јас ја плаќам по 15000 доаѓа од понеделник до петок по 3-4 саати на ден,се работи за две деца ги зима плус од градинка .
Каде ги наоѓате жените за чување? На што треба да се внимава? Дали го оставате јадењето приготвено за децата? Дали имате поставено камери во домот и ако да од кои? Дали склучувате некој договор или само на збор?
Мене пензионерките ми бараа помалце. Јас на фб на групата за помош и чување барав. Јадење некогаш имаше некогаш спремаше. Имав камера само во детска, не знам каква е искрено, на интернет ни е поврзана. Немав договор. Од неколку разговори оформував мислење, и на разговор гледав како се однесува со детето и детето како со нејзе. Но, кај нас маж ми беше дома, не беше сама со детето, се случуваше после некој месец да ги оставаме сами и навечер кога доаѓала ама исклучоци беа.
Се бара жена за помош при чување на бебе (со искуство) и исполнување на секојдневните обврски во домот. Мајката би била постојано присутна и обврските би се поделиле и ротирале во зависност од потребите. Има домашен миленик куче од среден раст, околу кое би немале никакви обврски, меѓутоа мора да биде љубител на животни. Работното време и плата би биле по договор во зависност од понудениот ангажман. Се работи за долгорочна соработка. Населба Аеродром Сите заинтересирани нека остават контакт податоци во порака и ке бидат искомуницирани
Здраво, барам жена за чување на 7м бебенце, да имаат време да се навикнат една на друга пред да почнам со работа. Станува збор за 8ч ангажман од понеделник до петок, во период од 2 години. Обврските би биле само околу бебето, јас ќе работам од дома и ќе бидам тука за секаква консултација. Локација: Хром, Ѓорче Петров Доколку имате некоја препорака, ве молам исконтактирајте ме.
Здраво. Барам работа за чување на дете со скратено работно време односно 4-5 часа. Имам неколку години искуство со чување на деца. Доколку сте заинтересирани, пишете ми порака
за 8 часа дневно плаќаме 25 000 денари минималец, плус месечна слободна автобуска карта 1 400 денари, плус оброк. Обврските се само околу детето.