Барам дете за згрижување во попладневните часови, од 16.00ч. Знам дека од сабајле се сите на работа и повеќето огласи што ги прочитав се за од сабајле но ако ви треба или знаете некој, пишете ми лп.
Ми треба жена за помош во чување на близначиња, стари 4ипол месеци. Јас сум дома, што значи обврските ќе бидат поделени. Истотака, некои искуства да споделите со жени за чување деца преку агенции? позитивни/негативни/се... фала ви!
Јас ве молам и да ми кажете преку која агенција најдовте жена за чување, или препорака за жена што чува деца во околината на кисела вода или Припор. И мене ке ми биде потребна жена во иднина, а досега не сум имала искуство со тоа, првото дете го чуваше баба. Фала многу
Гледам дека не сум единствена ама сепак може ќе имате некоја препорака Барам жена за чување дечко од 8месеци во Козле. Само за чување без други активности и во работно време од понеделник до петок 8.30 до 16.30. Ако знаете некој за препорака или ско има некој тука што е заинтересиран нека ми пише порака.
Mi treba zena koja imale predhodno iskustvo za cuvanje na bebe od 6 meseci, pocnuvaki od dekemvri Od 08.30 do 13.30, za pocetok, Bez drugi obvrski po doma osven bebeto I negovite potrebi Bi bilo pozelno vo blizina na Karpos 3 Kontaktirajteme vo inbox
Луѓе ве читам и се чудам. Бебиситерската работа е секаде подценета али кај нас па не ми се верува колку многу. Едно морате да сфатите вие што кажувате 6000 денари дека биле доволни. Не се споредувајте со вашите работи кај што сте земале по 15-16 илјади, убаво ви напиша некоја членка, вие сте осигурани, пријавени. 6000 денари за некоја да ви седи 8 часа полно работно време не само што не е доволно туку е и деградирачки. И за жена од 40 години и за студентка. Уште очекувате пеглање, готвење, чистење? Ние сме народ кој едвај си го вади лебот, па трпиме, инаку сум видела по други држави, колку сакаш доплаќај не ти изиграваат куќна помошничка дома ако звањето и е бебиситерка. И ве молам не правете смешни споредби во други градови барале помалку. Во други градови и стандардот е понизок од Скопје. Секако зборувам за одлични бебиситерки. Детето најадено, преслечено, стоплено, играно, и виспитно образовен процес да се запази. Барајте високи критериуми, али не нудете понижувачки цени
Има и професионални фирми за беби ситинг и тоа има за дневни потреби (се плака од саат) и за постојан ангажман. Позади секоја беби-ситерка стои фирма. Спојлер: Да не испадне реклама https://www.babysittingmk.com/cenovnikot-dadilki И не е само оваа, има и други две-три, прогуглајте-видете. А 6000 денари, навистина се премалку. Некој 9 часа од денот ке поминува со твое дете, крајно понижувачки е да бараш за тие пари да те ,,заменува,, Ама навистина..
Во врска со агенциите за бејби ситинг, фирмите ви препорачуваат жена со лиценца и сите бла бла убавини со неа....но...ова не би била Македонија ако е се така убаво. Агенцијата после првиот месец не гарантира за професионалноста коректност однос и доброто чување на децата...тоа после си зависи од меѓусебната релација со жената. Со други зборови ставете си камери по дома. Финанскиот момент не го коментирам, во разни градови низ мк е различен, но факт е дека жена без препорака од познати е ризик. Моето истражување по агенции за жена, така покажува, поправете ме ако грешам.
Кога ќе барате жени само со препорака. Или доколку лично се познавате со жената. Не се остава дете на секој. И 6 000 денари се малку. Ни за 12 000 не би се нафатиле, а не па за толку малку. Читам дека некои бараат и готвење, чистење и све остало. И тоа е ок, ама нека си платат повеќе.