Жени за чување деца

Дискусија во 'Дете' започната од Kalina1, 17 мај 2011.

  1. SvetleCece

    SvetleCece Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво :hai:
    Пред се да ви честитам 8ми Март :clap:
    Јас сум нова на форумов. Се надевам дека сум добредојдена :)
    Се зачленив од причина што ми треба консултација околу изборот на дадилка за мојата 3 годишна ќеркичка :inlove: Ви ги прочитав муабетите на темава, ама гледам дека е уште актуелна, па еве ме :)
    Значи ми е потребна баш онаа дадилка, која ќе ми ја чува малата 9 часа на ден, додека сме со сопругот на работа. Свекрва ми веќе нема да може да ми помага :( , па...
    Знам дека претерувам можеби со барањата, ама сакам да не е многу возрасна, и да е образована. Не ми треба да чисти, и пере, пегла, само оние работи кои се потребни околу малата, да ги раскрева барем играчките, да и зготви нешто да јаде и слично. Видов некои агенции кои имале база на дадилки со препораки и психолошки тестирања. Незнам колку чинат и како иде тоа. Незнам дали преку нив, или самостојно да си барам. Имате ли да ми препорачате некои дадилки ? Да ми дадете совет од ваше искуство? Мислење?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.815
    Допаѓања:
    202.833
    Пол:
    Женски
    SvetleCece, како прво, добре дојде на форумов и среќен празник! Ти посакувам пријатна дружба и се надевам ќе најдеш многу корисни совети на форумот :)

    Како второ, зошто не ја запишеш ќеркичката во градинка? Доволно е возрасна брзо да се прилагоди, а да не се разболува често како што е тоа случај со помали дечиња.
    Инаку, немам лично искуство со жена за чување деца, ама ти советувам ако најдеш некоја по препорака, провери ја внимателно, сепак дете и куќа оставаш на непозната личност.
    А што се однесува до агенциите за изнајмување жени за чување деца, ги има неколку, и колку што сум информирана, цените одат од 12000 ден. месечно па нагоре. Скоро исто би те чинело сама да најдеш жена за чување, бидејќи овде во Скопје не земаат под 10000 ден. месечно. А тука некаде се и цените за приватните градинки. Размисли и види која опција ти одговара најмногу според финансискиот момент, ама пред се, за доброто на детето. Јас да сум на твое место би се решила за градинка, според мене е најдобра опција за деца од 3 години нагоре.
     
    На SvetleCece му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Цеце,јас би се решила за градинка. И јас имам керка 3,5 год. и од 2 год.идеме во градинка Корчагин(државна градинка) и сум презадоволна. Пред тоа 4 жени ги сменив за 1,5 год. и се каам што не си ја дадов одма во градинка. Си ги фрлав парите а сто пати и е поубаво во градинка со другарчињата. Да ги видиш како се дружат,како се уиграни, па идеме по родендени - не смееме да пропуштиме ниеден,па ми кажува на кого што поклон да му купам на пр.Никола сака војници,Маја кукли . Ниедна жена ни баба неможе да ја замени градинката.
    Но нели секој си знае за себе, биди внимателна при изборот.
     
  4. SvetleCece

    SvetleCece Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Фала ви многу за одговорот девојки.
    Јас сакав да ја однесам во градинка, но таа опција ја отфрливме, по доооолгооо размислување со сопругот. Решивме директно во школо да ја пратиме, а до тогаш да ја чува дадилка. Дојдовме до крајно решение дека така треба да постапиме. Затоа сакав пред се да се консултирам.
    Фала ви уште еднаш за советите.
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    И јас не би оставила жена да ја чува, во градинка на таа возраст имаат добра програма за работа, за играње, секој ден прават нешто интересно, пеат, цртаат, шетаат, бојат, си играат, цел престој таму им е исполнет. Тоа со жена дома не го добиваш никако. Прво, што никако не можеш да бидеш сигурна на што ќе налеташ, второ, биди сигурна дека нема да може да го држи тоа темпо 9 часа сама со детето, цело време да прават нешто, а не да гледаат репризи од турски серии. А дете јас не би оставила така никому, сериозно. Што се немам прочитано на интернетов како искуства (Од Македонија, од Скопје...) една жена дури беше до хистерија доведена кога слушна дека жената што ја чува малата без дозвола го зела детето и ја однела во друг град зашто требала мебел дента да купува од таму... па ти види.
    Моја препорака-градинка! Не се секирај, ќе се прилагоди и интересно им е со деца на своја возраст, многу подобро и поинтересно од со која било жена дома. :)
     
    На SexiLy, Trendafilka и Annath им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Во врска со муабетот погоре, не знам колку сум компетентна да зборам... Ама сакав да ги кажам работите, од едно друго гледиште. Можеби ќе се пронајдат некои, можеби мене ќе ме препознаат, ама сакам да кажам, затоа што јас знам најдобро, како и беше на мајка ми. Конкретно, мајка ми чуваше деца.
    - И не, не зимала никогаш 10.000 денари. Зимала и 3.000 денари, за 3 дена во неделата. Зимала 7.000 денари за работните во неделата. Ама кога доаѓаше дома, беше папсана! Знаете каква беше папсана? Здив немаше во неа. Менуваше 4 автобуси дневно. И колку остануваа за неа? 140 денари дневно, трошеше само за автобус. Ама ако ти требаат тие пари, ќе работиш.
    - И сите секогаш викаат, само околу детето, ако треба нешто да се направи јадење за него, да се раскрене. А после некој ден, ќе почнат да ти викаат... абе ај ако сакаш вецето, испеглај, испери, изми ја терасата, помини со правосмукалка, исчисти прашина, направи ручек и за нас.
    Чекај малку, што беше договорот? Ама пак ти ќе си ќутиш, затоа што немаш друг избор.
    - Или, на ти уште 500 денари месечно, за да останеш уште еден час, секој ден. И плус сабота. Молам?!?
    Секоја чест на исклучоците. Мајка ми имала среќа и со нив да се сретне. Ама тие се во загрозен тип. И јас сум слушала за некои лоши дадилки, кои ништо не работеле. Ама знам и за многу родители, коишто премногу бараат! А на тие што бараат, би ги советувала доколку бараат дадилка... да бараат некоја поблиска личност. Или по препораки од нивни блиски. :)

    Можеби мајка ми ако знае дека тука пишувам, ќе ми се наљути. Ама само сакав да кажам дека родителите не се секогаш во право. Благодарам.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.761
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка,но ке се умешам во темата.Факт е дека во секој случај е поубаво детето да оди во градинка,но не секое дете може да оди.Ете јас немам одено во градинка од проста причина што многу често се разболував па од 4 недели во месецот јас 3 ги седев дома а 1 одев во граднка колку да се разболам. И мене ме чуваа дадилки.Некои ги сакав некои не ,конкретно од една и ден денес имам уплав коа ке ми текне на нејзе бидејки имаше одвратно големи нокти кои ме потсекаа на канџи и се плашев од нејзе. Сепак сметам дека без разлика на негативните искуства може да се најде пристојна девојка/жена која ке ви го чува детето.

    Од друга страна смета дека многу и од родителиве се некоректни и нефер. Сите викаат сакам дадилка која ке го чува детето,но уз пат и да му готви јадење ,и да замие тањир и чаша, да забрише прашинка... Тие според мене веке не бараат дадилка туку кукна помошничка која ке ги завршува домашните работи покрај тоа што ке ги чува децата.

    Мене моите дадилки никогаш не ми готвеле,туку мајка ми и татко ми одвечер ке ми напраеле кашички и маџички па после таа ми ги давала и ги топлела ако евентуално треба да се строплат.

    Некако новиве домакинки ептен сакаат на висока нога ко во флмовите,да имам жена што ке ми го чува детето,што ке работи по дома а ја ке бидам гопога со големо Ѓ. Не е во ред.

    Нека нагласат на почеток што очекуваат од девојката/ жената што ке им дојде дома па ако се сложи да го работи тоа ок, ако не нека си бараат друга жена што ке работи под тие услови.
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А зошто не е во ред? :?:
     
  9. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    не е во ред затоа што.. никој не ми е должен да ми чисти по дома туку е платена да ми го згрижи детето.а не да изиграва робот по дома.да замие нешто негово да потсреди ако растурило тоа го сваќам барем тоа може доколку малото спие.ама да изигравам некоја госпоѓа и да терам некој да ми ги пере гаќите тоа не!се знае платена е за детето а не за чистачка.и само да ажам никогаш не би го оставила детето дома со некоја жена.не дека немам доверба туку си постои градинка јасли и обучени лица за многууу помалку пари кои ке ми го згрижат детето и ќе се измеша со други дечиња а не вака само дома.сега барем имаат супер програми за деца по воспитните установи.
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Во ред е ако ја платиш за тоа, така?
     
  11. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    да да,ако барам жена што ќе ми го чува детето и воедно ќе ми чисти и си е платена за тоа се си е во ред.нормално доколку јас немам време.ама да глумам лудило како на една што и чував деца..пу пу скраја било.она иде по масажи фризери а децата јас и ги чувам еднаш не се сврте да ги бубне бе.и мајка ли е тоа? а камоли да зачисти..дремеше по цел ден и место да ми ги дава мене тие пари можеше да им купи нешто на децата.
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Сосема е во ред, ама да, ако ја платиш за тоа. И ако однапред и кажеш што и е работата.
    А не на почетокот една работа и после тоа уште 101 друга работа.
    А не за некои бедни 5.000 или 7.000 колку и да се, ти и да изиграваш куќна помошничка (да направиш ручек, да исчистиш, да им наместиш кревет и ред други работи) и да чуваш едно/две деца. Плус и да шеташ дете низ населба... Па ако треба и другото од градинка да го земеш.
    И за тоа време на пример од 8 до 4 саат поручек, ти да си исцрпена потполно. А кога ќе дојдеш дома, да не можеш да стигнеш до веце да се измиеш. А камо ли ручек да направиш.

    Мајка ми имаше случај, кога и рекоа: Јас си имам жена што ми чисти, за тоа не се сеќирај.
    И после тоа утредента да ти рече: А бе слушај, утре ќе дојде жената да исчисти. Ама ти помогни и, да не прави се' сама. Исчисти плочки (пример).
    Епа така не може.
     
    На zuzu82 и Forko им се допаѓа ова.
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    кога веќе барам некој да ми го чува детето нека го чува како треба побитно ми е да го чува а не да гледа да постигне да исчисти а детево на две на три.ќе дадам ако треба уште 1000ка на некоја друга да исчисти ама жената што е платена за чување да биде посветена максимално на детето.
     
    На zuzu82 и Annath им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.761
    Пол:
    Женски
    Затоа што е во ред да бидеш Гопоѓа ако жената што ти доага дома трудот и го вреднуваш на првилен начин. Неможе да ти пере,да ти пегла,да ти готви,прашина да ти брише и згора на се и дете да ти чува а да плакаш со некоја смешна сума.

    Сакаш да имаш повеке слободно време,тогаш и од буџетот ке си одвоиш повеке за да си го приуштиш тоа слободно време.

    И како што кажав,на почеток не си ги постават условите.А не, секој оглас гласи -Се бара дадилка, и после некое време ке почнат со изволевања. И јаре и паре нема.
     
    На zuzu82 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Тоа сакав да кажам де, дека ТРЕБА да се плати ако сакаш да ангажираш некој за да имаш свое слободно време, и дека нема ништо погрешно во тоа :)

    Не може, апсолутно не може, се согласувам.
    Јас само сакав да искоментирам дека не значи дека сите ние модерни домаќинки се правиме госпоЃи ако земиме некој дома да ни чисти или чува деца. Ќе си платиш како што треба, како што ќе се договорите, и тоа е тоа :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Колку само се злоупотребува оваа професија кај нас. Воопшто и никој не знае што таа значи. 4000 ден за 7 саати? Ќе се прашаме, јас зимав 3000 до 4000 за саат ипол два зависи коа како. И тоа само да го земам од градинка и да јаде ако сака. Но, пеглање готвење за нив, чистење баш никад. И мајка ми кога о чуваше предходно, само за него да зготви, и тоа е тоа е сеа она дека го чување 8 саати зимаше 9000. Плус јас да не заборавам, таткото стално ми даваше 1000 плус, зошто знаеше дека тоа што го зимам е малку а и дека мајка ми ја плакаа малку.
    Сега мајка ми зима 12000 пегла само за малото, не чисти, готви само за него, никогаш ама никогаш еве во 2 години не зготвила за нив. Секаде смее да го шета, го носи и дома(нормално прво праша, ама и тие си доаѓаат тука, кафе ќе се напијат и ќе си го земат). Ако и треба нешто превоз, пример многу да врне, да е касно, ладно па да не може пешки и даваат пари за такси. Пошто не е мн далеку, а и нема бус мора такси.
    Пушач е и не им смета тоа, само да не се пуши пред детето во затворена просторија нормално. Мени ми е малце глупо тоа да не е пушач, освен ако не е некоја лудача па да пуши пред детето. А тоа дали ќе го учи детето, дали ќе бои црта се си зависи од детето, ова на мајка ми, ништо не го интересира, не можеш минутка да го седнеш а не па да го учиш.
    Најбитно е да го сака детето и да се грижи за него да не е гладно и да е чисто.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Не се согласувам дека доволно е детето да не е гладно и да е чисто. Ако веќе се нафаќа некој дете да чува, тогаш МОРА да го чува како што треба, а не тоа да и биде платено време да гледа турски серии зашто „детето не го интересира“. СЕКОЕ дете го интересира, ама најлесно е да си бидеш пасивен, да не се трудиш и да викаш „А бе детето не сака“. Јас да имам жена да ми го чува детето и таа да го има тој став, веднаш ќе ја отпуштам, сериозно. Како што во школо викаме дека наставничката треба да го заинтересира детето за да има напредок, така е и ова. Од друга страна, не можам да сфатам луѓе ќе се нафата за некоја работа и после ја работат како на сила, демек, малку им плаќале, не вреди да се трудат. Има две опции-побарај повеќе пари или оди си. Ама кога нешто си се нафатил да го работиш, ќе го работиш 100%.
    Јас дете не би оставила на жена затоа што најголем дел од нив се незаинтересирани, едвај чекаат некоја серија да фатат да гледаат и да помине времето. Секоја чест на оние малку исклучоци. А парите што ги добиваат ВООПШТО не се малку! Помалку добиваат негувателките во градинка кои секој ден мора да излезат на крај со 20 деца, да ги анимираат, да ги нахранат, да ги преоблечат, да ги заспијат, да ги измијат итн итн.
     
    На Moira, MacenceEna, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Малку повеќе навлегов во муабетов... Да, не е доволно детето да најадено и чисто.
    Нормално е прашина, правосмукалка. Нормално е да се раскренат играчките, да му се направи јадење, да се прошета детето и слично. Ама не може да се бара за 5.000 да ти чисти веце, да ти пегла гаќи и чорапи, да ти прави за дома ручек и да ти прави генералка дома. Тоа не!
    А на почетокот нормално ќе се нафатиш, ако ти речат само основни работи да направиш, како горе споманатите. И не можеш да им кажеш: Или поголема плата, или ќе си одам.
    Не се наоѓа лесно работа. Не можеш туку така, кога ќе ти текне на памет да пресечеш. А поготово ако се работи за месеци како што се декември, јануари и февруари. Кога едвај се крпи крај со крај. Не паѓаат од небо понуди, за да чуваш дете. Ќе си трпиш.
    И јас сум одела со мајка ми, за да и помогнам. Додека она чисти, јас да го причувам детето. (известени беа за тоа родителите, дури и дома беше едниот). Мајка ми не седнуваше, а камо ли да гледа серии.
    А иначе, баш во градинките е поинаку. Баш едно детенце, што го чуваше мајка ми, отиде во градинка, за да има повеќе другарчиња. После тоа, родителката и кажа на мајка ми, дека откако не го чува она, тоа воопшто не е најадено. Во градинка ништо не јаде, само кога ќе дојде дома. Дури и еднаш успеало да им избега од градинката.
    Премногу навлегов, доста од мене.
     
    На Sunshine88 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Точно, МОРА да го чува како што треба, ама никој не спомна турски серии. И СЕКОЕ дете не е исто. Ова дете, не е како сите други, не сака ни цртани да гледа туку само да трча нит играчки нит ништо друго, другото што го чуваше сакаше да учи и сите песни ги научи, учеше зборови англиски, црташе, боеше, сакаше да му се читат книги значи се како што треба....Така да не може да се збори во глобала. Сепак и искуството со работа со деца си го прави своето. Мајка ми исчувала 2 деца свои, 2 туѓи, 2 на сестра па и нивните деца, и сите ама баш сите се различни. Да сите ги интересира нешто, некое играње, некое цртање, некое цртани.
    Факт е дека никој не сака жена која само ќе седи и ќе зјапа во телевизор. А за пеглање, за прашина за чистење вц, никогаш нема да се согласам.
    Јас кога би барала жена за да ми чува дете, нормално би сакала да е 100% посветена на детето. Значи пак ќе кажам, да не е гладно, да е чисто, да е средено и воспитано. Да е послушно а не да се опушти покрај неа, значи сакам авторитет. Не сакам да ми чисти, зошто никој ама баш никој нема да ми исчисти и испегла како самата јас. Не сакам да чепка мои работи. Исто така за готвење, не е должна по мој терк да готви, зошто јас пример не јадам се. Но, исто така и јас како родител би требало да имам голем удел у сето тоа. Ај додека е мало детето, се знаат кои се обрските, ама коа ќе потпорасне, мора да му дадам до знаење дека тоа и дадилката мора да ја слуша исто како мене, и јас да го учам и анимирам.
    Не дека ги бранам дадилкиве, има и некој кој никако не би ги препорачала. Ама, кога збориш со дадилки и слушаш толку различни приказни, е стварно да ти се смачи, замислете детето не смеело сок да пие штетно е, демек само 1 месечно малце може .
    А за градинките, од искуство со жениве, искуство со пракса што лично сум ја осетила, ги вреднуваат тие што имаат пари затоа што убав поклон ќе им дале за 8ми март. Децата во дворот се качуваат лулаат лизгаат а тие седнале на клупа и пијат кафе и пушат?????? Или една што ја видов си отиде си паркира колата до игралиште и си пушти музика, а децава сами. Не сакаше да јаде ништо цел ден, а детево го зимам и ми вика имас сендвич во тебе....до 2 години ги хранат и пресоблакаат, после ги оставаат и помочани да седат, сами да јадат итн. Имам уште многу да зборам...Ама нема зошто секој има различно сфаќање.
     
  20. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Јас ја работам оваа работа веќе година ипол. Во странство.
    И многу е поразлично од ова што го читам за во Мк.
    Овде се знае се, распоред, во кое време детето што прави, што ке јаде, дали смее десерт или не. Играме детски игри, (не на компјутер, тоа еднаш седмично е дозволено), двапати неделно може да гледа цртани филмови, се учи да каже те молам и благодарам, ако направи некој испад добива казна. Ако цел ден се однесува како што треба, добива награда. Така прават родителите со децата, тоа го прават и дадилките.
    Ако некоја фамилија сака истата личност и да ги чува децата, и да се грижи за домашните работи, за тоа плаќаат екстра, од саат. Екстра работа, екстра пари. И не е срамота да побараш. А и повеќето не чекаат да бараш, ке те замоли за екстра саати помош, и веднаш ти кажува дека ке ти плати.

    Во Мк е далеко поразлично. Децата се гледаат на тв, од Полат, до какви ли не филмови и серии. Пред компјутер се по цел ден, игри со насилство. Страшно. Ми се прави госпоѓа, јас моето дете вака го воспитувам, онака... а децата не знаат да лажат, тие се кажуваат што се случува дома и како се чувани
     
    На AIT, zuzu82, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.