Бараме девојка/жена за чување дете од 2 години. Од 4-8 часа дневно по договор. Од населба Карпош, Тафталиџе, Влае, Ѓорче Петров. Телефон 071341064
Јас. Неубаво за жал. Договорени бевме со една, почна и ми откажа 3-4 ден бидејќи бебе плачеше и нејќеше да оди кај нејзе ♀️
Се бара жена за чување на 13 месечно дете во Кисела Вода, Скопје. Работно време од 9-17ч од понеделник до петок.
Dali znaete nekoja zena sto raboti kako dadilka ama i stanot da e pod konec (site domasni obvrski perenje , peglanje , cistenje ) za po 10 h dnevno?
Не знам за личност да ти предложам ама не верувам дека туѓа особа би се нафатила и дете да чува (туѓо посебно) и да е се под конец. Прво за бебе претпоставувам прашуваш или дете до кај година, од искуство со моево од лани еден требаше да има постојано до неа, за дете што проодува или тек проодено, па пробува да се качи некаде, па да пазиш да не стави нешто во уста итн. Друг да средува. Или јас со неа да излезам, маж ми да чисти. Или обратно. Останува времето за дремка, кога би спиело дете, жената да чисти или пегла, пушта машини. Еве прво дали твоето дете спие во јака бучава, тоа да спие, жената да чисти со правосмукалка? Генерално мислам за тоа што го бараш би ти требале повеќе лица. Извини што се мешам, може и не е на место коментарот, ама барањето е премногу.
Затоа искоментирав. Еве моево скоро 2 годишно, јас бришам пример прашина и прсти, таа зад мене на избришаниот крај од маса става нови. Или кога спие бришам, кога ќе стане е одново ко 1на година да не сме исчистиле. Од кога почна со лазење, под конец не сум ја видела куќава за жива глава. Може јас не знам да се организирам ама мене ми е претешко еве со ќерка ми заедно и да ја чувам и да ги работам сите обврски. Мислам јас ги работам, ама ставањето алишта на сушара, трае и трае, оти да ми е пред очи, мора да ми дава алишта, или да има куп играчки околу неа, што на прв поглед личи далеку од чисто. Да ја седнам со часови пред тв исто не е опција, за јас раат да си работам.
Дали имате искуство со ангажирање дадилка на повик, само за денови кога детето не оди во градинка? За 5-6 часа во денот
Здраво мајки, не најдов одговор во соодветната тема, па ќе прашам тука, гледам доста е активна темава. Колку плата земаат жени за чување на мало дете, 8 часа дневно од понеделник до петок? (без дополнителни обврски околу домот, освен подготовка на храна за детето)
Од лично искуство што сум имала жени ќе ти кажам. За на саат или на ден ако ги договориш се поскапи. Ако е договорено месечно како на работа секој ден по 8 часа не работат испод моментална минимална плата (на рака секако)
Зависи како наплакаат. Дали од час или дневница. Мојата беше 200ден.од час. Обврски имаше само околу бебето. И зависи во кој град.