, козметичар, што било. Ама исто така сум одложила и контрола на лекар, вадење документ, работни обврски.

    Ова не викам дека сопругот очекува, туку пробам да доловам целокупна слика, сегде е вака. Спомнав баш вчера за јатрвата. Демек она може да напушти работа за болно дете, но мажот не смее.

    Сопругот работи во 3 различни смени. Плус не е само на една работа. Пропратно работи уште една. Не секој ден, но премногу е ангажиран. Ете јас работам само прва смена. Но за нешто плус пари работам и од дома дигитален маркетинг. Моето сите го сфаќаат као штракање по компјутер, демек работи. На работа леко ми било сум си седела и кафе сум пиела.

    не се жалам од сопруг, свекрва, околина лично како за мене. Еве општо кажувам бидејќи во 90% од случаи е вака. Не треба да е. Пишував и претходно дека работодавецот ме одјави веднаш по породилното. Па зошто не го одјават некој татко? Оти само мајките? Зошто е така?

    Имам другарка исто, работи во 3 смени. Бабите се млади, одат на работа. Детето одеше во градинка, но тоа не помагаше, само одмагаше, дополнителни отсуства од работа за разболувања, влечење по болници. Решија и тие како нас, дома да се згрижи детето. Кога се слободни бабите да го земаат, кога не родителите да ги местат смените. Преголема организација, ама мора. И мајката баш се жалеше, кога се враќала наутро од трета смена, мажот оди на работа прва смена, за неа спиење нема, седи со детето додека се врати таткото, значи некогаш и се собира 24 часа без пауза и без сон. Еве тука како да се организира за спиење? Не може. И што мислите? Се жалеше и доби предлог од сите да ја напуштела работата ако сакала да си го гледа детето. А зошто бе она ? Добро бабите не можат, не е нивна обврска внукот, ама што е поважна работата на таткото од работата на мајката. Оти ако остане мајката без работа, тек тогаш ќе биде големата, еве не придонесува, еве ужива дома и троши.
     
    На 1209 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    9.032
    Пол:
    Женски
    Ова со работодавецот и отказот е чиста дискриминација.
    Нема жена што мислам дека немала некое вакво или слично искуство.

    И да, и до колективниот менталитет е. Затоа после тоа се гледа и во професионалните односи и има вакви сра*а.

    Поставувајте ги работите уште од почеток на бракот (дури и на врската) така што ќе си ги делите обврските и задачите. Градете заедница со партнерот во која нема типично машко-женска поделба на работите.
    Тешко е ама ако е обострано ќе може да се функционира добро.
    Некогаш на пр. жената ќе ја однесе на мајстор колата ако мажот нема време, друг пат тој ќе среди нешто низ дома. Ако не се помагате и се карате која е машка, која женска работа, ништо не правите.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Дискриминација ама не на жени, туку на МАЈКИ. Пред да имам дете не ме одјавија, арна им бев. Како можат да ме отпуштат на база на претпоставки дека ќе отсуствувам или ќе раѓам пак?

    Колективниот менталитет е ! Не би да одам предалеку, ама еве од Канада пријатели, на породување и присуствуваат двајца родители, престојот во болница им е заедно во соба, отсуства од работа се признаваат на двајцата во тој период. Не барам орден за храброст да добиваат мајките. Но побогу може бар еднаков третман со татковци. Не сум слушнала осуди кој каков татко е, ама за мајки ехе колку сакаш.

    Ние немаме поделба на машки и женски работи. Јас редовно се влечам по мајстори за колите, тој пак редовно си ги дипли алиштата. За готвење не го бива, ама кога не стигнувам барем помага кујната да се раскрене. И дете знае да гледа кога ме нема може да го пресоблече, нахрани,прошета, но неговиот сон не смее да се наруши кога нема работни обврски, може цел ден да го преспие. Кога сум јас дома, он е слободен како птица. И тоа е во ред, нека биде. И јас кога одам на козметичари, фризери се опуштам. Но мене ме чекаат веднаш да се вратам на детето. И тоа е ок. Мајка сум, му се радувам. Но никој никогаш не се јавил на маж ми да го праша кога ќе се врати. Никој не му рекол еј ТИ ГО ЧУВАМ детето. Многу лошо звучи. Децата имаат двајца родители кога станува збор за чување, понатаму и за помагање со домашни задачи, носење на курсеви, училиште итн. Ама некако секогаш се се очекува од мајката, а гледаме на мајката како помалку вредна личност кога станува збор за работно место и можности за напредок.

    Еднаш седнавме кафе да пиеме на тераса, онака 20 минути да одмориме, го пративме надвор, свекрвата мислела дека маж ми сам ќе пиел кафе па го зеде детето, кога виде дека јас не работам ништо и дека заедно пиеме дојде и она со двете внучиња горе кај нас сакале да си играат. Такво кафе можев да пијам и ич да не го носиме.

    Во склоп на темава. Знам неколку жени кои решија да имаат дете, но не и маж. Прво ми беше чудно, неприродно. Сега се повеќе ги разбирам. Дури и ги оправдувам. Секако цел товар паѓа врз грбот на жената мајка, па што ќе и е некој што само ќе носи титула татко ? Зошто покрај сите проблеми да се расправа со свекрви, золви,јатрви или да се објаснува на секој жив зошто прави се што прави. Дали и тие имаат проблеми ? Имаат да, ама барем знаат само нивни се.
    Јас иако имам проблеми со свекрва, рака на срце имам и помош. Од сопругот не можам да се жалам. Финансиски многу повеќе придонесува од мене, па не можам да барам Бетмен да стане. Прави се што може, правам и јас, ама прегоревме искрено. Он веќе размислува каде ќе одиме на одмор, мене нигде не ми се оди. Знам дека само локацијата ќе е друга, се друго пак ќе биде замор. Знам лани како беше. Пукнавме, двајцата не можевме да се справиме со две годишен тодлер.
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На јolene, 1209 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    9.032
    Пол:
    Женски
    Да, мајки, не жени.
    Некои фирми не примаа жени кои немаат барем две деца родено. За да не им одат работничките на породилно, боледувања за деца и сл. Вистинска дискриминација.

    Инаку, ме потсети со прегорувањево на едно правило за брачни парови што се вика 2-2-2.
    Не знам дали го читавте по порталиве?

    Еве го најдов па го споделувам.
    https://vistina.com.mk/pravilo-2-2-2-so-koe-ljubovta-trae-vechno/

    Не дека мора доследно да се придржуваме, ама добра препорака е.
    Јас лани се преслушав и сфатив дека недоволно сме си посветувале време на нас двајца.
    Оваа година плановите за одмор ни се поинакви од ланските.
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Види не знам дали е точна статистиката. Од психолог Данијела Остојич слушав. Соодносот е 5:1 (жени наспроти мажи) во депресија на Балканот. Исто така и за нерамнотежа во работата на тироидната жлезда. Мислам дека рече секоја втора жена после 35та година веќе страда од тие проблеми. А кај мажите статистиката била незначителна. Многу мал број. Што мислите зошто е тоа така ? Епа баш заради ова. Од жената се очекува да биде столб, и тоа е во ред, сакаме еднаквост. И финансиски да придонесеме, и како мајки да се оствариме, но и пропратно се очекува како од шала ручек да има, беспрекорно чисто да биде, да стигнеме секогаш и секаде. Еве да речеме некои ќе успеат, некои не, ама на крајот од денот сите се гушиме во фрустрацијата. Ако успееме ќе платиме со здравје, ако не успееме стресот ќе не изеде и на крај пак со здравје ќе платиме.
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Женски
    Од мажот се очекува да работи ,зема плата и да издржува и секако да причува дете.
    Од жената,да работи,да зема плата,да гледа дете,да праи ручек у 5 после работа кога не знае кај се наоѓа ,да биде издепилирана,нашминкана,коса средена,нокти направени итн.
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.