Во поскоро време сум приметила по јутјуб и по некои сајтови слики на кои жени, девојки ја искажуваат својата омраза за феминизмот, дека не им треба и дека е штетен. Ваше мислење?
Да не биле напорите на феминистките, овие дами можеби немало да имаат прилика отворено да излезат и вака да го кажат својот став.
Ми ги зеде зборовите од тастатура Ептен здраво за готово ја сфаќаме слободата која што сега ја имаме. Не треба многу, едно 100-тина години да се вратиме наназад, па ќе ги видам дотичниве дами дали вака лесно ќе плукаат по феминизмот.
Ми се свиѓа мене оваа пропаганда. Феминизмот веќе сега нема смисла, барем не во нашето општество. Не ја сакам таа ребелде драма каде што нема потреба. Во професионална, политичка или социјална сфера сега кај нас во принцип, нема разлики. Се додека законот не забранува, секоја жена може да се бутка во машки свет, крај краева во предизвикот е и убавината, биди така феминистка а не да плачеш ако си била дискриминирана. А уствари и не гледам ништо лошо во половите разлики, па фала богу дека тоа има влијание, а предиспозициите на полот се само мит. Секој со својот потецијал. Особено ме нервира тоа што се извитоперува значењето на феминизмот и таа борба за рамноправност со мажите грешно се протолкува. Според мене проблемот е и во самите жени. Еве да тргнеме од тоа што многу безгрешни невинашици тука на форумов ми глумат нешто а самите тие ги прават половите разлики, од нив никогаш нема да направиш феминистка колку и да си мислат они дека се.
Најголемиот проблем и негирање на способноста не е од мажите, туку од самите жени. Јас мислам дека ние сеуште не сме свесни колу сме потиснати дури и во вакво општество во кое сме навидум рамноправни. Сеуште ние жените треба да бидеме двојно подобри од мажите за да бидеме рамноправни, ако девојката има секс со повеќе партнери е курва, а мажот ако има секс со повеќе жени се велича како да е херој. Потоа мобингот кој секојдневно се случува каде нас жените не гледаат само како сексуален објект. Има многу, многу работи кои покажуваат дека феминизмот е сосема оправдан и дека ние жените треба сплотени да се избориме за нашата рамноправност.
Не се сложувам баш со ова ти што го кажа. Феминизмот не е за тоа дека жените се посупериорни од мажите, туку дека се еднакви. Ако ја поддржуваш оваа попаганда, тогаш исто како што Onision рече, немој да се бориш за твоето право на глас. Немој да се бориш да имаш иста плата со маж кој ја работи истата работа што ти ја работиш. Тоа дека некои девојки ја злоупотребуваат моќта и тотално го посрамуваат феминизмот со тоа дека се нарекуваат попаметни или посупериорни од мажите не значи дека феминизмот е тотално срање. Ако беше феминизмот тотално срање, немаше да гласаш, немаше да добиваш плата, немаше да можеш да се разведеш од твојот маж, ќе се однесуваа кон тебе како стока и без никакво сочувтсво. Ова ми беше за првиот дел од одговорот. О А сега кажуваш сосема спротивно на она што го кажа претходно. Велиш дека феминизмот е непотребен, и дека ти се допаѓа пропагандата за против феминизмот, во генерала, а во вториот дел збориш дека проблемот е во некои неедуцирани индивидуали кои мислат дека се тотално подобри од мажите.
Феминизмот, како феминизам, и неговите барања, се на место, и е многу далеку од она што денес се практикува како феминизам... Загрижува се’ позачестената појава на т.н. „екстремен феминизам“ (како и се’ друго во денешно време, екстремно), каде жените, во својата битка за ЕДНАКВОСТ, одат чекор подалеку и „завршуваат“ над мажите... како да се во некоја трка по одмазда за она што некогаш навистина било нееднаков третман и понижување од страна на машкиот пол. Истовремено, повеќето (екстремни) феминистки се’ уште се водат по работи од типот на - Машкото треба прво да пристапи/пише/задолжено за физичка и понапорна работа... Та чекај, нели основата на феминизмот е еднаквост меѓу половите? Мислам дека овие девојки од сликите погоре се борат против овој, модерниот феминизам кој речиси и да нема допирна точка со оној од пред век-два, и неговиот (на моменти) грд приказ во реалноста. А, за таквите недоследни феминистки, има и шали на интернет од типот на - Не заборавај дека покрај феминистки, низ историјата се забележани и голем број на феминисти. Херој кој најчесто завршува сам, сингл и непосакуван од правите жени (не оние со слични интереси како него). Баш херој! За разлика од жените, мажите во многу случаи се гледаат како стока, живина која може да работи физичка работа 25/7. Не можеш да гледаш така за средини каде двете страни еднакво трпат неправдини, но преку различни сценарија.
Тотално се сложувам со пропагандата против “екстремниот феминизам“. Али ебате, ај да пишеле плус уште едно зборче на листовите за да има повеќе логика? Вака велат дека се само против феминизмот, против тоа дека жената е еднаква на мажот и обратно, а не за лудите екстремни феминистки кои навистина имаат хипокритски начин на мислење.
Арнo си викaaт НИВ не имa требa феминизaмoт. Имa oпштествa кaде штo жените немaaт прaвo нa oбрaзoвaние, мoрaaт дa се пoкривaaт целите, се oднесувaaт кoн нив кaкo кoн стoкa. Зaр не им требaaт прaвa нa oвие жени? Зaр не е пoтребен феминизмoт вo светoт? Oчигледнo сaмите не знaaт штo е феминизaм, тoa е движење зa еднaквoст нa жените сo мaжите, a не зa жените дa бидaт супериoрни.Сaмo пред некoлку декaди жените немaa исти прaвa сo мaжите и мнoгу семејсвтa се уште пaтријaхaлни. Дискриминaциите се присутни кaј двaтa пoлa и феминизмoт е уште пoтребен.
Да, но нели жените треба да се држат заедно? После се што се случи во минатите векови за дискриминација на жените, зошто сеуште да не се поддржуваме? Можеби состојбата е каде-каде подобра од тогаш, но сепак на жените им се врши дискриминација секој момент. Себични се...
прв дел. Јас зборам за феминизмот сега и кај нас, а не кога требало да го има и очигледно добро си ја завршил работата. Пропагандата и не е да немало никогаш феминизам туку да нема сега. Ај не преувелучувате сега со тоа гласањето од времето на дедо Ное. Тој проблем со гласањето и платата е решен кај нас, што значи дека веќе не опфаќа предмет на интерес на денешниот феминизам. Сега која е целта и во која област се бара еднаквост не знам. Стварно ова женчињава што се јачаат на збор и се потпираат зад некој си феминизам додека истовремено најстрашен проблем им е скршен нокт, (модерни феминистки, убаво пиша @Nightwalker , btw топ слики ставил ) ме тераат да идам во wc поначесто. Тоа е тоа што смета. Злоупотребата на феминизмот е поголем проблем, тоа кажува колку само не се сериозни жените во поглед на самиот феминизам. А во однос на вториот дел не те сфатив што не ти е јасно, ама ќе пробам да се дообјаснам во делот што мислам дека те буни. Поентата ми е дека некои жени треба да го сменат антифеминистичкиот начинот на размислување пред да почнат да фрлаат со камења по светот дека наводно не бил феминистички. Лицемерно и парадоксално е тоа што жените викаат дека сакаат еднаквост, а во своите редови имаат такви кои еднаквоста не ја спроведуваат во пракса.
“A feminist is anyone who recognizes the equality and full humanity of women and men.” И никогаш не би можела да бидам против него. Затоа што благодарение на тоа движење јас денес можам да сонувам за нешто повеќе, смеам да имам амбиции и имам целосно право да работам, да се вложувам и да ги остварувам своите соништа и амбиции. Но немам право да бидам против она кое некогаш се борело за моите права и правата на секое родено женско дете. Затоа што тогаш ќе треба да ги негирам сите мои успеси и она што сум денес. А како и на кој начин некои од денешните жени па и мажи го интерпретираат феминизмот, не сакам ни да знам. Затоа што тие толкувања доаѓаат од недоволно едуцирани и необразовани луѓе, луѓе без амбиции. На тие и светот да им го дадеш нема да знаат што со него. А оваа ми најомилената 'феминистичка' реченица ''You educate a man; you educate a man. You educate a woman; you educate a generation.”- Brigham Young
Имав во одговор претходно, овие кои ти ги спомнуваш се нарекуваат “екстремни феминистки“. А ни викаш дека немаме проблеми? http://www.theguardian.com/business...ap-women-bosses-earn-35-percent-less-than-men Ова е инаку од август ГОДИНАВА. 35% помалку. Тоа е ако твојот колега (маж) со исто работно место добива 20.000 денари плата а ти да добиваш 13.000. Зошто? Па жена си. http://www.huffingtonpost.com/2014/10/23/domestic-violence-statistics_n_5959776.html “..The number of American troops killed in Afghanistan and Iraq between 2001 and 2012 was 6,488. The number of American women who were murdered by current or ex male partners during that time was 11,766. That's nearly double the amount of casualties lost during war.“ Дали е ова од Америка статистика? Да. Но феминизмот е она што не спојува сите, желбата за еднаквост. Не ни треба феминизмот овде? Кажи им го тоа на илјадниците жени кои се силувани, тепани и физички малтретирани во моментов во Македонија. Кажи им го тоа на сите оние девојки кои од дома сосила ги тераат да се мажат со некој 40 годишен пијаница кој нема да им дозволи да се разведат. Не ни е потребен феминизмот? Одбиј ја платата. Не се разведувај со мажот ти ако те присилува или пак те тепа. Немој случајно да си помислила да влезе во други соби освен кујна и спална- после се, тоа се единствените две соби во кои ти вредиш нешто. И не заборавај, ќе те утепаат, буквално, ако стапнеш во школо за да се едуцираш.
Ама сега ако вака навлегуваме во крајности ќе се изгуби смислата на темата. Нема везе, нека биде така. Што е со тоа што жени убиле/тепале/ограбиле жени или мажи? Ајде мажите нека покренат пароли против нас... Тоа со девијантното однесување е во област на насилства и нема врска со феминизмот ( иако ние само си го искористуваме во прилог на феминизмот). Ти направи сега дека јас сум За тепање жени, што малку е апсурдно. Насилствата независно дали се врз мажи или жени се производ на пореметена психа на насилникот и не може тука феминизмот да влијае зошто не станува збор за нормална појава. Жените не се малтретирани од антифеминисти туку од психопати. Ова со плативе и образование - да, би го сврстила како нешто што опфаќа борбата за еднаквост. Едуцирањето и можноста за истото е решена овде (значи не е предмет на денешниот феминизам). За платите: искрено јас не верувам многу на статистички податоци, ама и ако е така си има тужби или како и да течат процедурите за скратување на права. Не добивам иста плата, сама си одам да се расправам хиерархиски како што треба и со кој треба и готово. Не ми треба феминистичко друштво да ме тапша по рамо и да чекаме заедно да ми се зголеми платата.
Каков феминизам !!! Сега машките се за жалење. Тие треба да се борат за своите права. А, жените ако подржуваат феминизам прво нека бидат жени за пример. А, не фрлаат влошки онака во канта за леп видик, пцујат бетер од мажи, а жени ќе изиграваат.
Денешниот феминизам нема врска со феминизмот порано. Порано се бореа за правата на жените, за вработување, за плата, за еднаквост итн., а денес само глупости читам. Се сеќавам еднаш прочитав дека од некое екстремно феменистичко движење жените немало да носат влошки при менструација, оти тоа им ги навредувало правата, и немало потреба да го кријат тоа. И сакале да промовираат Free Bleeding. Бог да чува. http://modernwomandigest.com/disturbing-new-feminist-trend-free-bleeding/ Има и други вакви безвезни примери, кај што го искривија феминизмот.
Е тоа ми е и мене муабетот. Пристапот е скроз погрешен. А госпоџицата што се обидува да си го оправда тоа што е attention seeking преку ваква пропаганда, ми е во најмала рака смешно. И на мажи се даваат комплименти за тело, теми за тоа еден куп на форумов само. На сите ни` годи помалку/повеќе внимание, тоа не значи дека сме анти-феминисти. Не оти мажине ко авети шетаат и не се грижат за изгледот...
Жените и мажите се различни и од тие разлики произлегуваат и различни очекувања од нив. Ама пред се се човечки суштества а секој човек заслужува еднаков третман, еднакви можности да го достигне својот потенцијал, сработеното да му биде еднакво вреднувано според заслуги а не според пол... А тие лигавања од мажите као демек "нели сме еднакви зошто јас да те освојувам" ми се патетични.. Вистински маж според мене е џенталмен а вистинска жена дама... И едното и другото се различни ако мажите сакаат да им се додворуваат тогаш си ја загубиле вистинската машкост..Јас како жена нормално дека го подржувам феминизмот ... Тоа не значи дека сакам да се правам физички посилна или да се додворувам на мажи ... Јас сакам да бидам вреднувана за моите дела врз база на истите.. А никако не сакам да ги мешам улогите , оти ние сме различни а створени да функционираме заедно и да се надополнуваме.. Од друга страна правење сосила нешто што не сме, е она што ја расипува денешната слика на феминизмот жената не може да биде маж ни мажот жена, но не смееме да заборавиме што феминизмот направи за нас и колку жени низ светот се обесправени,омаловажени, угнетувани само поради тоа што се жени..