Zdravo na site,sakam da prasam da ne znae nekoj dadilka koja bi rabotela treta smena za cuvanje na bebe od 10 meseci ? Ne mi se bitni godini,edinstvena obvrska ke i bide deteto.
И мене ова ме интересира, препорака на некоја добра женичка за синко (16м) за од Септември. Околу 5-6h во денот. Каде да барам , хелп!
Ме мачи едно прашање. Имаме жена по 8 часа на ден. Но од септември планирам малава да ја дадам во градинка. Проблемот е што о женава не сакам да ја откажам затоа што ќе имаме период на адаптација каде што ќе оди по 2-3 часа во градинка, после период до 12часот. Потоа разболувања а јас нема да можам да коростам боледување.Верувам дека адаптацијата ке трае 3-4 месеци(или грешам)? Жената за тој период ке треба да работи неполни 8 часа, може 6 може 5. Сега зима 12000 ден. Решивме да одиме и на второ дете и затоа не сакам да ја изгубам женава, ептен се навикнавме на нејзе. А ке ми треба и во бременост. Мм патува многу, друга помош немам. Замислата ми е да работи накај 5 часа со фиксна плата, а доколку имам потреба за повеќе би ја плакала дополнително. Кога ке се породам ке си продолжи како и сега. Ова е моја замисла, кажете ми вие како би постапиле, што би понудиле. Сакам и она и ние да бидеме задоволни...Долг пост, простете..
Ако сакаш и она да биде задоволна, најдобро со нејзе да разговараш, види она што ќе ти предложи, па размисли ти дали тоа она што ќе ти го предложи тебе ќе ти одговара. Треба заедно да разговарате за да постигнете успешен договор од кој и двете страни ќе бидат задоволни.
Секако ке разговарам и ке ја прашам и за нејзино мислење, но знам дека ке и биде срам она да предложи услови. Скромна е многу
Јас за првото дете така направив, се договоривме да го зема околу 12 и за пола плата, неа и одговараше инаку ќе барав друга, а ако го чуваше и повеќе на пр кога ќе се подразболуваше и давав повеќе. Многу добро се слагавме и се можев да се договорам со неа. За жал се разболе инаку ќе си ја чував за второ. Сега исто имам жена за малава плус го чува и големиов сега за распуст а претходно го земаше од школо. Од септември исто ја праќам во градинка ама ќе ја задржам жената, ми треба и за двајцата немам никој за помош. Она се сложува само уште околу износот не сме разговарале што ме потсети дека во скоро треба и тоа да го решам.
За жал помош е и одкако ке тргнат во градинка. Им завидувам на мајки што имаат баби за чување . Ке зборнам јас со женава, само прво да видам дали нема да добијам месецов така полесно ке ми биде. А женичкава твоја од 12 до колку работеше? И како ја плакаше кога работеше повеке, по час?
Додека не дојдеше некој од нас, обично 4:30, 5. Не рачунавме на саат некако сама си одредував колку сметам, и кога беше со фул р.време често и давав повеќе бидејќи беше многу флексибилна и стварно многу ни се наоѓаше. Оф не да им завидувам и на блиски кога мрчат за старите им викам не сте свесни колку сте среќни не туку им наоѓајте мани.
Многу тешко се наоѓа жена за чување деца. Ние прво го праќавме во градинка, приватна неверојатно скапо, а добиваше слично како дома да е. пак пред телевизор и се останато. Така да одлучивме од септември нека оди во државна градинка.
Здраво на сите Јас сум студент, 4та година на математика Доколку некоја од вас има потреба од жена(девојка) за чување на деца или помош за пишување на домашна работа контактирајте ме
Здраво женски, Дали може од искуство да кажете колку би земала жена плата за чување дете грижење околу него за храна и чисти алишта, за 6 дена во неделата од 17ч до 22ч.
Обврска и е детето, го зима големиот од школо и ги чува двајцата за распуст. Обврски по дома не и оставам ама самата си наоѓа секогаш нешто по своја воља да прави, таква си е жената.
Здраво девојки, Доколку има некоја потреба за жена за чување деца, исконтактирајте ме. Не е потребно да ја плаќате многу, а редовно ќе ги завршува домашните обврски јас гарантирам за тоа. Фала
Здраво, нова сум на форумов, но ве молам за препорака за чување на 9м женско бебе од декември во н. Капиштец.
Здраво. Имам 22 години и сум студент, Доколку некој има потреба за дадилка неколку часа во денот (после 4) би ве замолила да ми пишете во лп. Благодарам Ме интересира кога ве викаат за деца чување на разговор прво, дали одите кај нив дома или надвор прво? Треба да одам, и ме викаат дома и некако страв ми е вака, не сум сигурна
Првата ја викнав дома. А кај втората јас бев дома затоа што се знаевме преку некои пријатели. Но кога би барала друга жена, пак би ја викнала дома...
Девојки барам жена за децава, докај нг ќе остане оваа сега што ми ги чува така да малку ми е итно. Ако некој познава жена што е слободна, по можност во околина на Аеродром (не задолжително) ве молам пишете ми порака.