Здраво, Препорачајте ми ве молам жена за чување на 9месечно бебе идеално од К.Вода. Обврски би имала само околу бебето во работни денови и тоа 3 дена би била ангажирана од 08:00-15:00, а два дена од 13:30 -15:00.
potrebna e devojka ili zena cuvanje na 6 godisno zensko dete od ponedelnik do pwtok od 07:30 do 16 casot. naselba Aerodrom, lice za kontakt Sasho 078/298-497
Се нудам да чувам дете на скратено работно време, 4-5 часа максимум во околината на Кисела Вода. Може и во две смени. Сите заинтересирани нека ме контактираат ЛП.
Барам студентка за чување на 16 месечно бебе од 18 до 21ч три пати во неделата, за Тафталиџе. Пишете ми лп ако има заинтересирани
Zdravo Goran, Zainteresirana sum za oglasot, za podetalno da iskontaktirame, ako ste i Vie pisete za kontakt, Pozdrav
Здраво, Потребна ни е помош околу чување на 2.5 годишно девојче, два до три пати неделно од 08.00 до 14.00. Локација Центар, кај стара железничка
Здраво, Бараме жена за чување на десет месечно бебе, секој ден од понеделник до петок од 13.00 до 17.00. Локација- населба Хром.
Како се движат цените за дадилките? Конкретно за во Битола ме интересира, но добредојдено ми е секакво инфо. И знам дека е индивидуално, но што попрво би одбрале меѓу студентка и пензионерка за чување на 10м бебе? @Tea SK @Mucika мислам дека вие имавте дадилка, ако не сум грешка?
Имав јас неколку месеци лани. Помлада дадилка имав, 37 години и давав 5000 месечно. Обврски само кон ќерка ми имаше. Зависи колку е активно детенцето ама мислам дека помлади дадилки повеќе се снаоѓаат , јас лично пензионерки не земав во предвид.
Како бе 5000 месечно? Неделно да не мислиш? Инаку и мене само за обврски околу бебе ми треба-јадење, преслекување, шетање, анимирање, меѓу 8 и 8 и пол часа дневно, од пон-пет. Читам на групата на фб некои нереални суми од по 35-40000 месечно. Мислам, можда реални се, јас не можам да си ги дозволам.
Да да. Обврски само околу бебето. Кај мене доаѓаше 3 - 4 часа.Колку да одморев. Што имам работа по град. Да средам нешто по дома.
Леле месечно сум пишала, сори pregnancy brain . 5000 неделно и давав. Инаку од саат 200 ден е кога на неколку саати се чува дете, барем Скопје е така. Мојава доаѓаше во 7.15, си одеше 16.15. Јадење јас имав спремно, она нешто палента ако и направеше или лепче ако истостира. Не читај по фб групи, договори си се жена. По фб групите мене ми пишуваа дека малце било 1500 дневница за чистачка за 50кв, по 3000 сакаа.
Јас не сум мајка и не сум имала дадилка, но од мои блиски можам да ти споделам пример. Дилемата помеѓу пензионерка и студентка е дефинитивно студентка. Зошто, затоа што помладите секогаш се порасположени, и по иновативни и пофлексибилни со време и принципи. Ако и кажеш на студентка тоа и тоа не сакам така да биди, попрво ќе те разбери и ќе се прилагоди отколку пензионерка таа ќе почни да ти кажува ама тоа така не треба, јас имам искуство, јас знам, јас ова, јас она. И се ќе ти се сведува со натегање. Конкретно моја блиска личност зеде повозрасна жена, таа му смени на детето и исхрана и ред за спиење, и не му зборуваше, не му посветиваше толку внимание. Таа и кажуваш ова и ова не сакам така, а оваа со дрскост не знаеш ти малда мајка си, тоа и тоа не треба така. Јас разбирам совет да се дади, но ти да даваш правила и услови а притоа си вработен не е баш океј. Од друга страна, многу е битно каква студентка... Студентка е широк поим, биди внимателна. Пример пушењето и не е баш толку страшен порок, меѓутоа тоа може да влијае на бебето ако е пушач и пуши до него. Исто така многу е битно дали си ја сака работата. Ова важи и за двата случаи. Треба да се работи сѐ со љубов, но со деца кога се работи три пати поголема треба да е љубовта. Не е само за се земи плата. Исто така многу е битна енергијата, ако е сморена и не и е дојдено до живот, бегај. Не ти требаат депресивни фаци. Исто е битно искуството, ама мораш да имаш предвид дека пензионерка ќе има повеќе искуство од студентката. Многу е битно како ќе се чувствуваш на „интервјуто“, бидејќи сепак, бебе ќе довериш некому. Во врска со платата, јас сепак мислам дека според заслуга би дошла и плата. Може би би било најпрактично да почне со полалку пример 28.000 па следен месец ако е се во ред и продолжи така до 30.000... Сепак ако се работи за помало бебе грижата ќе биде поголема. Се надевам дека ти помогнав колку од толку. Ти посакувам да ја изберете вистинската личност за бебето..
Мојата беше пензионерка. Жена што порано во градинка работела. Јас сум презадоволна од неа. Од тоа како ја чуваше ќерка ми. Така да нема врска. Како ќе ти се погоди.
Ние имаме жена која доаѓа двапати неделно по 5 саати во Скопје, ја плаќаме по 200 ден. од саат. За жал има и друг ангажман и не може да доаѓа почесто инаку сме максимално задоволни од неа и нејзината посветеност. Пред некој ден интервјуирав млада студентка (27 години) и беше катастрофа. Возраста на дадилката нека не ви биде бариера, многу е индивидуално. Важно е само вие да кликнете со личноста, да ви влее доверба и сигурност.
Здраво, ни треба девојка/жена за чување на 7 годишно момче. Привремена е работата, не секој ден, според договор. Обврски само окулу детето и да го земе/однесе на училиште. Локација Карпош 2. Плаќаме од час. Секоја препорака е добродојдена.