Здраво! Барам жена за чување дете од 6 години со скратено време: од понеделник до четврток, по 2 часа дневно. Детето е во целодневна настава, а обврската би почнала со земање на детето од училиште, проверка на обврските по часовите, спремање ужинка за детето и чување додека да се вратам од работа околу 17 часот. Значи 1-2 часа дневно, од понеделник до четврток, во Карпош, Скопје.
Здраво, некои препораки за жена, би ми требало по потреба кога не оди во градинка. Сега почнуваме со градинка за бебе 11м
Mi treba zana za cuvanje na dete vo popladnevnite casovi, posle 17 casot. 2-3 dena vo nedelata. Ziveeme vo Karpos. Pisete dokolku ste zaineteresirani.
Здраво ми треба жена со искуство за чување на бебе. Станува збор за 9 месечно бебе Јас ќе бидам дома ама морам да почнам со работа и ќе ми треба помош некој да е околу малава. Отприлика од 9 до 15,16 часот ќе се договараме како и кое време би довагале. реон Скопјанка незнам некои го рачунаат како центар некои како аеродром ве молам заинтересирани да ми пишете
Здраво мајки, Навреме сакам да почнам да барам жена за чување на деветмесечно бебе, бидејќи ќе треба да тргнам на работа. Па би сакала да прашам колку се движат платите на тие жени, немам искуство а и немам некој познат на кого му го имат чувано детето за да прашам за цена. Па некоја ако може да ми каже од прилика од - до колку земат? Фала Ви
Амн бе, нели е многу Исто ми треба од понеделник до петок по 8 h. Некоја моја претпоставка мислев околку 1000 ден дневница, или една минимална плата. Благодарам на одговорот
Барам жена/девојка за чување дете од 9 месеци, од месец јули. Работата би била неколку часа во денот од сабајле за помош, анимација и играње со детето. Јас работам од дома и за се останато ќе бидам вклучена во обврските. Локсција Скопје/ Карпош. Заинтересираните контактирајте ме во порака.
Јас мојата ја плаќав 200 ден.од час.Сега наплаќа поскапо. За 1000 дневинца не знам дали некоја би се нафатила.
Имам проблем а и не знам каде да прашам на форумов за совет. Имам бебе дома и на работа сум од 10. Другото дете ми е 9 год оди во школо но школото е 15мин пешки и има повеќе улици и булевар за поминување. Работата е што немам кој да ми го носи сабајле во школо мал е за сам, а јас цела ноќ неспиена, со бебе од зграда од 10спрат да се симнувам, па често спие/јаде тоа време, знае да е и ладно врнежливо... Имате ли совет/идеја, кој да барам да ми го носи, стварно сум во тесна ситуација, немам идеја.
Може пример родители од одделението ако имаш во близина, некоја постара сосетка или тинејџер што оди во истото училиште. Секако би понудила и надоместок за услугата.