1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени за чување деца

Дискусија во 'Дете' започната од Kalina1, 17 мај 2011.

  1. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Баш така. Се знае се, ама тоа кај нас никогаш. А овде, се се чека од жената, дома нема ништо за јадење, а таа вика не знам што да му направиш денес, компир...па аман само компир ли да јаде. Па кој да знае, ти си мајка ти треба да кажеш. Што ќе ми кажеш тоа ќе му дадам, нема нешто недзволено на своја рака да давам. Или ако не јадело, пошто се успало порано или покасно станало, еее сеа јас како да го нахранам, што не го рабуди, епа така мајка си мораш. детето спие, ај разбуди го и излезете.... Мака им е да го чуваат. Лелеее нека не спие детето, нема нокеска да спие. И се е, некеше да јаде ај остани нахрани го, е како мене ми јаде тебе не. Газот црвен греота, ти викаш мачкај го со помада таа и таа, почесто пресоблакај го, замивај го, таа неможам да намачкам не ми седи мирен. И после жените не чинеле.
    Мора да се има ред, родителот мора да обезбеди храна за малото, и секако се што е потребно за него. Жената треба само да му се посвети целосно...Веќе кажав. Значи не дека сите родители се такви, ама мора да се признае дека има нешто и до родителот.
    На еден разговор за чување дете ми кажаа: Ќе земеме табла(онаа со боцки :D ) и секој ден ќе има мени и се што треба дополнително да се направи(освен оние главнине задолжителни обврски)..и поштуем, и јас задоволна и тие.
     
    На Tomcia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    И оваа тема многу убаво ми покажува зошто во Македонија е невозможна мисија да најдеш добра жена/девојка за чување дете и тука јас никогаш не би оставила некоја што е фрустрирана од фактот што чува дете за да заработи да ми биде во близина на детето, не па да го чува. На сите што чуваат им се криви децата, мајките и сите други, а тие се совршени жени кои ете се понижиле да чуваат туѓо дете. и тоа што некој изгледал деца, внуци и слично не го прави експерт, во никој случај. Кој знае и своите како ги гледал, па не моето... А во градинка работат и тоа турбо, ќерка ми каде што оди секој ден имаат активности и тоа многу убаво се гледа, и од тоа што научила и од работите што ги правеле, од сликите на кои се пресреќни и насмеани... Само неработник си бара оправдување во тоа дека некој друг не работи |(
     
    На AIT, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.258
    Пол:
    Женски
    Сум чувала деца и знам како е и во двете ситуации и кога родителот ке ти се погоди и кога не

    Во првото семејство во кое бев како аупир ме утепаа од работа , ама за сите пари
    Работа од јутра до сутра :^) 3 деца на различна возраст од 2 до 9години
    Станување сабајле во 06 30 спремање на децата за школо , малото остануваше со мене дома :)
    Обврска ми беше според договорот лесна работа околу домот ( тоес пуштање машина за садови , раскревање низ дома и сл) и чување на децата 6 часа
    Пффф и така да не беше
    Работа секој ден , те пеглање на купишта од 5 особи , пуштање машина , чистење ...плус детево да го чувам , после школо да играм со децата ,ако сакаат на фудбал со нив да идам ....и така до вечерта да ги легнам во 21ч
    Требаше да посетувам курс за јазикот , и мајката ми откажа со причина :Кој ке ги чува децата :fubar:
    Ништо по догооворот не испагаше рабпотев од 06 30 додека не се вратат од работа родителите некогаш ги факаше и 22ч , Платена бев скромно 260 евра ...
    Слободно време имав во недела само
    После сменив семејство бев до друго чував бебе од 4 месеци
    родителите супер беа , мајакта си работеше во биро , беше тука да го надои детето ....
    си се знаеше работно време од 08 до 16ч
    Си имаа жена која им чистеше дома секој втор ден
    Јас си бев задолжена за детето да е најадено , изиграно , наспано и се со ред
    Го гледав ко мое дете . Му готвев секој ден , го шетав во паркови и се со ред
    Исто и ако имаше расфрлано нешто не оставав така , знаев и да пуштам правосмукалка , да раскренам кујна дневна и сл

    Многу убаво време си поминав со нив , искрено се приврзав за малото ко со мое дете :)
    И на родителите им беше убаво што детето им е во сигурни раце ,
    Платена бев 300 евра , плус гледаа колку им се наоѓам , ако сакаа за викенди да излезат останував дома да го чувам детето со задоволство
    И знае да ценат труд !

    Така да денес реткост е да се најде добра бебиситерка , ама исто и добро семејство !

    едит: еве сега за моево дете , ке си го чувам сама до 2 години и после во градинка ке си оди
     
    На Moira, Tomcia, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Е токму за ова и јас зборев. Некогаш ќе ти се погоди некогаш не, кој каква среќа има. Не е работата дека сите се лоши родители или лоши градинки. И нормално коа некој зима жена за чување не му е сеедно која и каква ќе биде, нормално треба да работи, а не да ја мрзи
    Liones
    Извини што ќе те спомнам ама да не те повторувам, те спомнав за да се знае за што зборам.
    Има жени кои што ги мрзи, но ако каже некој дека родителите не чинат не значи дека секогаш е така, и да секогаш е подобро жената да има чувано што повеќе деца, секаде ти бараат работно искуство каде и да отидеш. Експерт не е, дури и педагошки да има завршено, едноставно не ги бива сите.

    Мислите дека во градинка не им е смачено??? Или дека секоја жена ќе се погоди лоша??? Јас сум и за градинка не викам не, ама знам некои градинки каде децата се чуваат перфектно и од таму излегуваат деца капацитети, а има градинки и каде што работат колку да ги згрижат децата. Значи и тоа треба да ти се погоди.
    Значи да признаеме има кај нас се, ама баш се.
    Еве сега слушам ќе се барале лиценци за дадилките, ок нека има, да не работи секој еден. Нека има и било какви тестирање, не би ми пречело. Само тогаш ќе наплаќаат многу повеќе и пак нема да се сите задоволни. Значи се согласувам на се за да децата бидат најзаштитени. И, ако и камери да има по дома, не ми пречи. Може и така е најдобро, се ќе се знае, ако е лоша отказ, ако е добра ќе продолжи со работа. Затоа реков јас во глобала, дека оваа професија не се сфаќа сериозно.
    На работодавачот му одговара помала плата повише работа(на секој, дури и големи фирми не само за ова), а на секој вработен повеќе плата и помалце работа. Секаде е така за се......И сосем е ок, и ги разбирам и родителите
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Комшиката моја чува дечиња на возраст од 3 и 6 години.
    Прво ја викнаа за малото да го чува кога имаше 9 мес, само него, големото во градинка одеше. После година дена, големото почна мн да настинува, да се разболува, епа ај и него чувај го, ќе седи дома, нема да оди во градинка.
    Децата додека спијат, ти пеглај, ручек за сите да направиш итн. Женава ни а ни б, ама за секоја плус обврска, луѓето си плаќаа! Имаа жена која им пеглаше, ама не им беше по кеиф, па ја прашаа нејзе дали за истите пари што и ги плаќаат на жената ќе сака она плус да пегла. Сумата беше 2000 месечно плус, ама да пегла колку што има време, најбитно е прво децата да ги гледа. Прифати и супер и е.
    Луѓето се презадоволни од нејзе, децата секој ден најадени, средени, песни, приказни, цртање, боење, што не ги учи. Ги шета обавезно, и оставаат пари во парк да ги носи со такси, до џамбо, па да им купи нешто итн. Женава кажува, од кеиф некогаш им пушта алишта на перење, ќе им среди спална, дневна, собите на децата, ќе здипли алишта, ама кога има време. За чистење си имаат друга жена им доаѓа два пати во недела, па нема обврски околу тоа никакви.
    Исто и она е презадоволна, кај нив е од 8-17 часот, децата како свои ги чува, ама и зема супер плата. Кога ќе треба да остане покасно, не се случило да не и дадат барем 300 ден за такси да си оди дома. Среќна е и женава и децата а и родителите. На таква и јас би и ги оставила децата!
     
  6. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Ни под точка разно не би дала детето да ми го чува жена, ако веќе плаќам 10-12.000 ќе си го пратам у приватна градинка. Едноставно немам доверба во луѓето. Пследно што ме потресе беше видеото од дадилка во Русија која го малтертираше детето што го чува. :(

    Децата впиваат се од тие шти ги чуваат, токму затоа ми е битно да поминува квалитетно време со учење, пеење, боење и сл., а не гледајќи турски серии и триста други простотилуци. Да не го спомнувам моменотот социјализација со други деца.
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ќе платиш ама толку ќе е дочувано. По 12 деца се во група, за децата за кои зборев во претходниот пост, големото одеше во приватна, па секој ден дома гладно доаѓаше, мислиш некој ќе седи и ќе го моли да јаде? Неможе да е исто една жена посветена само на едно или две деца максимум, и две жени на 12 деца (тоа ти е исто како приватни часови и часови во група).
    За да бидеш сигурна, ќе си најдеш добра жена (комшиката одеше додека мајката беше уште на трудничко боледување, па можела да види колку е способна за дете чување).
    За социјализација, да, ама откако ќе направи 3-4 години, до тогаш јас детето дома би го чувала.
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас од искуство од две деца во градинка (во различни градинки) и поголемото го хранеа во градинка ако не сака да јаде само, а еве сега и малово. Ако изведува нешто, ќе причекаат малку и ако не јаде сама, една од учителките седнува до неа и и дава да јаде. Малава сама ми кажува. Навистина не знам како е во други градинки, ама еве јас од две досега можам да кажам дека се ОК. Не е идеално (ама па ни дома не е, реална сум). А од друга страна, не велам дека нема ОК жени за чување деца, веројатно има, ама ако слушаш на лулашки на пример кога се излезени со децата, сите до една се жалат и не им се потресуваат нешто многу на децава. Е како може на сите до една да не им е погодено? Затоа јас немам многу доверба. Ако некој најде и и верува на жената, ОК. Јас не би прифатила дете да ми седи 8 часа со некоја непозната жена дури ни за беспари. Ама тоа е само мој став, нели...
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Сум чувала две дечиња, ајде да кажам рекреативно (ми се случувало едното да го чувам и 3-4 пати неделно, целодневна, од 8-16 часот) во период од неколку месеци и да не се лажеме - тоа е тешка и одговорна работа.
    Тука дадилката се злоупотребува, зашто неретко т.е. во најчест случај се очекува да биде и готвачка и чистачка. Должностите треба да се разграничат дефинитивно.
    Нема јас што да барам во твојата спална соба, да ти местам постелнина и да ти пуштам машина за перење или да мијам садови.
    Јас сум тука за детето, и тоа е мојата примарна и главна преокупација. Грижата за него.

    Значи јас искрено пре би го дала детето во градинка, отколку да ми го чува некоја теткица, зашто знам како јас сум се грижела за тие две дечиња, а гледам како 90% од теткиците го прават тоа.
    Нема врска со душата и карактерот на женичката, може да си е она цвеќе, фина и кротка душа, ама не сакам воспитувањето на детето да му дојде од таа жена со која ќе поминува минимум 6 часа.
    Знам дека ќе си речете - па и во градинка (пример) се една до две жени кои се грижат за децата, ама друго е, има куп други дечиња, социјализација и комуникација која не се одвива само помеѓу жената за чување и детенцето.

    Од тие примери јас што ги гледам, ниту ми се допаѓа прво што им готват (јас со мои 22 години упорна бев да јадат поздрава храна, заедно да „готвиме“ двете, т.е. детето да биде вклучено во процесот за да се почувствува корисно), ниту што ги подучуваат - 2 часа со играчките по дома, 4 часа пред телевизор со турски серии :^) , за да детето ми раскажува што направила Хурем Султан. |(
    За тоа ли се плаќа во просек од 7000-10 000 ден. месечно?

    Маанџика сум, посебно кога се работи за дечиња сум претпазлива, би сакала моето дете да го инволвира мозочето во креативни процеси, од песнички, цртање, боење, прошетки, паркови, а тоа реално никој не може да му го овозможи освен родителот и донекаде добра градинка.

    Не сум параноична или да се плашам, едноставно не сакам туѓинка да ми го гледа детето.
    Татко ми ќе стане пензионер за година и пол, он ми се чини подобар избор.
    :D
     
    На antonina, SexiLy, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    131.139
    Мислам дека што точно ќе бидат обврските си утврдуваат и дадилката и семејството, со тек на време.

    Јас имав две дадилки за децата, едната беше кај нас 2 години, другата 6 години.
    Со двете не сум имала никакви проблеми, и многу ни излегувале во пресрет, веројатно затоа што и ние така сме се поставиле.

    Двете беа повозрасни, па некако готвењето не им беше проблем, и со задоволство готвеле. Иако никогаш не сум побарала од нив да готват. Ако се понудат - со задоволство сум прифаќала, ако не - сум се снаоѓала за ручек. И кога готвеле, не сум очекувала секој ден да готват, туку кога можат и сакаат, особено повеќе откако децата ми потпораснаа. И за пеглање исто било, кога сакаат и можат пеглале, ама никогаш јас не сум им рекла да пеглаат. И имало различни периоди, кога повеќе, некогаш повеќе работеле низ дома, некогаш помалку. Имало периоди кога куќава како аптека сум ја средувала, ама имало периоди и кога по цели ноќи сум работела, па хаос сум оставала, и тие го средувале.

    Кога и да им требало слободен ден или неколку саати - немало проблем, сум се снаоѓала. Никогаш не сум им пререкла за нешто што прават со децата. Едноставно, и јас нив сум ги третирала како член од семејството, и тие нас како семејство. Така и се однесувале - ако гледаат дека нешто треба да се заврши, имам некаде застој во работата, го завршувале.

    И во однос на децата исто било - иако важно ми било да се на воздух, ако некој ден жената ја болело глава и не ги однела децата надвор, или едноставно не и се излегувало, никогаш не сум и пререкла. Во однос на играчки, секогаш децата го воделе тој дел, тие си бирале со што ќе си играат, а веројатно и дека се блиска возраст, одамна си играат сами, не им треба никој за играње. Отсекогаш сум им купувала многу книги, и немало ни поттреба да им кажам на жените да им читаат, им читале секако, на своја иницијатива и на барање на децата.

    Колку и некој да седи со нашите деца, воспитувањето од нас го добиваат. Ние како родители сме им најголем авторитет и им служиме како пример. И јас бев засегната дека децата ќе бидат со некој друг по 9 саати во денот, ама откако потпораснаа сфатив дека тие два саати поминати со мене и татко им пребришуваат било што друго - и дадилки, и баби и дедовци, се.

    За градинка, пред да имам деца викав дека обавезно ќе ги запишам во градинка, мора да одат, да создаваат имунитет и да се социјализираат. Сега, кога би се вратила назад дете под 4 години не би пуштила во градинка. Запишани беа во градинка, ќерката прв пат на 13 месеци, а синот на 8 месеци, ама никогаш не проодеа како што беа, цело време болни беа. Џабе само здравјето им го уништив, каква социјализација, врска нема. И двајцата добро се снајдоа во школо, ќерка ми особено, иако речиси и не одеше во градинка.
     
    На Vetruska, Moira, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Имаше една тема тука, не памтам точно кој и беше насловот но беше за тоа кој колку може да поднесува деца. Еден куп се изјаснија како не поднесуваат деца, посебно оние немирни, безобразни, и едино си ги сакаат своите внуци или своите деца...И утре некоја од тие девојки/жени заради неможност во моментот да се најде нешто подобро, ќе се пријави за ваква работа. Без љубов кон деца и трпение за нив, нема да бидеш добра дадилка макар се појавила и со бизнис план со испланирана секоја минута од времето.

    Од друга страна, ми се чини оние родители што најмалку плаќаат најмногу се жалат од дадилките. Тој што е добро платен сам и ќе зачисти и испегла ако треба без да му кажеш. А да плаќаш смешна сума и да очекуваш детето да ти го рецитира Рацин, решава равенки на 5 год. и куќата ти свети кога ќе си дојдеш од работа е претерано. Според сумата што ја плаќаш биди задоволна што е чисто, најадено и ја знае тапшин тапшин.
    Иако овие работи треба да се расчистат уште на почеток, ама изгледа многу работи се премолчуваат па затоа има незадоволни...
     
    На danniela5, Glasna, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Да си ми жива и здрава за болдираново. Најголеми мрчатори се. Се нешто не им е под кејф.
    Јас немам одено во градинка, директно на школо тргнав. Ја имав честа баба ми да ме чува, жена на 50 и нешто години. На село. Гладна никогаш не сум била, дома на топло цел ден. Но од гледна точка на учење песнички, да бројам, или пак да читам, не ни очекувале моите дека треба таа да ме научи. Додека да тргнам на училиште, јас веќе знаев да сметам до 1000, да читам и пишувам на кирилица и латиница, и ред други работи. И да, тоа ме научија мајка ми и татко ми, а не баба.

    Значи мили родители, ако вие си посветувате доволно внимание на вашите деца, тоа што гледаат серии со дадилките ништо не значи. Децата учат од родителите.
     
    На ilipili, Vetruska, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MacaMkd

    MacaMkd Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите!
    Имам бебче од 4 месеци,кога ке наполни 6 морам да почнам на работа ,работам приватно во тетово и веке подолго време не сум на работа поточно 1 година бидејки имав патолошка бременост.
    Значи ке ми треба некоја совесна жена која би се нафатила да чува бебче од 6 месеци сменски и тоа една смена од 8 до 4 и втора од 11 до 7. Нормално по потреба да остане додека се вратам ако се задржам случајно ,а се слуцува да има и денови кога не сум на работа па нема да има потреба да доага а ке и биде платено како за цел месец. Не барам да ми чисти и средува битно ми е со детето да биде постојано и да надгледува сета едуцира. ако имате некоја препорака Ве молам пишете ми зивееме во населба Даме Груев ,новоселски пат бивша населба.
     
  14. SvetleCece

    SvetleCece Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Девојки, баш ми е мило што се продискутира на темава :) Ми помогна муабетов сериозно :D
    Значи не очекувам се од дадилката, меѓутоа кога веќе сум спремна да го оставам детето со дадилка сакам да бидам сигурна дека сум нашла особа која пред се ќе се грижи за детето и ќе го сака да, но и нема да остава неред од играчки, и дека нема да ми ја остави малата гладна, нечиста и слично, значи по потреба (ако јас не сум направила вечерта) да не и биде тешко да и зготви јадење, да ја пресоблече ако се нафлекала да стави сјај на флеката и да ја остави блузичката во вода за да можам кога ќе дојдам да ја исперам. да ја испегла ако се испогужвала во плакар на пример. Не туку така да и ја облече, Сметам дека и тоа не треба да и претставува тешкотија,туку баш напротив. И секако дека затоа ќе биде платена.
    Незнам, мислам дека не претерувам до толку, како примериве што сте ги дале, а? :^)
    Во однос на градинката како што мислам дека и ви кажав, ќеркичката ни е поосетлива, навистина несакам и страв ми е дека уште почесто ќе се разболува. А за социјализацијата мислам дека ќе биде во ред (со дадилка на која ќе и верувам). Па имаме во населба паркови со лулашки каде многу дечиња и од секоја возраст си играат сите заедно. Нив ги чуваат и дадилки, и баби, и невработени мајки (да не ме сфатите погрешно не се препуштени туку така, несовесно од родителите надвор сами да си играат). Баш од оваа причина, се одлучивме за дадилка. А да и сакам да е образована, зашто тоа ми е некоја сигурност дека ќе има кој да и одговара на прашањата со знаење, и нема да и пушта свашта на телевизија, и било што да и чита.

    Е сега, сакав да ви кажам уште нешто :)
    Затоа што се пуштив во темелна потрага нели :D ми кажа една пријателка дека видела на интернет за Агенција сега скоро што се отворила Декра DAYCARE за дадилки. Баш отворив таму , имаат страна, и се јавив и се им кажав што како е. Наредна недела ќе одам ми нудат три дадилки, јас да разговарам со нив па да си одберам една. Им нагласив, нели, дека мора да се препорака. Ми рекоа дека сите им биле со препорака и со искуство.
    Па сега, што ќе искочи нема да ве заборавам и ќе ви пишам обавезно што сум направила.
     
  15. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Го прочитав огласот твој на пазар 3 или Реклама 5 не сум точно сигурна и баш сакав да ти пишам.На која возраст сакаш да е особата која ке се грижи за твоето дете ? Може ли да е помлада личност или сакаш да е постара особа со претходно искуство ?
    Поздрав
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сум пишувала,ама пак ќе напишам.Моите ги чуваше жена до 3 год.
    Бев задоволна,жената беше некоја далечна роднина,си имаше и она свои моменти(маани) да кажам,но со тек на време ја прифативме.
    Друга работа е што и јас бев делумно присутна дома.Во тоа време студирав,имав многу за учење,одев на факултет.Жената чуваше само едно од децата(син ми почна во градинка на 3год,тогаш ќерка ми имаше 1год.)Најважно ми беше децата да ми се згрижени,најадени ,пресоблечени,вклучени во некоја креативна игра(цртање,пеење).И она си играше со нив,ама сакаше и шпански серии да подгледнува(немаше турски тогаш).Јас во една соба учев,она си играше со децата,ручекот јас го ставав,никогаш не сум и рекла да готви,единствено да го надгледува,ако нешто се вари...Сум ја носела и по лекари со мене,ако двете биле болни,ми се наоѓала во се.Ги шеташе надвор на улица кога било убаво времето.
    За дополнителни работи,играчките секогаш ги раскревала,по дома нешто ако е растурено ќе подфатела,ама и јас не оставав така се.За чистење имам жена која доаѓа еднаш неделно,па од таа страна немала никакви обврски.Кога децата спиеја,фаќаше нешто да попегла,ама и јас сакам да си пеглам :emo: ,па и од страна немала многу работа.
    Мое мислење е дека градинката е незменлива во развојот на децата.Таму поминаа преубав период за кој со задоволство секогаш зборуваат.Ние одлучивме дека е најдобро жена да ги чува додека не стекнат барем малку имунитет и не излезат од пелени.И после се разболуваа,не дека не.Но подруго,поголеми беа,а и јас завршив со обвските околу учењето.
     
  17. MacaMkd

    MacaMkd Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Може да е и помлада особа мегутоа сакам да е со искуство нормално ,да го сака и се гризи за моето дете.
     
  18. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Брат ми е мал има 6 ипол години и до пред некое време доаѓаше една жена да седи со него(сепак јас сум поголема и можам да се издржувам, да јадаам..) мајка ми беше презадоволна жената го носеше на прошетки, готви кога мајка ми неможеше, намести избриши ама буквално се само незнам колку ја плаќаа :D
     
  19. SvetleCece

    SvetleCece Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки :D

    Јас да ви дадам извештај како што ветив. :)
    Си одбрав дадилка од агенцијава што ми ја препорачаа, Декра day care, и да ви кажам сега за сега сум ептен задоволна од девојкава. Баш онака како што си сакав, си одбрав. Разговарав со три и две од нив ептен ми се допаднаа, незнаев дури за која да се одлучам. не дека третата не чинеше, ама она родителски инстикт, знаете ;)
    Инаку женава (не е жена ама така ми иде, нели млада сакав) има искуство ако е млада, и е многу о.к. има студирано не педагошки факултет, ама го нема завршено. Се гледа дека знае како со деца. Со ќерка ми имаат одлична комуникација, и веднаш и се допадна на малата. И баш кога и кажував за овие работи, да се раскрене и слично кога ќе има време, прифати без никакви приговори.

    Така да, ви ја препорачувам агенцијава, а одкога ќе заврши кај мене и дадилката. :)
     
  20. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Јас имам многу горко искуство со жени.Сменив 4 за една година. Првата и оставив 7 месечно бебе,се шеташе во август месец од 9 сабајле до 3 попладне по улици на 40 степени. Почнаа сите комшии да ме застануваат и да ми кажуваат како детето цело измрцварено го шетала по врукината и на крај капак беше кога продавачката од Тедико ми рече дојде во 15 часот со детето целото прлјаво и и вика на една друга еве сега ке тркнам до дома да си направам ручек,па после да ја однесам Марија дома пред да дојде мајка и.
    Втората се договоривме за 10000ден. дојде 2 недели и ми вика јас си најдов за 12000 ден. ке ме платиш толку или си одам. И реков со среќа.
    Третата нај хорор од сите не ја чуваше ич.Кога ке дојдев во 17 часот детето јаде како јадење да не видело.И еднаш и реков добро бре и даваш ли да јаде и она замисли ми вика па нејке да јаде. Јас готвев цело тендере манџа со кило месо и јас дојди пола тенџере го нема.Си викам боже колку ли јаде женава.И на крај поголемата керка остана дома беше болна и викам види мајко што прави. И кога ми кажа мамо она ке и даде на Марија да јаде,ке јаде едно залче и ке стане да трча и толку не и дава да јаде. А Марија имаше 19 месеци.И целосен капак беше кога ја фатив како во пластично си носи дома од мојата манџа и уште ми вика за вечера. Па мајката јас ке те ранам 3 оброка дневно а детето гладно ке ми седи. А башка кога беше болна сирупот на маса и и вика во 9 дај и сируп и стави го во фрижидер. Доагам во 17 часот сирупот уште на маса и викам и даде а таа заборавив и ми се спојуваат жичките и ја избркав.
    Четвртата беше стварно ок.