1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени против феминизмот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од anabela525, 4 декември 2014.

  1. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205

    neam niso protiv lezbejki
    mn zeni se bi-curious(znam deka poznavam zena so bese bi se dodeka ne najde nekoj so saka da go omazi sega negira deka nekogas bila so zena,isto taka sakase mn da se tetovira a sega se gadi od tetovazi-cela taa promena za samo 2 godini) ....toj so kogo ke se fati za da go omazhi nema nikad da doznae za togas koga spiela so drugarka i
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мешањево на лезбејство со феминизам ви е лудница. Не оти си имаат врска историски или како и да е едно со друго, туку да се најдеме у муабет.

    И мене на тоа ми мириса работава уште од старт бидејќи очекував искрено поголема аргументираност во сево ова зошто и како се против, а не пошо они се срцки и ние сме срцки и заедно праиме едно големо срце. Women and their mysterious ways. :D
     
    На Lolo5, Gosh, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    19.039
    Пол:
    Женски
    Па, @Nausicaa , значи не е проблемот до општеството, туку до домашното воспитување и домашните сфаќања. Феминизмот си ја завршил својата работа, и креирал општество каде што има еднаквост. Законот е еднаков за сите, според мене тоа било целта на феминизмот. Ако има некои затуцани што несакаат да одат напред со своите сфаќања, тоа не значи дека нема еднаквост.
     
    На Lolo5 и Daydream им се допаѓа ова.
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    @jacqueline.s

    Залудно трошиш време на објаснување и долги постови. Некои девојки тука очигледно премногу читаат некои феминистички романи и фантазираат.

    Истото што ги праша ти би ги прашал и јас каде живеат и во кое место, па доживуваат такви тортури? Се движам нон-стоп меѓу луѓе, никаде и на ниедно место не сум сретнал родители да ја кочат својата ќерка во образованието или работа. Тоа се глупости невидени. Напротив, на многу девојки што ги знам нивните родители цело време им висат на глава и ги тормозат што повеќе да учат. Државните и приватните факултети се преполни со девојки од секаде. Последната статистика покажува дека повеќе жени завршуваат факултети од мажи.

    Ако се гледа по статистика ние многу време имаме демографска криза, се поголема и поголема е возраста на стапување во брак, фрчат разводи на сите страни ( за жал), па не знам каде ги гледаат тие девојки коишто се извадени од школо само да се омажат?

    Тоа што е најбитно во Македонија целиот систем, законодавство, закони ја штитат жената од насилство, злоупотреби, мобинг и слично. Имате правни процедури, докази, па слободно борете се, а не верувам дека некој нормален човек би ве нарекувал курва само затоа што сте посакале да се разведете поради боксовите што ги трпите секој ден.

    Дисфункционални семејства има и во Франција, Германија, и во Шведска, Швајцарија. Било каде, а не само кај нас.

    Не знам зошто толкав коплекс на една жена да готви, да пере и чисти? Јас напротив сметам дека мнозинството жени уживаат во овие особини, а не дека некој им наметнува. И, мислам дека секоја жена потсвесно си посакува благо доминантен маж покрај себе. Ете во некоја смисла нејзин заштитник, т.е. алфа мажјак.
     
    На Lolo5, Daydream, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Но @jacqueline.s, домашното воспитување и домашните сваќања се составен дел од тоа општество. Законот не познава пол и сите сме еднакви пред него но голем проблем е менталитетот. Џабе ти е заштитата на законот ако од икс причини ти не сакаш или не можеш да го искористиш. Еве повторно ќе го земам наследството како пример- според законот и синот и ќерката треба да наследат подеднакво од родителите но колку случаи знаеме каде сестрата се откажала од својот дел во полза на брат и? И колку случаи знаеме каде сестрата ја прават вештерка и кучка поради тоа што не сака да се откаже од својот дел? Законот на женскиот наследник му ги дава истите права како и на машкиот наследник но притисокот од околината си го прави своето. Исто е и со разводот -да, законот ти овозможува легално да го напуштиш мажот но каде ќе одиш и што ќе правиш кога твоите родени мајка и татко ти викаат дека за нив си мртва ако се разведеш? Да се неколку вакви случаи ќе речеме дека станува збор за изолирани сваќања, едноставно девојките немале среќа и имале зверови за родители ама не се само неколку случаи, напротив! Мора тој наш `затуцан` менталитет малку да се оправи, срамота и греота е денес да имаме исти ставови и размислувања како во турско
    .
    Еве ќе ти дадам најнаивен пример- на излегување спонтано се собравме мешано друштво и некако од бла бла муабети дојдовме до посериозни теми и почна дискусија толку околу тоа дали мажите и жените еднакво помагаат дома. Еден од момците, триесетгодишен дечко, со завршен факултет и вработен во банка (по цел ден опкружен со колешки), без лоша намера но сосема уверено го кажа неговото мислење дека тој како сопруг има обврска на невестата да и обезбеди дом (конкретно неговите родители, ама тоа не битно) со намештај (ова го нагласи) и дека тој има обврска дома да носи плата додека сопругата е таа која треба да се грижи за домот и децата. Кога го прашавме дали би превземал пола од обврските ако сопругата работи тој буквално не погледна со чудење. Според него, домашните обврски се задача на жената, тој секако дека немало да брише прашина (срамота било, тој бил машко), евентуално понекогаш би ги земал децата да ги прошета ако сопругата има многу работа па децата да не и сметале. Е тука лежи зајакот- ова се размислувања од времето на нашите прабаби и прадедовци но денеска, кога и двата партнера одат на работа и носат дома пари ваквите сваќања, особено од страна на млади луѓе се тажни. Дечково за кој пишав не беше шовинист, се гледаше дека свесно не ги потценува жените но така било во времето на баба му и дедо му, во таква динамика е растен дома со мајка му и татко му и смета дека тоа така треба да биде.

    Феминизмот како движење досега направи многу за нас, но мора да продолжиме понатаму зошто положбата на жената кај нас е далеку од бајна. Има еднаквост но мора уште многу да се работи!
     
    Последна измена: 9 декември 2014
    На Asparagus, Lolo5, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ајде бе, женска работа било. Ако е така, ја предлагам, жените да се спремаат за сите женски работи, а мажите за сите машки работи пред да влезат дома. Нека нема потреба да се вика жена за помош во чистење, но нека нема потреба од викање ни мајстор за што и да е. Гајле ми е, нека си ги учат сите занаети, каква жена е таа што не знае да готви и каков маж е тој што има потреба од мајстор да вика, мислам. ;)
     
    На Asparagus, Lolo5, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    19.039
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa , јас те разбирам што сакаш да кажеш, ама некако измешавме многу работи во дискусијата.

    Феминизмот како движење се стреми кон еднакви права на мажите и жените. Затоа велам општествено тоа се постигнало, со воведување на закони ширум светот (затоа ги спомнав источните земји каде што уште нема такви закони). Затоа греота е да се жалиме дека немаме права кога станува збор за образование, работа и слично.

    За менталитет знам добро, тие глупави стари сфаќања, ама се искоренуваат, особено со оваа наша нова генерација. Останато е само по некои села заостанати. Ама искрено тоа нема врска со феминизмот, или со правата на жените, само заостанати мозоци. Јас сум 100% сигурна дека нашите родители се последна генерација на такви сфаќања. Сега оваа наша генерација на образовани жени, нема да дозволат нивните ќерки да бидат обесправени. Само навистина не сте свесни колку има мажи, што ги викаат папучари, што трпат и ќотек и викотници по цел ден.
    А другар ти, ќе го видиме кога ќе се ожени. И мажот ми така велеше пред да се земеме, демек жената треба да работи по дома. Ама самиот живот, и зафатеност си носи поинаку, особено кога и жената оди на работа. Затоа викам, ако има разбирање и љубов, ќе има и распределба на обврските.
    А забеготини од родители и мажи, богами и жени, има секаде во светот, тоа не може да се искорени со никакви движења или едукации.

    Да се разбереме, не сум против феминизмот, туку против оној нов екстремен феминизам. Само сметам дека законски сме го постигнале тоа што требало. А сега јас на свекрва ми што не можам да и докажам дека ако не можам да забременам не мора да е до мене проблемот, може да е до и син и, или лош тајминг, и таа вели дека до мене е, оти нели до жената е секогаш проблемот, кај неа феминизам не помага :rofl: само на игнор таквите, и со неа ќе заминат и таквите сфаќања!!!

    Ама да не ја претеруваме работата. Сакаме чистота затоа чистиме, ама не дека уживаме кога чистиме. :D Немој да мислиш дека ако помогнеш ќе и го скратиш уживањето на жена ти, хахахаха
     
    На Lolo5, Nausicaa, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @jacqueline.s, екстремниот феминизам е огромен чекор назад и не ми е јасно како можеше едно толку прогресивно и позитивно движење како феминизмот да тргне во толку погрешен правец. Инаку, се согласувам со се што имаш пишано, особено со делот дека ако има љубов и разбирање ќе има и поделба на обврските.

    Ама @tessie, прво да полагаат за сертификат кај некој вистински мајстор пред да почнат да чепкаат до дома. Јас пораснав покрај еден таков сам свој мајстор (дедо ми) и жими се, уште имам трауми :) Дете бев ама многу убаво памтам- јас гледам телевизија или си цртам нешто, одеднаш сменува струја, дедо ми на свеќа ги поправа осигурувачите а во позадина баба ми урла на српско-македонски (кога баба ми ќе почнеше да зборува на српски, знаеш дека го достигнала врвот на нервоза). Освен секојдневните снемувања на струја, пола детство го поминав со нефункционално казанче (врв беше кога и се истури на глава на баба ми, а жената таман се имаше вратено од фризер), многу често работеше само една рингла од шпоретот, ако сакавме да пуштиме рерна моравме целата плоча каде се ринглите да ја креваме и да чепкаме во каблите (најискрено, мене и ден денес не ми е јасно како не се запаливме). Освен што стана експерт за (не)поправање, низ годините дедо ми стана и водечки експерт за безболно паѓање - падна од столче кога ја поправаше разводната табла, падна од термопечка кога ја поправаше ролетната, падна од скала кога го поправаше казанчето...Мајстори почнаа да викаат кога дедо ми веќе не можеше да се качува по столчиња толку лесно, а во меѓувреме комшиите научија српски од баба ми...
     
    Последна измена: 9 декември 2014
    На Lolo5, calliope, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa ме изнасмеа за сите пари, мори. Сеа знам греота е, ама толку убаво и сликовито го кажа, па не можев. Па не ќе да е лошо кога и младите снашки не ретко се подвргнати на тест за домаќинлук од женските членови од новата фамилија. :D

    Шо сакав.... А, да, за машките и женцките работи. :D Ако сте толку против радикалниот феминизам и копнеете по женственоста на жената, истата и вие ќе ја негувате како заштитници на жените, алфа мажјаци и што ти јас знам веќе. А не на нецели 40 години рацете женственo да станат шмиргла од женски работи коишто една жена мора да ги прави, без исклучок и без помош, на пример. Карикирав малку, но поентата ми е таа. :D
     
    Последна измена: 9 декември 2014
    На Lolo5 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Zhenite se sepak fizichki poslabi od mazhite i zatoa sekogash kje im bide potrebna nekakva zashtita od opshtestvoto kako zakoni i zdruzhenija. No, toa da ne zamine vo pogreshen pravec. Mene na primer mi smeta shto so zakon e nalozheno deka mora da ima tolku i tolku zheni vo sobranie. Koj e sposoben neka vleze samiot vo sobranie, ne da vleguva zatoa shto e zhena.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Знaчи 21 век сме престaнете дa ги делите рaбoтите нa мaшки и женски. Сексизмoт ги пoвредувa и жените и мaжите. Oтвoрете јa темaтa рoдителoт избришaн пoсле рaзвoд и ќе видите декa сo тoa oпштественo прифaтенo жените пoдoбрo се грижaт зa децaтa се пoвредувaaт и мaжите. И немoјте дa мислите декa жените не се дискриминирaни вo вaшaтa oкoлинa. Мoжеби мaкедoнките не, нo oд некoи aлбaнки и рoмки уште се oчекувa дa бидaт невини дo брaк, a aкo не е тaкa се срaм зa семејствoтo. Бaш еднaш вo фoрумoт имaше нaпишaнo еднa девoјкa декa не и верувaле декa е невинa и мoрaлa дa oдaт нa гинекoлoг зa дa не јa oмaжaт сo некoј стaр. Oтвoрете јa темaтa силувaње и ќе видите декa мнoгу девoјки се плaшaт дa кaжaт зa свoјaтa случкa oд стрaв декa ќе бидaт oсудувaни. Тoчнo е декa жените се пoслaби oд мaжите и лoгичнo е штo нa некoи рaбoти имa пoмaлку жени, нo тoa не знaчи декa нaкoјa женa немoже дa биде шoфер или некoј мaж дa чувa децa.Уште имa некoи жени шти незнaaт сијaлицa дa сменaт и мaжи штo незнaaт јaјце дa испржaт, нo тoa сaмo им oтежнувa дa стaнaт сaмoстoјни луѓе.
     
    На Lolo5, tessie и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.573
    Допаѓања:
    155.656
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА феминизам во вистинска смисла на зборот, кога се бара апсолутна еднаквост, а овие „радикални“ феминисти кои излегуваат во контрола се почесто го црнат името на феминизмот и искрено понекогаш си прам дека не, неќам да си ставам ознака феминист зошто не знам во која мисла ќе ме сфатат луѓето околу мене.
    Зошто сексизам е ако главниот лик во некоја серија е маж.
    Зошто сексизам е ако маж ти ти речи „еј косата вака ти беше поубава“
    и ај да не навлегувам.
    Феминизмот пред се треба да стои за НАРУШЕНИТЕ ПРАВА на жената, а комплимент или доколку некој ти кажи дека нешто кај тебе не ти се допаѓа или ако во некој филм жената не е главен лик = не е сексизам.
    Исто така на час по граѓанско споменато беше дека жените од муслиманска вероисповед се принудувани да бидам завиени од глава во петици. Треба да се делува на тие кои се прислени на пример, ама не и на тие кои избрале да бидат такви.
    Како ме сфаќате со ова мислење, дали ќе ме ставите во кош со тие што се против или за е до вас ама феминизмот го сфаќам вака и стојам зад овој, но сум против оној другиот кој се повеќе се истакува.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  13. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    А уствари денеска лоша и искривена е сликата за феминизмот благодарение на кучки кои си немаат попаметна работа па најбаналните нешта ги вбројуваат во него. Жени кои воопшто не ни знаат што е феминизам,па одеднаш и најмалите ситници почнуваат да им пречат,и пошто нели денеска со интернетот секој може да изнесе свое „мислење’’ и одма има впечаток за себе дека е паметен,па за да се чини дека воопшто нешто размислуваат кога ич не размислуваат,се дрзнуваат да ги трујат останатите со своите фрустрации. Пред некој месец,читав како на еден квази блог од стилот на Лајла Грејс една таква девојка се жали на тоа што во кафич и дале розева сламка. Е против таквиот „феминизам’’ и јас сум.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Мислите дека феминизмот нема веќе смисла? Живееме во еднакво општество? ХАХАХАхха... Смешно.
    Попатријархално општеството не ни било никогаш, само што тоа што некогаш било директно и брутално, денес е суптилно и ‘‘самостоен избор‘‘ .. избор што жените го прават под преголмиот притисок од средината.
    Прво, да почнеме од самиот поречеток.. зачетокот. Дури и во 21ви век статистиките покажуваат дека абортусот на женски е мнооооооогу поголем од машките. Не може да има диспропоција каква што е 100:108.1 на родени машки деца, тоа не е природата. И прашањето ми е како во ова така многу демоктатско општество во кое секој има еднакви права, народот се одлучува за машко дете.
    http://vecer.mk/balkan/sin-ili-kjerka-seedno-samo-da-e-zhiv-i-zdrav
    http://star.vest.com.mk/default.asp?id=121659&idg=6&idb=1841&rubrika=Kaleidoskop
    ....Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, во 2012та во Македонија с е родиле вкупно 23 752 деца од кои 51.9% биле машки односно на 100 живородени женски деца се родиле 108.1 машки, сооднос кој битно се разликува од светскиот просек......
    Потоа, што е со воспитувањето? - По дифолт, девојчињата од мали нозе се учат да си играат со кукли, да ги повиваат, да си играат во кујна. А на машките - пушки, пиштоли, камипнчиња. Машко дете ако си игра со кукли и во кујна, готово - педер е! А ако станува збор за мало дете од неколку години што сеуште не знае кое е а не па ли неговата сексуалност.
    Понатаму мислете дека се е совршено потоа во животот?
    Девојче кое влегува во пубертет порано од своите врсници е предмет на исмејувања, сексуални вознемирувања и бројни непосакувани допири - феномен поради тоа што СЕУШТЕ живееме во општество каде сексуалноста на девојчињата е нешто што треба да биде интимно, скриено, или ќе ја има титулата распуштена и мн други. Што е со машките кои порано влегуваат во пубертет - Тие се најголемите фраери, па дури и нивните дома се горди...
    Да, денес се повеќе жени се запишуваат на факултет и завршуваат. Но, знаете ли како општеството го решава тој проблем?? Сите кариери кои се пофеминизираат т.е се повеќе жени се вкучени стануваат помалку вредни и се помалку платени. Знаете дека до пред неколку години да бидеш професор или лекар беше најгорда титула и едни од најплатените професии. Колку жени имаше тогаш? Ниту една. Колку жени има сега - а колку е денес платата на еден просечен професор или лекар. Вие направете ја математиката . Значи филозофијата е вака - ако може да го направи тоа жена значи не е доволно тешко.
    Што е со раѓањето деца и нивното одгледување? - Колку примери можете да ми наброете каде жената после пораѓајот оди на работа а таткото зема породилно отсуство и се грижи за детето. А колку? - Законот го дозволува ова, но менталитетот НЕ.
    Што е пластичните операции поради естетски причини? - Сакате да зборуваме за диспропорцијата тука.. Денес најголем подем има вагинопластиката зошто - жените чувствуваат потреба да ги затегнат усните на вагината по ризик на своето здравје затоа што се плашат дека нивните партнери нема да ги сакаат така... Страшно е, зошто мажите не си го зголемуваат пенисот? - И ако речете да, тогаш ве молам погледнете го процентот што не е повеќе од 5 % од вкупната популација, а мислам дека и тоа е многу. Тогаш какво е ова еднакво општество каде 50% ако не и повеќе од жените поминуваат барем еднаш во животот низ хируршка интервенција поради незадоволство од својот изглед...

    можам да продолжам и да напишам една цела книга со вакви НЕЕДНАКВОСТИ во денешното општество... Жената сеуште е далеку од то да биде сфатена еднаква. рамо до рамо со мажот. И феминизмот е потребен, само не го искривувајте.
     
    На Asparagus, Lolo5, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против феминизмот, но не сум ниту феминистка.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Чудна работа, а замисли мажот од жена е излезен, сепак мое сваќање е дека жените повеќе вредат од мажите колку и да сме дискриминирани ама во некои работи имаме предност. Не е крива државата луѓето се криви.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Иначе посебно мислење од мене феминистка сум, но тоа ја го сваќам да бидеш дама почитувана и прифатена од општеството секако жени да нема во некој град, село ќе нема ни цивилизација така да колку жените да се на страна од мажите, не треба да се борете да бидете исти како мажите вие сте повеќе од нив тој мош ќе изгради куќа ама само вие можете да направите семејство, не се чуствувајте слаби бидејќи сте физички слаби. Денес жените го вртат светот порано маж да удрел жена го сметале како воспитувач сега за ќе го сметаат за обична пи...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    За жени против феминизмот воглавно има две дефиниции:
    - или се во прашање конзервативни сфаќања (религија, патријархално воспитување);
    - или се работи за посебни снегулки - арогантни личности практично без свој став (важно е да се секаде контра) кои се прееемногу уникатни и „интелигентни“ да се согласат и пронајдат во било каква идеологија и идеали.
    Кон вторите имам уште поголема аверзија отколку кон првиве, btw.

    Треба да си навистина игнорантен за да ја генерализираш целата оваа идеологија како мразење мажи, промовирање маскулинизирано однесување за сите жени и сл.
    Свесна сум дека во новиов милениум има некои забегувања какви што се спомнати во претходните страни, кои се поврзуваат за жал со феминизмот - но тоа се минорни исклучоци.
    Многу почесто од нив, станува веќе мода да се хејта феминизмот. На инста еве ја следам страната Feminist и дури и на слики со општа позитивна енергија со посакување убав ден кои ги објавуваат, има хејтфул коментари... меѓу кои и од девојки. Ми се гади од такви луѓе |(

    Дефиницијава доволно укажува на тоа дека не е нималку за фалење тоа да си против овие вредности, посебно ако си жена - што значи дека поради истите овие идеали низ историјата, имаш еднакво право на образование, работа, глас (во што иронично спаѓа и правото да плукаш по истите).
     
    На Briar Rose, Nausicaa, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Имаше еден случај за една јавна личност што се разведува ради семејно насилство што трпела и јавно проговорила за тоа.
    Што све не се изначитав и тоа од жени, коса на глава ми се крена.
    И вистина да се претпоставките, такви работи речиси секогаш се коментираат кога жена јавно ќе проговори за малтретирање.

    Али затоа маж од жена ако се пожали за нешто, 90 посто од луѓево го гледаат како жртва, греотичка. Многу малку помислуваат како во случајот погоре дека е кривец дека таа не е жена во права смисла на збор, како смеела по породување да не ослабе во првите три недели...

    Вчера бев излезена со другарка шо тазе раскина со дечкото со кој идеше 3 и пол години, трпела физичко насилство. Молим те на никој не кажувај вика не е згодно жена отворено да збори за ова ми вика.

    Не ни треба феминизам, бе, превазишли смо то.
    Следечи.
     
    На Nausicaa, GirlRose, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.