Мене скриена ми беше. Телефон со апликација поврзан со друг телефон и на движење се активираше камерата. За дете ми е гајле дали беше исправно или не. Битно ми беше да е безбедна ќерка ми, сепак немаше ни 2 години и не знае да ти каже ако нешто не е во ред.
Моето нема да има ни годинка кога ќе го оставам. Не те разбрав, преку телефон следеше, откако инсталира апликација?
Да, истата апликација на двата телефони, едниот дома оставен со камерата, другиот во џеб . (Alfred home security е апликацијата)
Мене кога ми го чуваше жена детето отворено и имавме кажано дека има камера. Незнам дали и кажавме дека е ради неа или чисто онака зошто од ходник ни беше поставена па накај дневна. Секако многу ок прифати. Мислам дека е корекно да се извести за ваква работа. Мене ми вршеше работа за да видам кога спие бебе за да не ѕвонам , за другото се гледаше дете дека е среќно, анимирано, со ново зборче секој ден.
Ја си имам веќе обична, нема што да и кажувам, се гледа, на ѕид е. Само една имам моментално, ама имам инсталација за 3 пуштено и скоро цел простор ми го покрива. Нека знае дека се снима и дека ја гледаме Инаку и ние на некоја апликација ја пуштавме, претежно на таблет ни е кога спие најчесто.
Наши пријатели имаа од Али во лустер што се мести покрива цел простор. И имаа зошто. Жената беше буквално целллл ден легната со серии а детево со таблет во рака . Баш гледавме, жално
Ние за првото воопшто немавме. Жената ни беше по препорака, па не осетивме потреба. Сега жената не е со препорака за жал, случајно ја најдов, немам избор. И по се што сум се изначитала и изнавидела решив да ставам. Само прашањето е каква? Знам дека не е коректно да е скриена но по мене целта може да ги оправда причините. Тоа би било секако кратко на почеток дур стекнам доверба или дур се смирам малку. И ова ми е опција. Да ставам една на ѕид, нема де да фаќа ама барем она ќе биде свесна дека има камера и може повнимателна. Звук ќе има секако. А се мислев да земам камер за на спална и тука да си стои, мене ми треба за бебе бебе кога спие да го надгледувам да не ми тресне од спална. Може и со оваа опција да одам, нека стои таму па нека ја гледа. Среќа во несреќа ќе кажам, можело и многу полошо да биде недај боже. Таа на лустер ја гледав иначе но апла се гледа дека е камера на ампулата.
Јас би ставила камера. Не се остава дете на секој, а и баш би ми било битно да знам дали ќе е анимиран и најаден и наспиен, не само да претпоставувам дека е така
Ако во некоја жена до толку немам доверба па да морам камери да ставам, како прво не би оставила дете да ми чува. Знам дека некогаш се нема избор, ама попрво не би одела на работа отколку дома да примам некоја која пред месец дена не сум ја ни познавала. Ма ниту за чистење а камоли дете да ми чува.
Ќ Ако го следиш форумот ќе видиш дека овде се нема доверба ни на баба кога се остава дете. Мајки сме заштитнички се однесуваме што мислам дека е нормално. Како јас што ќе си го гледам никој нема, затоа ќе си го чувам до една година. Првото ми го гледаше жена, требаше време да се стекне доверба но затоа сега после 6 години сеуште сме куќни пријатели. Да напуштам работно место во кое што сум 16 години и во кое сум задоволна не ми ни доаѓа на памет
Да, сајтот океј, ми пишуваа жени, едната многу нападна и дрска, па ме натера да се подзамислам дали сакам да оставам некому дете така на непроверено да кажам, без препорака од некој ... Не знам..
Јас па мислев дека сепак е некаква гаранција чим се преку нивна платформа. Олеснителна околност ми е мене што е маж ми дома, инаку и јас не знам како ќе постапев. Претпоставувам немате од сајтов ангажирано.
Не, немам, не ми е за фул тајм, па некако се повлеков после случкава. Мене сајтот повеќе ми личи како таков за поставување огласи (пазар3 и сл), мислам дека немаат контрола во тоа кој сè става оглас или пушта пораки ( ова само мој впечаток, немам точни податоци така да не тврдам ништо) . Инаку, од сајтот одма реагираа кога им пратив мејл и го пријавив профилот на жената што ми пишуваше, и го избришаа огласот, не знам дали ја банираа, не ми пиша уште еднаш.