Добар ден друштво, Барам особа за повремено чување на дете од 13месеци, за во населба Карпош. Ве молам пишете ми лп доколку имате да ми препорачате некоја.
Zdravo. Bi ni bilo potrebno dadilka vo skopje za cuvanje na 8m bebe, po 2 dena nedelno samo ednas vo mesecot 3 dena. Koja bi bila cenata so obvrski samo kon detenceto i normalno vklucen obrok
Е јас какви проблеми имав пошто немаше кој да го чува малиот а јас на милион страни милион обврски. Да напоменам дека немам ни родители ни било каква фамилија. Од страната на бившиот маж и свекорот и свекрвата само за нивниот газ си гледаа. Свекорот ниту доаѓаше ниту питуваше за детето а свеки ќе дојдеше на пола сат да го расплака детето да се изнаслика сто слики и да објави на фб као еве со внукот и си одеше. Толку. Ниту изразила желба да го чува ни ништо. А бившиот нормално од нејзина страна беше. Ни тој ни свеки не биле бебиситери на моето дете така ми велеше. Нмв , детето беше 2 месеци кога почина татко ми (со кој инаку никогаш сум немала контакт) и морав да трчам по погреби , судови , нотари, адвокати па триста глупости околу делењето на куќата. Немаше кој да го чува малиот. Ова го искористи моја свеки и дојде и кажа она ќе го чувала ама да и платам 600ден дневница пошто нели сега куќа наследив. Арно си викам. Барем ќе го чува додека завршам работа по град а плус ќе имам време и да одморам. Спремував голема торба за бебето со млеко со пудри пелени облека абе се само да биде ок. Си викам за 600ден ќе го чува барем 6 7 саати. Арно ама госпожата ќе ги земаше парите и за еден саат се јавуваше дојди дојди детето плаче те бара нз шо. И јас избезумена ќе трчам да го земам. После дознавам дека детето уопште не плачело туку оваа сакала да шета и не и се седело со мало дете. Да напоменам ова не се случуваше секој ден да одам јас по нотари. И така го израснав јас детето се сама буквално се. А она ќе се слика за на фб као ногу јака баба е. Инаку мојот проблем со делењето се раздолжи а детето ми беше веќе 1 1,5 год . Свеки пак по старо. 600 ден за 2 саати чување дете или ништо. Не ми беа проблем парите туку тоа што ќе седне она на фб и зајдува а детето кој го ебе. Кога и да го земав од неа се беше извалено раци нос нози се, мрсули цел, пелената полна ниедна пелена не му сменила иако пуштав по 5 или 6 комада, испотен цел непресоблечан, па дури и кога ќе прашав има ли јадено детето ќе кажеше да, а јас знам дека лаже и ја питам е што јадеше и она вика смоки јадеше. Веќе и ги научив триковите и ми пукна филмот. Имав една другарка ромка со три деца, кои многу го сакаа моето цел ден играа заедно. На неа почнав да и давам 400ден зависи колку имав, и да ви кажам толку добро што го чуваше абе алал и вера. Многу ми помогна таа жена. Детето и пресоблечено и најадено и наспијано и среќно абе не сакаше да си замине од кај нив. Така беше некое време и после свеки почна да се жали како сум можела кај цигани детето да го оставам, срамота што ќе рекле луѓето, а жената го чуваше од сабајле до вечер за 300 400 ден. И тој мојот абдал од страната на мамичка почна да се буни, само да се бунат а никој да помогне. И тогаш го запишав градинка а оти одев на работа неможев да го носам и да го земам. Ни тоа не сакаа да го прават ееј. Ни да го носат ни да го вратат. Ајде оставив и работа и се за детето. И после ќе ми се прават они као јаки добри родители татко и баба. Абе им љубоморам на тие жени што имат кој да им почува дете. Иначе како така го израснав долги год бев жртва за моето дете, добро се спасив од тој абдалот, а на таа свеки сега тие пари низ нос и ги ваѓам да видите како седи мирна сега.
Здраво на сите, Мајка сум на две мали дечиња - Марија која има година и еден месец и Војдан со два неполни месеци. Живееме во стар Аеродром, позади тобако 2. Ми треба помош по дома со нив, од понеделник до петок од 9 до 17.30 часот. Ангажманот е за подолг временски период. Доколку има заинтересирани или ако сте во можност да ми препорачате некој, ве молам пишете ми. Поздрав
Здраво, Барам жена за чување 10 месечно бебе, полно работно време (7.30-16.00), почнувајќи околу 20ти јуни. За повеќе детали пишете ми приватна порака.
Барам бебиситерка, исклучиво со искуство, за чување на 10 месечно бебе во Карпош. Работно време: 2недели во месецот од 7.30 до 16.30, 2 недели од 13.30 до 16.30. Личноста треба да биде непушач, вакцинирана за ковид и со препораки. Старт на ангажман: август 2022.
Здраво на сите на форумов. Ја имам поодамна листано темава за жени за чување деца. Бев во фаза на барање жена најдов дојде на разговор кај мене дома се спогодивме за плата ама некое чудно чувство ме јадеше кога ќе си помислев декаа таа жена ке ги чува моите две деца па се пишманив еве останаа дома децава, но сега треба да почнам со работа, а градинка не ми се исплати пошто 2 недели болно две недели дома, хммм ниеден работодавец мислам дека тоа нема да го истолерира, па се одлучив да најдам жена за чување деца. Ако некој на форумов има добро искуство со жена што чувала деца или пак да препорача би била многу благодарна.
Здраво мајки, не наидов на ваква тема па да ја започнам... Какви се вашите искуства со жена кои ги чувале вашите малечки... Предлози да не имате некои... На два ума сум што да правам...Жена или градинка...
Прашање. Дали мислите дека е паметно летово да чувам деца? Не сум имала искуство со менување пелени, ама многу сакам деца и би работела со нив. И како оди плаќањето? Ама да не е некое премало, ми е страв да ги допрам.Ради главчето највеќе.
Ако е лиценцирана во ред, но многу мала е веројатноста дека би била жена на место. Не е само физички да го чува детето, треба и да го воспитува. Затоа градинка сепак е подобар избор.
Сезонски не верувам дека бара некој. Ако чуваш сите ке сакаат подолго време. Додека се навикне детето на тебе ке треба да се разделите. Плус на родителите не им треба само за неколку месеци, туку за подолг период. Ептен да ти излезе прилика некое дете додека да почне со градинка да го чуваш. Барај друга работа ако ти е само за лето.
Паметно е зошто да не. Порано не се бараа толку бебиситерки, колку сега. Инаку не мораш бебиња, можеш првачиња. Дечињата сега што завршуваат се 5-6г сами дома не можат да седат и тие што немаат баби дедовци ќе бараат некој 3м да им го чува додека тргне во школо. Види колку се оние едукативните центри што преку лето 8ч ги чуваат за да знаеш отприлика колку би требало да си платена
Како кој работодавец ќе толерира? Знаеш колку не има така на форумов со работа и деца во градинка, без друга помош. Барај жена секако ако сакаш, ама градинка е попаметно. Плус тоа со болестите ако не на 2г, на 5 ќе ги поминете или на 7.
Никогаш не би се осмелила да оставам бебе кај друга личност. Какви сака нека се околностите ни една жена не би ми била "сигурна". Па јас на сестра ми не и го давам да го почува кога имам работа, а не па на туѓинец.