Се сложувам дека постојат секакви луѓе... Но ако немаме доверба ни во тој до кого спиеме, сигурно нема да веруваме во некој странец. Јас да функионирам така неможам. Не била само препораката, конкретно јас сум гледала како таа жена се грижи за детето кое претходно го чуваше зошто одеше на сите места каде ние мајките ги носевме дечињата,парк,игралишта... Можеби што живеам и во помал град и скоро по некоја линија сите се познаваме сум дозволила да отворам врата во домот за жена, која моето дете ја вика баба како неговите две вистински баби.. Ако не сум сигурна како го гледа, барем сум сигурна во однесувањето на детето кон неа, кога доаѓа, кога си оди... Незадоволно, малтретирано дете сигурно нема со насмевка и љубов да испраќа и пречекува како моето дете. Повеќе доверба да имам во 2воспитувачки на 30деца,кои кога ќе го земам моето две годишно дете пример што уште не ми кажува целосни реченици, испокасано, натепано ќе ми речат не знам не видов... Не... Во градинка ќе оди кога ќе знае сам да ги прави работите околу себе , да кажува што научил тој ден, со кого си играл, кој го удрил, каснал... До тогаш ќе си ја чувам жената што го чува зошто навистина се ретки такви личности кои се посветуваат на дете во секој поглед.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/303632-neviden-uzas-nova-snimka-od-dadilkata-koja-bezmilosno-tepa-bebe-video Мислам дека ова видео треба да го има овде и најверојатно повеќето мајки веке го имаат видено! Има што да се види...ГРОЗНО!!! Целта ми е мајките кои изнајмуваат жени за чување на нивните деца да бидат повнимателни при избор и во најмала рака да постават камери дома за да знаат како ми се чува детето! Се надевам ниту една мајка од форумот и воопшто, нема да налета на таква монструм дадилка. Искрено душата со омраза ми се наполни кон жената. Јас реално не сум против тоа да се изнајми жена за чување на дете, но после изгледаното видео сум пресреќна што не морам да изнајмувам дадилка која пред мене ќе глуми љубов кон детето а насамо со него грубо ќе се однесува.
Денес ни е прв ден со новата дадилка и помина прилично лошо. Малата не е дива воопшто пружа раце и на луге на улица, им се смешка, се закачка да ја земат. Прв пат покажа одбивност кон женава и ми се залепи за врат не ме пушта . Како да е друго дете. Др понеделник сум на работа ако не се мавикне до петок тешко мене, што ќе правам незнам.
Ај не биди песимист, цела недела е пред вас, ќе се дружат повеќе и сигурно ќе навикне. Туку жената како и пристапува, се труди ли да ја придобие, има ли искуство со деца?
@chocolade Јас мислам дека треба да најдете друга дадилка, зашто според мене е очигледно дека детето иако е мало и може ништо не разбира, ама сепак нешто претчувствува и сигурно може да осети дали некој човек е добар или не. Не го присилувајте детето на оваа дадилка што вие сте ја избрале, зашто сигурно детето нешто претчувствува што вие не можете да го забележите или предвидите. Мора да постои некоја причина, штом вака за прв пат се однесува.
Нема врска, не ја вади жената од памет. Нормално е вака да реагира дете со тотален странец, му треба време за адаптација. Чував десетмесечно бебе на пријатели извесно време, потполно исто реагираше кога ме виде прв пат, потоа успешно се заигравме со тек на време. Ретки се оние бебиња кои веднаш во истиот момент прифаќаат во раце да ги земе некој што прв пат го гледаат. Мене ми е незгодно во друштво на непознати, а не пак неколкумесечно бебе да оствари успешна комуникација без плачки и негодување со непозната личност. Кој друг ќе избере дадилка, aко не рoдителот. Ај ќе почека да порасне, па самото да си одбере.
@snegulkata жената се труди ама чудно е што мене сето тоа ми изгледа вештачки. Како со сила да си ја работи работата. Нема раб искуство, одгледала само свои 2 деца кои што се на 17 год возраст. @cresa-jagoda едвај оваа ја најдов, кај да барам друга @Mishela фала ти сто ми внесуваш позитивност. Се надевам дека така ке биде. Денес нит јадеше нит спиеше. Обично имаме 4 оброци а денес еве 16 часот едвај еден
пробај да ги оставаш сами , по малку , да видиш како ќе се прифатат како што сватив од понеделник ќе мораш
@Mishela Не мислев да порасне, па само да си одбере дадилка. Нормално родителите треба да изберат дадилка, но треба да ја изберат онаа дадилка која детето ќе ја прифати. Друго @chocolade кажува дека со други туѓинци кои прв пат ги гледа не се однесува така, а исто така @chocolade кажува дека жената ја работи оваа работа без волја, се труди, но со сила работи, па детето иако е мало и пак ќе кажам ништо не разбира, но тоа чувствува и затоа така се однесува. Ако вака се однесува во присуство на мајката, како ли ќе се однесува детето кога ќе биде мајката на работа. Но потруди се, иако е краток временскиот период, најди некоја млада девојка, сигурно детето полесно ќе ја прифати и ќе се навикне на неа, бидејќи читајќи ги овде искуствата на други родители, по прилагодливи и поприфатени од страна на детето се младите девојки.
Не е иста споредбата помеѓу „туѓинци“ и туѓинци, @cresa-jagoda, а факт е дека на секој му е потребен период на адаптација. Да не должиме многу со натегањата околу муабетов - јас сум сигурна дека сè ќе биде во ред за некое време. Не е толку едноставно да се најде нова дадилка со вакви критериуми за толку краток период, па уште еднаш да се „малтретира“ детето со процесот на адаптирање одново. Патем, @chocolade, „лајкот“ го ставив во знак на поддршка, не дека ми се допаѓа денешната ситуација. Дај му време на времето, како беше онаа пoговорката. Можеби малата реагира така затоа што навикнала да ја чуваш ти цело време, а сега од нигде-никаде се појавил некој нов, па чудно и` е и негодува вака. Секое добро, од срце ви посакувам лесна адаптација!
Фала ти многу Мишела. Фала ви на сите за мислењата. Немам избор ке почекам 2-3 недели ако продолжи вака ке превземам нешто. Осеќам дека детето ми се смени, не е толку весела и само ме гушка. @Mishela не ја чував јас имаше дадилка и претходно со која што немав буквално никаков проблем. Нема да веруваш но малата имАше 6 месеци кога ја запозна и тоа беше љубов на прв поглед. Ја фаќаше за лице и и се буташе во фаца како кутре за да се гали . @cresa-jagoda млада е и оваа накај 38 години има.
Не сакав да пишам ама имам искуство со жени, двете деа ми ги чуваа/ чуваат. Искрено ако за 5 дена не ја прифати не чекај ни понатаму, посебно дека претходно не реагирала лошо на непознати. Јас еднаш се зафркнав и 6 месеци сите се мачевме и детето и женаа и ние и да не пишувам после тоа колку лоши нсвики останаа...а кога ја сменив жената без адаптација, значи ни саат време не беа претходно сами, детево одма ја засака, јадеше, пиеше, спиеше. И ти гледаш дека вештачки се однесува а мајчинскиот инстикт не лаже. Извини може не сакаш баш ова да го прочиташ ама тоа е моето искуство. Ама сепак дај им шанса барем 5 дена и оставај ги сами, прво саат, па два па 4 итн.
@chocolade Која е причината што си ја сменила дадилката? Можеби детето се навикнало премногу на нејзе и сега не сака да ја прифати новата. Ако не ја прифати за 1-2 недели барај нова, ако не ја прифати ќе биде мачење за сите, а особено за детето. Колку години имаше претходната дадилка, млада беше или постара жена?
Нема потреба за извинување вашите мислења ми се добродојдени. Затоа и пишав за да споделиме искуства. Утре ке ги оставам сами, четврток веке ке и кажам да почне да ја храни и успива. Петок исто така. Искрено размислувам за опција камера или па скајп да оставам уклучен(скришно) ако е изводливо и на работа да слушам дома што се случува.
Беше 5 ипол месеци бремена и бевме свесни дека кога тогаш ќе мора да бараме друга дадилка. Двете решивме дека е најдобро да остави работа. Таа имАше 30 години а оваа 38. Кај да барам друга, што ќе правам со детево ако не ми ја прифати?
Немој....бебе како бебе сигурно ќе заплаче ( и нас ни плачат) и ти одма ќе се изнервираш и сигурно жената нема се да прави како што ти сакаш и ред други работи. Освен ако не сакаш да провериш не дај Боже да не прави други лоши работи. Пишувај и на ливче, кога да јаде, што да јаде, спиење во кое време....