Според анкетава 50% никогаш не доживеале ... Тогаш чуму служи сексов ? Само за репродукција ? Само мажите ли уживаат ....
Овие 50% што никогаш не доживеале оргазам, ме интересира дали нешто превземале да го подобрат односот, дали разговарале со партнерот и дали ова го гледаат како проблем? Секако доколку некоја сака да се изјасни.
Сама имам доживеано оргазам со пенетрација со прсти, а со партнер се уште не. Имаме убава комуникација ама малце ми е поразлична сензацијата (и со туѓи прсти), ни јас не можам како водич да се снајдам. Сепак ми е преубаво при пенетрација и цело време се осеќам како да сум на раб на оргазам.
Сум доживеала, но неколку пати. Незнам дали е проблемот кај мене, во смисла незнам да си земам тоа што ми треба, или кај партнерот, не ми дава тоа што ми треба
Ако се знаете себеси доволно, ќе знаете и партнерот да го насочите ако е некој нов.Ако е стар, научете го или сменете го Ја си кажувам како сакам кога треба, најбитно ми е јас да уживам.Не сум 100% себична, али сум.
Бидејќи сите се зачудени веројатно треба да ги разграничиме поимите. Викаат дека постои вагинален оргазам (што мислам не сум го осетила), и клиторален, што значи за време на секс истовремено и клиторисот да биде стимулиран. Јас доживувам секогаш, без исклучок, но не вагинален. Си бирам позиција во која најдобро се стимулира клиторисот. Орален секс и мастурбација пак е поврзан со стимулација на клиторис. Дали @WildMk на ова мислеше да ја насочиш анкетата? Зашто мислам дека повеќето одговараат дали воопшто некогаш доживеале, без разлика каков.
Не никогаш, но пенетрацијата не ми е ни најинтересен дел од односот искрено, и не сакам многу долго пенетрација. Сосема доволен ми е клиторичниот оргазам, што успева во 95% од случаите. Мислам дека нема врска каков оргазам доживуваме, сѐ додека партнерот се труди и за нас (па дури и предност да ни даде) а не да се тргни кога тој заврши.
@Elf @fbaby Тие 50% не доживеале оргазам во секс што е само со пенетрација, а не дека воопшто не доживеале оргазам.
И не не е ништо чудно, страшно и не мора да го менувате партнерот, apparently 82% од жените не доживуваат оргазам само со пенетрација, другиве 18% you lucky bitches https://jordanrullo.com/cant-orgasm-with-vaginal-penetration-youre-not-broken/
Па за да е по јак оргазмот и да е по интересно. И оралниот секс е подобар кога има пенетрација во вагината. А да не го заборавиме и партнерот.
Апсолутно не го гледам како проблем. Прашањето ми е, дали овие 50 проценти, доживуваат клиторичен или воопшто ни таков. Тогаш би било проблем
Не верувам дека некоја не доживува / доживеала клиторален оргазам. Ама тука дискутираме само за вагинален и апсолутно е проблем, имам пишано и во другите постови зошто мислам така. Проблемот е што жените се срамат да кажат што сакаат во сексот а мажите не се трудат жената да ја доведат до оргазам. Лично јас гледам двајцата да бидеме подеднакво задоволени во сексот а за тоа е потребна отворена комуникација.
Бараше коментар од лично искуство, и еве ти кажувам, јас не го гледам како проблем. И не станува збор за недостаток на комуникација, ни срам. Ама кој како сака и како му одговара. Ако има случаеви каде жената не комуницира доволно или не кажува што сака, тогаш треба да се отвори со партнерот. Не се сите случаеви исти, и не сакаме сите исти работи. Да не генерализираме.
Имам доживеано, но многу поретко од клиторичен оргазам. Убаво е чувството и на пенетрација, особено на самиот почеток на сексот, но некако не издржувам предолго така, после тоа ми се губи тоа "убавото". Со орален и со прсти ми е врв на задоволството. Се комбинирано по малку ми е доволно.