Колку е доволно да плаќам за жена која би ми помагала од 12 до 4ч (4часа), без обврска за готвење. Само да зима деца од градинка (едното во 12, другото во 3ч) и да ми помага со нив дома. Во рок од 2м ке ми треба, бидејки малиот ке ми биде на безглутенска исхрана и ке оди во градинка од 9 до 12ч (бар периодот кога имаат активности), а градинка ми е мн блиску, а малата ке ја адаптираме за да оди цел ден.
Па ако даваат по 15 илјади за цел ден чување по некоја логика на пола. Штознам 7-8.000 ? Има жени кои чуваат и за 12.000 има и 18.000. Ако најдеш жена што има некоја пензија и за 6.000 е ок зошто реално па ништо нема да има обврски само да ги зема и анимира дури дојдеш. Другарка на мајка ми чува жена, по 4 часа неделно за 6.000 ама притоа ја бања и и готви .
Јас ке сум дома, јас ке готвам, ама неможам сама да готвам, да ги анимирам, да исчистам, морам посебно и за синко да готвам, посебен прибор итн... А многу се тешки и напорни, неможам сама, се нешто бараат, неможам ништо да постигнам кога се двајцата заедно. Јас ке пробам неделава сама ама мислам ке мора помош... Зашто душа немам веќе сама па сама се... Неможам да стигнам да дочистам, а не се друго...
Baram da cuvam detence za celo rabotno vreme. Imam 25 godini i imam cuvano dete od 2 godini i bliznacinja od godina ipol (zaedno so druga zena).
Едно блиц прашање. Колку би платиле на девојче, жена, да ви ги причува децата на неколку саати (4). Или 8 часа додека сте на работа, некогаш кога би имало потреба. Пс Кај мене конкретно се работи за 2 деца, 3 и 6 години.
Прво дали ќе најдеш таква особа. Ако ја најдеш договори се. Во таков случај, ако е само понекогаш, договори се од саат да е плаќањето. Пример: 40 саати неделно е фул работно време. Месечно, грубо, се 160ч. Минималец е 15 000. Испаѓа 100денари работен час. Ова само како насока. 8ч работно време би било 800 денари Е сега со тоа што ќе ја викаш по потреба, треба и да понудиш повеќе од 100 денари/саат. Договори се со нејзе лично.
Jas ja plakjav zenata 12000 den. Decata porasnaa jas ja zadrzav zenata dodeka sin mi trgna vo treto oddenie,zasto si otide vo penzija. Mi gotvese i sreduvase po domaSin mi go zemase od gradinka, pa od skolo. Da ti kazam mnogu tesko se naogja zena. Gledaj da ti bude blisku. Moze da prasas i vo grupata zenski domakinski raboti na fb nekoja da ti preporaca. Jas mojata zena ja najdov preku agencija
Имам да ви препорачам жена за чување деца, од Ѓорче до Карпош - Центар. Не знам детали околу плата ама можам да ви дадам број да исконтактирате. Жената е млада, не е во пензија и има чувано дечиња и претходно.
Доколки Ви е потребно да Ви се причуваат дечињата по неколку часа дневно можете да ми пишете. Имам искуство со чување дечиња.
Здраво со оглед на ситуацијава за децата дома и нема градинка морам да ангажирам жена да ми ги чува децата(1 и 4 година) но одредени денови во неделата не цел месец па ме интересира колку плаќате од ден. Поздрав секоја информација би ми била добредојдена
Здраво на сите! Нова сум на форумов. Дали на некој од вас ви треба девојче за чување на вашето детенце? Со оглед на ситуацијава со корона вирусот, не знам кој би сакал некој да му го чува детето, сите се плашат, но градинките не работат. Друг избор нема доколку некој почне со работа а нема кој да му го чува детенцето. Имам и претходно искуство со чување дечиња, што се надевам е од голема предност. Доколку има некој прашања и е заинтересиран нека ми пише.
Ваше мислење . Дали би дозволиле на 17 годишно девојче да ви го чува детето? Девојчето е вредно добро , ги има исчувано браќата. Јас би и дала шанса но сепак ваше мислење?
Јас да. Ако ја знам и лично уште посигурна ќе бидам во одлуката. Доколку не сум сигурна би ја викнала прво пробно накратко за да видам каков ѝ е пристапот со деца. Знам да проценам, а и децата како ќе ја прифатат е исто голем показател дали е ок или не. А зависи и за колкаво дете се работи. Важно повеќе доверба имам во помлади девојчиња отколку во повозрасни жени (мое лично искуство).
Да го причувува повремено, да. И јас сум чувала деца секој викенд кога бев средно. Ако мислиш на чување секој ден 8 саата додека сум на работа, тоа не би го оставила на млада девојка, баш заради воспитувањето. Едно е да му даде јадење и да го прошета, а друго е да ти го расте и воспитува детето пола од времето, сепак за тоа би сакала некој постар и со искуство со сопствени деца.
Искуството со сопствени деца нема никаква врска со тоа како ќе ти го чува детето. Мене ми го чуваше малиот девојка која немаше нејзини деца, па подобра грижа немал. Намирен, среќен и секој ден нови зворови учеше а беше 1 година и неколку месеци. Повеќе е до искуството и желбата да работи со деца.
Не дека нема млади девојки што со огромна љубов би чувале дете, ама јас лично не би ја оставила ќерката 8+ саати на ден со некој без животно искуство со деца. Зошто реално тој што не чувал деца или немал свое не знае како е цел ден да поминеш со дете. Едно е 2 саата до парк да го носиш, а друго е да го најадеш, пресоблечеш, заспиеш, анимираш... За чување повремено по неколку часа, би ја оставила без проблем и со помлада девојка, дури и да нема искуство со чување деца ама има желба да го прави тоа.
Ама мешаш две различни работи. Едно е искуство со чување деца, а друго е чување сопствени деца. Точно е девојчево е многу младо и освен ако немало помали дечиња во фамилија тешко дека има искуство со чување деца. Ама повозрасна девојка која има искуство со чување деца е подобар избор од стара жена. Мене тоа стара жена ми е исто како баба да го чува, а сите знаеме колку се попусливи најголемиот број од бабите и колку можат да се носат со мали жилави дечиња. Девојката што ми го чуваше детето имаше искуство со чување деца и тука и во странство. Јас имав камера дома и во ниеден момент не изреагира зошто камера. Фала богу не ја гледав цело време што прави, зошто детето ми беше среќно секогаш кога ќе си дојдев дома. Пуштав само ако ми требаше да и јавам нешто, да проверам случајно да не се успијат или спие малиот.
Не реков дека само стара жена која има свои деца. Реално знам колку енергија имам јас на 30 години и мајка ми на 60. Муабетот беше за 17 годишна девојка. Таа и да чувала деца, сигурно не ги чувала по цел ден со месеци и години. Како што реков, и јас сум чувала на таа возраст, по 4-5 часа, од бебе на 6 месеца до деца од школска возраст. Со мерак сум го правела тоа. Тоа не значи дека сум била спремна да воспитувам туѓо дете поголем дел од денот. За своето дете би сакала некој со малку повеќе животно искуство (над 30 години, и пожелно и со свои деца), со енергија (тоа не го врзувам со возраст, ама што помлада толку подобро), и искрено идеално би било да има некое образование во детска психологија и развој. Бидејќи знам дека претерувам со моите желби, затоа детето ќе го пратам во градинка Поентата ми беше дека на 17 години нормално е да нема толку искуство за да се снајде со сите потешкотии со детето, но за повремено чување мислам дека млада девојка со љубов кон деца може убаво да го занимава детето. Но не би најмила толку млада девојка за секојдневно чување.
Не мора да има нејзини деца. Колку па жени сум видела со нивни деца и не знаат да се понашаат со деца ко што треба, ни со нивните не па со туѓи. Ама на 17 годишна не анам, 90 посто не, ептен да ми остави впечаток само тогаш. На 17 ги доживувам ко малце не баш одговорни доволно за со деца. Да не претеруваме да имала завршено детска психологија, за мене се глупости тоа. Пошо знам дека и да има некоја, може да не ме бендиса, прво и прво тргнувајќи од тоа какви завршуваат факултети Ама се си мислам на 17 нема трпение доволно, не знае како да го забавува. А инаку мое мислење е не може да и давате минималец на жена кога чува две деца. Минималец е за едно. Со секое дете обавезно се зголемува плата. Па и да ви готви, средува плакари, нели е претерано да очекувате се за минималец. Тоа се буквално три професии, дадилка, куќна помошничка, готвачка