Жени - митски суштества?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 3 јануари 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.776
    Психоаналитичарите изјавиле дека чудесното суштество кое што се нарекува жена всушност не постои, туку дека станува збор за празно платно за проекција на машката фантазија. Во потрагата за тоа сензационално откритие, прочитајте како се’ ерекцијата ги вработила жените и им го испрала мозокот.

    Силикони, силикони
    Женските гради понекогаш се голем товар, без потреба се клатат, сметаат при акција, не пружаат никаква заштита, немаат ориентациска вредност – да речеме дека барем секогаш покажуваат кон север – и без парот влакнести машки раце, човек навистина не знае што да прави со нив.
    Од тие, чисто научни причини, мажите ги убедиле жените дека градите мораат да бидат цврсти, заоблени и волуминозни. Секако, на никој не му паѓа на ум да го повреди машкото его за да ги допре, а после тоа била измислена естетската хирургија.

    Бразилска депилација
    Поголемиот број од жените израснале во светот каде што влакната се бљак, фуј и бррр. И додека на ниту еден маж не му паднало на ум, на пример на жената да и овозможи полесна орална конзумација, постои низа на ритуали кои што се воведени за жените под оправданието дека така е “похигиенски“. Урлање, врисок и солзите низ кои што поминуваат жртвите на бразилската депилација, за да можат со своето ќелаво меѓуножје да го задоволат машкиот поглед и јазик, бележиме како мал плус со кој оди и наградата која што припаѓа:

    Козметичка артилерија
    Како мал знак за внимание на претрпената болка и вложениот труд, ред е понежниот пол да го расположиме со некоја врвна make-up колекција, чија што конечна цел е по некоја коинциденција, повторно украсување на машкото видно поле.
    Жените мораат да бидат убави, а мажите мораат да бидат...мораат да бидат.. хм...па всушност и не мораат. Колку само часови се потрошени пред огледалата за само малку машки комплименти. Треба некој да нацрта графит за да види дали всушност тоа се исплати.

    Дама пред гостите и к*рва во кревет
    По феминистичките активисти и сексуалната револуција, повеќе немаше изговори за одредена положба на жената во друштвото, а исто така моравме да најдеме нови финти за да ја сочуваме историската доминација која што е стекната со напорното неработење.
    Така на мајчинството му дадовме коректна политичка аура на кариерата во која што жените, секако мора да се докажат, и први сме кои што ќе ве потчукнеме по рамото поради феноменалниот успех на работа, во кујната, околу пелените и во креветот. Откако им дозволивте максимално да покажат што знаат и умеат, ред е да продолжиме со разонодата.

    Контрацепциска пилула
    Во совршен состав со машкиот цинизам, кој што со двете раце ја прифатил половата рамноправност, беше извадена и приказната за пилулите како конечно женско ослободување. Ќе се напиеш таблета и не мора повеќе да се грижиш дали ќе бидеш во секое време на располагање од неговиот нагон на тестостерон.
    Да не го споменуваме решавањето на маката околу кондомот и впуштање на зеднички здравствен ризик. Таквото еманципирано превземање на контролата над својот живот мажот ќе го цени до болка.

    Брчки и целулит
    Колку маркетингшки оддели посветиле внимание на рекламите за исчезнувањето на брчките или намалување на целулитот, кои што природно се создаваат, но за мажите стравично неприродно изгледаат, подобро да се вложи во блага корекција на машката ментална оптика. Тие неколку линии на бедрата постанаа вистински пец-пец, првокласно табу за задникот.
    Во светот без мажи можеме совршено да замислиме еден остров преполн со жени, каде што да речеме дека би се натпреварувале по бројот на целулит и стрии. Ок, попрецизно, можеме совршено да замислиме да пуштиме остров преполн жени.

    Шипки и танги
    Филмовите “Стриптиз“ и “Showgirls“ ја вратија гордоста и славната метална шипка околу која што се врти нежното женско тело и машката еротска глад. Со серијата од 5 DVD наречени “Carmen Electra Aerobic Striptease“ повеќе ниту една жена нема право на кардио вежби, и дека притоа без трага исчезнуваат градникот и гаќичките.
    Во тоа на вам, се надеваме дека ќе ви помогне и “Electra-Pole“, стриптиз- фитнес- направата која што се расклпоува ќе ја направи вашата дневна соба во вистински спектакл за телото.

    Мирисна, свежа и чиста
    Ако барем 24 часа дневно не зрачиш со мирис на лаванда, со свежина на бор проткаен со аромата на дива роза од планините на Килиманџаро, тогаш под итно оди на операција за промена на полот. Како маж, ти се отвараат нови хоризонти на дозволени мириси и степени на чистота.
    Испотен си, со масно чело, тежок мирис и со неколку дамки околу пазувите? Бинго. Вистинско машко. Чекај жената да ти ја тргне краватата пред да те “среди“ помеѓу бедрата.

    Лезбијска фаза
    По лезбискиот исповед на Angeline Jolie, Katy Perry и Alanis Morissette, се повеќе е кул да се потфатите со пријателката на некоја добра забава. Женските бакнежи и мазења се љубопитна игра на девојките кои што учествуваат во тоа, бидејќи тоа претставува мистерија на женската сексуалност околу која што се спремни да потрошат премногу фасцинации и сперма.
    Поработете на динамиката во својата врска и кажете му на вашиот драг дека сте се лизнале со пријателката кога сте имале 16 години, иако не сте го направиле тоа.

    Високи потпетици
    Животот на висока нога е опасен. Како за буџетот така и за кичмата. Освен Тom Criuse и клубот “под 160 м“, како да го убедивме женскиот род дека повеќе часовното тапкање на прстите со петата од десет сантиметри во воздухот е толку многу неопходно за опстанокот на овој вид дека нема ишијас кој што би можел да му се испречи на патот.

    Ха,жени што мислите за ова?!Се согласувате?!Дали навистина сме жртви на мажите и нивните потреби и желби или едноставно сме такви?!Значи сигурно ќе наидам на коментар,па не јас сакам да сум си чиста,миризлива,сакам високи потпетици,уживам во бразилската депилација и сакам да се нервирам околу целулитот и иако при процесот на стареење нормално е да се појават брчки,сепак,јас сметам дека сум способна да одам против природата итн итн...нејсе,муабетот ми е некои овие навики се имаат вкоренето заради тоа што толку долго време се задржани на *сцената* што де факто станале универзални потреби под дифолт на сите жени,но во природа најверојатно би биле приближно исти како мажите.Дали реално е потребно се од ова (секако не се фаќајте за делот на лична хигиена),дали навистина толку многу ни влијаела машката фантазија што во целост ни е искривоколчена претставата за реалноста?!
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    109
    Здраво Lilit!!!Интересна е темава што си ја начнала,вистинско освежување после толку теми од типот "Hellp!!! Soveti!!! i Molam za pomooos!!!" интересно е да видиме од кај потекнуваат дел од тие проблеми. :lol: :lol: :lol:
    Имав другарка опседната со машкоте мислење и нивните желби и потреби и со часови ме труеше со коментари како треба една жена да изгледа за да им биде привлечна на припадниците на посилниот пол.Аман бе жено,доста!!!Цело време те слушам мажите сакаат ова, мажите сакаат она,нити еднаш не слушнав што сакаш ти.
    Ах,кутрите ние што си се родивме во едно вакво време во кое постојат одредени стандарди за убавина и сите ние што не сме 90-60 -90 можеме слободно да си западнеме во депресија и да жалиме и кукаме што не не создал Господ како Хајди Клум.Или пак можеме да си се оддадеме на трошење пари за разни третмани за разубавување и ако ништо друго на крајот барем ќе си се гордееме на долгите надградени нокти и новата надградена коса.Но што да се прави!? Та нели малите нешта го чинат животот убав и вреден за живеење.А што друго би правеле со вишокот време ако не се посветиме на изгледот?Посетите на фризерот,козметичарот,спа-центарот покрај тоа што ќе не разубават и опуштат,ни го даваат и ехклузивното право да слушниме и некој трач-муабет и да си одиме од таму побогати со нови теми за разговор.
    Искрено можам да им позавидам на нашите баби шо си одеа до гуша закопчани,во долги фустани што ги кријат нозете до глуждови и со косата скриена во марама и пак биле кралици во очите на нашите ни мили дедовци.Е арно ама среќа нивна што немале струја па кога ќе се соблечат на свеќата не се гледал целулитот и стриите,дури и некако романтично му доаѓа само месечевата светлина и отсјајот од пламенот на свеќата. :lol: :lol: :lol: А и немале списанија со убавици на насловните страни и со натписи од типот "несекојдневна убавица" Ги плени машките погледи со своите раскошни облини" па немало со кого да се споредуваат и да се прашуваат- што има оваа жена,што го немам јас?А и дедо нечувал Плејбој под перницата па најубаво му било тоа што си го има покрај него.А не како овие денешниве мажи се им е изложено на излог, пак да било вакво да било такво :lol: .Ај доста е ја претерав и јас со постов. Да одам малку да се потсредам маж ми ќе си дојдит :lol:Чаооо!!!
     
  3. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Moe mislenje e deka samo maski vo pubertet i samo teskite shovinisti mislat deka zenite sekogas treba da bidat spremni kako za na modna pista,da bidat kulturni,da bidat mazni,fini,i t.n. i t.n........osven toa,samite modni spisanija go proklamiraat toa deka zena koja sto izgleda kako haidi klum e sovrsena zena,koj go rekol toa...?kolku mazi go potvrdile toa...?stvarno nema potreba za takvi stereotipni svakanja

    Osven toa i sekoj eden normalen i realen maz znae sto e celulit i fala bogu deka znae deka postoi fotosop,bi bilo apsurdno ako se veruva deka toa sto e dadeno vo modnite spisanija bas taka izgleda.Jas mislam deka mazite znaat da prepoznaat prirodna ubavina i so celulit i bez stikli,toa samo nie zenite si stvarame kompleksi megu sebe i sami si go kompliciame zivotot!!!
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.776
    Еххх Мила,Мила...абе точно е ова што го велиш до некаде,ама па ајде размисли зошто сепак се воодушевуваат на такви жени.Ако не им е тоа замислата за идеал од жена,тогаш би викале фуј,нечини!И како ние сами би се заглавиле во комплексите ако не се нашол некој,во случајов мажите,да ни укаже на недостатоците?!Баш не е стереотипно,баш имаш избор за селективност.
    Де факто дека се водиме под присила на магичните стапчиња на спротивниот пол,со цел да влеземе во рамката на нивниот идеал.Па дури еве и историјата да ја прочепкаме,од машко женски аспект,ќе видиме дека уште тогаш жените се дотерувале,средувале со цел да им се допаднат на мажите и немале апсолутно никаква општествена улога,освен статус на мајка и домаќинка,но исто така и многу војни биле започнати како резултат на женската убавина и заводливост.Убавината секогаш ни била најјако оружје,иако без особена причина сме се довеле во таа незавидна позиција заради тоа што се чувствуваме инфериорни во однос на машкиот интелект кој верувам дека се наметнал само заради физичката супериорност на мажите и ништо друго како синоним за сеопшта цврстина,вклучувајќи и карактерна.
    Не знам на што се должи ова,дали на уште еднаш потврдената женска површност,лековерност и кокетна природа или нешто сосема трето.Ама можам да заклучам дека сме гуски поголеми од самите животни,го држиме апсолутниот врв.

    Јас лично,си имам вишоче на задничето,сакам да го тргнам ради себе,зошто порано го немав,не сакам силикони,не за друго чувствувам отпор кон се синтетичко,а башка слушам поише поти синтетичкиот материјал,па по принцип на проста прогресија си наметнав дека не сакам било што од синтетика,па така и гради.Не сакам да си смрдам пред се заради себе,па потоа ради добро на околина,ма да боже мој,жив човек,нема некој што не подзасмрдел во тек на животот,ама за машката перцепција е апсолутно недозволиво,факт!Со свои уши имам слушнато еден таков,никаков престапник!Такоџе длакавост!Мразам болка,ама знаеш што е тоа мразам!Кој не мрази,налет и мазноча и се,кога сите тие фини работи отишле у пм со самото крвничко корнење на влакништата!Не ми се има ни секс,ни бутур кога ќе се окубам или ќе ме окубат ко кокошка.Се чувствувам фрустрирано,омаловажено,ма никакво бре,а го правам заради леп провод на посилната половина и естетски дојам при носење суќња!И така натака...

    Сами сме си криви,точка!Сакаш да зебуваш јадни морнари на пат кон Итака,ако ти е!Сакаш да ја заебеш цела Троја,е така ти е пак!И така бе дечки,тоа е !Што не си имам и јас едно магично стапче...ах бреее...
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    seto toa sto go pisa lilit drzi voda imas pravo,e sega dali sme si sami krivi,ili mazite ni se krivi ili opstestvoto ili vo segasnosta poremeteniot sistem na vrednosi kade se bitni samo parite i zadovoluvanjje na niskite strasti ,pri sto na zenata i na nejzinata ubavina se gleda najcesto kao sex objekt.neznam, seto toa e diskutabilno...zenata niz vekovite otsekogas posegnuvala po razlicni sredstva za da bide ubava,duri nekogas rigorozni i bolni ,primer vo sredniot vek se stegale so korseti do bolka sto odvaj disele samo za da polovinata da izgleda tenka a gradite bujni...idealot za ubavina se menuva pred nekoj vek za ubavici se smetale debelite zeni.toa se gleda od slikite na mnogu poznati slikari od toa vreme. vo 60-tite godini na ovoj vek ideal za ubavina bese modelot tvigi koja bese samo koski i koza..sega za ubava se smeta zgodna zena so bujni gradi i bujna kosa i sl.jas licno bi sakala da se vrati ona vreme koga debelkite zeni bile na moda za da mozeme site da si jademe do mila volja kolku ni se saka i da ne mislime na strii celulit,kalorii i sl :D eve jas licno cel zivot si bev slaba ili zgodna a voopsto ne se zamarav so jadam koga jadam nitu sum drzela dieta nekogas u zivot.ama nazalost poslednive 6 meseci pocnav da se debeleam i sea ama nisto ne me sobira.valjda do godinite e 29 imam mi zabavivil metabolizmot valjda neznam.deckomi mi vika deka sum mu mnogu ubava i vakva i sexy i sl ama jas si znam deka ne mi e seisto,ama kako da se staam na dieta koga sum si gurman u strvna se sakam da si probam.ma mnogu mi e gajle ke si jadamm! :D
     
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    484
    Можеби сето ова е производ на гладта за еротика на мажите, но уживам додека го правам тоа.
    Не се чусвтвувам комплетна ако не сум 24/7 чиста или депилирана или средена. И не знам да поминал ден а да не се гледам во огледало да не не ми е повеќе рамен стомакот или да не имам целулит... :D

    Тајната на успешната врска.успешниот брак е да бидеш дама пред гостите, слугинка во кујната и курва во креветот. :D

    Хахаха, ме изнасмеа скрооос :D :D ама во право си. ;)
     
  7. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    109
    Еве женски конечно ќе можеме да се изнајадеме. Доста беше гладување и исцрпувачки диети. :lol:
    [url-text=http://www.zazabava.com/content/view/8533/68/:17kgx8t1]http://www.zazabava.com/content/view/8533/68/[/url-text:17kgx8t1]
     
  8. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    689
    Ти си паметен ,ама јас сум ЖЕНА :D ..Ниеден маж неможе да оддолее на женската убавина без разлика колку е паметен ,убавината е наше најголемо оружје.. Сметам дека денес многу работи се изменија,има жени многу попаметни и пообразовани од мажите, станаа рамноправни со нив ,играат голема улога во фамилијата и многу од нив го имаат главниот збор (што не било случај и во минатото).Е сега убавината е релативна работа,тоа е всушност плус на она што се го може жената.Таа е домаќинка,мајка,сопруга - многу повеќе од еден маж со блескава кариера кој нема да може да опстане сам без неа.Мислам дека убавината треба да ја негува секоја жена самата за себе,титулата ПОНЕЖЕН ПОЛ го налага тоа.И нормално мажите бараат нешта што ги немаат тие лично како посилен пол,а ние сакаме мажественост и сила.
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    А на ова може да добиеш и реплика Ти си паметна, ама јас сум маж. :^)
    На машка убавина не можеме да одолееме ниту ние. Газ преку глава ситуации има.
    Тој е домаќин, татко и сопруг - многу повеќе од една жена со блескава кариера која нема да може да опстане сама без маж. Кариерата не е важна, неа ја имаат и мажи и жени, а улога во семејството и општеството имаат и тие и тие.
    Иако сме рамноправни, или станувам рамноправни, сепак сме понежен пол? -Аман. Како?

    Грижата за себе, потпетици, шминка многу, многу често е потреба од машкиот пол, и учењето од мама, баба, дада. Имаше дури и тема на форумов, после колку време му го покажавте лицето на вашиот дечко без шминка? -Ммм, битно ли е?
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    31.808
    Пол:
    Женски
    Жените го вртат светот. :)
    Некогаш на нив се гледало како на домаќинки, сопруги, мајки. Акцентот бил ставен на нивната внатрешност. Денес, за жал, вниманието е свртено кон женското тело а не и женската душа. Некогаш било табу женското (но и машкото) тело и неговото истакнување, потоа некако со годините работите се менуваа за да денес еве дојдеме до степен женското тело да биде дел од една реклама за некојси производ кој нема врска со тоа но ете, заради убавината, естетиката, заради тоа што привлекува внимание, се користи за такви рекламации. Дури и музичките спотови се 95% истакнување на женското тело.
    Тренд меѓу познатите светски фаци (но и обични но богати жени) е да ставаат силикони со цел да се вклопат во таа некоја рамка на она што е впечатливо. Давале цело богатство за таа цел. Друга категорија на жени се оние секогаш нашминкани, скоцкани, се облекуваат по најнова мода. Во ред е тоа, сакаат да изгледаат убаво, но некогаш се претерува. Во сето ова се губи нивната природност, се претвораат во нешто друго. Најважно е да ја зачуваме таа природност и да не забегуваме од она што сме и онакви какви што сме. Најубави сме токму онакви какви што од Бог сме создадени, без никакви додатоци.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    4.025
    Допаѓања:
    10.263
    Пол:
    Женски
    Па и маж за да биде привлечен и посакуван, мора да вложува во својата надворешност.