Моево е големко, јаде и ладно ладење и спремно од синоќа, и подгреано (тоа што може да се подгрее). Откако почнав со работа баш немам избор. А секако готвам за сите заедно, не јадеме вегети и потпржена храна така да ок ни е.
Не, не, затоа во заграда пишав, тоа што може да се подгрее. Другиве работи за викенд ги јадеме да се тазе.
Поголемките деца веќе е ОК да јадат и подгреано јадење. Освен се разбира спанаќ и слично. Твоето е упште малечко гушкалче и му следи тазе готвено.
Јас за нас не готвам само за неа. Па се дур не гптвам за нас, ќе јаде таа тазе. од вечер нема шанси. Или јас не знам да се организирам, преморена сум и едвај чекам кревет да фатам.
Сите сме такви, преморени и на изглед неорганизирани. Или бварем и јас сум таква. Само што моето на 2 и пол години кажа дека сака да јаде исто што и ние или не јаде ручек. Или јадеме сите исто или се караме. Па сакала/нејќела морам да имам ручек кој може и тој да го јаде (повеќе манџи и слично). Така што како растат така се менуваат и потребите. И ќе се снаоѓаш некако кога мораш.
@AngelOfArh се фаќа околу 9 часа да е кај нас. Обавезно спрема доручек и ручек за мали како што ти кажав. 13000 ја плаќам ама дека живее блиску па пеш доаѓа. Има слободен ден кога жената ми доаѓа за чистење (мали оди кај моите). Викенди е слободна, а ќе има плус уште некој ден кога ние ќе користиме одмор за зимовање и слично.
извини вака што се уфрлам...ме интересира како сте договорени,дали ја плаќаш кога користиш одмор/боледување?
Sveki zima 12000 za cuvanje preku edna nedela edna cuva edna ne. Odmor bolovanje plateno se. Cuva i ponekogas im pomaga okolu nekoj domashni raboti veke 5 godini raboti kaj istite
Епа добро, мојава не би идела за викенд, празници, 6 саата само, не е ваљда малку, женава башка не ми стои незадоволна. Вчера се видоа, убаво муабет си направивме. Се надевам ќе се погодат оти ми тежеше.
За боловање и сега за зимскиот одмор ќе си ја платам цела плата. За летниот не можам да се сетам како се договоривме, ама мислам дека за тогаш се договоривме цела плата.
Има ли некоја мајка да препорача жена од искуство, значи да ви чувала на вас или ваш близок од која сте задоволни, да ми пише дм.
Повторно јас на темава...пред месеци пишував на тема баба ќе чува повеќе внуци и еве ми дојде под ××× работата...Треба за месец дена да почнам да работам а другите внуци се нонстоп болни:де настинка де температура па на крај и морбили...бабата ги чува, а јас треба да почнам да одам на работа и поскоро ќе почнам со обука..срце ми се тресе..се нервирам зошто видете во иста куќа сме и таму се 2 внука едниот има 3год од мало го исчува другото година исто...моево на ред неможе да дојде за се што треба јас се најавувам ден 2 однапред а другиве ги оставаат не им чуе...и сега бабата сака 2те да ги чува помалото со моето значи едно е година друго 8 месеци..што мислите?дали сте чуле некој да чува 2 деца на таа возраст тоа е изводливо? Ова нонстоп се разболува другово, незнам што да правам, да ангажирам жена најдобро...препорачајте ми ве молам реон кисела вода, ај упизду материну нека одат извинете но кога станува збор за моето дете нема компромис нели
Ако ангажираш жена ќе треба на некој начин ,,да се правдаш,, пошто и да мислат искрено и да нр мислат ќе ти речат еее зошто јас ќе си го чувам...подобро градинка приватна. Ја не би оставила дете во оваа ситуација
А мислиш дека во приватна градинка ќе го чуваат подобро од дома со баба, бебе кое никогаш не одело во градинка? Таму 1 или 2 негователки на 10 деца, а овде баба со 2 не може да се справи. Па како им е на бабине близнаци што чуваат? Како е на оние од две ќерки, јатрви или што и да е што чуваат. Ти уствари бараш некои посебни услови, само твоето дете да ти го чуваат, ко што сфатив, и тоа е ок, секој за своето си гледа, ама јас пре би дома да го оставам и тие пари во приватна градинка што ќе ги дадам да ги вложам во детето или да ги заштедам, отколку да го дадам во градинка, таму на почеток нон стоп ќе се разболува, пак ќе мора со баба да седи дома, и пак си на истото. Не ме разбирајте погрешно, јас сум за градинка, женава супер го чува, ама се гледа дека детето има вишок енергија, вчера падна од креветче што никогаш не му се десило, едноставно не знае што со себе, али ако гледаме во случајов подобро е дома отколку во градинка на таа возраст. Па тие деца ќе израснат секако заедно, ја биле ја не биле во градинка, дома ќе се гледаат, подобро да пораснат заедно и да се дружат отколку вака. Што знам, да имам баба би го чувала дома, бар до кај 3г.
Баба и градинка не се за споредба. Ако чува баба, да, очекувам едно да чува. Ако веќе се повеќе градинка е подобро. Што е поентата дома да се чува ако се меша со болни деца? Ем болно, ем неизиграно. Никакво фајде. И мајка ми сакаше да чува дома за да ги гледа и другите по школо, ама и кажав дека не ми одговара. Ќе ја разнесувам и будам сабајле, ќе и реметам ред?! Да, себично звучи. Ама како расте малово сфаќам дека никој мува не го лази за никој. Колку сум трчала за сите (ко пијана кокошка) толку никој 2% не те есапи. 3цата болни еден да дојдеше да помогне. 250 еур само систина не чинеше мене и мм да се оспособиме за живот. Ако финансиски си во можност, независност и слобода ништо не ја мења.
Во приватна се 3 бебиња со 2 жени. 12 000 и даваат што ќе дозволиш да јаде. Слики ти праќаат цел ден ако сакаш. Ако имаш 12000 дај ги у приватна неголи жена.
Воопшто не се објаснувај и докажувај @lylaby со бабата...Ако имаш услови земи си жена дома да ти чува,бидејќи и во приватна се разболуваат бар малку да пркне детето до кај 2-2,5годинки. Тоа чување истовремено две толку мали деца,според мои стандарди не е прифатлифо.Тоа се деца на многу захтевна возраст.Па само на поголемково дур пелена му смени(ако е некое што бега и се превртува),она нерви ќе изгуби,а камоли да ги анимира па да им нагодува за јадење едно нејќело ова да јаде,друго сакало.Спиењето верувам во различен термин им е...Нема шанси,на преживување би биле,т.е. ништо поарно од градинка. Ти си знаеш накдобро,јас споделувам свое мислење и впрочем како постапив бидејќи бев затекната во истата ситуација.