1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени за чување деца

Дискусија во 'Дете' започната од Kalina1, 17 мај 2011.

  1. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во скопје не аздисуваат, ако сакаш баш искрено да знаеш. Во Скопје месечни сметки се 7000 илјади за стан од 56 квадрати. Значи остануваат уште 5000 со кои треба да живееш цел месец. А треба и да се облечеш. Така да не е аздис...Зошто нели аздис е и жена да ти го чува детето, а постојат градинки за 1490 ден. А ти си на породилно до 9 месец. А за тоа дали некоја крадела е сосем друго. И мајка ми ке краде да има 6000 плата. Само со 6000 ништо не можеш да постигнеш. Така да пресметките и не се баш во ред. Јас ќе платам и повеќе само да знам дека моето дете е со вистинската жена. Али секој со свој памет.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да дозволам жена детето да ми го чува. Како мали нас не чуваше една девојка, дома кај нас друштво си носеше, внуката и внукот си ги хранеше со нашата храна, уште потсвесно ги изговарам нејзините заканувачки реченици кога сакам да заповедам, крадеше (ситни и безначајни работи).... Мислам дека градинката е подобро решение.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.330
    Не може да се генерализира колку е доволно, затоа што различни жени нудат различен квалитет, а и секој нуди колку што има, па ако жената се нафатила да ја работи работата - тоа е тоа. Има уште многу други професии кои се толку платени. Како и во секоја друга професија - има и такви кои забушаваат.
    Да, го доверуваш најмилото, а тоа е бесценето. Ама сепак тоа е работа и мора да се дефинира цена.

    И не мора да значи дека е аздис жена да ти го чува детето. Мене докторите ме советуваа до 5 години да го носам во градинка, ако сакам да не навлече некои хронични заболувања, затоа што имаше многу проблеми со здравјето. Инаку пред да имам деца тврдев дека нема шанси да дозволам да ми ги чува жена децата, мора да одат во градинка, затоа што тоа е најдобро за нив. Уште мислам дека е најдобро, ама ќерка ми ја запишував буквално секоја година, прв пат кога имаше 1 година, и никогаш не прооде во градинка како што треба. Син ми прв пат го запишав на 8 месеци, потоа повторно следната година, и толку беше. Сега ќе пробаме пак, последна година пред училиште, ама не можам да опишам колку сум под стрес како ќе му се одрази на здравјето.
     
  4. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    И јас сум за дете да оди во градинка,но ете некои се поболежливи,условите за излегување од работа или боледување се очајни.Јас од година и нешто сум одела во градинка и нема ништо поубаво.Многу зависи до жената што ви го чува детето.И такви кои не многу се трудат со децата,па викаат што за седење по дома ќе ги плаќам по 8.000 (за Скопје).Ама кога е поголемко не спие цел ден.Има кои ги гледаат како свои.Еве јас сум изненадена колку свекрвами со душа чување детенце, од играње,до шетање со него,му правеше за него ручекче,се буквално.Си порасна па сега го адаптираат повеќе на градинка,па така свекрвами сега е дома.Во секое време има препораки од нив.Но огласи има прилично многу кој нудат да чуваат.Ако некој е заинтересиран слободно нека ми пише.
     
  5. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    imam ponuda da cuvam dete no doma pa me interesira dokolku znaete dali cenite se isti kaj mene doma ili kaj niv(1000 den od saat bideki na poveke mesta e taa cena) maleckoto ima 1 god.ve molam za brz odgovor.blagodaram

    [mod-kirilica:2lmtju7f][/mod-kirilica:2lmtju7f]
     
  6. katemarkov

    katemarkov Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите

    Јас сум нова на форумов, и сакам да ве замолам за ваша помош и совет. Имам мало детенце 8 месеци и ми е потребна жена за чување на детето. уште еден месец тргнувам на работа но сеуште се мислам дали да го носам во градинка или да барам жена, поради тоа што на неколку жени што им се јавив ми бараат околу 10000 денари, за обврска околку детето ништо друго. Незнам дали сите работат за таа цена или можам да најдам и некоја поефтина, која што добро ќе се грижи за детето.
    Доколку сте имале и вие жена која што добро се грижела за вашите најмили, а сега не ви е веќе потребна ве молам да ми препорачате зошто немам уште многу време.
    Живеам во Горче Петров.

    Ви благодарам однапред

    Кате
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Кате за цените тие се, од 9.000-11.000ден, зависно од тоа каде живееш и дали ќе има платен превоз или не.
    Сите ги превземаат само обврските околу детето, а во тоа спаѓа да му направи и свеж ручек, да му испегла алишта, како и да ги измиие стварите кои се извалкани од јадењето на детето.
    Е сега, зависно од тоа како ќе ти се погоди жената, може по сопствена воља понатаму да ти заврши и некоја твоја работа, односно кога ќе зготви ручек за детето да ти зготви повеќе и за тебе, кога детето спие да ти забрише прашина и сл, но тоа е индивидуално.
    Јас мислам дека детето ти е сеуште мало, можеш да земеш жена за 3-4месеци, па кога ќе ти наполни годинка да го пратиш во градинка, за што дефинитивно сум за, пред се поради социјализирање на детето.
    Поздрав
     
    На katemarkov му/ѝ се допаѓа ова.
  8. katemarkov

    katemarkov Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам за советот. Мора некако да испланирам барем до септември да најдам жена па ако се вклопиме со неа ке си ја задржиме за една година ако не ке го дадам во градинка тогаш ќе има 1 годинка. Јас живеам во Ѓорче Петров, па ако имате некоја позната и добра жена да ми ја препорачате ве мола пишете ми.

    Поздрав
     
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Хмм...Денес почнав да чувам едмо детенце, има 2 години, мн е слатко :inlove: Арно ама сеа испадна мајкава сака да и пеглам КУП алишта,значи не само на детето, на маж и нејзини и другото дете, да и ги спрострирам на жица, да мијам садови и сл. Огласот беше за чување дете, асега испаѓаат и други обврски. Стварно ми е глупо, ама не планирам да и зигравам куќна помошничка. Ми нуди 4000 ден (месечно) за 4 саати дневно од понеделник до петок, значи 50 ден од саат. Стварно не знам што да правам, дали сите мајки така го подразбираат чувањето деца???
    Сакам утре да и предложам ако сака и помалце пари нека ми дава, спремна сум да ми дава и 3000 месечно (значи 40 ден од саат) ама да не и средувам по дома. Бог да чува :?:
    Што мислите? Ве молам за брз одговор ASAP!
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Па претпоставувам дека ќе побара некој друг, зашто очигледно и треба некој што ќе и средува и по дома :|
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да, значи ја ги жалев жените што им краделе по дома и што им се пикале секаде, ама сеа од овој агол гледано, стварно не се за жалење. Нормално не оправдувам крадење, ама и ова вака не бива. Сака куќна помошничка, воспитувачка и се со ред ... Ма ајде ако веќе бараат така треба да се наведе во огласот. стварно не знам што да кажам :x
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.330
    Ако не сакаш да правиш ништо плус - не прави, ама кажи и веднаш. Ако се нафатиш, работата ќе те фрустрира, и брзо ќе сакаш да си одиш, а детето таман ќе се навикне на тебе. Мислам ОК е да ги миеш садовите на од кои јаде детето, или евентуално да зготвиш нешто лесно за него, ама алишта пеглање на сите, многу е. Прашање е и дали детето спие во тој период и колку време. Ако спие 3 саати од вкупно 4 додека си таму, тогаш би требало нешто да сработиш, ама ако не спие - треба да го чуваш детето, 2 години и не се многу за само да се занимава. Одлуката ќе зависи и од тоа колку ти се важни парите што ќе ги заработиш.

    Обично повозрасните жени што чуваат деца работат се дома, а девојките поубаво ги занимаваат децата, па семејството си одлучува што му е поважно.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да, важни ми се парите нормално,ама ова вака стварно ќе ме исфрустрира. Инаку моите обврски се да го земам детенцето од градинка, да му давам ужинка и да му правам ручече (кашичка), да го пресоблакам и да му менувам памперс. Инаку да детето спие по обичај некои 2 саати од 14.30 до 16.00. Не ми е тешко ке измијам заостанати садови, еве денеска раскренав маса од сабајлето што доручкувале, наместив кревет на малечкото, раскренав онака забришав прашинка,а ама ова вака што ми кажа женава некако ми е ту мач. :) Не знам навистина како оди,пошто ми е прво вакво искуство затоа ве прашувам како "oди редот" :D
    Tnx
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.330
    Нема ред, зависи и од родителите, и од тој што чува.

    Јас имав две жени за чување, поточно втората уште ја имам. Не барав дополнителни обврски ни од едната ни од другата.

    Првата самоиницијативно работеше - пеглаше, поминуваше со џогер и слично. Јас и викав да одмара зошто женава беше прилично возрасна, а она ми викаше дека не може да седи, не е навикната, а детето спиеше 3 саати преку ден.

    Кога дојде втората веќе имав две деца, бев жива среќна што воопшто најдов некој кој се нафати да чува две деца, и на крај памет не ми паѓаше да барам нешто повеќе, освен да направи некоја манџичка. Децата беа мали, напорно беше да се чуваат, едното не ни спиеше преку ден. Кога пораснаа малку, и веќе јадевме иста храна со децата, почна да прави ручек за сите, ама без обврска, туку ако може. Ова почна особено кога едното дете тргна во школо, па чуваше само едно, полесно беше.

    Оваа година почнаа двете да одат во школо и градинка, и побарав ако сака да остане за истата плата, само да подработува нешто по дома, значи да пегла и пружи алишта ако има - иако главно јас ги пружам, да прави ручек, и ако има садови останато да ги стави во машина. Децата ги зема во 2.30, а не и кажувам јас кога да дојде, може да дојде кога сака, важно работата да биде завршена. И ако некој ден не стигне нешто да направи - нема врска. Иако вака мене ми е многу полесно - се ми е средено дома, никогаш не ми било пресудно тоа дали ќе ми средуваат дома или не. Ако ги ангажирам за чување деца, очекувам децата да бидат добро згрижени, а не куќата да ми биде под конец.
     
    На tina-63, pamelche и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  15. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Свекрва ми го чуваше детето на кумовите за 7000 осум сата на ден ама и го носеа дома и немаше вакви обврски. Обично вака прават додека детето спие ти да пеглаш значи сите 4 сата да бидеш активна што е злоупотреба јас не мислам дека треба да се работи во тоа време затоа што во секој момент може да се разбуди а ти работиш со самото тоа што го чуваш . Ако многу ти се битни парите гледај да забушаваш и спреми се на тоа дека ке ти се зголемуват обврските а и сатите. Такви се денес повекето од модерните мајки безобразни знам од моите другарки како им прават на девојките кои им ги чуваат децата , нарочно бират помлади затоа што постара жена нема да им прифати. Штеди се ти бидејки никој нема да те штеди и не и ја спомнувај втората опција пак ке те искористи а ке ти даде само 3000.Не треба да бришеш прашина , само неговите садови и работи треба да ги рскреваш. Ктастрофа се жениве само да искористат. Не се замарај психички и нешто да ти каже па не си му згрешила на прецедателот на Америка. ;) . На крај карева ова ти е времена работа за џепарац а не нешто од што ти зависи кариерата така свати си го и не се фустрирај.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Само да ве известам, :D , вчера и реков извини ***** не можам да пеглам алишта, посебно не оние кои не се на малиот, и она некако несериозно ме сфати, рече па не мораш сите наеднаш :?: колку можеш толку :!: . Некако несериозно ме сфати,а ама јас и кажав па сеа она што сака нека очекува. ;)
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Јас чувам детенце веќе 8 месеци и супер ми е се е според тоа како се договоривме, значи моја работа е да го облечам, нахранам и заспијам, за поголемото моја задача е да му ги спремм книгите за у школо, немам обврски да пеглам, готвам, чистам, некогаш знам да фатам да измијам садови али тоа го правам од што сакам ја... Земам 4000 ден. за 7 саати дневно, од понеделник до петок, исто и празник не одам, или ако некој од родителите си дојде порано јас одма си заминувам.....
     
  18. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Bella Dona зарем не се договори кој се твоите обврски кога се нафати. Обично за 4 саата бараат 5-6 илједи денари. Речи и на мајката за тие пари ние се договоривме само детето, а ова сега излага и плус обрски. И јас сменив 4 жени и само последната беше асална. Кај мене беше детето и ништо друго,но тоа некој го злоупотребија и нивниот тањир што јадеа ми го оставаа јас да го мијам,блендерот немиен, кога ке дојдев исушен,па десет пати и кажав барем потопи го во вода и пак се правеше на чукната.
    Ама јас би ти рекла да и кажеш ако сака да пеглаш нека те плати повеке.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.299
    Допаѓања:
    101.399
    Пол:
    Женски
    Како прво ти не си куќна помошничка, туку си бебиситер за детето. Ако госпожата сака да и чистиш и пеглаш и се по ред тогаш нека ти плати дупло. Јас немам деца, немам искуство со жени но имам искуство со жена која ми чисти дома. Жената ја имам веќе 5 години, прекрасна жена е, имам потполна доверба во неа, НО, не би и рекла ајде сега покрај чистењето и спремањето и дете да чуваш. Боже сачувај. Здравје кога ќе имам дете нема шанси да терам некоја жена да ми пере, да ми чисти и да ми го чува детето во исто време. Подобро нека се концентрира врз детето, нека не ми краскрева прашини и да му бучи со усисивач кога спие. А и она нека се одмори за тие саат два кога спие малото. Па и дете да чуваш не е воопшто лесно.
     
    На Kostadinkalaf, Animali, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ти се праци на тошо убаво те сватила , ама добро сега фати си го редот само со детето и не ги факај алиштата нека седат неиспеглани прај се ти на тошо :D
     
    На Animali и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.