Ме интересира колку плаќате месечно за жена да ви го чува детето? Зачитав коментари н почетокот но тоа се од 2012 год. Сега и стандардот е поголем
За 6ч дневно, само да го чува, од тие 6ч он спие 2-3ч сигурно, јадење спремно, се спремно, и давам 8000ден. Кај нас има храна, се што сака, блиску и е, не плаќа превоз, така да тоа е тоа, мислам дека е ок. Викенди и празници не работи.
па реално доволно е за тие часови сепак и не е да речеш да работи за без пари. Кај братучед ми кога на снаата и заврши породилното ангажирааа жена за чување. Сметаа дека е мало за во градинка а и знаете околу годината и имунитетот му е слаб а тие работеа приватно и тешко беше да излегуваат на секое за секоја настинка.
Јас да имам и 12000 би и дала, ама не можам да си дозволам моментално. И не барам ни да ми чисти ни да ми готви, ништо, она се што прави плус е од неа, а за воља на вистината прави многу, знае и да спреми ручече за дете, ако речам пример нека јаде макарони она ќе му направи сосче некое, знае и да замие, знае и да подсуреди, некни правосмукалка зела усисала...
секакви има и секој со своја совест. Нормално додека бебе спие и јас би зачистила нешто не ќе стојам да гледам серии и да пијам кафе. Некои бараат преку лебот погача па и тоа 6 часовнп чување им е тешко работат ко со сила а за пари олкави се.
13000, ама има обврски со 2 деца иако едното е претежно во школо, и плус се минимум 9 саати. Да порано можеше да се најде и за 9000, сега тешко.
Незнам дали ќе ти се нафати некој за два часа. Другарка моја за 4 часа бараше па не се нафаќаа зошто си бараат за цел ден ангажман, а вака им се цепка времето.
Јас за 6ч давам 8000, ти за 2 веројатно е сосема ок да даваш 3000ден ваљда, шо знам, за помалце кој би дошол.
со оглед дека две деца ќе чува не верувам дека ќе се нафати за 3000 ден. Една погоре пиша 13000 за 6 часа за две деца плаќа. види побатај па ќе се договарате.
Како ви се сигурни тоа дадилките да ги наречам? По препорака одите или преку огласи... додуша и тие препорачаните се знак прашање...незнам, одма ми е пред очи тој случајот со таа старката што имаше и снимка како го малтретира... може забегав, може е правен овој муабет... ама да не листам сеа понапред, стварно има доста коментари...
И у градинка има малтретирање, ехеее... Имаше видеа и од градинки. Ништо не е сигурно освен дома да си го чуваш. Тоа е.
Знам тоа, ама мислев да не ги бирате нешто во стилу мајка и на таа и таа шо и е братучедка на другарка ми, или на мајками пријателка золва, нешо така.... мене ми е шубе туку така некоја да ангажирам, макар на интервјуто и ко Мери Попинс да ми се појави.. ај белким за моиве нема да ми треба, со близнаци сум, 15 месеца е дозволено породилно, скоро година ипол ќе имаат, па ете до две год. мајками да ги почува па на две во градинка... ама ќе видиме, здравје Боже! За по градинкине исто ми е страв ама ќе барам врски, нешто ќе правам, ко за се во оваа земја
Се слуша. Има и звук. И мора малку да се опуштиш. Сите ги имаме истите грижи ама детето ќе покаже ако нешто не е во ред. Мојов ја обожаваше. Уште не можам да се помирам што ни откажа. Инаку за претходното, јас по препорака барав од блиски луѓе. Имав две или три на интервју.
Ама ти ептен филмови си правиш. Ако така размислуваш од кај знаев во градинка како му се истура. Башка дете удрено, малтретирано се осеќа одма. Јас кога одам дома го гледам колку е среќен и весел, задоволен, исполнет. Малтретирано дете прво ќе има модринки, ќе биде несигурно, плашливо, кенкаво... Јас пишав на една женска група на фб, ми пиша ќерка и, се погоди да ми е комшика жената, се распрашав и излезе дека е баш добра и исполнителна. Колку повеќе се тресеш толку се поголеми нервозите.