Здраво дечки, барам жена за чување на 8 месечно бебе, 7 работни часа 5 дена во неделата во Аеродром.Дајте совет колку оди плаќањето просечно и што да очекувам? Инаку за готвење и чистење не ми е потребна,главно обврските се околу детето
Потребна ми е жена/девојка за чување на две мали деца два до три дена неделно, 4 часа во денот, со вклучен оброк. Обврски само околу децата, земање од градинка, пресоблекување, хранење. Ако имате некоја препорака пишете ми ...
18 000 плаќам јас, и готви што ќе и кажам, ја шета, игра, успива...Јас сум презадоволна. Мој предлог е да имаш 2-3 недели период на привикнување (да бидеш присутна и ти и жената) за да се навикне детето, а и ти да стекнеш доверба...
Феминки, ако има некоја заинтересирана за чување 1годишно дете со скратено работно време, пишете ми порака.
Ако има некоја млада девојка од Охрид која би ми помагала со малиот во одредени периоди и активности од Јанури па натака нека ми пише во лп
Мајки имам девојче кое доаѓа веќе неколку месеци да ми помага, имам близначиња и неможам сама да постигнам се. Му дадов време на девојчево да се покаже, но тотално сум разочарана. Јас готвам, пружам алишта, собирам, пеглам, чистам…. Буквално со ништо не ја оптеретувам околу домашни обврски, таа треба само да ги заигра да им зборо да ги припази да не се удрат. Значи апсолутно ништо не прави, неѓа никаква идеа а имаме купови играчки, башка ниту им зборо, гледа само цртани да им пушти и толку ќе си го земе телефонот во рака и си седи како на гости да е дојдена. Значи тотално сум разочарана, башка ја плаќам за 8чсас работа а таа има денови кога така седи по 2-3 часа (тоа време децата спијат и нема обврски). Како да постапам незнам, сто пати и спомнувам од околу дека треба да им збори да ги заигра ама девојчево нема желба за ништо, никаква митивација, нула… дали да и кажам да си оди и да барам друга жена или да не очекувам ништо подобро. Незнам стварно како да постапам, ми изгледа како тие што за ништо не ги бива се нафаќаат за чување деца. Како сте задоволни вие од жените, какви обврски имаат??
Барај си друга жена. Ако сте се договориле да ги чува и анимира децата тоа треба да го прави. Џаболебари колку сакаш.
Ако нѐ си задоволна од неа, што нѐ и кажеш. Нѐ знам колку ја плаќаш, сите за пари работат. Другарка моја, има жена што и го чува малиот, ама обврските и се само околу малиот, ја плаќа 20.000 ден. и презадоволна од неа.
Здраво,ме интересира како се движат цените за чување дете од 10м,8ч дневно,5дена во недела.Само обврска околу дете,без чистење готвење.
Може има разлика од град во град. Скопје конкретно луѓево во околина што плаќале од 15.000 до 25.000.
Ние нашата ја плаќаме 16 000ден со тоа што планирам да и ја покачувам постепено. Доручек јас му правам сабајлечки и ужинка понекогаш. Се друго прави она. Ама нема никакви обврски да средува по дома. Значи само детето го гледа и додека спие он му прави ручек. Кај нас јаде еден оброк со тоа што се и отворено што сака може да јаде, но јаде неколку специфицни работи и гледам секогаш да ги има тие во фрижидер. Значи доаѓа во 8-45 сабајле и го зима малиот го пресоблекува и му дава доручек, после тоа играат, му збори, му пее, ако е убаво времето одат надвор. Кога беѓе топло шетаа и по 3 саати надовр, сега макс 30мин. После тоа го заспива и за тоа време она јаде и му прави ручек. Кога станува го рани и си играат.
Јас имам чувано близначиња заедно со уште една жена, така сакаше мајката на дечињата затоа што беа две. Меѓутоа од џаболебарење немаше ништо. Сабајле обавезно на прошетка и двете по саат, саат ипол, освен кога врнеше или кога беше многу ладно, тогаш ги игравме дома. Им читавме од сликовници, цртавме, пишувавме букви, игравме со пластелин, боевме во боенки, игравме со коли и камиончиња, со топка, игравме криенка, правевме шатори од столици и ќебиња, буквално се што ќе ни текнеше. Потоа им дававме ужинка и гледаа цртани за тоа време додека јадеа и после на спиење. Кога ќе станеа од спиење по пола час им дававме да ручаат и откога ќе се наручаа повторно на уште една прошетка или ако е ладно тогаш игравме внатре. Најадени, наспиени, изиграни и прошетани секој ден кога беше топло. И јас сум млада меѓутоа да знаете дека повеќе е до човекот во врска со тоа како ќе се грижи за децата. Треба човек што ќе ги чува со љубов.
Zdravo na site, baram osoba za cuvanje na 1,5 godisno dete od 15-20h otprilika od Pon-Pet, potrebno e osobata da bide fleksibilna vo odnos da moze po potreba da ostane do pokasno ili da raboti i za vikend, za podetalni info pisete mi poraka, pozz
Здраво мајки, синко го чува жена и моментално и плаќаме 16 000. Го чува скоро два ипол месеци. Сега сакам за Нова Година да и дадам пари наместо да и купувам поклон. Ќе му дојде како к-15 Која сума мислите дека би била прифатлива за оваа прилика?
Се бара жена со искуство за чување на дете од 7 месеци во Аеродром. Работно време од 8-16, пон - пет, ангажманот е само околу потребите на детето, без чистење и сл. За повеќе детали во ПП
Здраво, извинете што упаѓам, може ли и мене да ми ја кажете агенцијата за дадилки и дадилката од која сте задиволни? Фала ви многу